Македонија со најлошо здравство во цела Европа

Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Машината за партиски кадри ја сомле „докторката“ без диплома
Оставка од морални причини! Ова е најмалку што требаше да направи министерот за здравство Никола Тодоров веднаш по скандалот со студентката на медицина која пет месеци работела како докторка во Итната медицинска помош. Девојката не била дипломирана, немала положено државен испит, ниту имала лиценца за работа, а вршела прегледи, давала инјекции и инфузии, сето тоа со амин на тој што ја примил. Како поинаку да се објасни сето ова?

https://www.youtube.com/watch?v=03uHMYcenJ8
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
Почина 57 годишниот теовчанец Јанковски откако не успеа да се лекува во ниедна специјализирана болница

Почина педесет и седум годишниот Марјан Јанковски од велешкото село Теово откако државата нему не успеа да му обезбеди подолгорочен престој и лекување во соодветна здравствена институција. И покрај тоа што 20 години работеше во Порцеланка, тоа не беше доволно сега во последната година од неговиот живот да искористи бенефиции од здравствениот систем и како стечаен работник да се лекува во специјализирана здравствена установа, пишува порталот Дума.



Освен велешката болница, за Јанковски останаа затворени вратите на психијатриските болници во Негорци и во Скопје. Сиромашниот и осамен човек, кој не успеал да формира семејство, не го примија ни во еден од шестте геријатриски центри во државата иако за да остане жив и за некој да го чува и негува го нудеше својот скромен имот во родното село.


Случајот на Јанковски повторно го отвора прашањето на грижа или негрижа на институциите кон немоќните граѓани. Тој најверојатно не е единствен во државата која се декларира за социјална и отворена за помош на поединецот на кого му е потребна.

Единствената помош што му требаше на педесет и седумгодишниот болен маж му ја пружаа соседите кои го надгледуваа, му ја носеа храната од државната народна кујна, повикуваа лекар кога му требаше и го носеа на нервното одделение во велешката болница до кое единствено имаше пристап.

Тој таму и почина завчера, велат соседите со дијагноза туберкулоза. Ден подоцна Марјан Јанковски е погребан на селските гробишта во Теово.

Крајот од неговиот живот не беше ниту малку лесен во трошната и стара селска куќа, што во секој момент можеше да му се урне врз глава. Зимата ја помина без огрев затоа што поради болеста, тешка депресија и психичко растројство, не знаеше дали му студи или не. Јанковски не комуницираше со никого а не беше свесен ниту кога треба да се храни и да ги зема лековите.

Соседите со жалење ни ја соопштија тажната вест со надеж дека ова што му се случи на Јанковски нема да се повтори повеќе никому.

извор: Дума
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Оставка од морални причини! Ова е најмалку што требаше да направи министерот за здравство Никола Тодоров веднаш по скандалот со студентката на медицина која пет месеци работела како докторка во Итната медицинска помош. Девојката не била дипломирана, немала положено државен испит, ниту имала лиценца за работа, а вршела прегледи, давала инјекции и инфузии, сето тоа со амин на тој што ја примил. Како поинаку да се објасни сето ова?

https://www.youtube.com/watch?v=03uHMYcenJ8
A od "doktorite" so diplomi i licenci gledame lugjeto preporodeni izleguvaat posle pregled. Mene od edna takva diplomirana i licencirana ke mi puknese slepoto crevo ako sam ne si pobarav da mi zeme krv i posle sumnjiva krva slika sam ne si pobarav da mi dade uput za u bolnica, se toa posle filno lepo objasnuvanje za neprospana cela nokj so stomacni bolki i deka prethodnata vecer sum bil dva pati do brza pomos kaj isto taka fino lepo diplomiran i licenciran lekar koi neznae da prepoznae simtopmi na slepo crevo narocito otkako mu se vrakjas pak posle 2 saata i mu kazuvas deka nema vajde od inekcijata. :facepalm: :yid:
A od koga novinarite imaat licenci da objavuvaat snimki od telefonski razgovori?
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
Докториве се никад у живот да не треба со нив работа да си имаш...

Значи ќе си кажеш симптоми, они ќе те дијагностицираат, ќе ти препишат терапија. А крвна слика? Дополнителни испитувања? Мислам, нормални ли сте? Озбилно така на лепе очи дијагностицирате? Истите симптоми може да бидат за еден куп болести, може да не значат ништо, не се знае ако не се испита....Ако сам не си побараш упати, ќе те остаат така на слепо лечење.
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.032
на Тhe Lad Bible успеавме да се пробиеме со мизерија, мајтап си играт со нас.
Дно.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.032
Само што ми го пратија :pos: толку реклами платени на СНН и на крај искачаш на лед бајбл.
Го отворив линкот и срам ми беше да го дочитам, само го постирав
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.011
Ja гледав женава во живо. Само 5 вакви случаи има во светот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
ВЛАДАТА СКРАТИ 797.000 ЕВРА ЗА БОЛНИТЕ ОД РЕТКИ БОЛЕСТИ

Со одлука на Владата од 20 септември годинава се намалуваат средствата во Програмата за лекување ретки болести за 2016 година за 49 милиони денари, или за 797.000 евра. Според програмата за изменување на Програмата за лекување на ретки болести објавена во Службен весник сумата од 203 милиони денари или 3,3 милиони евра се заменува со сума од 154 милиони денари или 2,5 милиони евра.

Потписник на намалувањето на парите за лекување ретки болести е вицепремиерот Владимир Пешевски. Со оваа одлука е изменета програмата што била донесена на 5 јануари годинава, која тогаш била потпишана од вицепремиерот Зоран Ставрески.

http://sdk.mk/index.php/naslovna/vladata-skrati-797-000-evra-za-bolnite-od-retki-bolesti/
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
На крајот од текстот требало да се додаде, новиот Клинички Центар кој беше ветен пред 2 години и требаше да е изграден.
Дно од здравство, не за џабе Тодоров е познат како министер смрт.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
http://www.dokazm.mk/eve-koj-aparat-za-domakinstvo-koga-e-programiran-da-se-rasipe/

болната вистина за битолската болница :tapp:

фасада направија замачкаа однадвор,но внатре катастрофа како инфраструктурно така и се нема професионален специјализиран кадар(доктори и сестри) како ни современа апаратура за дијагностицирање,интервенирање,операции итн

исполнуваме
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
http://www.dokazm.mk/eve-koj-aparat-za-domakinstvo-koga-e-programiran-da-se-rasipe/

болната вистина за битолската болница :tapp:

фасада направија замачкаа однадвор,но внатре катастрофа како инфраструктурно така и се нема професионален специјализиран кадар(доктори и сестри) како ни современа апаратура за дијагностицирање,интервенирање,операции итн

исполнуваме
Линков погрешен?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
Линков погрешен?
не е до мене до порталот е........

но СЕ кажано е 100% точно и прецизно наведено

http://www.dokazm.mk/na-eden-mu-skurchelo-i-zdravstvoto-i-bolnitsata-vo-bitola/

На еден му скурчело и здравството и Болницата во Битола
1
Ное 08, 2016КолумниLike





Зоран Христовски
пред 2 часа ·



Клиничка Болница Битола Трифун Пановски Битола
Бомба….
Факен Тодорооф , манагерски тим, советничка во Совет на Општина Битола а исто манагерка следново да Ви го објавам:
Фасадата ја направивте со пари од граѓаните, и таа ќе видиме колку квалитетно, иако директорот само се слика околу неа со цигарата в уста како дете од село, и само слики прави и ги праќа во централата Скопје.
Е сега она вистинското следува….
Педијатрите сите ви заминуваат во пензија , службата останува празна , а сите оние искусните ви ги презеде св. Стилијан или Плодност, причина, пари и човечки третман. И таа едната која остана и таа за брзо ќе замини од кај вас.
Во Битолска анестезија доаѓаат 4 -ца доктори од Прилеп за надомест од 100 евра дневно, а пак битолските доктори за 100 евра дневно ги пуштате да дежураат во Охрид, или нека в’ти в’ти парата шо вика Грујо.
Логично е да ве прашаме манагери, ако се малку во Битола како тоа ги праќаме во Охрид, или и таму малку кратки сте,односно хаос е и таму така?
Во Урологија доаѓа доктор од Прилеп во недостаток на лекари во Битола, истото ова факен министре и во Неонатологија ви се случува.
И ова само дел ви е од вашите големи жими мадињата реформи во здраството, но едноставно нели директорот се чкрапа селфи нон стоп.
Дојдовме до еден многу важен дел, Гинекологија, нашите ги праќаме во Прилеп на дежурства по 24 сати, но се случува тие исти од таму да продолжат уште 24 сати во Битола на оддел ради немање кој друг, значи 48 сати .
И сега логично прашање кој е тој доктор машина робот шо не ќе згреши на толку сати при пораѓај, и дали не ви е жал за мајките, новородените и нивните семејства ако се случи смртен случај?
Анестизиолозите и тие во други граадови, иста приказна.
Да зборуваме за недостаток на секаков кадар уште по оддели треба ли?
Имате ли основни тестови РИДА за алергии на одделот за градни болести познат како Пулмологија?
Имате ли основни средства за работа или на секое пациентите или нивните блиски ги растрчувате по блиските аптеки да купат, не се срамите бе абдали бе, манагери бе?
Во Трудива медицина е лотарија за секој брис тест или го има или го нема.
Хирургија дежураат 3 хирурзи доктори од кои едниот го пополнува дежурството на неврохирург и му се плаќа прекувремено, но со голем ризик по толку саати работа да згреши и тоа да заврши со смртни последици. Ако треба некоја интервенција во меѓувреме го викаат пази *неурохирургот* и му се плаќа прекувремено, а хирургот демек шо заменва неурохирург си зема дежурство.
Денес дознав за ваш, да бе ваш анестизиолог си бара пари инаку не зема девојче на операција.
да не зборубаме за на Очно и апаратите со кои располагаат, па на другар ми докторот алабаџија му го запусти до слепост, инфекција та инфекција , за да во Белград оди приватно да барем зачува колку толку од видот, и сите таму да паѓаат од смеа кој и со што го лечел.
Иако има страни и страни да се пишуваат, а јас немам нерви за тоа ке продолжам со делот во кој најмногу сте инвестирале жими куров.
Ке имате колекција од слики кои можи да си ги разгледате слободно, и тоа во делот од современа апаратура, современи соби вециња реновирани хали гипс к(у)артони, струјни инсталации, млади и докажани сестри од типот на Тамара Качулска.
Е сега кога сме кај сестрите, а бе пред избори имало конкурс и списокот се знаел која и како и каде сестра, или по бројки:
20 во Битола, 30 Штип, 60 Скопје итн итн, конкурсот ви течи веќе, така?
За апаратурата и да не зборваме кој влезе виде со шо крнтии располагаме, креветите ни се на нивоу, кебињата од онаа војска која сега вие овците од вмро ја плукате, исто и чаршафите.
Да зборуваме за изумот на векот, престлот на Клеопатра со мој се транспортираат пациентите тешко болни на втори спрат во Заразно бидејки сме модерни и немаат лифт, 21 век ејјј (средството е на слика,превозното,само 4ца амали да креваат треба).
Да не ви зборам за арогантните доктори и пола пијани на дежурства, за ебарникот кој им е таму напраен то посебно е сторија, бившата ми жена пред да се породи нокта ги слушаше како се ебаваат и стенкаат во канцеларија, немаше кој вода да и подаде , па јас морав преку џамови да фрлам со полалитарски шишиња. Исто и колку тоа факен Вашиот Закон за Забрането Пушење се почитува, тоа секој кој влегол во канцелариите на сестрите или докторите можи да ви го потврди, пилни пепељари со отпушоци и корни миризба на цигаројни.
Посебна приказна Уво Нос И Грло ви е, одам кај тројца различни доктори за алергија , три различни дијагнози ми дават и насоки од кој лек и од каде да го купам, ама то е бе знаат тие, ги едуциравте во светски болници не е то шака работа.
ДЕТСКО ОДДЕЛЕНИЕ гледате ли на шо личи? Купатилата таму исто ги гледате ли? Свесни ли сте ?
Заразно одделение за да оди човек во ова сезона на дожд треба кајче бесплатно да побара за да помини, а за внатре состојбата во собите креветите а посебно вецињата да не збораме, хорор филм.
Да зборуваме ли вашата котлара која екстремно го загадува воздухот во Битола, и целокупна ваша техничка факен служба и за одржување, ами како опасни сте, жими мичо конзулов, видете сликите.
За паркингот кој го дадовте на Стентонот да наплаќа пари на маките од луѓето, а кој е граден и правен од комуњарите бе со самопридонес, оние на кои најмногу плукате.
Да зборуваме ли за одделот на Физикална?
Да зборуваме ли за сите технички помагала кои се дроп од колички до кревети преносни, без тркала без гуми без кочници, или како?
Еве свеж, најсвеж пример, па токму обушените во сРансВо доктори од Битола лечеја дваца пациенти од бронхопнеумонија месеци, за да на крај ги пратат Скопје по приватни болници за испитувања и им откријат рак во крајна фаза. Кај едниот бев на погреб пред десет дена, колега ми беше, т му велеа немаш гајле едно инфузивче и како нов.
Трансфузиологија и таму сте хаос, па некни ве имаше по портали како жена болна од рак ја топли крвта која треба да ја прими, бидејки е камен ладна од каде што ја чувате, па под мишка кутрата да ја топли за да ја прими и да поживее некој ден повеќе за да не си остави фамилијата побрзо во црно.
Ке потсетам и еден настан односно изјава која со свои уши ја слушнав на Совет на Општина Битола и тоа од кој ако не од една од менагерките на Клиничка Болница битола и тоа: не се секирајте за состојбата на училиштата советници од опозицијата, па години немаме некоја голема епидемија случено па да се загрижуваме. ( пази молим те, треба да ни се случи епидемија? еми ќе се случи штом стаорци и глувци почнаа да шетаат низ училниците )

За крај неколку прашања:
До кога бе факен Тодорооф со тебе ?
До кога ќе ни умираат родилките?
До кога пијаните анестезиолози уште ќе ги браните?
До кога ќе ни умираат децата како Тамара?
До кога бе ќе крадите од секој тендер?
До кога докторите сестрите бабиците после секое рагање на бебе трчаат кај татковците за баци рака?(пример имав бргу сокот и бомбониерата да си ги земел за дома другар ми, тука требало виски и едно европско паре)
До кога ќе лажите за енормните последици од загадувањето во Битола и тоа дека секој ден има по 4 нови случаи на рак?
До кога бе бандо криминална, до кога?

ДО 11 ДЕКЕМВРИ, ДО ТОГАШ, ПОСЛЕ ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ

( Исклучок од ова има, секако. Има доктори и сестри за пример, чесни, работливи и кои го даваат максимумот со она со кое располагаат како средства за работа и плата, и нив им се заблагодарувам од името на сите граѓани на Битола)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom