UEFA Champions League 2016/17

Абе шампион сезонава е...

  • Вкупно гласачи
    69
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Види го составот што го извади Лестер, со трет голман беа и повеќемината трет ростер. Првопласирани се во група, нема потреба некого да го форсираат да се повреди :)
Абе ако гледаш така и вчера Атлетико имаа сигурно прво место, па извадија прв тим. Јес да се роботи, ама они нели ризикуваа повреди и/или картони? Тоа е разликата у менталитетот и сфаќањето на ЛШ. Значи ова е ЛШ, англиски шампиони се и го јадат немиен и несечен со 5 парчиња од факинг Порто. Срам, дно-дна, без разлика дали им играле децата од академија. Плус тука во игра се и поените за Европа коефициент + парите од секоја победа во ЛШ. Знам дека енглезиве ги боли Стојко за коефициентот, али вакво куропецање ќе им се наплати тродупло наредна фаза.

Едвај чекам да се паднат со некој од јакиве што завршија 2-ро, па да примат 6-7 парчиња како Аса Акира на двата меча.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Знаеш што? И Манчестер 2009 мислам веќе пласиран понатака против Бешикташ дома извади трет состав и загуби 0-1 и утредента се јавија со критика сите и битни и небитни во фудбалот. Како смеело така да се игра со трет состав, не било фер спрема другата екипа што се кошка со Бешикташ во групата, па ТВ преносот бил однапред платен за луѓе да ги гледаат Фердинанд, Видиќ, Руни, Сколс а не Бебе, Македа, Амос кои и да беа тогаш.

Лестер ти се екипа што не може да си дозволи да ги игра едни исти цела сезона, батали ти Атлетико сега. Не можеш да споредуваш клуб што играл до вчера дерби со Свиндон со шпански гигант. Тие лани испаднаа од сите купови дома само за да им успее походот по лигата. Но друго побитно објаснување зошто Атлетико игра со првотимци е она што го пишав погоре и што му се случи на Јунајтед. ЛШ живее од гледаност а гледаноста ја прават Гризман, Роналдо, Меси а не Рон Роберт Цилер, Роберт Хут и Џефри Шлап.. :)
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Ми се направи ќефот со ова реми на Дортмунд, чисто навивачки, мада не значи ова дека Реал ќе добие тежок противник. А со ова и со второто место на Севиља кругот на можни противници на Барса ептен се стесни. ПСЖ, Бенфика, Баерн, Леверкузен и Порто..... Јас лично ги посакувам Порто, одамна нема играно Барса против нив, а не се тежок противник.

Инаку ме чуди овие негативни коментари за Лестер. Сосема добро ја изиграа групата, а овој пораз со комбиниран состав на небитна утакмица не значи скоро ништо. Сите викаа Лестер ќе се посрамоти во ЛШ, ама не испадна така. Што да каже отепаниот Тотенхем, кој испадна во најпросечна група, или Бешикташ, кој загуби клучен натпревар со 6-0 и тоа од екипа на која не и треба резултат.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Лестер од овие може да ги помине Бенфика и Леверкузен, со другиве ТЕШКО.
Да бе секако:pos:..Лестер од овие никој неможи да помини...со Бенфика и Леверкузен можеби ќе имаат некои минимални шанси ама пак не му се дораснати и на нив..уште на првиот натпревар на гости ќе јадат тапани
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.206
Поени од реакции
7.992
Да бе секако:pos:..Лестер од овие никој неможи да помини...со Бенфика и Леверкузен можеби ќе имаат некои минимални шанси ама пак не му се дораснати и на нив..уште на првиот натпревар на гости ќе јадат тапани
Абе не дека ќе биде фаворит ама ќе има какви такви шанси. Ова е слично ко Вардар у ракомет пред две години кога го посакуваше Киелце за 1/4 финале. Од сите зла, најмалото.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.594
Премногу екипи кои привлекуваат гледаност завршија второ место (Реал , Баерн , ПСЖ , Сити итн ) , за да има среќа Лестер да му се падне некој од Бенфика и Леверкузен. Ќе се испопаѓат појаки со послаби , тешко да чекаме некое јако дерби уште во 1/8 финале. Дури и да падне некое јако дерби само 1 пар ќе биде , и тоа ПСЖ најверојатно ќе биде едниот тим.
 
B

Blade Torch

Гостин
Да бе секако:pos:..Лестер од овие никој неможи да помини...со Бенфика и Леверкузен можеби ќе имаат некои минимални шанси ама пак не му се дораснати и на нив..уште на првиот натпревар на гости ќе јадат тапани
Бре!
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Јас само ја пишувам реалноста..и мене ми се спимпатични Лечестер и лично сакам баш тие да одат до крајот односно до финалето на ЛШ ама знам односно свесен сум дека тоа е научна фантастика па и реално Бенфика и Леверкузен имаат дрим тим за Лечестер и нема шанси да не јадат тапани уште на првиот натпревар со оглед на тоа што ќе го играат како гостин.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тивко умирам во себе со секое ново прочитано ЛЕЧЕСТЕР
Негде по форумов пролетоска и Лајчестер го видов, немав ни сила да цитирам од ударот...
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Kurinja od so vidov najgolemi sansi se dadeni atletico - city.. pa bas bi sakal nekoj vakov natprevar..
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Почнаа да се вртат шпекулации дека од УЕФА денеска официјално го смениле ЛШ терминот од 20:45 во 19:00 и 21:05. Можно ли е стварно да се до толку идиоти и буквално се да е пари во фудбалов? :)
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom