Странецот од Ками и Старецот и морето од Хемингвеј се така надпросечни со длабока мисла за овој наш свет а сепак лесни за читање во споредба со Браќа Карамазови од Достоевски. Не знам дали има поразработено дело од него. Доколку го читаш со желба и интерес ова дело ти дава една таква надоградба на твојот поглед на овој свет (не значи и преобразба, не мора во се да се сложуваш со Достоевски ниту пак да расудуваш до бескрај за некои работи за кои тој расудува), поглед со многу проширен хоризонт, со отворање на сите закржлавени пори за кои некогаш не си ни бил свесен да ги анализираш. Навистина вредат тие илјада и кусур страни и денови што ги одвоив за тоа дело.