- Член од
- 21 октомври 2009
- Мислења
- 1.528
- Поени од реакции
- 2.368
ахам..Не не, не се разбравме очигледно. Мене ме интересира не со што се премачкува за да ја задржи природната боја, туку за да ја изгуби. Значи не сакам дрвото да има кафеава или жолтеникава нијанса, туку да биде бело. И не се работи за под, туку за скалила. Не се ни порачани се уште, само металната конструкција е готова, прашувам за да знам како е правилно. Значи: прво се шлајфуваат и лакираат а одпосле се монтираат или? И многу важно: постои ли начин како да ги направам да бидат бели, а сепак да не го изгубат изгледот на дрво?
епа одиш во стовариште некое и купуваш штици. Секако првен ги мериш димензиите колкави ти требаат. Ако е пресно донесено дрвото, штиците се бело кремови, е сеа ако сакаш уште побели, подлабоко треба да се шлајфа, ама пак мала промена ќе добијаш во бојата, како и да е кога ќе ги купуваш внимавај на нијансата, оти таква ќе биде отприлика. (Малку ако се осветли од стругањето, ама малку). Дрвото неможи да биде бело туку кремово бело како и да го правиш, освен ако не го обоиш со бела боја. Ама мислам дека светла кремово бела нијанса ќе ти заврши работа. Со нови штици, шлајфани па лакирани мислам дека би добил задоволителна нијанса на бело.
Значи откако ќе ги купиш ги праќаш или викаш мајстор да ти ги исшлајфа и излакира, ќе му купиш подобар лак за повеќе време да ја задржи нијансата. Ден работа е, максимум до два, за шлајфање и лакирање. (немој да те матка 3 - 4 дена) Дрвото со квалитетен лак ќе ја задржи нијансата едно 5 - 6 години, зависи најмногу од тоа дали е на под или плафон, ама сепак доколку е на фрекфентно место како скали или паркет, побрзо ќе се изгреби лакот.
Мајсторите знаат како да ги исшлајфаат и излакираат штиците за скали, ама ти сепак кажи им да бидат исшлајфани и излакирани од сите страни (не само од горната видлива страна). Ќе оди повеќе лак, ама е важно бидејќи така дрвото го задржува квалитетот и нема да биде нападнато од црви, мравки нема да го јадат, нема да оксидира брзо(пошто од сите страни има лак ставено) итн итн.
То е то воглавно.
Ние пролетва дома правевме летниковец во дворот и настрешница на терасата со дрвени греди и керамиди, па имам мало искуство со овие работи.