Веројатно нема да испуштам некоја информација.
Зеленчук и овошје земам од овде:
https://www.facebook.com/dobrazemja/
Лани земав и малини, капини, боровинки, гоџи бобинки и аронија и замрзнував. Сега на малините ќе им почне пак сезона, ова чисто како инфо некогаш и не објавуваат, а примаат нарачки ако е поголема количина. Инаку тековно секој ден освен четврток работат. Значи буквално од овошје и зеленчук што имаат таму земам, за другото за жал морам од пазар ( пример како што се лимоните ама ставам во сода бикарбона да стојат пола саат, па вади пестициди колку толку ). Услужливи се, и со цените се сосема разумни. Мед исто од таму имам зимано, а имаат и џемови, слатка, таани и сл во дуќан. Јаткасти имаат често, ореви и бадеми.
Брашна зимам од Биокулт, пакувани органски. Никогаш не зимај ништо на рефус, и да имаат сертификат јас не им верувам на нашите дека не мешаат. Со тоа што безглутенските брашна кај нас се изгор, околу 370-400 доаѓа за кило, затоа зимам цело зрно и мелам дома.
)Спелтино органско исто од Биокулт:
Маџун и наут зимам од нашата Гринфуд, имаат ок продукти ( освен ајварот кој им е ужасен за мој вкус ).
Суви сливи, урми, суви кајсии, брусница исто од Биокулт од оваа фирма, најмеки се и преубави без никакви додатоци и шеќери иако се прилично скапи:
Сите житарки во зрно ( овес, спелта, киноа, просо, хељда, амарант, јачмен итн ), ленено семе ( златно и кафено), семки од тиква, црвена леќа, шарен и кафен грав, гриз пченичен итн .. ги купувам исто од Биокулт, на овој производител:
http://www.davert.de/english, имаат се од него. Биокулт имаш карши Сити мол ( до Џакомо ), ГТЦ и позади Веро во Тафталиџе.
Месо телешко:
https://www.facebook.com/farmabezime/
Млеко:
https://www.facebook.com/OrganskoMleko/
( не купувам одамна јогурт, киселото млеко само дома )
Млечни производи, како младо сирење има во Буњаковец долу во подрумот, со тоа што не е органско, ама се многу убави. Ова успат информација.
Јајца најчесто еколошка фарма ( има и козјо млеко), ако Игор нема, тогаш Наша фарма:
https://www.facebook.com/Наша-Фарма-1569060693308731/
Мислам дека опфатив се. Ако не, ќе се навратам пак.