значи нема тенисер на кого повеќе му лега тенисот како спорт од Федерер, гледав петти сет против Нишикори, јапонецот како исфрлен од бура, Федерер лежерно како да тргнал да пие пиво на плажа, нема збор, кога игра како да танцува, едноставно роден е за овој спорт, за тоа дали е подобар од Надал и Џокович не дискутирам, ама разликата кога ги гледаш овие двајца па кога го гледаш Федерер е огромна, швајцарецот е роден за овој спорт, на скоро 36 години да играш петти сет на грендслем против солиден противник и воопшто да нема знаци на замор, на истоштеност, впрочем јас никогаш го немам видено Федерер изморен до толку да речеме да се потпре на рекет да се одмори или да земе поголема пауза меѓу поени за да одмори, за разлика од Џокович и Надал на кои понекогаш им е потребан цела вечност помеѓу поени