Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
13 септември 2009
Мислења
79
Поени од реакции
33
Завршив со читањето на Виктор Иго - Клетници сите пет тома :D Презадоволен па дали само вреди да се прочита :D [ Како само се опишани ликовите со сите детални целиот нивен живот целата сама сторија ауу предобро ]
 
Последно уредено:

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Браќа Карамазови од Достоевски

Иначе на српски е од средношколските години на мајка ми.Мислам нема да ми е проблем јазикот пошто и претходно иам читано на српски ама чудово големо со иљада страни ќе ми треба една недела..


Sent from my SM-J200H using Tapatalk
 

Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Завршив со романот „Затоа што те љубам“ од Гијом Мисо. Патем одличен, СОВРШЕН роман, пресвртот на крајот ме фасцинира :vozbud:. Синоќа ја почнав „Посакувам да си тука“, од Франсеск Миралес. Стасав до 69 страна и задржува внимание, ме задржува тајната која е што на крајот дури од книгата ќе ја дознаам. Ако се прашувате за која тајна зборам, во кратки црти ќе ви раскажам делче...
- Даниел е успешен архитект значи, на неговиот триесетти роденден, баш на тој ден дознава дека девојка му со која бил 8 години чинам во врска, а требаше и да се венчаат, го изневерува со неговиот најверен другар Боско. Паѓа во депресија, е осамен и се затвара дома, му текнува дека добил цеде за подарок од неговата другарка,по име Марта. Го пушта цедето, го слуша и во секоја песна всушност се препознава, не само шо се препознава, него песните навистина и ко да се за него пишани... Дури во една песна се спомнува и неговата професија. Почнува да трага по пеачката, без да најави никому заминува во Париз.... И толку, сега останува да си дочитам.:)
Пс: Кој ги пиша текстовите?! A пеачката Ева Винтер, сигурно не е, бидејќи таа поима нема...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.641
Поени од реакции
13.091
"Нo-Уи" нa Лидијa Димкoвскa. Еднoстaве стил иaкo речениците и' се прoсгирaaт дo недoглед. Прикaзнa зa две женски, бaбa и внукa пo име Недa, еднaтa рoденa сплиќaнкa a другaтa вo Италија, нивнaтa тенкa релaцијa кaкo бaбaтa пребегнувa веднaш пo вoјнaтa сo мaж и' итaлијaн. Семејни дрaми, тежoк живoт, нo нaвистинa убaвa прикaзнa.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Мазурка за двајца мртовци од Камило Села. На добар пат е ликов од моето досегашно искуство со книгите да ми стани омилен автор. Ептен стилски ми е погоден, компарациите му ги сакам претерано, навидум едноставниот начин на изразување кој и не е така едноставен, но звучи некако суптилно, прикриено провокативно со добри извртувања и испади кои одат до надреалното и назад и како Тор со чекаот го маваат читателот по глава. Опасен црн хумор има ликот опасен :D

За разлика од Семејството на Паскуал Дуарте, оваа книга би рекол од досегашни 60тина страници прочитани дека е помалку со цензура, оди скроз хардкор без ограничувања и во компарации и во описи што само по себе носи еден посебен шмек и со сигурност несекојдневно искуство за читателот.
 
P

Patience

Гостин
Сјаење од Стивен Кинг

Беше оставена на пултот во библиотекава, на врвот, врескаше: Земи ме мене, земи ме мене!!!
Ми текна дека има и филм што е снимен според книгава, па зошто да не си викам...

Џек Теренс поранешен алкохоличар добива работа во хотел, во планина. Со него треба да го донесе и неговото семејство, сопругата Венди и синот Дени. И оттука ќе почне интересното....
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.641
Поени од реакции
13.091
High Fidelity - Nick Hornby
Тип што боледува од психичко растројство поради раскин со девојка, но нејќе да си признае па си праи топ листи на најболни раскини шо му се десиле. Го замишљам дека личи на Кјузак. :cautious:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.353
Поени од реакции
25.030
High Fidelity - Nick Hornby
Тип што боледува од психичко растројство поради раскин со девојка, но нејќе да си признае па си праи топ листи на најболни раскини шо му се десиле. Го замишљам дека личи на Кјузак. :cautious:
:D подобра е од филмот? филмот е врв...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.641
Поени од реакции
13.091
:D подобра е од филмот? филмот е врв...
Досега филмовите што се снимани по делата на Хорнби се доста осакатени/скратени.
Не дека нешто очекувам многу од книгата (кого лажам бре :D) ама чим филмот е култен во секоја смисла, можам да замислам што може книгата да има додатно затскриено во себе. На самиот почеток сум, ја читам пополека, стилот му е племенит, бар во почетокот доста опишува општо за раскините што човек се соочува во рана адолесценција. И башка точно поентира, не кружи со задни пораки.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.787
Поени од реакции
6.989
Бруно Шулц - Санаториум под клепсидрата. Ја читам на полски. Имаме одличен превод на овие раскази, Лидија Танушевска според мене е една од подобрите преведувач(к)и од кој било јазик на македонски. Но, има посебен шмек да се чита во оригинал самото дело. Шулц е незнајниот литературен брат на Кафка, живееле сличен период, со слични судбини. За време на втората светска војна, убиен насред улица заради своето потекло. Зад себе оставил две збирки раскази и уште некои текстови кои во форма на есеј, предговор. Романот кој го пишувал целосно исчезнува во втората светска војна.
 
Член од
16 октомври 2016
Мислења
36
Поени од реакции
29
The Eye of the World од серијалот The Wheel of Time.

Се решив конечно да фатам серијал подолг од 4 книги, по дооолго време. За сега е споро но интересно. Се надевам дека нема да го завршам серијалот (14 книги) кога ќе наполнам 40.
 
B

beaverknight

Гостин
Еден од омилените карактери у целата приказна на WoW, на паузи измеѓу учење за колоквиуми :D

 

Kajgana Shop

На врв Bottom