Исто така не сретнав вака тема до сега тука па се решив да отворам
Smart телевизор или како што многуина го викаат паметен телевизор е телевизор на кој може да се користи интернет и преку интернет да се симнат безброј апликации, да се гледаат фотографии, филмови, музика да се слуш и друго. За ваквите телевизори не мора да се користат додатни сет топ бокс уреди т.е ресивери и слични додатни медиа плеери бидејќи со ова на телевизорот е вграден тој сет топ бокс уред.
Постои и Smart телевизори кој во себе имаат и Android оперативен систем и работат исто како и таблетите, мобилните и компјутерите со ваков оперативен систем. Ваквите телевизори засега имаат одреден број фирми но не значи дека и другите фирми во иднина нема да понудат вакво нешто на пазарот.
Најпознатите фирми за техника произведуваат вакви телевизори и како напредува технолигујата на пазарот во продажба пуштаат најразлични верзии на овие телевизори и тоа во најразлични димензии т.е инчи, во full HD ,во 4к резолуција, UltraHD, 3D и што уште не. Зависно од сето тоа зависи и нивната продажна цена.
Е сега мене ме интересита што вие мислите дали е подобар обичен smart телевизор или smart телевизор со вграден android oперативен систем ? Од која фирма има најдобар телевизор ? .
Исто така темава нека биде и за општа дискусија околу ваквите телевизори
Последно уредено: