Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Жорге зашто не одговараш на прашања? Или те збунуваат и многу ти се тешки за твојот интелект?
На кои прашања. Мислам дека кажавме по неколку поста и нема поента да повторуваме. Плус, не сум нон-стоп овде. На што конкретно мислиш? А, доста од пишувањата се директни навреди, не вреди...
 
D

Darko_ufo

Гостин
На кои прашања. Мислам дека кажавме по неколку поста и нема поента да повторуваме. Плус, не сум нон-стоп овде. На што конкретно мислиш? А, доста од пишувањата се директни навреди, не вреди...
Дали е уставно човек од обезбедувањето на Груевски да ја координира полицијата на протести?
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Координира? Јас гледам човек во цивилка кој си зборува на мобилен.

Како и да е, вработен е во МВР и доделен во обезбедувањето според оној закон што комуњарите го пљукаа, па можеби го повикале да помогне, или имал слободна вечер и си се дружел со колегите.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Знаеш ама не сакаш да признаеш.
Координира? Јас гледам човек во цивилка кој си зборува на мобилен.

Како и да е, вработен е во МВР и доделен во обезбедувањето според оној закон што комуњарите го пљукаа, па можеби го повикале да помогне, или имал слободна вечер и си се дружел со колегите.
Си се дружел вика. Да бе ете му во другата рака кафе, а по телефон вика и други да се дружат заедно.:pos:
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.909
На сета злоба и ароганција што ја прикажува Горде која што има преку 10 кривични пријави општо народна веселба ќе има пред судот кога ќе добие казна затвор. Ниту Коперфилд неможе да направи да исчезнат толку предмети
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Кога не може ниту пластично да се објасни некому ...мораше некој да појде низ македонските села, да направи репортажа со малубројните вистински жители на Стење, Г Дупени, Љубојно, Ресен...
Селата немаат жители, но полни се со фантомски гласачи

Инаку и членовите на Шинрикјо биле убедени во некоиси заговори организирани од САД (како креација на масоните и евреите), од холанѓаните, од британското кралско семејство... :confused:
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Пак ли со ова. :facepalm: Иако стопати беше објаснето досега, не можам да преќутам, ќе си помисли некој стварно.

1. Репортажата меша, еден ред за гласачи, еден ред за нивни проблеми кои немаат врска.
2. Ако некои биле запишани во избирачки список, или „се појавиле“, не значи дека и гласале или некој гласал место нив. Дури ни во репортажата не се спомнува тоа. СДСМ имаше министер и сè уште има ДИК, досега ако најдеше некој кој гласал неправилно ќе ни ги потечеше јајцата со тоа.
3. Луѓето од Пустец имаат државјанства, треба да им ги земеме заради некој неспособен што бара оправдање да не излезе на избори? Штом имаат државјанство, не се фантоми.
4. Имаше пресметка дали е можно да гласаат на повеќе места.

И така натаму и така натаму... Да не ни почнувам со нивната бројност, следува „макар и само еден да е, изборите не важат“. Илеџии.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
И кога веќе се споменува државата како жртва на светски заговор, веројатно ова се дел од специјалните средства во вредност од околу 3 милиони со кои некои мрачни сили сакаат да ни ја уништат Македонијава

УСАИД им помага на микро и малите претпријатија да ја зголемат продажбата преку вмрежување

Пак ли со ова.
.
луѓето ти набројале факти со бројки за реален број на жители во селата и непознати лица во истите села и на конкретни адреси во Ресен. Употреби го за промена својот мозок.

Инаку на сликана погоре, вака на прв поглед ми личи на убав сендвич. Уште сладолед од тие со чоколадо, екстра...
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.334
Поени од реакции
3.276
HAHAHAHAHA
seljacanava se mislat deka se zlatna zora

 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
HAHAHAHAHA
seljacanava se mislat deka se zlatna zora

На сликава има тројца што завршија со мене средно и може да кажам дека одлично ги познавам. Типични припадници на паразитска заедница и лижигзови од типот на, „класнее, Х не дојде на школо ради испрашување, не е болен, запишете го“. Башка што цел клас бевме загрижени за сексуалната припадност на едниот, не се совпаѓаше со демохристијанските вредности на партијата што ја поддржува, ако ме сфаќате што сакам да кажам. Да не се сфатиме погрешно, и во двата табора е истото. Од толку работи кои можеш да ги правиш во своите дваесетти години во своето слободно време, да дремеш по штабови и да изиграваш шеснаесетти ешалон на некој што си трпа пари во Белизе е одлика на планктон, не на човечко битие.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
луѓето ти набројале факти со бројки за реален број на жители во селата и непознати лица во истите села и на конкретни адреси во Ресен. Употреби го за промена својот мозок.
Добиле државјанство, за да добијат лична карта/пасош мора да се пише некоја адреса. Милион пати беше поминато тоа со “30 души во еден стан.“ Можеби е неетички за локални избори, но не е незаконски. Или треба да им ставиме жолти ленти околу ракавот за да ја задоволиме вишата раса (црпнатите од Господ)? Да ги ставиме во конц-логори? Да ги протераме, да се откажеме од дел од македонскиот народ поради ќеифот на неспособните?

Бог да чува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom