Група Б (Шпа, Сло, МКД, Анг, Тун, Исл)

Кои 4 екипи ќе ја поминат групата?

  • Шпанија

    Гласови: 132 83,0%
  • Словенија

    Гласови: 131 82,4%
  • Исланд

    Гласови: 106 66,7%
  • Тунис

    Гласови: 49 30,8%
  • Ангола

    Гласови: 11 6,9%
  • Македонија

    Гласови: 143 89,9%

  • Вкупно гласачи
    159
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Не знaм рече, не знaел зoштo прoмaшувa. :pos:
Ах бе дo кoгa ќе се лутaт кo мaли децa кoгa ќе им пoстaвaт вaкви прaшaњa. Абе вo другине земји зa пoрaз ги убивaaт сo прaшaњa, a oвoј плaстичниoв плaче зoштo гo прaшaле дa кaже зoштo прoмaшувa. :ROFLMAO:
Зaтoa штo мнoгу игрaш вo Некaр зaтoa прoмaшувaш прoстaк еден.
 
Член од
19 ноември 2008
Мислења
740
Поени од реакции
284
Дечки како бе ви смета тоа што Тони го прашал на што му се должат зицерите? Нека си каже ете на националниот сервис а не на Инстаграм, Фејсбуци. После ќе се жалите ви се котеле експерти и го форсирале Деки зошто играл во Рајн Некар а тие од Рајн Некар само една утакмица изгледале сезонава.

Ич, не само за него, за секого важи ова. Сељачко, несељачко, доста веќе од "што беше причината за поразот" прашања и "немавме среќа, никој не не сака" одговори.
Наместо да признае дека била негова вина што промашувал зицери,па да каже дека ќе работи напорно да се подобри во игра тој се туфкаше како да го избегне прашањето.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Затоа велам, нека им поставуваат на сите прашања во срж кога ќе имаат лош натпревар. Мада јас да бев ќе го прашав зошто уште во втора минута радости за голот кога играме против Словенија и како се чувствуваше откако примивме гол веднаш потоа?
 
Член од
19 ноември 2008
Мислења
740
Поени од реакции
284
Затоа велам, нека им поставуваат на сите прашања во срж кога ќе имаат лош натпревар. Мада јас да бев ќе го прашав зошто уште во втора минута радости за голот кога играме против Словенија и како се чувствуваше откако примивме гол веднаш потоа?
Јас не знам зошто се нарекуваат спортски новинари ако не поставуваат незгодни прашања. Со само читање на резултат и кажување дека немавме среќа секој може да биде спортски новинар. Убаво ќе биде и други новинари вакви прашања да поставуваат во иднина како Тони.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.211
:pos:
Циркус сте, првите 2 утакмици го отековте колку сме биле јаки....
еден пораз и одма колку не не бивало,

За информација, нас не не биваше ниту против Тунис, ниту против Ангола, но имавме среќа што и нив не ги бива,
незнам што очекувавте кога се укажување на тоа дека ќе загубиме од Словенија,
и против Шпанија ќе исчуреме, а против Исланд незнам, не сум ги гледал.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Колумна на бабата од Екипа. Џабе се ословува себеси како "ракометен новинар". А, и општо цела јавност изгледа како да е заглавена во 2013та, па бара и медали и победа против Шпанија.


1. Пред и после Словенија


Еден пораз и веднаш се менува расположението. Не’ стивнаа Вујо и Словенците. Овој натпревар некако пак не враќа во реалноста. Двете „африкански“ победи ја подгреваа надежта.Европа веќе е друга приказна. Сите добро знаевме дека Словенија не може да биде Ангола, ама, сепак, ден-два пред натпреварот билдавме самодоверба, најавувавме молњи и грмотевици. Го повикувавме духот на старото ривалство меѓу Лино и Вујо. Верувавме дека „стариот лисец“ ќе извади некој адут со „новата Македонија“… Дури и се обложувавме со словенечките колеги. На промајата во новинарското „бифе“ меѓу два тоалети, си ги броевме отсутните, нивните и нашите, вадевме прогнози и адути.

Во „Мец Арена“ пак, вистинска балканска атмосфера. „Фалангата“ од централната трибина се надгласува со словенечките навивачи сместени зад голот. Не траеше долго.

Вујо за десет минути не стави во гепек.

2. За мааните и голманите

Селекторот Лино Червар од почетокот на првенството, а и малку пред тоа умешно го одбегнува прашањето за голманите со еден дипломатски одговор – да зборуваме за целиот тим. На претходните два натпревари некако се вадевме со две-три клучни одбрани. Против Словенија се фативме во мрежата на неискуството на дебитантите на голот.

Вујо „не прочита“ и брзо не стави под контрола. Ние не успеавме да одговориме. Многу нешта во играта не функционираа баш како што треба. Ама, голманите се нели „половина тим“ и нив на голот нема кој да ги „покрие“, па први доаѓаат на удар. И за пофалби и за критики. Уште повеќе што Словенците имаа 16 одбрани и го имаа Скок во главна улога за победата. А, ние имавме скромни 6 на Трајковски и 0 на Колев. И многу голови на празна мрежа.

И пак се отвори темата за која овие месеци „гласно се молчи“, а на која селекторот упорно го одбегнува одговорот.

Зошто мораше токму на СП да експериментираме со двајца дебитанти на голот? Зошто многу поискусниот Никола Митревски наместо на голот седи на „сините столчиња“ на трибини, а Борко Ристовски го гледа СП во Франција на ТВ во Барселона?

Го прашавме селекторот дали размислува за голманска замена за наредните мечеви. Ни рече дека „Словенците добро играа на црта“?!. Го прашавме повторно…Рече „треба добро да се размисли пред да се донесе одлука“.

Од толку мислење имаме по пет одбрани на натпревар!

А противниците удираат токму таму – во празна мрежа.

3. Наши Шпанци професионалци

Го проголтавме некако поразот од Словенија, ги простудиравме статистиките, ги пречукавме изјавите и ги чекавме Шпанците да ја завршат „домашната“ против Ангола. Шпанците се нашите следни противници.

И секогаш се интересни за разговор. И, професионалци во односот со медиумите. Максимално! Сите до еден. А посебно овие „нашите“ од Вардар. Алекс Душебаев и Жоан Канељас веднаш штом завршат со обврските кон шпанските медиуми, со насмевка доаѓаат кај македонските.

„Знам дека ме чекате“ – ни вели вчера насмеан Алекс Душебаев.

И не е ни уморен ни нерасположен после натпревар. Напротив. Трпеливо на македонски се обидува да одговори на секое прашање.

Тука е и Жоан Канељас. „Ќе зборуваме на македонски, ама полека…“, ни вели шпанскиот бек и на симпатичен македонски се извинува што се уште не го совладал добро нашиот јазик. Го фали Столе, се шегува со новинарите, и посакува победи на Македонија. Само не на оној следниот меч со Шпанија…Има време за секое прашање, не брза во соблекувална. И, ги собира симпатиите од седмата сила. Максимално професионално. Секоја чест!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
borko trebase i morase da bide vo reprezentacijata
Јасно, па и да делеше минути сепак друго е...
ајде сега врбувајте го за натурализација голманот на Русија, ако не сака добро е и на Египет, па и на Ангола, :icon_mrgr:
 
Член од
19 декември 2013
Мислења
236
Поени од реакции
152
После победите над Тунис и Ангола, посебно над Тунис, ете имав некоја надеж во мене дека ќе изиграме добар натпревар, али после 10тина муинути сфатив дека репрезентацијата на словенија е две класи над нас, квалитет е во прашање и то е то.Добро беше што уште од почеток беше решена утакмицата, отколку да имаше инфаркт завршници и на крај да изгубевме со 1, 2, или пак да играме супер до 50та минута и потоа да се изгубиме на теренот.Не се обвинува никој, едноставно просечни играчи ,кои и да играаат во странски клубови греат клупи, со чесен исклучок на Кире.Едно нешто не ми е јасно, како, значи како и покрај толку настапи на европски и светски првенства, квалификации за олимпијада, ние не извадивме еден квалитетен голман.Секое првенство одиме со најслабите можни голмани што и шпорет да им фрлиш нема да го одбранат.Судено ни е без голман да играме, баш како што кажа некој погоре дека и кога играме со голман пожелно е да пише empty goal.

Исто нешто што премногу ме изиритира беше прашањето на новинарот за Манасков.Океј беше да го праша од каде толку промашување, оти реално вчера беше чорба и тој а и Гоце, али не очекував да го пецне за Рајн Некар.Демек греел клупа.Извини а во Вардар шо правеше?Немаше никаква минутажа, освен да шутира пенали кога на келавиот не му беше денот.Епа извини, ама ич не треба да ти е гајле дали седи на клупа или лижи подови.Прашај го Гоце шо му се дешава, ептен бледа слика од минатите првенства, промашува од ептен чисти сутуациии.Ама не, деки го напушти светиот клуб Вардар за да оди во Некар, и са ајде качи му се на гла.Као демек многу пропуштил.И да, најдобар беше кога на минатото првенство го постигна голот за изденачување со Србија, го величавте до небо.Еднаш нема да го бива и одма пцовки и клетви.И не само за него.Чист пример Столе, кој спротивно од дејан, не беше толку добар лани, а сега растура и гине на терен цел натпревар.Порано тој е ваков, таков, најважни му кафаните, не го бива за ништо, а сеа златен Столе 60 минути го трча теренот.Ахам, океј е.И за Кире исто.Злобен бил, себичен бил и три точки.На човекот споменик треба да му се изгради бе нормални сте?На 37 години игра напад, одбрана, просек 10 голови има секој натпревар, асистенции, дури кога ќе се пензионира оти веќе толку, уште на европско ако игра и то е,ќе видиме дали ќе играме некое првенство или на телевизија ќе си гледаме. Амаа не, таков народ сме.Гниди.Во крвта ни е да плукаме по се шо е наше.

Се надевам на влез во осминафинале и толку.Сеедно дали ќе завршиме 3ти или 4ти во групата, ако ја избегниме Франција ја добиваме Норвешка.Исто срање, не можиме ни со неа да се носиме.Туку после првнеството да се концентрираме на квалификациите за европско, оти без нашите инфаркт натпревари и завршници не го бива искрено.:pos:
 
P

PewDiePie

Гостин
Само еден човек што играл во МК заслужува пасош и натурализација


:D
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Без разлика дали ќе бидеме 3ти или 4ти во група исто е.. Норвешка ќе заврши 2ра и ќе го папаме немиен...
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.558
Поени од реакции
8.142
Гледано од оваа дистанца, реално најдобро ќе беше да се врати Диви за ова првенство. Реално Диви е најдобриот голман во Македонија моментално, и ќе помогнеше во оваа ситуација. Или па ако Чевлар сакаше да прави резови требаше да ги викне Томовски, Ѓорѓевски и Даниловски и полека да почне процесот на нивна адаптација на големи натпреварувања.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Исто нешто што премногу ме изиритира беше прашањето на новинарот за Манасков.Океј беше да го праша од каде толку промашување, оти реално вчера беше чорба и тој а и Гоце, али не очекував да го пецне за Рајн Некар.Демек греел клупа.Извини а во Вардар шо правеше?Немаше никаква минутажа, освен да шутира пенали кога на келавиот не му беше денот.Епа извини, ама ич не треба да ти е гајле дали седи на клупа или лижи подови.Прашај го Гоце шо му се дешава, ептен бледа слика од минатите првенства, промашува од ептен чисти сутуациии.Ама не, деки го напушти светиот клуб Вардар за да оди во Некар, и са ајде качи му се на гла.Као демек многу пропуштил.И да, најдобар беше кога на минатото првенство го постигна голот за изденачување со Србија, го величавте до небо.Еднаш нема да го бива и одма пцовки и клетви.И не само за него.Чист пример Столе, кој спротивно од дејан, не беше толку добар лани, а сега растура и гине на терен цел натпревар.Порано тој е ваков, таков, најважни му кафаните, не го бива за ништо, а сеа златен Столе 60 минути го трча теренот.
Манасков во Вардар грееше клупа, отиде во Некар за и таму да грее клупа и да лапа пари или да се усоврши? Не знам зошто секогаш се прават споредби со нешто што поминало. Отиде човекот во најдобриот германски клуб, дали игра таму? Не игра, грее клупа. Што е тука чудно. Него го погоди вистината дека е еден просечен играч кој никаде нема да успее да направи кариера туку ќе се врти по клубовите па затоа се намурти. Види ги само новинарите од другине земји што им прават на репрезентациите после пораз, бришат под со нив, нас така да им се постави некој ќе го линчуваат одма. Значи едноставно прашање беше, зошто Дејан промашуваш и дали тоа се должи на твоето греење клупа во Германија? Тој како прав спортист требаше да биде храбар и да одговори, а не да рече не знам зошто промашувам. Еј спортист вика не знам зошто промашувам, ај татко му неписменот ќе го прашаме ако не. Дејан е сељак значи ист како татко му. Се налути што го прашале. Не дај боже да му речеше дека треба да размисли да не оди на едно првенство ако игра вака, ќе почнеше да плаче по фб и твитер и инстаграм. Што се однесува до Стоилов, лично мене овој човек никогаш нема да ми биде омилен, тој е класичен пример како не треба да се понаша спортист. Џабе слабее сега, пак ќе се врати на старото.
Само еден човек што играл во МК заслужува пасош и натурализација


:D
Пасош и една вреќа брашно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom