Premier League - Season 2016/2017

Кој ќе биде шампион во оваа сезона?

  • Вкупно гласачи
    218
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2012
Мислења
191
Поени од реакции
146
Ок ти си знаеш за Ерера твое мислење,јас мислам поинаку.

Види вака,јас не реков дека Погба е слаб играч,далеку од тоа,не реков дека не треба да се навикне на премиер итн итн се што наброја ти.Се е тоа ОК. Јас само ти посочив дека не е дете,според тоа колку и како изиграл пред да дојде од Јуве.Уште кој не го бараше од гигантите.Деца се Рашфорд,Марсијал и остали од тој калибар. А ако Манчестер платија 100м за дете и за играч кој тек треба да се развива тогаш алал и вера,мајстори....
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
492
Поени од реакции
937

Ќе му треба време за да почне така да доминира на дерби натпреварите како што го прави тоа против релативно послабите противници, психа ли е ..искуство ли е ..што и да е ќе си дојде со тек на време..
Роналдо првите 3-4 сезони се гинеше на терен дерби натпреварите кај нас (не дека играше незз колку слабо, али земено во споредба со она што им го правеше на послабите)

Како и да е, детето е екстра квалитетно, и сигурно ќе биде уште повеќе во иднина. Цената..дали е пренапумпана..ваљда, како и 90% од ебаните трансфери денес.
Но темпото го наметнаа други, Реал и Барса особено..со тие трансфери на Бејл, Нејмар, Ибрахимовиќ, Хамес, Суарез..итн..
Кој сака да ги следи ќе плаќа..кој не..ќе ги гледа како си земаат година по година ЛШ (како последниве три).
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Лампард беше играч што еднаш во сто години се наоѓа, таква константност, такво високо ниво на игра, загарантирани 15 погодоци, десетина асистенции во сезона, долго нема да го има тоа пак во лигата.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Лампард беше играч што еднаш во сто години се наоѓа, таква константност, такво високо ниво на игра, загарантирани 15 погодоци, десетина асистенции во сезона, долго нема да го има тоа пак во лигата.
Деле Али, он мислам ќе има иста таква кариера.

Sent from mTalk
 
H

HoT IcE

Гостин
Деле Али, он мислам ќе има иста таква кариера.

Sent from mTalk
Како игра, дефинитивно а и оппшто ептен потсеќа на Лампард по стил на игра, ненормален осет за позиционирање и читање игра има, плус е многу побрз од Лампард али дефинитивно не е ни приближно технички поткован како Френки. Али има ОГРОМЕН потенцијал за развивање.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ќе видиме, во моментов во лигата нема играч од светска класа, освен еден. За мене играч од светска класа, што се разликува од одличен играч или млад надежен талент е некој кој барем пет сезони по ред покажува квалитетни и константни партии, дали се во прашање голови, асистенции, стабилна игра во одбрана. Лампард беше таков, бившите легенди на лигата да не ги набројувам сите, ги знаеме кои се, како Анри, Гигс, Рио Фердинад, Виера и други.

Такви играчи се нормално Меси и Роналдо, со гарантирани 50 гола многу сезони по ред, таков играч веќе е Луис Суарез, кој ја има таа константност, такви играчи беа до пред неколку сезони Руни и Иниеста.

Едини играч кој игра во премиер, а покажува константност и класа во сите сезони и лиги кои играч е Ибрахимовиќ, со своите 35 години не дозволува да му падне нивото на игра, кој гарантира 20-тина голови во сезона.

Сите тие преплатени Погбовци, Марсијали, Стоунси, Стерлинзи, Џаканаковци и слични млади надежни „ѕвезди“ треба уште многу време и пред се уште многу вложен труд за да бидат на ниво на горенабројаните. Проблемот кај денешниве фудбалери е што се нестрпливи, многу рано сакаат да постигнат се, да добијат мултимилионски плати, договори, спонзорства, бонуси, да направат мегатрансфери уште неискалени, не ги слушаат советите на поискусните, на менаџерите и тренерите, затоа и многу од нив ќе изгорат со својот талент.
 
H

HoT IcE

Гостин
Не знам како Хазард не ти е во таа категорија искрено, за сите би разбрал ама Хазард ако не е класа, не знам кој е. Освен лани што беше фијаско од сезона и плус играше цела сезона со повреда ете да не је рачунаме, убедливо најконстантен и најбитен играч на Челзи.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не знам како Хазард не ти е во таа категорија искрено, за сите би разбрал ама Хазард ако не е класа, не знам кој е. Освен лани што беше фијаско од сезона и плус играше цела сезона со повреда ете да не је рачунаме, убедливо најконстантен и најбитен играч на Челзи.
Уште една-две сезони со ниво на игра како пред две години му требаат. Не е мерилото дали си најдобар во својот клуб, близу е Хазард, но според мене уште не е до нивото на оние кои ги набројав. Агуеро исто е близу, се мачи со повреди, знае понекогаш толпло-ладно да изигра, но приливот на голови му е сигурен. Алексис, ако изигра и оваа сезона како првата во Арсенал и барем уште две такви. Овие тројцата на пример се најдобри во своите клубови и едни од најдобрите во лигата во моментот, но во историска категоризација после десет години кога ќе набројуваме светска класа играчи нема да ги спомнеме нив во иста реченица со Лампард и Анри, ме разбираш што сакам да кажам?
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.057
Поени од реакции
17.750
Проблем е тоа што проблемот на Погба не е од сега, туку го влече би рекол веќе добри две години. Тоа претерано дриблање, тоа пимплање, правење вишок потези, фенси додавања на несоодветен дел од теренот и уште неколку работи, му се појавија некаде кон 2014 година, дури уште Конте додека ни беше тренер. После во 14/15 сезоната изигра горе-долу одлично, но пак според мене не толку колку што можеше баш заради горе споменатите работи. Ланската сезона од 9 месеци, во 6 беше очаен целосно. Тоа што веќе сме 2017 година, ќе полни 24 години во март чинам, а уште влече исти проблеми не е воопшто добар знак.

А страшно квалитетен фудбалер е, со атлетски способности налик на оние на Ибра, способен е да ја прими топката како и таа да му дојде. Шутот без да го форсира му е феноменален, физичка сила и техника за да помине/претрче противник му е исто јака страна. Ама се ќе му биде џабе ако самиот не се среди, што би било голема штета ова модерново време да уништи таков фудбалер.
 
H

HoT IcE

Гостин
Уште една-две сезони со ниво на игра како пред две години му требаат. Не е мерилото дали си најдобар во својот клуб, близу е Хазард, но според мене уште не е до нивото на оние кои ги набројав. Агуеро исто е близу, се мачи со повреди, знае понекогаш толпло-ладно да изигра, но приливот на голови му е сигурен. Алексис, ако изигра и оваа сезона како првата во Арсенал и барем уште две такви. Овие тројцата на пример се најдобри во своите клубови и едни од најдобрите во лигата во моментот, но во историска категоризација после десет години кога ќе набројуваме светска класа играчи нема да ги спомнеме нив во иста реченица со Лампард и Анри, ме разбираш што сакам да кажам?
Дада, те разбрав али проблемот е што веќе ретко да се најдат играчи како Лампард или Тери што ќе бидат константни и долги години во еден клуб, ја лично неверувам Хазард да остане уште две години во Челзи, прилично сум сигурен дека ќе фаќа Реал/Барса. Лично ќе ме изненади ако остане долго во Челзи, никад нема правено проблеми ниту има давано контроверзни изјави, секогаш вика дека е среќен во Челзи и несака да си оди ама секое лето Реал се вртат со Зидан и скептик дека за тие две години што ти ги збориш он ќе ги доживее во Челзи. За мене е класа затоа што еве и сезонава покажува колку значаен играч е за Челзи, секоја акција преку него оди, се враќа дури на наша половина да прима топки и влече напред и не памтам лоша партија од него, констатна опасност е.
Мислев збориме чисто од перформанс на терен збориме и затоа викам дека Хазард е класа, не знаев дека рачунаш и колку години се во клубот.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Кога сме на оваа тема, никогаш не сфатив зошто англиските медиуми, англиската фудбалска јавност воопшто и фановите (знам зошто е така, ама ајде), го ставаат Џерард пред Лампард на секое фудбалско скалило. По кои критериуми, по кој објективен основ, не знам навистина...

Да не ме сфатите погрешно, не велам ниту дека Лампард (дури и тешко ми е да сум субјективен, иако Лампард ми е најомилениот играч што некогаш играш фудбал) е подобриот во приказнава, мислам дека двајцата се големи играчишта, а тие од таквиот ков, греота е да се компарираат и помеѓу нив да се испречува некаков суперлатив.
 
Член од
13 март 2015
Мислења
210
Поени од реакции
138
Па секогаш има споредби меѓу такви играчи, имало и ќе има. Не е фудбалот статистика, Лампард има повеќе голови и асистенции и од Сколс, а според мене Сколс е класа над него, не велам дека Лампард не е фантастичен играч. И Џерард ми е подобар од Лампард.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
А Азпиликуета што веќе петта сезона константно игра одлично, и тоа долго време на неприродна позиција?
 
W

wicked_1

Гостин
Па секогаш има споредби меѓу такви играчи, имало и ќе има. Не е фудбалот статистика, Лампард има повеќе голови и асистенции и од Сколс, а според мене Сколс е класа над него, не велам дека Лампард не е фантастичен играч. И Џерард ми е подобар од Лампард.
Е да има нешто повеќе, таман работа ценевме квалитет по небитни статистики како голови и асистенции.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom