Мојот ќе го убијам начисто. Мртвов ладен е за реакција.Само рани куче да те каса е тип. Цел ден е напоен ко коњ,ко англиски лорд е третиран
Се обидуваш да го мрднеш од кафез,на прозор,под,маса било где,ќе напраи џумбус драма од цвичење и одма фаќа џаде сам во кафез.Те пушта да го галиш само одозгора и обравчињата од глава.Ниво подоле е веќе војна од касање,не пушта.Веќе 4 месеца го учам песна и 2 трика(качи се на прст(совладано) и какај кафез(за него е сегде дозволено,ми посра сегде)).Песна го учам и не научи.
Ако грешам нешто не знам каде
Му купив играчки,2 месеца ги нема чепнато.
Имав и прва ферка со него.
Спијам,5 часот наутро слушам лево десно шантрање од кафез.Си викам што е сега.Појдов до кај него,отворив вратичка,да видам да го смирам,пружив прст,абе ми се сипа ко змија-гриз.Ненормално боли.Почнав раката да ја тресам со него.НЕ ПУШТА
Го треснав и одлета ко проектил на другиот крај од собата.Што му стана толку агресивен да е.Ич не зажалив што го удрив.Морав или приморам како ми помодрува прст
После 2 дена ќутеше ко мисир.
Ми треба совет,уште сум аматер.
- имам голем проблем со секое доближување на рака,секогаш каса
- како полека да го внесам од семкаста исхрана со овошје,избегава,неќе ич,ќе чепне и толку е
- песни,помина доста време,но не собра ништо да имитира
- чим слушне птици,полудува тотално,почнува да цивка ко куче и пишти и одлетува(мислам уште е не е поврзан со нас дома чим прави вака)