Торенти (официјална тема)

Најдобар торент сајт

  • Mininova

    Гласови: 86 11,8%
  • The Pirate Bay

    Гласови: 252 34,7%
  • IsoHunt

    Гласови: 56 7,7%
  • Torrentz

    Гласови: 66 9,1%
  • Demonoid

    Гласови: 48 6,6%
  • TorrentReactor

    Гласови: 6 0,8%
  • некој друг ќе наведам во пост

    Гласови: 212 29,2%

  • Вкупно гласачи
    726
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
Имам покани и за приватни тракери за кои ти не знаеш дека постојат, ама на трактористи кои вчера почнале да користат приватни торент тракери, научиле да се заебаваат со ратио и сакаат да ја банираат нашата земја не им давам покани.
е зошто бе не. :place::place::place:

зачленет сум на сите торент тракери и имам терабајти buffer на сите.
се зае*авам само со 0day/general и porn тракери. Не бери гајле нема да ја банирам државава.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Имам покани и за приватни тракери за кои ти не знаеш дека постојат, ама на трактористи кои вчера почнале да користат приватни торент тракери, научиле да се заебаваат со ратио и сакаат да ја банираат нашата земја не им давам покани.
Асанж, вака стојат работите.
Тебе те нема те нема, и еднаш во неколку месеци ќе никнеш, ќе искоментираш нешто (често е курчење/пројадување гомна) и ќе те снема до наредните неколку месеци.
Последниот пост апла ти беше курчачки.
Верувам дека си океј момак ама имаш некое комплексче.
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574

Ништо курачки во него нема Анон. Едноставно бев иритиран од неговата понуда, во стил знам како да украдам банка и да не одам во затвор. Знаеш ли колку земји имаат глобален бан до некои важни торент тракери? Да ја споменам на пример Романија која е позната по тоа што има брз интернет. Замисли земја која нормална интернет брзина е 100/100 мбпс заради некои трактористи како дечкото погоре кои ги злоупотребувале своите покани за торент тракери Романија е веќе скоро на сите подобри тракери банирана. Не сакам истото да се случи и со нас.
Инаку и јас би сакал да сум активен наоколу, колку ми дозволува времето доаѓам. Често ме гледаш на оваа тема. Освен тебе и упте 2-3ца како блејзинг ганс и некои други не гледам сериозни корисници.
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
голема работа ќе не блокирале на торент тракерите. ако не блокираат, ништо страшно, ќе си купуваме оригинали
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.738

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
TL;DR - Оправдувам користење на рејтио фејкери затоа што скоро е невозможно да правиш аплоуд како нов корисник на приватен тракер.
Ништо курачки во него нема Анон. Едноставно бев иритиран од неговата понуда, во стил знам како да украдам банка и да не одам во затвор.
Ќе се задржиме само на првава реченица, затоа што аналогијата не ти е точна и сега ќе образложам зошто.
Јас, искрено, би користел рејтио фејкер или сличен програм. Всушност, пред неколку години имам користено, на revolution tt, и ме банираа. Грешката беше моја, не бев внимателен, а долго време го користев без да ме приметат. Мислам дека ме фатија на тој начин што, торентот скроз умрел 0/0 сидери личери а од мене виделе активност на тој торент.

Што е проблемот со денешните приватни тракери? Ова мислам дека го имам напишано тука некаде но еве уште еднаш.
Невозможно е нов корисник да држи добро рејтио, а ако не држи, ќе го банираат.
Прво, ќе го земам Torrent Leech кој најверојатно нема најстроги правила но на него се сеќавам најдобро.
Имаа нешто ептен катастрофално за нови корисници, а тоа беше нешто како „нов корисник не смее да симнува торент ако не се поминати 16 ебани часа откако е поставен торентот“.
Во денешно време, на приватните тракери, соодносот на сидер/личер после првиот саат често е 10/0 или слично.
Некогаш ова е дури и помалку од саат. Како побогу човек може да направи upload со вакви торенти?
Колку што знам има неколку непрактични решенија. Outside seeding мислам се викаше, кога го симињаш торентот од јавен тракер, па гледаш да е целосно ист како тој од приватниот (најчесто има проблем со .nfo-то па треба фајлот да го менуваш) па го ставаш тракерот во торентот... Со вакви работи во денешно време не би требало да се замараш. И пак тешко се прави аплоуд.
Друго решение е seedbox и ова можеби е најдобро решение но сепак се плаќа, што на некој начин ја побива целa филозофија околу торентите.

Последно, ме банираа од thegeeks.bz. На овој тракер бев 4 години, ама ниту еднаш го немав искористено (0 симнати торенти) и само повремено си се логирав. Искрено, не знам зошто :D
Ме банираа. Отидов на ирцот, прашав зошто и ми рекоа затоа што треба да бидам активен, 4 години ништо не сум правел, и они се целосно во право, не се бунам.
Побарав втора шанса, и ми дадоа. НО, продолжив дискусија со админот и почнав да ги зборам истиве работи што ги зборам овде. На секој негов аргумент, имав контра аргумент и виде невиде дечкото ми рече „епа добро тогаш, еве пак ќе ти го оневозможам акаунтот“ XDD.
За време на дискутирање, го отворив сајтот. На најновите 20 торенти, ВКУПНИОТ број на сидери беше околу 300 а погоди колку личери? 4
300 сидери, 4 личери
КАКО?
КАКО ПОБОГУ ЌЕ АПЛОУДИРАШ?
Знаеш дечкото што ми рече? Па тоа се само дел од торентите.
А оди отвори ги постарите торенти, кој од кој помртов.

Што е целата работа. Мора да изнајдат друг начин. Јас разбирам дека тие што ги водат приватниве торент сајтови, можеби се плашат дека ако се укине рејтиото, луѓето ќе престанат да сидаат.
Јас во ова целосно се сомневам, затоа што луѓето што се на приватни тракери често се океј луѓе и сидаат не затоа што така наговестуваат правилата, туку од чиста добрина, sharing is caring.

Се додека не се реши овој проблем, оправдувам користење на рејтио фејкери и слични програми.
Сто пати сум пробувал, и само на ептен нови и популарни торенти сум успевал да извадам барем 1:1 ratio на новиот торент. И тоа имам 50/50 dl/up
РЕТКО.

Sorry for the wall of text.
 
Последно уредено:

Долга и широка тема е ова сама по себе.
Првин ќе почнам од одговорот на трактористот погоре. Дали го прочита? Тој одговор сам по себе треба да најде најголема осуда. Не можам ни да поверувам во тоа дека му е гајле дали ќе не банирале или не. Во иднина ќе го игнорирам лицето знаејќи дека е информатички неспособно и инвалид лице.
Натаму, целата приказна ја имаш сватено погрешно. Да почнам од торрент лич. Тој тракер е еден од најзаебаните за почетници. Како што рече бара определено време да помине за да можеш да даунлоадираш/аплоадираш на почеток, меѓутоа кога ќе го поминеш тој процес натаму станува се полесно. Јас тој процес го имав уште во далечната 2008-2009 година, со домашна конекција од Т-Хоме, аплоад 64 КБ/С. Замисли ако сум успеал јас со таква конекција да издржам на почетокот, да ја преминам таа граница за понатаму да немам ограничувања во стил да чекам одредено време за да спуштам, тогаш да не зборуваме за денешни нови корисници со интернет конекција 50/50.
Тоа беше едното, понатаму. Воопшто не се согласувам за користење на ратио фејкери. Со добивање на покани за скоро сите тракери кои ги користам (активен корисник сум на неколку генерални, неколку филмски и неколку музички тракери) неколку месеци, односно 5-6 месеци користев сидбокс. Во тие месеци успеав да направам бафер на скоро сите тракери, на нкои имам бафер и од 5 терабајти. Тој бафер е доволен да го користам одреден тракер цел живот без да имам потреба да аплоадирам, односно би имал потреба само да го сидувам торентот колку што бара тракерот за да не дојде до проблем да добијам hit & run предупредување.
Торент лич како што реков има такви глупи правила. Да зборуваме за другите тракери. Филмски тракери како на пример HDBits.org , PassThePopcorn, AwesomeHD, музички како What.CD Waffles, сцене тракери како Scene.HD.org, тракери за серии како BTN и другите немаат такви заебани правила. Тие одма ти даваат можност да аплоадираш/даунлоадираш. Не е воопшто вистина дека е тешко. Јас со домашна конекција комбинирано со сидбокс како што реков на скоро сите тракери имам по 5-6 терабајти buffer. Секој тракер има своја приказна.
Се на се, со потрошени неколку денари за сидбокс, и со дружење со потребни луѓе човек може да дојде до покани и да стане член на квалитетни тракери. Торентите, после интернетот се најголемиот благослов. Затоа треба да ја знаеме важноста, и да не се заебаваме. Јас сепак сметам дека сме мала земја и ќе ни гледаат низ прсти. Само да не стане висок бројот на луѓе кои ја злоупотребуваат таа можност за правење фејк и такви срања.
Малце влеговме длабоко, но како што кажав торентите се доста интересна благотворна работа на денешницата. Јас не можам да замислам како луѓето на пример гледаат онлајн филмови во т.н. 1080 п. Тоа не се вистински 1080 односно 720 п. Има толку квалитетни рипови на филмови што е жално да го гледаш на пример некој интересен филм онлајн на компјутер.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
150
Поени од реакции
74
Не сум толку упатен во приватните тракери и може ли некој да ми каже каква разлика има со останатите? Јас до сега се што ми притребало да даунлодирам сум го нашол на пајрат беј и останатите .Која е поентата да се мачите со приватните? Некој на кратко нека ми објасни чист информативно сакам да знам.Фала ви.

Sent from my MI NOTE LTE using Tapatalk
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Не сум толку упатен во приватните тракери и може ли некој да ми каже каква разлика има со останатите? Јас до сега се што ми притребало да даунлодирам сум го нашол на пајрат беј и останатите .Која е поентата да се мачите со приватните? Некој на кратко нека ми објасни чист информативно сакам да знам.Фала ви.

Sent from my MI NOTE LTE using Tapatalk
http://forum.kajgana.com/threads/Торенти-официјална-тема.34303/page-78#post-7784126
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
Не сум толку упатен во приватните тракери и може ли некој да ми каже каква разлика има со останатите? Јас до сега се што ми притребало да даунлодирам сум го нашол на пајрат беј и останатите .Која е поентата да се мачите со приватните? Некој на кратко нека ми објасни чист информативно сакам да знам.Фала ви.

Sent from my MI NOTE LTE using Tapatalk
не бараш многу затоа и piratebay ти е доволен
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
а ти што тоа бараш, што е тоа што не го наоѓаш на јавните места
за каде толку ти треба invite
Побарав јас овдека инвајт за музика приватен тракер никој не ми ни одговори ниту па се замараше да ми даде .Ќе го најдеш моето мислење тука во темава .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom