Имаа цело лето да најдат квалитетен плејмејкер односно треквартиста или како год, тие си играа курташак, испаднаа како мамка на еден мртов Шалке и на крај у 5 до 12 панично испазарија полумртов играч од Интер, а и солено го платија богами, 11 плус 2 за 30 годишен бразилец ван форма не е малце.
Квалитетен треквартиста.... Јуве прво се заинтересира за Геце, постигна договор со Баерн (според Билд, Ди Марцио, ГДС и сите медиуми го објавија тоа), но овај бараше 10 дена да размислел, па поминаа 10, па уште една недела, и на крај реши да си остани во Баерн, нормално Италијаниве не се моќни да му дадат плата како Баерн. Потоа се насочија кон Дракслер, наводно имаа договор со играчот,па испратија 2 понуди како што може да му се верува на посериозниве медиуми. Првата била околу 18 милиони плус 10 бонус (одредена бројка на натпревари на кои ќе биде повикан, поточно ако не е повреден). Втората 25-26 +7-8, понуда која овај директорот на Шалке вчера изјави дека имало само една понуда на Јуве, а ваква понуда не ни примил.
Играчот во последните 2 сезони, отсуствуваше една и пол сезона, со доста сериозна повреда, и ризик е да се фрли огромна сума. Овие двата се значи потврдени цели на треквартисти, од Марота или друго лице од управата, сите други со кои беше поврзан Јуве беа само медиумски шпекулации без никаква официјална потврда, што не значи дека нема никој точен.
И Хернанес беше еден од таквите имиња кои неколкупати циркулираше како опција, е сега дали е полумртов или не, ќе видиме како ќе се покажи, зошто не можиш така лесно да оценуваш, зошто различна средина, зависно од позиција, задачи на терен, можи да прикажи различни игри. Во Лацио беше одличен. Тоа ти е исто како сега јас да речам, абе џабе ви е Мело, полумртов тепач и редач на црвени картони, постојано во караница со навивачите, еднаш ќе се тепаше со нив, па им се клањаше извинувајќи се,има мнооогу лабилен карактер итн, не знам дали знаеш, ама Мело е повеќе исвиркуван од навивачите на Јуве од Балотели и Замброта заедно. Таков Мело паметам јас од Јуве, а од Фиорентина е друг. Е сега како ќе се покажи во Интер, јас можам само да си претпоставувам и да си нагаѓам, ама во никој случај не можам да бидам сигурен каков ќе биде учинокот како ти што си онака од ракав полумртов, грабеж итн. Ова ти го реплицирам како еден пример, независно дали Интер го зема Мело како замена/првотимец или што знам, ама чим Манчини го бараше како пијан цело лето, сигурно има план со него.
Зошто овде се ставаа слики од бастуни и инвалидски колички кога го зедоа Пирло од Милан, ама после истите тие што ставаа ги колнеа и плукаа Галијани и Берлускони. Да не бидам погрешно сватен, не ги споредувам Хернанес со Пирло.
За потегов последниов ден, во право си изгледа како панично да изиграа после Дракслер, Хернанес дојде од нигде никаде како опција, иако се споменуваше неколку пати, никогаш не беше земено здраво за готово тоа, но не секогаш е така како што изгледа по медиумиве.
Засилувањата се ценат барем на полусезона, мислам релевантна оценка, од 2-3 натпревари не може да се даде точна проценка.