P
pepito*
Гостин
Гледам во другите постови ме потценуваш за тоа колку сум гледал фудбал и како наеднаш сум се појавил. Те почитувам отсекогаш и кога пишуваш постови за Депортиво и за Вардар, ама не си во право моментално, се лутиш за коментар што уствари навивач на Вардар го направи. Победа Јуниор или Викторија како и да се наречи ја гледав секогаш кога беше во Прилеп, нормално во сабота/недела од кафе или директно таму си одиш, си гледаш. Јас не сум бил дел од навивачка група, ама го сакам фудбалот. Никогаш јас не престанав да одам на стадион, играчи имав и имам другари, цела постава ја знам на Победа низ годиниве кога не беше во прва лига. Со веспи одевме во блискиве села кога играше таму во 3та лига. Тие што престанаа да одат на фудбал беа постарите, од памтивек во Прилеп се знае дека најраздвижен е градот кога игра Победа, ама тоа се смени после тој двомеч со Пјуник кога изиграа ко педерчиња на домашен терен и сите знаеа колку е саатот. Го знам ова по тоа што јас имам татко, дедо што биле редовни на стадион, уствари како секој тука во Прилеп. Помладите генерации одевме на стадион и за Корзо и за 11ти, ама тие што беа револтирани беа постарите. Некни на стадион имаше дедовци доодени со мерак да гледаат клуб што собирал во 80тите на утакмица со Пелистер 25000 во втора лига во Југославија. Таа местенка за која се налутија прилепчани не беше како сега за да влезиме во прва лига или како местенките кои сигурно ги правите и вие и Шкендија во борбата за прво место. Не знам за муабетите што си ги слушнал, сигурен сум дека ќе излезат и да се случило и да не се случило тоа, тоа нас што ни е битно е дека ќе заживее малку градот со таа прва лига.Па и од последните натпревари, повеќе од пола ви беа чиста местенка, иначе ќе стигневте до прва лига на куково лето Од луѓе од Прилеп знам дека на дебело фрливте пари за да почнете со победи.
Факт е дека од Македонците сте најголеми фанатици за фудбал, али ништо спектакуларно нема во тоа што после 8 години играње во ниски лиги, сте се собрале цел град за да прославите влез во прва лига. Особено, заморно е кога луѓе што од 2008 не знаеле во која лига игра Победа, сега ставаат слики ОВА Е ПРИЛЕП, невидено, нечуено, спектакуларно
А, муабетов уствари воопшто не беше за ова. Таму претходно еден навивач на Вардар праша што ќе сме правеле ако немало квалитет, ако немало резултати дали ќе сме оделе пак на стадион. Иронијата беше од невиден размер.