Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.574
Јас не реков дека не би го убил. Реков дека си ги заработува парите кои ги добива. До последен денар.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ако би сменил страна и со ист квалитет би ја одработувал задачата, пак би викал дека е најдобар.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
А кој од сегашниве „одработувачи“ (новинари де :)) сметаш дека ги оправдуваат вложените пари? (знам дека ќе кажеш никој од нив)
 
W

wicked_1

Гостин
Не е само тоа, со неговото работно искуство целосно гледано може да се заклучи дека е доста просечен новинар, нестручен у повеќето области во кои сака да лупета.
Ама како мегафон е супер, он е уствари најдоброто од власта и нејзин амбасадор, интервјуто некни беше уствари дуел на двете страни.

Не би фигурирал во некое поздраво општество толку години како кај нас..
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Јас не реков дека не би го убил. Реков дека си ги заработува парите кои ги добива. До последен денар.
Тука си во право,улогата што му е доверена повеќе од задоволително ја исполнува.Али факт кој што мислам дека и самиот го знае а ако не се лажам го имаше и во снимките од него кажан е дека нема секогаш да ужива ваква слобода,ќе му се мавне се од глава еден ден,ако не му ја кидне од државава.
 
M

mar30

Гостин
Во Романија имало Специјално Јавно Обвинителство кое се справило со владеачкиот криминал и по судска постапка осудените премиер, шест министри, 13 пратеници, пет сенатори и повеќе од 56 обвинители и судии имаат наредба да вратат 494 милиони евра на државата :)

-------------------------
Деновиве во јавноста помина прилично незабележано ексклузивното интервју во „Утрински весник“ на Лаура Ковеси, државниот специјален обвинител на Романија, или како што таму се нарекува обвинител на Државниот антикорупциски директорат. Ова специјално обвинителство за неполни две години регистрираше над 5.900 предмети, а против повеќе од 1.200 луѓе се покренати обвинителни акти за случаи на корупција на средно и високо ниво. Во 2015 година на судење се испратени еден актуелен премиер, пет министри, пет сенатори, 80 градоначалници, 14 судии, 42 полицајци и 32 директори на национални компании. Само лани по судските постапки специјалното обвинителство нареди да се вратат 494 милиони евра, колку што била оштетана државата. Во последните седум години во Романија судовите донеле пресуди во случаи против еден поранешен премиер, шест министри, 13 пратеници, пет сенатори и повеќе од 56 обвинители и судии.

Романското специјално обвинителство функционира со 140 обвинители, 190 полицајци и 50 експерти. Полициските службеници се вработени во специјалното обвинителство и не се подредени на шефот на националната полиција и на министерот за внатрешни работи, туку се директно подредени на специјалниот јавен обвинител. По разрешување на првите случаи со корумпираните романски крупни риби во високата политика, ова обвинителство доби огромна поддршка во јавноста.

И македонското Специјално обвинителство со својот храбар старт во борба против криминалот и корупцијата на највисоките политички ешалони брзо ќе ја стекне довербата на јавноста. Треба да се биде упорен и стрплив, да се издржат заканите и опструкциите на тие што стравуваат да се соочат со законот. Правдата мора да победи и во Македонија.
 
M

mar30

Гостин
@mar30
Дали во Романија ова беше следено со некакви промени во судовите?
Пишува дека процесуирани се 56 пресуди против обвинители и судии па најверојатно имало во најмала мера одземање на имунитети на судии и нивни разрешувања.
Според мене потребни ни се промени да се даде лимит на последователни мандати пр. повеке од два последователни мандати да не е дозволено за премиерска функција.Ваквото ставање на временски рамки во иднина ке превенира општествено/политички ситуации како сегашнава
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.917
Поени од реакции
12.405
Незнам зошто ме цитираше, да не се препозна ?
Веќе кога почна, какви ти ставови застапуваш ? Не си до толку мала за да сфатиш дека ако не е ВМРО тогаш ке биди СДСМ. А каков е СДСМ стварно си премногу мала за да знаеш. Но тоа не е оправдување. Можеш слободно малце да се распрашаш и ке научиш, а додуша не мора ни да се распрашуваш , можеш секој ден да гледаш и сама да донесиш заклучок.
После викаш народот не се согласува? Ти си народот? Народот ти шепна некако ? Ете јас се согласувам. И сега што правиме ?
После онака наивно странците не се согласувале? Ти ги бираше странците? Како ти жити се учествуваше во нивниот избор за тие да ми кажуваат дека не се согласуваат? Тие можат да не се согласуваат со работи кај нив дома не тука. Нив тука никој не ги бира за да мене и тебе ти кажуваат дали се согласуват со нешто или не. Но од друга страна тие се тука да ги застапуваат интересите на нивните држави не твоите или моите. Ти во нивните држави нити имаш право на глас нити го интересира што мислиш. Така да ако не си државјанка на САД и ЕУ не гледам што тебе би те тангирало за што странците се или не се согласуваат.
Така да стварно каков ти став застапуваш? Ете не застапуваш политичка партија(ај нека ти биди ). Што ти е тебе поентата уствари?
Владе ние и тропаме на Европа на врата или Европа ни тропа нас?
Ние сме тие кои сакаме да се интегрираме во ЕУ,или не влечат Европјаните за уши, аман дојдете во ЕУ? За да си ја исполниме таа цел Европјаните викаат ова, ова и ова ви треба, а вие немате ништо во моментов. Еве ви наш кадар, еве ви наш предлог, имплементирајте го.
Не сме слепи ни глупи, ако не си патувал во некоја европска држава сигурно си гледал на тв како се живее таму, нели се стремиме кон тоа? Нели имплементираме Кембриџ систем како во Англија, модернизација во здравството по модел на (вметни европска држава ). Тоа не е мешање на нивната политика? Дајте ако не да се изолираме од сите.
Јас не застапувам став на ниедна политичка партија, знам како се живееше во времето на СДСМ,знам како се живее во времето на ВМРО. Моите не видоа аир ни од едните ни од другите. Поентата ми е дека двете партии правеа ( некои сеуште прават ) криминали. Јас сакам некој да плати за се тоа што го правел. Не ме интересира дали е од ВМРО, од СДСМ, или единствениот градоначалник во Албанија. Може да е единствениот Македонец во вселената што е до мене, ако правел нешо спротивно на законот треба да си лежи. Сакам да почне да се применува системот на правна држава во која законот важи еднакво за сите. Пошо сега ако не осудат никој и никој не доживее срам пред народот, секој во иднина ќе си зема право да се понаша како сака и да манипулира со сите институции, медиуми, со правосудниот систем, и ништо не сме направиле. Ама баш нишо, во 25 години постоење нема да сме ни на позитивна нула, во минус ќе сме.
Е ова ми е поентата Владе. Да се смени цела гарнитура, и од едните и од другите. 25 години се обвинуваат меѓусебно, лопов каже држте лопова. Тешко е ова да се направи?
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.808
Поени од реакции
4.280
#Значи, поспецијалка неможеа да најдат

Бравос, измонтирал некој видео , залепил исекол и колку смешно изгледа а?

Па хорхе го прај ова без монтажа бе другар


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom