Катче за инспирација - мудри/поучни/мотивирачки текстови

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Креативниот човек е мотивиран од желбата да постигне, а не од желбата да ги победи другите .
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Мудри совети од една батерија:P


  • Полн си со енергија
  • не троши ја енергијата на неважни работи
  • ти имаш не само плусови, но и минуси
  • ти не си вечен
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.612
Поени од реакции
18.056
"Самотијата може да биде најпрекрасната и најдепримирачката реалност во зависност од тоа дали ти се случува или самиот ја имаш избрано" - Некој (не ми текнува кој) од Фејсбук
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Je crains plus une armée de cent moutons commandée par un lion qu'une armée de cent lions commandée par un mouton. Talleyrand .

Повеќе верувам во војска од сто овци предводена од лав, одколку во војска од сто лавови предводена од овца - Талеран

https://en.wikipedia.org/wiki/Charles_Maurice_de_Talleyrand-Périgord
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Денес си посакав среќа

Си посакав среќа. Да, себеси.
Посакав денес да сум расположена, насмеана, радосна, заљубена.
Не сум често таква. Поради луѓето, навиките, ситуациите, обврските, проблемите.
Но, ќе е поинаку.
Денес јас ќе сум си среќна.
Како бебенце кога ќе ја здогледа мајка си. Како со прв сладолед по зимата. Како да сум пронашла најкул играчка во киндер-јајцето.
Затоа, денес не ме допирај. Денес ќе сум среќна. Ос-вен ако сакаш да ја поделиме среќата. Тогаш може. Ако се подготви да потонеш денес во светот на бајките, собери ги куферите од сништа и летаме.
Таму има место за сите.

Често ме прашуваат за мажачка. Кога ќе биде свадбата. Кога децата. Каде ќе живееме. Ма, те молам, денес сум среќна! Денес одлучив да се омажам за себеси исто како Кери Бредшо, да не ми е гајле како Саманта Џоунс, да сум луда како Фиби Буфе, да потонам од среќа како Џек Досон во океанот!
Денес сум глумица! Денес сум како од репликата на баба ми - убава како глумица!

Ќе шетам на дождот, макар настинала. Ќе купам пуканки и сама ќе одам в кино.
Ќе излезам надвор и ќе го гушнам мојот нов симпатија. Ќе бидам луда од љубов. Ќе напишам песна. Ќе им помогнам на старите луѓе во бесплатниот ден за автобус. Ќе му оставам бакшиш на безобразниот келнер. Ќе го испијам дури и погрешното кафе. Ќе наздравам со сите!
Не, никој не ќе ме изнервира.

Нема да ме растажи ни Тој. Нема да дозволам да си игра со мене како вообичаено. Денес нема да сум старата. Денес слободно нека си оди од мене, од мојот среќен живот. Нема да го напнувам, како што често ми вели. Нема да го прашувам до каде е нашето. Нема да му плачам за секоја лага што ќе му ја фатам. Нема да го чекам да ми се јави. Денес нека оди слободно. Среќна ќе сум и без него.

Немој ни ти да ме вратиш од мојата намера.
Затоа што, нели гледаш дека не ме интересира тоа што го кажуваш?
Не сакам да знам зошто таа се скарала со него и колку пати сакала да направи омбре-фризура. Пре-ку глава ми е и од сите операторски понуди, молења за лајкови и самопрогласени женкари. Нели гледаш дека денес сум среќна? И стави го подалеку тоа што сакаш да ми го наметнеш, не сакам да слушнам дали за тебе сум згодна, грда или одвратна. Јас денес сум своја! Јас денес сум најубава! Јас денес сум најпаметна. Јас сум највредна! И денес секоја реченица ќе ми почне со ЈАС! Затоа што така одлучив, ете затоа. Денес ме интересира само мојот живот.
Мојот живот најсреќен.
Ако сакаш - придружи ми се. Ако сакаш потони си во тагата, но не ме влечи со себе. Многу полесно е така.

Можеби утре нема да биде вака. Утре можеби нема да најдам змеј со волшебни сили во киндер-јајцето. Нема да го сретнам новиот симпатија. Можеби ќе настинам од вчерашното шетање по дождот, а во киното ќе сфатам дека пуканките не се вкусни кога сам ги јадеш.
Но, не е важно. Утре не мора да си посакам среќа, утре ќе научам како таа се добива.
Утре - ќе посакам здравје.
За сите.
Тогаш, знам, ќе бидам најсреќна.
-М.Л
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ceterum censeo Carthaginem esse delendam -

Впрочем мислам дека Картагина треба да биде разурната
Марко Порцие Катон Постариот ( Marcus Porcius Cato Maior )

Денес „ Ceterum censeo, “ се вели кога нешто упорно се бара
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Старите порано викале, Какво ти е срцето таков ке ти биде и животот. Колку само биле во право, колку и да копам пак се се сведува дефинитивно и апсолутно на оваа суштинска вистина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom