Serie A 2016/2017

Кој ќе го освои Скудетото?


  • Вкупно гласачи
    170
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Што е за право има добри слики за тролање :pos:


Ако навака иде дизајнов на лога во иднина,дај да се пријавам на конкурс за екипиве од Серија А,пари бар ќе напраам


 
Последно уредено:

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.205
Поени од реакции
7.990
Логово ко да го правел Јован Јованов (Џеј Џеј)
Барам совети од мојот човек Џеј Џеј
дали да бидам груб или да играм ферплеј:D
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.009
Поени од реакции
6.040
Освојуваат ЛШ сезонава, противниците нема да знаат со кого играат, ќе мислат Ванземаљци дошле, модерно лого, ова она. :D
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Ова или ќе биди револуционерен потег или ќе биди тотална катастрофа..прв клуб мислам воопшто што извади ваков иновативен/несоодветен грб ..нема да го личи воопшто на дресот но можеби ќе се навикнат луѓето..ама барем ќе има слики за сеир кога ќе изгубат :D
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.094
Поени од реакции
16.291
Ова или ќе биди револуционерен потег или ќе биди тотална катастрофа..прв клуб мислам воопшто што извади ваков иновативен/несоодветен грб ..нема да го личи воопшто на дресот но можеби ќе се навикнат луѓето..ама барем ќе има слики за сеир кога ќе изгубат :D



Не е толку лошо ... Ќе треба период на навикнување[DOUBLEPOST=1484612578][/DOUBLEPOST]
Логото на дресовите наводно немало да се менува, ова ќе било за тренерки, шалови, дуксерки и за сите комплекси кој ги изградија J Museum, J restaurants, итн итн
 
Последно уредено:

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.839
Поени од реакции
8.686
Ми се допаѓа колку си искрен во врска со Јувентус, не продаваш морал напразно или не знам што, во повеќе наврати си рекол, можеби и ве оштетија, ама ме боли таквото :icon_mrgr:

Дај активирај се малку, во борба за титула сте вмешани активно, иако вчера видов на клупата сите младинци +Тоти. Зошто е тоа, до кога ќе трае?
Поучен од претходните години не смеам да се дрзнам да помислам на титула, барем не тука на форумот, а еуфорија нормално дека ме фаќа оти ви дојдовме на бод и си фантазирам по малку:D
Сепак кога ќе размислам поубаво, од секоја гледна точка Јуве 90% освојува Скудето, прво Рома ова лето крпеше состав за фаќање на место во ЛШ, по испаѓањето од Порто и оние 30мил помалку од ЛШ неможеа да си дозволат ниту поефтина замена за Пјанич, наспроти вашиот тим кој доби повеќе и на квалитет и на квантитет, тим кој на хартија слободно може да се каже дека е во фудбалскиот крем на Европа. Ние ни со квалитет ни со квантитет не сме во предност. Јас просто се чудам како сеуште екипата е сталожена и реди победи, посебно во гости. Последната во Удине ја игравме без Салах, Флоренци, Пероти, Рудигер, Вермален, Руи, Де Роси, плус и Итурбе си отиде а замена нема, затоа си го видел Тоти со деца на клупа:D
Големи заслуги одат на Спалети, се покажа способен да импровизира во вакви неизгледни ситуации, ги држи сеуште цврсто конците, оти знае каков бродолом може да се случи на оваа екипа после некој кикс и каква криза може да го фати тимот(а Рома е способна за такво нешто).
Да издржат да тепат без некои клучни играчи уште 2-3 кола до пред Фиорентина, Наполи и Вијареал добро ќе биде.
Али за титула треба да ја повторат првата сезона со Гарсија кога освоија 90 поени и да се надеваат дека Јуве ќе заспие, бидејќи се тимот кој има се во свои раце:toe:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Koга ќе размисли чоек можеби ова е паметен потег на Јувентус со логото,вака ми делува како да сакаат да ја брендираат Ј буквата односно Ј буквата да стани препознатлива за Јувентус како што е Т за Твитер или Y за Yahoo,можеби не делува фудбалски ама на маркетиншко поле и тоа како би требало да се исплати.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.839
Поени од реакции
8.686
Ау бе па овие Романистиве бе гревоој живи, цел живот да те зезаат/ се зезаш со навијач на Интер или Милан знаеш дека на крајов од денов се расправаш со големи клубови, што калчото неможе да се замисли без нив, и ти доаѓа некој навијач на Рома што ко тимчето секогаш 5место надоле и последниве 4 год заличуваат на тимче ама неможат да го убијат сељакот во нив и губат титула поради немање на континуитет, што доволно кажува за рангот на тимот. Кај и да е, ќе се вратат Интер и Милан на сцена пак, секогаш ќе биде дерби Јуве-Интер, Јуве-Милан, дерби ко што треба да биде со јаки гиганти, за разлика од ново настанативе дербиња за поинтересна Сериа А, Јуве-Наполи, Јуве-Рома.
Немој не ме радуј:pipi: Само тоа ќе ти го кажам, а Стекот нека си ги изеде пуканките со некое филмче, оти ја немам намера на тебе да ти докажувам некои работи:kafence::P
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
После она со розовиот дрес, ништо не ме чуди.
Ко Јелена Карлеуша да им е дизајнер.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916



Не е толку лошо ... Ќе треба период на навикнување[DOUBLEPOST=1484612578][/DOUBLEPOST]
Логото на дресовите наводно немало да се менува, ова ќе било за тренерки, шалови, дуксерки и за сите комплекси кој ги изградија J Museum, J restaurants, итн итн
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Koга ќе размисли чоек можеби ова е паметен потег на Јувентус со логото,вака ми делува како да сакаат да ја брендираат Ј буквата односно Ј буквата да стани препознатлива за Јувентус како што е Т за Твитер или Y за Yahoo,можеби не делува фудбалски ама на маркетиншко поле и тоа како би требало да се исплати.
"Кога и да ја видам Ј буквата во весник помислувам на Јувентус" цитат од Џани Ањели кој го користеја во презентацијата сношти, сигурно то им е филмот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom