Законот на Телема

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Новиот еон драстично го менува светот а сеуште сме на почетокот, само 112 години. Во прилог ќе постирам извадок од напис на еден портал каде се потенцирани правилата и менталитетот од тоа време, време на претходниот еон:


На илјадници геј мажи и бисексуалци во Англија и Велс им се понудени извинувања за впишаните прекршоци заради нивната сексуалната определба кои сега се укинати.



До 1967 година геј мажите во Англија и Велс биле казнувани, бидејќи хомосексуалноста била сметана за злодело. Во Шкотска овој закон бил изменет во 1980, а во Северна Ирска во 1982. Во Велика Британија хомосексуалците се уште се соочуваат со предрасуди и насилство, но се заштитени од законот. До 1965 година пак, во Велика Британија хомосексуалците биле и егзекутирани. Пример за тоа се Џејмс Прат и Џон Смит.

Голема е шансата постарите генерации да се соочувале со удари (физички) од страна на наставниците. Во Велика Британија на пример, до 1986 година, било легално наставник на удри ученик.До 1998 ова било легално во Англија и Велс, до 2000 во Шкотска и до 2003 во Северна Ирска.



Две години по почетокот на Првата светска војна, во Велика Британија се соочувале со недостаток на војници, па помеѓу 1916 и 1920, секој маж од 18 до 41 година, законски морал да служи во војска, иако имало исклучоци – на пример одбивале оние кои биле против војната.Ваквиот тренд опстојувал за време на двете светски војни, но правилото било укинато во 1957 година.

Добро позната информација е дека жените во минатото не смееле да гласаат. Но, тоа се променило во 1918 година, кога на жените над 30 години им било дозволено да гласаат. Рамноправно право на гласање добиле сите жени во 1928, кога сите полнолетни жени (21, во Велика Британија) добиле право на глас.



Link

Само будала може да тврди дека ова е апстрактно и недостижно. Правата на човекот потцртани во Liber Oz полека но сигурно стануваат реалност, реалност што била апстрактна пред 1904-та. Ова е факт, не е теза, не е верување, не е претпоставка.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.666
„Јас сум пламенот што гори во срцето на секој човек, и во јадрото на секоја ѕвезда. Јас сум Живот, и дарител на Живот, но сепак спознавањето на мене е спознавање на смртта.“
- Книга на Законот, II:6

„Оти јас сум совршен, бидејќи Не сум;...“
- Книга на Законот, II:15

Ете што сум напипшал одамна, за некој друг тука на форумов... кога велам јас се повторуваме, никој не ми верува. Во тоа време не сум знаел ниту корисничкото име да си го сменам :)

Јас како Телемит гледам на смртта како нулта точка од една континуална функција, дел од бесконечното тркалање. Дали ќе се сеќавам на она што е над нулата кога ќе сум во негатива ќе зависи од тоа како Руах е оделен од Нефеш и како Руах е врзан со Нешемах. (многу технички муабети, не верувам некој да ме разбрал, но на обичен јазик ова се раскажува во томови).

Исто така бидејќи Руах работи во Формативниот свет (ако може така да се каже) потребно е Руах да се воздигне со пракси и разни методи до Бриах.
Можеби паметам нешто од праксите од претходниот живот па овој пат напредувам подобро тркалајќи се одново по лицето на земјата.

Во Книгата на Законот има стихови кои ја третираат Смртта. Не е мое да го интерпретирам Законот за друг. Се трудам колку толку да го избегнувам тоа.
Мислам дека од таму ќе добиеш подобар одговор отколку од мене иако конечен став да добиеш за нешто би требало малку да се запоти човек.

П.С. Ако прашуваше дали смртта е крај, не е. Ако прашуваш дали се враќаме од почеток, не се враќаме од почеток, бидејќи и нема почеток. Смртта е удар врз телото.
Во зависност од Човекот ќе следи заборав или не.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Liber Al vel Legis II:

27. Постои голема опасност во мене; зашто оној што не ги разбира овие руни ќе направи голема грешка. Тој ќе падне во бездната наречена Затоа, и таму ќе пропадне со кучињата на Разумот.
28. А сега клетва на Затоа и неговиот род.
29. Нека Затоа биде проколнато засекогаш.
30. Ако Волјата застане и викне Зошто, привикувајќи го Затоа, тогаш Волјата застанува и не прави ништо.
31. Ако Моќта запраша зошто, тогаш Моќта е слабост.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.666
Ама изнервиран додека ја води презентацијата :)
Ама добро говори, си ја завршил домашната одлично :)

 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.707
Поени од реакции
7.840
Ти со сет ум мислиш дека ќе дојде време кога луѓето физички нема да умираат, постојано со ова тело кое е доказ на променливоста? И ти зборуваш за абсурдности и фантазии за другите? Лошо...

Ping @Ipsissimus @SpaceTraveler @Атеист @121314 @Ne-misli @Црноризец Храбар :)
Tака ти мислиш.
Никаде во Светото Писмо не се спомнува дека луѓето нема да умираат со ова распадливо тело, туку се вели нешто сосема друго.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
11. Прави им на другите добро поради самата добрина, не поради награда, ниту пак поради нивна благодарност или наклоност. Ако ти си великодушен нема да тежнееш кон изразите на благодарност.

14. Запамети дека оваа земја е само атом во универзумот и дека и ти си атом на неа, па дури и да станеш Бог на земјава по која се влечеш и ползиш, па и тогаш би бил само еден атом, и тоа еден помеѓу многуте.

21. Во вистинската религија нема секти затоа пази да не го колнеш името под кое другите го знаат својот Бог; зошто ако го правиш тоа на Јупитер, ти ќе го колнеш יהוה во Озирис יהשוה. Прашај и ќе имаш! Барај и ќе најдеш! Тропни и ќе ти се отвори!

- Книгата на Рамнотежа

П.С - уште една причина за Радост и надминување. Многу ја нападнавте Телема и Телемитите, ќе ве снема, ќе ве снема, па одеднаш ќе се изгубите. Не знам дали хормони или планети се во прашање, но:

2. Тогаш ти, кој имаш искушенија и тешкотии, радувај се поради нив, зашто во нив е Силата и преку нив е отворен патот кон тоа Светло.

4. Затоа радувај се, о Инициран, бидејќи колку се поголеми твоите искушенија, поголема е твојата победа. Кога ќе те измачуваат и зборуваат лажно против тебе, зарем Мајсторот не рекол: “Ти си блажен”!
 
Последно уредено од модератор:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.666

Tака ти мислиш.
Така де, јас така мислам. И никаде не споменав некаков свет текст, тоа ти си додаваш.

Во „Светото писмо“ на христијаните (нешто еврејски размисли, нешто ново) сешто пишува, во сешто се верува. Јас зборував како е до сега и како се напредува и до сега а и од сега натаму, по логика на нештата.
Нормално, ти може да чекаш „второ доаѓање“ но тоа ќе важи за грст луѓе, кои веруваaт во тоа.

Што правиме со другите луѓе? За нив нема промена, нема напредување?

Законот на природата важи за сите. Не може да се базира на 4000 години верување за подобро и да се седи со скрстени раце и со надеж во џебовите налик на воздух!
Ако сакаш така - продолжи, јас немам ништо со тоа.
Само промена која ќе те направи соодветен за универзумот кој то прошируваш ќе те направи успешен по твојот пат.

И јас реков:

  • Законот на Телема донесе промена во магиските формули и психологијата на човекот одвнатре, отвори нови патишта за човекот за себенадминување.
  • Ти со сет ум мислиш дека ќе дојде време кога луѓето физички нема да умираат, постојано со ова тело кое е доказ на променливоста?
  • Ниту еден еон до сега не направил таква промена да ти бидеш вечен од туку така, или заради твоето верување во одредени работи тука на Земјата! Мора неспособните да се одделно од способните и работливите!
  • Гревот постои само во умовите и срцата на припадниците на стариот еон, со такви немаме ништо ние... Новиот Еон го избриша гревот на стариот еон и го прогласи за Ограничување, што и навистина е!
    Одлучно ја отфрламе идејата дека гревот постои како што беше даден во стариот еон, во однос на боговите, а со тоа и идејата дека заради тој грев мора да постои спасител, како што се зборуваше во стариот еон.
Бесцелно те тагнав, мислев ти разбираш нешто повеќе...
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.707
Поени од реакции
7.840
И јас реков:
  • Законот на Телема донесе промена во магиските формули и психологијата на човекот одвнатре, отвори нови патишта за човекот за себенадминување.
  • Ти со сет ум мислиш дека ќе дојде време кога луѓето физички нема да умираат, постојано со ова тело кое е доказ на променливоста?
  • Ниту еден еон до сега не направил таква промена да ти бидеш вечен од туку така, или заради твоето верување во одредени работи тука на Земјата! Мора неспособните да се одделно од способните и работливите!
  • Гревот постои само во умовите и срцата на припадниците на стариот еон, со такви немаме ништо ние... Новиот Еон го избриша гревот на стариот еон и го прогласи за Ограничување, што и навистина е!
    Одлучно ја отфрламе идејата дека гревот постои како што беше даден во стариот еон, во однос на боговите, а со тоа и идејата дека заради тој грев мора да постои спасител, како што се зборуваше во стариот еон.
Бесцелно те тагнав, мислев ти разбираш нешто повеќе...
Зошто бесцелно?:sneaky:
Зарем не му рече на @MIKI1 дека со сет ум мисли дека ќе дојде време кога луѓето физички нема да умираат, постојано со ова тело кое е доказ на променливоста, кога воопшто не мисли така, бидејќи во 1. Коринтјаните 15 јасно пишува како е, така што во ова твое тврдење не само што нема да се пронајде ниту еден Православен христијанин, туку во истото не веруваат ниту Римокатолиците, Протестантите и Монофизитите, така што единствено ти преостанува да си ја преиспиташ оваа твоја неоснована заблуда.

Велиш: Гревот постои само во умовите и срцата на припадниците на стариот еон, со такви немаме ништо ние... Новиот Еон го избриша гревот на стариот еон и го прогласи за Ограничување, што и навистина е!

Всушност, гревот не е Ограничување, туку Промашување.

Ако те разбрав добро, ти на пример тврдиш дека содомијата како грев од Стариот Еон е избришана од Новиот Еон и дека е Ограничување доколку ти сакаш полово да општиш со животно, а „староеонците“ ти велат дека е грев?
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.666
Бидејќи промаши што сакав да кажам со постот кој што го цитираше. По твоето мнение - ти си дете на гревот.

Јас прашав, не тврдев. Поглени го постот... за разлика од вас, јас прашања кога поставувам, немам одговор, чекам да ми каже некој - ете како ти што напиша...

Постот се однесува на тоа дека промена нема да има за туку така. Никогаш не било така и нема ниту да биде бидејќи не е фер за другите, кои работат врз себе си и напредуваат!
Дека промената на Еонот не значи моментално менување на физичките закони - тоа ќе го убие човештвото и Земјата!
Не сме само ние, не сме само тука!

Затоа реков:

„Законот на природата важи за сите. Не може да се базира на 4000 години верување за подобро и да се седи со скрстени раце и со надеж во џебовите налик на воздух!
Ако сакаш така - продолжи, јас немам ништо со тоа.
Само промена која ќе те направи соодветен за универзумот кој то прошируваш ќе те направи успешен по твојот пат.“

„Зборот на Гревот е Ограничување.“
- Liber AL, I:41

Убаво сум напишал:
Гревот постои само во умовите и срцата на припадниците на стариот еон, со такви немаме ништо ние...
Новиот Еон го избриша гревот на стариот еон и го прогласи за Ограничување, што и навистина е!“

Ако си ја проучувал Телемата ќе знаеш дека за секој човек важи Liber Oz, која што е сумирање на Законот на Телема во поедноставна форма!

Погрешно си разбрал во врска со гревот и стариот еон...

Што е гревот од стариот еон?

Кај го најде примеров, погнасно нешто не можеше да смислиш од тие твои писанија... одвратно!
Но ајде, да не биде дека не сум одговорил...

Се мислам дека нечија чиста волја тешко ќе го однесе по патот на содомија. Повеќе ми стои содомијата како задоволување страст и моментална желба на неиницираните... задоволување на моментални желби!

А и ако некој добро го разбрал Законот ќе знае дека не може да се оди против туѓа волја, но и против природните закони.Примени го Законот на Телема на сите проблеми на погодност, корисност и развој.

    • Прекршокот на Законот на Телема е злоупотреба на природните квалитети на кое било животно или предмет и одвојување од неговата соодветна функција, која е одредена од увидот во неговата историја и структура.
Тука се Liber Oz, Liber XXX... а пак ете, погледни го есејот За Должноста и ќе видиш новиот еон како иде :)

 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.666
Нешто напишано одамна...
Важи сеуште ...
За форумџиите овде кои се најгласни во бунтувањето, бесцелни се сите правила и закони потребни да бидат исполнети за да се биде иницијант во нашите мистерии.

Многу забораваат или пак не ни знаат како и зошто се бара иницијација.
Тие не ни сакаат да бидат иницирани, не ни разбираат што е тоа, не знаат што значи да имаш Брат или Сестра (нормално, луѓето не живеат и се караат со браќата и сестрите со кои се врзани со крв, така да не очекува да го разберете поимот Брат или Сестра во Редот).

Немојте никогаш да барате иницијации во О.Т.О. преку форуми!
Тука има само лушпи, клифоти...
Размисли кои ниту од одблиску не објаснуваат нешто конкретно... овие клифоти, да, и тие се знаци, но... внимавајте на нив.
Ќе знаете каде и кога да побарате иницијација, ако навистина ви е потребна.
Нели велиме дека ништо нема да биде променето, секој ќе остане ист.
Не постои авторитет кој ќе одговори за вас дали сте или не спремни за иницијација. Тој одговор го имате само вие, и следете го безусловно.
Ако треба да бидете, ќе се најде кој да гарантира за вашата личност и однесување.
Секако не сакаме секој да ни биде брат или сестра во Редот. Како се прави изборот?
Тајна над Тајните :)
[DOUBLEPOST=1477591510][/DOUBLEPOST]И уште нешто интересно, да не исчезне во минатото...

Нуит - Универзумот не нуди ропство, само искуство и радост. Си пишува во „Книгата на Законот“, прво поглавје, каде што Аиваз го објавува зборот на Бесконечноста.

Погрешен став имате дека универзумот ве мрази и ве зароува и дека вие ќе се ослободите од универзумот „ако умот ми е мирен како море“ и ако се молите на некаков си бог или пак ако се постигне таа многу зборувана нирвана ќе излезете од кругот на инкарнација (ако воопшто знаеме дека постои) која е сепак дел од Универзумот. Лага измешана со философијата на „умирачките црни богови“. Бегајте од такви размисли.

Праксите се дадени за да бидеш дел од Нуит со максимални искуства кои ќе ве направат богови, кралеви или што и да е вашиот хиероглиф за постигнувањето.

Универзумот не прави ништо во поглед на Хадит (не може да ја заврши работата на Хадит). Хадит е бесконечна мала точка која мора да ги има сите можни искуства за да го зголеми својот универзум. Од тука следуваат и праксите!

За да знаеш кој настан е најсоодветен во дадениот момент потребно е пракса. Инаку, ќе се греши и ќе се талка.
Нашите пракси се поделени на две патеки: јога и магика.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Гледам дека тука има членови од Редот ОТО, па би сакал да ми разјасните нешто.

Сосема ја сфаќам потребата и придобивката од здружување на луѓе со слични размислувања во било каков вид група. И тајноста ја разбирам. Тоа што не можам да го разберам е која е потребата од толкава мистичност и „магија“. Претпоставувам дека зародишот на повеќето Редови или слични групи е од период во кој луѓето полесно верувале во натприродни работи не можејќи да си објаснат некои работи. Но во денешното развиено општество, нели сметате дека е непотребно да се повикувате на свети книги, духови, магии и слично. И зошто законите не можат да бидат напишани прецизно и јасно, туку секогаш мора да се заплеткани во метафори и други стилски изразни средства и да звучат како да кажуваат којзнае што, кога истото може да се искаже многу поедноставно. Која е потребата од толкава симболика? Иако признавам дека сето тоа буди некое убаво и малку застрашувачко чувство, зарем не е уметноста тука за постигнување такви чувства?
Сето ова што си го поставил како прашање, многу пати е објаснувано, но вие не сакате да дознаете а сепак прашувате.... Само малку повеќе барање низ форумов и ќе ги најдеше одговориве:
Епа ова е и целата поента за "тајните". Тие не се податок што никој не смее да го дознае, туку се состојба што треба да се достигне, сознание што треба да се осознае. Тајните кај сите езотериски Редови се од овој тип.
Мал милион пати беше нагласено дека тие тајни не се како оние во секојдневието, дека тие се Знаење кое иницијантот треба да го достигне - да го осознае(открие), а не да го дознае во вид на информација од некого!
Зошто таинственост? Па има повеќе од доволно причини за таинственоста.
-На пример дадениот збор кој треба да го отслика карактерот и да биде репер за тоа колку доверлива е една личност која утре треба да ја нарекувам брат или сестра. Не е за џабе муабетот - колку ти вреди зборот, толку вредиш и ти.
-Потоа тука ти се разните фанатици кои се спремни да уништат и убијат било кого доколку решат дека тоа е закана за нив или нивната религија, нација, партија, идеологија. Што се случи со темпларите, ти текнува?
-Исто така, зошто мојот идентитет да биде на дисплеј на јавноста? Мојот приватен живот е мое право, а тоа Редот го почитува и ги заштитува податоците за идентитетот на своите членови. Дали државната администрација е "трето" затоа што личните податоци на граѓаните ги чува во тајност? Дали банките се "трето" кога за кредитната картичка ти даваат пин (шивра, тајна)? Дали твојот мобилен оператор е "трето" затоа што за твојот кориснички број ти доделува пин (шифра, тајна)?

Што се однесува до болдот, јас можам да ти препорачам книги, но како што ти кажа и Хептаграм, книгите можат да ти дадат знаење, но не и разбирање. Ако тоа го сметаш за надменост или суета, можам само да ти кажам дека тотално погрешно си ме разбрал.
Тоа е едноставно разработена практика која функционира со илјадници години, а нешто кое функционира, глупаво е да се менува.
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 00:21 ---
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Која била врската помеѓу Ronald Hubbard и Алистер, ако имало такво нешто?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Која била врската помеѓу Ronald Hubbard и Алистер, ако имало такво нешто?
Hubbard нема никаква врска лично со Кроули, иако тврдел дека има. Hubbard се познавал и контактирал со Џек Парсонс, основачот на Jet Propulsion Labaratory (JPL) која потоа прераснува во Нацоналната Вселенска и Аеоронаутска Агенција (NASA). Парсонс бил член на Агапе ложата од калифорнија од 1939-та, а со Хјубард се запознал во 1945-та година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom