Лига на шампиони 2015/16

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.909
Поени од реакции
1.762
Uste ne naucivte deka ne se zemaat lesno skandinavci...
Точно е ,но некогаш морат да се скршит мразот,за полесно да одит работата ке купиш двајца,на пример ке го земиш Маркус Олсон и десното крило на Севехов Виктор Фриден.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Нема потреба од Скандинавци,барем не во Македонски прилики...
Друго е кај жените...
Не сум јас поборник на Скандинавци,нестабилни психички и тешко се навикнуваат на нашиот менталитет и пред се работните навики,кај нив се е идилично,мирно,без тензии..
Таму и да изгубат исто е како да тепале 10 разлика,и да се шампиони или да испаднат од лига нема разлика..
Овде еден ден те креваат до небо,потоа ќе те плукаат,па после како ништо да било...
Вардар има да бира на лагер еден куп играчи,и тоа од Балканот и да има топ екипа...
Не е само играчи да земиш,има купишта јаки играчи шо се добри..
Е сега паметен тим ја прај екипата долго време,и пред се со играчи кои се добро одбрани,не random како шо беше досега во Македонија,за сите екипи важи ова,не само за Вардар.....
Металург почна да гради нешто,ама видовме како заврши....
Типичен пример е Веспрем,тоа е со години создавана екипа,не е туку така овај тим составен...
Почнаа со филтрирање на стариот ростер од пред 3,4 години,кога не беа ни бледа сенка од ова шо се денес...
Па потоа на тој костур(Мирко,Сулиќ,Гулијаш,Иванчик,Терзиќ итн)се додадоа тие звезди,прво почнаа со Ласло,па со тренерот Ортега...
Една сезона ја поминаа со таа оштета шо ја платија на Барса,па после следуваа тие дополнувања,тој Шпански шмек,Шема,Руезга,Угалде...
Па после на овие ги додадоа Момир Илиќ,и оттука почна подемот,конечно се погоди линијата бекови Илиќ-Шема-Ласло..страшни крила,уште пострашни пикери,голмани исто
И веќе тука имаш коњ за трка...
Па после секоја сезона си додаваш по некоја алка шо ти фали,сега со Палмарсон,Зајц,Нилсен,Миклер,Маргуч си добија и страшни земани и јака ротација..
Е така се прај екипа...
Не е само трупање играчи,земај 25 играчи...
Многу е важно и да се разбираат со тренерот,освен Шпанец,и донекаде Французин не ми се верува во системот на Раул да се најди место за некоја друга националост(покрај веќе познатите ЕКС ЈУ и екс СССР играчи)..
А и стилот на игра е различен,Скандинавците се научени на ракомет кога играчот не размислува многу,имаат техника,и ја играат својата игра..
Не се како нас Балканците,ние играме на инает,на еуфорија,ако ни тргни ќе ги сомелиме,ако не..:pos:
Тие си играат една игра,дисциплинирано,смирено,без некои непотребни тензии, и тоа е тоа,ако влезиш во нивниот стил на игра на здравје....
Да се вратам на Вардар,тие напраја солиден костур,но недифиниран,зошто наместо да го надградуваат ростерот со појјаки играчи,кај нив сеуште место држат просечни европски играчи од калибарот на Фичо,Лацковиќ,па за брзо и Столе ќе оди во оваа клапа,ако продолжи со повредите и слабата форма....
Се осеќа разликата кога игра и кога не игра Карачиќ,кога го нема Горбок,кога го нема Дибиров...
Можеби е само слаб ден на тие нови засилувања на Вардар,прашање е дали можеа подобр да испазарат?Сигурно дека можеа,имаат и пари за ова....
Но сеуште е рано,неколку порази не се страшни,во февруар ќе се види вистинското лице на екипите....
Во СЕХА и Македонска лига не е страшно,ама против големи екипи,посебно во гости ако имаш макар и една позиција која ти чкрипи е заебано...
Сите екипи имаат мани,нема ниедна екипа која нема слаби точки,да се разбериме....
Она шо ги издвојува големите од малите е тоа шо во моментот најголемите екипи како Веспрем,Барса(Кил на времето) се екипи кои години го градат ростерот,а другите имаат доста осцилации и промени во екипите...
До некаде исклучок е Фленсбург кој долги години си го чува тој главен ростер на играчи,и дополнува....
Да не должам,за успех во ракометот на долг рок ти треба-тренер на долги патеки,програма на тренерот и пред се управа која ќе најди пари да ги донеси играчите кои се вклопуваат во замислите на тренерот...
И после се е во рацете на знаењето на играчите,фортуната и секако главнииот фактор-судиите...:pos:[DOUBLEPOST=1448839290][/DOUBLEPOST]


Дупјачанец ме потсеќа на легендарниот Шандор Ходик! Или маџаро-србинот (хелоу Штербик) на голот на македонската репрезентација. И во физикус а и во стилот на бранење наликуваат. :icon_mrgr:
Нема врска Шандор со Дупјачанец,грешка си..
Ни во изглед,а ниту во стилот...
Стилот на Шандор беше далеку поелегантен од онај на Дупјачанец....
Како од гума беше овај,овај баги тромав е,е сега знае да се постави да..
Ама Ходик беше како мачка,елеганција во движење,дури имаше и некои фудбалски паради одвреме на време,како од гума беше...
Дупјачанец ги нема ни рефлексите,ни моториката на Шандор,ептен далеку е од Ходик...
Дупјачанец знае да се постави да,да влези во шут,добро ги чита ударите,и то е се,Ходик беше комплетен голман...во буквална смислам на зборот....
Не знам колку го паметите Дупјачанец од времето,далеку подебел беше,сега има скинато десетина кг(изгледа на режим го држи чевларот):pipi:
И таа помала килажа му овозможи да има подобри рефлекси....
Ходик беше природна мачка,а Дупјачанец е елегантно пополнет мачор со добри рефлекси..:pos:
 
Последно уредено:

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
@Tomasino
За стилот на бранење нема да ти се противам, пошто ми е во магла, основно сум бил тогаш додека бранеше, али од тоа шо се сеќавам наликува на Дупјачанец. А моментално, наликува и во физикусот. Двајцата прво беа покрупни па после се средија за да ги искористат рефлексите. :D
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
@Tomasino
За стилот на бранење нема да ти се противам, пошто ми е во магла, основно сум бил тогаш додека бранеше, али од тоа шо се сеќавам наликува на Дупјачанец. А моментално, наликува и во физикусот. Двајцата прво беа покрупни па после се средија за да ги искористат рефлексите. :D
Грешка си за Ходик,никогаш не бил крупен;)..(под крупен мислам со вишок килограми како шо беше случајот кај Дупјачанец)
Секој ден на тренинг го гледав,да му веруваш на колегата од форумот...:icon_mrgr:
Можеби тебе на камера ти изгледаше крупен,ама во живо не беше така...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Дали бил крупен Дупјачанец или не во минатото небитно. Под итно треба да биде псотавен за прв голман на репрезентација. Па Митревски во цела кариера во ЛШ нема фатено толку топки колку Дупјачанец само во оваа сезона. Ангелов е веќе за репрезентативна пензија. А Борко се срамеше да биди втор голман во Кретеј, па тркна до РНЛ - ќе видиме дали и како ќе се снајди.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Остана уште едно коло до големата пауза во шампионската лига(шо би рекле Драганче и Југо)
Кога сум кај Југо, му обеле косата и брадата...:pos:Како дедо мраз е напраен...:pipi:
Се нервира многу за Вардар изгледа,заедно со Зоранче...:shook:Живци искинаа...:kuracc:
Додека во лузерските групи полека се избистри работата,во јаките групи е каша попара....
Ла Риоха г
о :pusigo:дома од Мешков,за пример како не треба да се игра на домашен терен..
Беа тотално надиграни,посебно во прво полувреме кое комплетно го преспаа....
Мешков покажа дека е сериозна екипа,и вака како шо ги гледам според мене се најсилни од сите 4 тимови кои продолжуваат во тие баражи за 1/8 финале...
Мислам дека лесно ќе си ги ишлакаат душманите од другата група,без разлика дали ќе биди Мотор или Скјерн...
Во другата група Мотор лесно си ги преслуша Кадетите,а Скјерн се помачи со античките...
Нестабилна екипа се Скјерн,влегуваат во доста сериозни проблеми кога противникот наметнува ритам,затоа не им давам некои шанси дека ќе направат нешто во тие нокаут средби,а и дома се доста слаби...
Кога од Орката и Фитилот вчера беше загрозено нивното високо водство нема шо да прајме муабет...
Да не беа тие технички грешки на Матиќ дрвото во прво полувреме,и Дупјачанец да го имаше вообичаениот придонес ќе изгубеше Скјерн од античките вчера сигурно...
Сега останува Скјерн да си решава со Мотор кој ќе биди прв,според мене Мотор е фаворит овде,подобар тим имаат,постабилна игра....
Ќе видиме,но сепак кој и да е прв нема лесно да помини со Ла Риоха(напротив Шпанците според мене се очигледни фаворити)...
Во лигата на богатите...
Во А групата допрва ќе следи расплетот....
Веспрем одржа вистинско предавања КАКО СЕ ИГРА ДОМАШЕН РАКОМЕТ,едноставно го разнесе ПСЖ по само 10 ина минути со тоа водство од 8-2...
Бековската линија комплетно отсечена,ПСЖ поентираше од контри,полуконтри и крилни позиции..
Ги изедоа со заби бековите,каква одбрана има Веспрем,леле мори мајко...:shook:Терзиќ,Сулиќ,Шук,Ласло:shok2:Плус на голот вештери како Мирко и Миклер.....
20 гола даде само ПСЖ,6 во второ,не е потребен дополнителен коментар,газење едноставно...
Ги разнесоа,какви само акции,по,по,вишок за крило,вишок за пикер,точно знаеа како да играат со вишок,кога имаа исклучен играч,е ова е таа игра на голема екипа,она шо ги одделува од другите...
Како по некоја програма играат,си мислиш кога ги гледаш дека ракометот е спорт за секого...:bravobe:
Затоа се таму кај шо се...
ПСЖ имаат доста фурни леб да јадат за да стигнат на ниво на Веспрем.Барса,сеуште се бараат...
Имаат страшен ростер,ама недефинирана игра сеуште,играат некој ракомет од времето кога Нока беше во Кил,насила,без идеја,со потпирање на индивидуалците,не ја користат силата на колективот и да форсираат позиција која е во налет,како шо прај Веспрем,кога гледаат дека пикерите се расположени се оди преку нив,цела екипа работи за нив..
Во ПСЖ се оди преку бековите,прва опција е Хансен да ја бапни,макар и без позиција,а потоа се оди на проигрување на пикер или крила..
Со Кил имаа шаренолика игра,зошто Кил дозволи лесни голови,но со онаква гладијаторска одбрана како онаа на Веспрем се виде недостатокот на тимска игра...
Ќе мора Нока доста да промени,ако сакаат да дотуркаат далеку..
Сеуште се во полпозиција за прво место,имаат лесен распоред,ги поминаа сите тешки гостувања,останаа уште Плок и Загре,гостувања кои можат да бидат заебани од проста причина шо и Висла и ППД ќе се борат до крај за 5,6 место,а како игра Кил зошто да не и за 4то,се бива..
Ако не си ја сфатат сериозно работата можат и да го испуштат првото место,веќе не зависат самите од себе,посебно ако Веспрем изигра како треба во Германија..
Ако Веспрем го чукни Фленсбург тие ќе бидат во полпозиција за прво место,за Кил сум прилично уверен дека ќе го откостат среде Шпаркасе Арена....:sakasuste:
Во другите мечеви...

Фленсбург потешко од очекувањата тепа со Висла и ги задржа високите позиции...
И тие имаат добар распоред,ги чекаат Кил и Веспрем дома,одат кај светците на гости и со Бешикташ,доста добар распоред и реални шанси за висок пласман....
ППД лесно со Бешикташ,ги налегнаа повредите,баш пред можеби клучното гостување со Висла нареден викенд..
Како шо се реков-алесцентни тешко дека ќе направат нешто во Плок..
Штом Велко Сурато Маркоски го донесоа јасно е до кај е дојдена работата...:icon_mrgr:
Го добија Вујиќ во ротација,шо е солидно со оглед дека чкрипат на бек,со Јосип Валчиќ не се добива во Плок..
Ќе видиме,но не ми се верува да извлечат нешто од Плок,салам шлакање ги чека таму..
Криво ми е за Цеље,шо не го чукнаа Кил,заслужија да тепаат,многу трапаво го изведоа тој последен напад за победа,имаа 2 играчи плус и неколку секунди за шут,не ни шутнаа кон гол.....:tapp:
Печени беа да изгубат Швабите,се провлекоа....
Како многупати досега,очај се Кил сезонава,невиден очај,ни бледа сенка не се од порано..
Ако играат вака најверојатно уште во 1/8 финале ќе се посветат исклучиво на БундесЛига..:icon_mrgr:
Во Б ГРУПАТА...
Киелце
со АНТИЧКА ИГРА го реши Вардар..
Раул сам се насади и влезе во АЛА МЕТАЛУРГ РАКОМЕТ,игра за која нема ни играчи ни тренинг да ја игра...
Едноставно со такво убивање на напад и нервоза победува екипата која ќе направи помалку грешки и ќе го изнервира повеќе противникот....
Не дека и Киелце се учени на оваа игра,напротив тие играат run@gun ракомет all the way,но и Талант добро знаеше дека со таква игра ќе биди заебано..
Затоа реши да го забави темпото и да го натера Вардар на бавен ракомет...
И шо е најинтересно голманот на Вардар имаше далеку повеќе одбрани од Шмал,а во вакви мечеви обично победува екипата која има порасположен голман,но нападот на Вардар едноставно го немаше...
Никаква идеја немаа,освен во последните 15 минути кога сите напади одеа преку Марсениќ,се друго беше random...
Циндриќ се изгуби дечкото тотално,не знам зошто упорно се мава во зоната,со 180 и нешто ти да одиш еден на еден со централна одбрана,без некоја финта на прв чекор,без финта со тело и промена на правец е самоубиство,освен еден пенал и еден гол на почеток го снема едноставно..
А кога немаш центар во вакви мечеви замина мечот....
Страшно погубна тактика на Раул е таа со два пикери кога имаат играч плус,не е само на овај меч,на сите мечеви имаат мизерни учиноци со вториот пикер кој започнува акција и оди да удвојува на втор пикер,едноставно без идеја...
Лесно читаат и противниците,знаат дека шутот доаѓа од некој од бековите и тоа најчесто од неизградена позиција....
Во вакви мечеви ако не користиш вишок нема шо да бараш...
Но и да имаа игра,нереално е да бараа победа против една искусна екипа како Киелце во Полска,таму многу тешко се добива..
Ако не се лажам досега во последните неколку сезони единствено Колдинг и Монпеље тепале таму,и тоа во мечеви кога нивните бекови имале шутерско шоу...
А кога бековите ти спијат и нема брзи удари,без да се влегува непотребно во борба со централната одбрана тешко се победува во Киелце...
За Вардар допрва следува разврската,ќе мора да добијат барем на едно гостување до крај,или во Сегед или во Манхајм,иначе тешко дека ќе бидат над 4то место на крај...
Ќе видиме во каква форма ќе бидат по паузата,има време до февруари...
РНЛ,лесно си го ишлака Кристианстад,со втората постава,без Уве,Грецки,Петерсон,Реинкинд,Ду Риц,си го ладеа и си кулираа.
Енди Шмит +10 гола,со само едно промашување ако не се лажам,машина е батето,цел меч го изигра..:bravobe:
Барса рутински со геријатријата...
Прво полувреме додека можеа се држеа старците,ама во второ ги снајде потоп...
Барса продолжува га гази кон првото место,останува на домашен терен да го потврдат првото место....
И за крај,Монпеље-Сегед..
Реален резултат,цело време резултатот беше тука некаде,и најреално е шо вака заврши..
Монпеље со овај бод е во предност пред Шеѓаните,но допрва треба да потврдат,им претстојат неколку тешки мечеви,а ако не изиграат добро на гости ништо чудно и да испаднат...
Во Скопје губат сигурно,со Барса дома губат,ќе мора да бркаат бодови во Шведска и во Данска,многу тешко ќе оди таму,посебно како шо се вон баланс сезонава,со еден куп повреди зад себе...
Ништо чудно Скандинавците да си ја наредат,па во последно коло Колдинг да си го лади дома со Швеѓаните и да ги заебат Французите...
Немаат шанси Колдинг за пролаз,останаа само со тие бодови од Вардар,на крај ќе бидат клучни изгледа тие бодови за пласманот на Вардар...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Што мислиш за Кристианстад -Монпеље?
Пишуваше дека Симонет и Гајич нема да играат?
За Гајиќ пишеше дека нема да игра до крај на полусезона,ама ќе бил спремен за ЕП
Еве и Симоне не играл вечерва со Кретеј...
http://www.lnh.fr/calendrier/20152016/d1m/12/creteil/montpellier
Значи точно е за Симоне..
Без овие двајца не ме чуди шо го сркнаа од слабиот Кретеј...
Ај за Гајиќ имаат каква таква замена во Тоуми,денес 8 гола чукна,не е лош играч,ама за Симоне нема замена...
Со Кавтичник на среден не се игра лесно...
Иначе за мечот во Шведска,по секоја можна логика а и резултатското значење на мечот треба да е чист кец...
Директен дуел е за 6то место,ако сака да има шанси Кристианстад ќе мора да тепа..
Добра домашна екипа се,доста школована игра,дисциплина,ако наметнат ритам,посебно со противник со кого можат да се носат знаат и тоа како да играат..
Одличен лев бек(Иранецот со Унгарски пасош Џамали,два одлични средни бека,јаки крила,два суртуци на пикер кои играат во два правци и касапат се пред себе,само на десен малце чкрипат со тој кославиот кепец,иако не е лошо батето,има техника и шут,ама му фали висина):icon_mrgr:
Доста солидна екипа,солиден тренер,Линдгрен знае шо работи,имаат добра иднина дефинитивно,допрва ќе бидат подобри....
Покажаа со победите над Колдинг а посебно со РНЛ колку се опасни,исто и со Сегед дадоа одличен меч,ама на крај паднаа...
Со Барса исто се држеа,а и на првиот меч во Монпеље некаде до 55 минута беше нерешено,после го скрши мечот Монпеље...
Сега како шо е Монпеље отепан,со само два вистински бека во ротација(Бонафон и Доленец,со принудна замена во Кавтичник на среден,не знам шо е Мачковшек?)се освен победа на Швеѓаните ќе биди големо изненадување...
Ќе ја пробам кец дефинитивно,вреди да се изигра...
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.909
Поени од реакции
1.762
За Гајиќ пишеше дека нема да игра до крај на полусезона,ама ќе бил спремен за ЕП
Еве и Симоне не играл вечерва со Кретеј...
http://www.lnh.fr/calendrier/20152016/d1m/12/creteil/montpellier
Значи точно е за Симоне..
Без овие двајца не ме чуди шо го сркнаа од слабиот Кретеј...
Ај за Гајиќ имаат каква таква замена во Тоуми,денес 8 гола чукна,не е лош играч,ама за Симоне нема замена...
Со Кавтичник на среден не се игра лесно...
Иначе за мечот во Шведска,по секоја можна логика а и резултатското значење на мечот треба да е чист кец...
Директен дуел е за 6то место,ако сака да има шанси Кристианстад ќе мора да тепа..
Добра домашна екипа се,доста школована игра,дисциплина,ако наметнат ритам,посебно со противник со кого можат да се носат знаат и тоа како да играат..
Одличен лев бек(Иранецот со Унгарски пасош Џамали,два одлични средни бека,јаки крила,два суртуци на пикер кои играат во два правци и касапат се пред себе,само на десен малце чкрипат со тој кославиот кепец,иако не е лошо батето,има техника и шут,ама му фали висина):icon_mrgr:
Доста солидна екипа,солиден тренер,Линдгрен знае шо работи,имаат добра иднина дефинитивно,допрва ќе бидат подобри....
Покажаа со победите над Колдинг а посебно со РНЛ колку се опасни,исто и со Сегед дадоа одличен меч,ама на крај паднаа...
Со Барса исто се држеа,а и на првиот меч во Монпеље некаде до 55 минута беше нерешено,после го скрши мечот Монпеље...
Сега како шо е Монпеље отепан,со само два вистински бека во ротација(Бонафон и Доленец,со принудна замена во Кавтичник на среден,не знам шо е Мачковшек?)се освен победа на Швеѓаните ќе биди големо изненадување...
Ќе ја пробам кец дефинитивно,вреди да се изигра...
za kec e 2,40
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Хен 1 за посигурно,сигурно ќе има 1.5..
Но можно е да го намалат и на 0.5,со оглед дека Монпеље има доста повредени...
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
За Гајиќ пишеше дека нема да игра до крај на полусезона,ама ќе бил спремен за ЕП
Можно е да не го вика Вујо за ЕП. Демек Маргуч и Јанц биле пред него...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Можно е да не го вика Вујо за ЕП. Демек Маргуч и Јанц биле пред него...
Ако е спремен ќе го земат сигурно,икона е дечкото во Словенија,нема шанси без него на големо натпреварување.ќе го линчуваат Вујо ако го изостави за сметка на еден Блаж Јанц кој има уште многу фурни леб за лапање за да стигни до некое ниво...:icon_mrgr:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom