Што готвите во моментов?

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
И кај мене денес истото, само со александрија :)) и баајги зеленчук.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
1. Го вариш оризот. Е сега секој си има посебен начин како си го вари. Јас варам басмати на следниов начин во сооднос 2:1 (вода:ориз). Ставам во тенџерче да зоврие вода покриено со капак. Откако зоврие убаво, го ставам оризот. Намалувам на тихо, и оставам да врие точно десет минути. Не го мешам, не го растресувам, не го чепкам. Тоа е важно за да не загори. Ако го чепкаш, мешаш, промешуваш, големи се шансите да се залепи за дното. После десетте минути, го тргам настрана и го оставам 15 минути да си ја впие водата, покриен. Пред да го размешаш со останатото, откриваш и размешуваш.

Паралелно со другото.
Во тава запржуваш пршута и шунка со сецкано лукче (не претерувај со месото, околу 200 грама за две лица е повеќе од доволно). После ги додаваш останатите зеленчуци (грашок, морков, свежо кромитче, печурки, може и пиперка), ставаш бело винце од око (барем јас така ставив) околу 100ина мл, посолуваш, покриваш со капак, намалуваш температура и чекаш да проврие едно пет минути. Јас не го вријам многу затоа што сакам зеленчукот малце да ми ропка и да си ја има свежината.

На крај, оризот го мешам со тоа во тавата, и го оставам да отстои откриен 4-5 минути (така дел од течноста ќе ја впие оризот) а дел ќе испари од толлината. Јас го послужив со свеж магданос, шприцер од ризлинг, обогатен со свежо исцеден сок од лимон.

Накратко, супер лесно јадење, многу вкусно, ароматично. Таман за жештините. :)
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Летно мексиканско јадење.
Интегрален ориз, само сварен како основа, а над него има посебно зготвен кромид сецкан, лукче, 1 тиквица, 1 конзерва црвен грав, зачинети со бибер, сол, соја сос, ворчестер сос и многу мелен ким. Сецкан магдонос како декорација. Summer mexican dish.jpg
 
P

Patience

Гостин
Криза за благо по дома.
Имав готови пандишпани од Винчини. Направив пудинг од ванила, се олади, па го измиксирав со малку маргарин. Издробив цело пакетче медено срце и го ставив во пудингот. Со филов ги мачкав пандишпаните и ставив кокос најгоре. IMG_20160719_113616.JPG
 

Kajgana Shop

На врв Bottom