Оф леле... Ти да не продаваш вакви штом волку ги фалиш и им придаваш мистерија? Напротив, за секој минерал науката има објаснување како е создаден.
Признавам, естетски сите се привлечни, но можевте да додадете научни факти за нивното создавање, од каде ја добиле бојата и.т.н.
Дали знаеш дека космичката енергија ја има најголемата ударна моќ од сите бранови должини што човекот ги има проучувано, дури поголема и од UV светлината и од X-зраците (Рентгенски). Значи ако зрачат космичка енергија се канцерогени, дури и повеќе одколку да носите ураниум на вратот. Но тоа не се случува, што значи дека не зрачат космичка енергија.
Тоа што кристалите "помагаат" за одредени работи, науката има докажано дека е дело на Placebo ефектот.
http://en.wikipedia.org/wiki/Placebo
Уште за чакрата не кажав, што е тоа ако може да ми објасните?
Ако сте заинтересирани за сериозна колекција на минерали, не поради нивните "лековити" својства, туку поради нивната убавина и реткост, ви препорачувам да ја посетите оваа страница:
http://www.johnbetts-fineminerals.com/
Најголемо наоѓалиште во Македонијава е во рудникот за мермер во Прилеп кога случајно при сечењето на мермерните блокови во плочи работниците наидуваат на кристални џепови со ретки кристали, а пред неколку години беше откриен нов минерал кој го нарекоа "Македонит".
http://www.johnbetts-fineminerals.com/jhbnyc/mineralmuseum/gallery2.php?init=&loc=Macedonia
Тоа е тоа, кратко кажано, мое мислење е дека оние кои се занимаваат со продажба на вакви работи со астролошка (всушност во зборот астрологија она логија не треба да стои затоа што таа не е докажана наука, всушност и не е наука, се основа на принципи што се отфрлени од конвенционалната наука) вредност продолжуваат со пропаганди како на пример (купи го ова, ти одговара на хороскопскиот знак, купи го она, ти одговара на името....) се со цел да заработат со тоа што ги мамат луѓето. Штета што таа пропаганда успева!
Уште ми останува да кажам дека очекував да наидам на сериозни колекционери овде. Гоолема штета!