Анима Мунди

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.110
Не препознаваш очигледен трол?
Не пратев последните неколку муабети, посебно со Зина, пошо више стана заморно. Не дека завземам сеа нечива страна, ама нешто што ми боде очи се контрадикторности до бескрајност. Ги поштуем оние кои се вегани сами за себе ко што Верверичката спомна на почетокот, тоа си е нивно лично убедување. Коа ќе видам некој да ми држи предавање надолго и нашироко тука а истиот тој плука по својот род (пази species = вид :D) не можам да ја сфатам логичната следственост на неговата мисла сем дека врска нема со тоа што го тропа. По која конотација и како, не ми е битно, иако е темава ЧДА, има посериозни реплики од ова.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.730
Поени од реакции
7.874
Не пратев последните неколку муабети, посебно со Зина, пошо више стана заморно. Не дека завземам сеа нечива страна, ама нешто што ми боде очи се контрадикторности до бескрајност. Ги поштуем оние кои се вегани сами за себе ко што Верверичката спомна на почетокот, тоа си е нивно лично убедување. Коа ќе видам некој да ми држи предавање надолго и нашироко тука а истиот тој плука по својот род (пази species = вид :D) не можам да ја сфатам логичната следственост на неговата мисла сем дека врска нема со тоа што го тропа. По која конотација и како, не ми е битно, иако е темава ЧДА, има посериозни реплики од ова.
Прочитај го овoj пост и сè ќе ти стане јасно:D:

http://forum.kajgana.com/threads/Анима-Мунди.78825/page-15#post-7342986
 
Член од
21 март 2013
Мислења
104
Поени од реакции
156
Komaci i site bubaci ne gi ubavame gi fakame i gi vakame nazat na sloboda jas toa licno za drugi vegani neznam ne e ubavo da se ubiva tepa kole maltretira bilo sto zivo zivot e zivot ne diskiminiraj
Од прв пост сумњам дали си трол или ретард. Трол ќе да си. Али браво, this rustled my jimmies.
 
Член од
2 декември 2009
Мислења
20
Поени од реакции
1
◄► IDIOCRACY ◄►
- https://vid.me/mUXq
[DOUBLEPOST=1438537974][/DOUBLEPOST]STUPIDITY (Documentary Part 1/3)
https://youtu.be/bI6rFKNjnnI
STUPIDITY (Documentary Part 2/3)
https://youtu.be/xpjsQnF5HFc
STUPIDITY (Documentary Part 3/3)
https://youtu.be/nYZZSPYdwYs
Stupidity "Full Movie"
http://youtu.be/IDsnCrSfzCQ
Uploaded by MrSaunders2020 on Apr 3, 2011
This documentary about stupidity tells us the history of the word "moron", the difference between stupid, moron, smart, intelligent, genius and questions the regular practice of classifying peoples intelligence through standardized IQ tests. Of course also Mr. Bush is examined in this report. A well educated guy who, nevertheless, acts in a completely dumb way -- or at least wants us to believe so.
Albert Einstein said:
"Only two things are infinite the universe and stupidity.
and I am not sure about the former."

___________________________________________________________________________


[DOUBLEPOST=1438538605][/DOUBLEPOST]
●►Луѓето кои ги сакаат и почитуваат животните и кои се организирале некако преку ФБ групи и ФБ страници или здруженија, многу често добиваат повици и изјави, апели за помош од типот: "НЕКОЈ нека оди да му помогне на кутрото животинче, греота е" или "НЕКОЈ нека направи НЕШТО". Најважно од се е да се сфати дека
● ТИ СИ НЕКОЈ ! ●
● ТИ СИ ТАА. ТИ СИ ТОЈ. ●
● НАПРАВИ НЕШТО! ●
Не мора да си "здружение", ако се најдеш на лице место, не чекај друг. Првите мигови, брзата реакција се од најпресудно значење за помош.║▌█ #AnimalPolice
● Список на #ветеринари ● (*-нецелосен)
►► https://www.facebook.com/photo.php?fbid=280695072001401 ◄◄[DOUBLEPOST=1438538726][/DOUBLEPOST]
За несовесната употреба на отрови: Потребно е итно регулирање и строга контрола на продажбата на отрови во земјоделските аптеки:
1. Да не се продаваат отрови под тезга - строга контрола на земјоделските аптеки - особено што се продаваат недозволени канцерогени отрови и за прскање на храната што ја јадеме, што приватни фирми препакуваат токсични и канцерогени материи за поголем профит и при тоа не ги заштитуваат своите вработени.
2. Да не се издаваат отрови без запишување на личните податоци од лична карта / пасош и целта на употреба.
3. Строги казни за недозволена употреба на отрови (во земјоделски производи, труење на животни и др.).
4. Да не се именуваат отровите во медиумите.
5. Медиумите да направат поголема кампања и почесто да предупредуваат на опасностите од фрлањето отров, не само за милениците, бездомните животни, туку и децата и бездомниците.
6. Поголема кампања и осуда во медиумите на нехуманото убиство на животни.

Извадок од: http://www.petitionbuzz.com/petitions/foranimalpolice
" ITNO FORMIRANJE NA "ANIMAL POLICE" VO MAKEDONIJA "

ORGANIZIRANI TRUENJA OD...(?)
~ https://www.facebook.com/media/set/?set=a.397302437261.171750.176149692261

ВО МАКЕДОНИЈА СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА КУПИ ОТРОВ СО КОЈ МОЖЕ ДА ЗАТРУЕ ПОЛОВИНА СКОПЈЕ!?
~ http://fokus.mk/vo-makedonija-sekoj-ima-pravo-da-kupi-otrov-so-koj-mozhe-da-zatrue-polovina-skopje/

Смртоносен отров се купува како леб
~ http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91713833491&id=9&setIzdanie=22979

ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА: Забрана за продажба на пестициди и други земјоделски производи кои можат да убијат луѓе и животни
Prohibit sale of pesticides and other agricultural products that can kill warm blooded animals
~ http://www.thepetitionsite.com/takeaction/819/417/596/?taf_id=13847122&cid=fb_naВие

МНОГУ КРАТОК ПРЕГЛЕД НА "БЛАГОСОСТОЈБАТА" НА ЖИВОТНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
~ http://justpaste.it/_blagosostojba_

#СПОДЕЛУВАЈТЕ #SPODELUVAJTE #SHARE

#AnimalPolice[DOUBLEPOST=1438538847][/DOUBLEPOST]


Занимлива група, за сообраќајниот срам, оценуваат, критикуваат, уснимуваат неправилности, воочуваат прекршоци и (не)човечко однесување во сообраќајот, но некои админи не можат да сфатат дека срамот е целосно кај луѓето, не можат да сфатат дека огромен број животни страдаат токму од таквите како нив... што од невнимателност, што од недозволување да се дискутира и за таа тема, што не дозволуваат едукација и развивање на свеста кај луѓето, едноставно, изгледа како ич да не им е гајле за другите учесници (не по нивна вина) во сообраќајниот метеж по улиците низ Македонија, кутрите животинки.

Слободно, посетете ја групата, зачленете се, пробајте да продискутирате со некои од нив, пробајте да им укажете на некои битни видувања, согледувања и разумни размислувања, дискусии и отворена дебата.
~ www.facebook.com/groups/437002943097808/
"Ѕид на сообраќајниот срам"

Не ретко, забораваме дека човекот го узурпирал, окупирал просторот, поставил систем и инфраструктура (+сигнализација+превозни средства) за подобар живот во унаказената природа, систем кој му е познат и го изучува, разбира, сфаќа, за разлика од животните кои тоа не го креирале, не го учат, не го сфаќаат, не им е разбирлив...во човековиот свет во кој се затекнале, не по нивна волја или вина.

Фотографијата е позајмена од:
~ www.facebook.com/EdenMacedonia/photos/a.221155284731928.1073741830.220712328109557/240013476179442

Корисно видео:
"PRAVO NA ŽIVOT I SLOBODU, SVIMA ILI SAMO NAMA?"
~ http://vimeo.com/36450797

Се надевамe дека еден убав ден, човеците (а и некои админи) ќе ги сфатат поентите на кои им се укажува за севкупната поврзаност и комплексност на и во сообраќајот...

За Животинското Царство (и луѓето во(н) него) - Проф. Д-р. Јовица Угриновски
~ https://youtu.be/oIGpXOtfr0g

МАКЕДОНИЈА, ПоЧоВЕЧНА-ЗА ЖИВОТНИТЕ
~ www.facebook.com/ObedinetiZaZastitaiGrizaZaBezdomniZivotni/videos/vb.141977819149377/161624017192103

п.с.
"Make the connections between children and animals and food"
~ www.facebook.com/ObedinetiZaZastitaiGrizaZaBezdomniZivotni/videos/10150095257557157
 
Последно уредено:
C

Castiel

Гостин
Често се случува да некој ги постави прашањава, та ев еќе се потрудам да ти ги одговорам.
Не, нема да угинат сите и видовите нема да се истребат, проста причина- мајка природа. Самиот напомена дека сме ги препитомиле, значи претходно егзистирале во природа.
Исто како што коњот е припитомен, а имаш диви коњи, исто како и козите и др. Напоротив, бројот нема да им биде енормен како што е сега, би се регулирал.

Дали би имало доволно храна за сите доколку не би конзумирале месо? Одговорот ти е да.
Проста математика. За една крава, која се чува 3-4 години на фарма, за од неа потоа да се извадат 100 кг месо, на дневно ниво таа крава јаде оброк колку 5-6 луѓе што би изеле на дневно ниво. Стави го тој оброк пута неколку години и одговорот е едноставен. Патем, не зборам за крави кои што ги чуваат на село и пасат на пасишта. Зборам за крави во фарми (нивниот број е енормно голем). Пресметај ја и количината на вода која се користи за истата крава. Не само за пиење, вклучително и чистење.
Е сега, за истава крава, пресметај ја количината на загадување и што ли само прават фармерите за да се исчисти сиот тој измет и загадување.

Интересно видео за загадувањето, доколку сакаш погледни го.
Ако си за тие животни да се погрижи мајка природа ондак зашто сте за луѓето да вдомат кучиња и мачиња? Зашто и за нив да не се грижи мајка природа. Што се они повредни од другиве животни?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Самиот напомена дека сме ги препитомиле, значи претходно егзистирале во природа.
Илјадници години биле потребни за т.н. припитомување (поверојатно вкрстување и еволуирање во друг вид) на овие домашни видови. Како такви, еднаш напишав, тие не егзистирале во природата од многу прости причини. Дури и диво животно (вид кој веќе постои во природата) родено и израснато во кафез му треба многу време да се прилагоди на живот во природни услови.
Не, нема да угинат сите и видовите нема да се истребат, проста причина- мајка природа.
Хомо сапиенсот како таков во природа би исчезнал за кратко време. Слично би се случило и со останатите питоми видови (не се истите од пред десетици илјади години, само припитомени со оглавник). Домашна крава оставена во природа ќе угине за кратко време, недоволно да ги пренесе информациите на подмладокот. Ниту е анатомски градена, ниту инстинктите му работат како на претците, како и човекот.
Дали би имало доволно храна за сите доколку не би конзумирале месо? Одговорот ти е да.
ова тврдење е мит. Голем број фарми се ѓубрат со шталско ѓубриво и уреа (осока) поточно за добри високи приноси и зачувување на почвата е потребна комбинација од различни ѓубрива и вештачки и природни. Компост најчесто се прави со дел животински измет. Дали знаат во Анима Мунди од каде ќе ги добијат природните ѓубрива и од каде толку големи приноси и добар состав на земјиштето ако не се следи соодветна агротехника.
Проста математика. За една крава, која се чува 3-4 години на фарма, за од неа потоа да се извадат 100 кг месо, на дневно ниво таа крава јаде оброк колку 5-6 луѓе што би изеле на дневно ниво
Остатоците се користат во козметичката, градежната, за гуми, огномет, лепаци, омекнувачи, шампони, ... и друга индустрија како и во храната за домашни миленици. Произведените лекови и вакцини кои сега ги користиме, добар дел се испробани на животни, многу од откритијата за функционирањето на човековите органи се дојдени преку експерименти со животни. Дали лицата кои се борат за права на животните бираат производи без ниедна состојка во шминка, лепаци, гуми, кеси, облека итн...од животниско потекло, дали бираат храна за своето куче базирана на грав, соја и слични производи, дали би се откажале од земање лекови и вакцини затоа што за истите се експериментирало (и сеуште се експериментира) со животни? Дали користат кондоми исклучиво без казеин, дали користат компјутери кои не се произведени со стеаринска киселина...Едноставно не можеш овие состојки да ги извлечеш од животното со шприц и пак да го пуштиш да живее.
 
Последно уредено:

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Tie sto lujge so jadat jadat mese od lesevi treba li da gi vikane lesojadci kako oni so jadat les a ne meso a treva ne da se zabani da se jade meso oti gi povdreduva zivotnite i nivnite mali i insektite med da ne se jade oti ja eksplotira plcelata ta slobodo da leta i da pase na sloboda zosto edna krava poveke da vredi od edna pcela sto e rob eksplotirana i i se zima hrana brutalno so chat i zastitni jeleci znaci med da ne se jade is to kako meko od krava
O, писменех...[DOUBLEPOST=1438552142][/DOUBLEPOST]
Meanwhile in Anima Dundi . Нова кампања започнуваат :ROFLMAO:




Разбирам дека се поддржувачи на Анима Дунди, ама премногу сериозно си ја имаат сфатено работата...
Ако воопшто и тоа им е работа.
За шо да ти праи друштво ма? За табла? Шах? Пасење трева? Друштво да и праи некој...бог да чува! Еве глеам моментално пред Собрание , го кубат греотниот зајак , слушам на јарбол ќе го окачеле да може ваквиве шо се сфаќаат сериозно да си го откорнат скалпот од косата спасувајќи го зајакот кој ОЧИГЛЕДНО е нечие домашно милениче ...[DOUBLEPOST=1438558068][/DOUBLEPOST]Е, вака мачка не се гали! Шо е тоа, греота мачката очите ќе и излезат колку ја има потиснато со раката...
Да му помогнеме на кутрото маченце, да го тргнеме од рацете на овој човек кој по се изгледа ја спрема за во рерна!


 
Последно уредено:

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
На крај краева, само запрашајте се дали би пиеле млеко од жена која дои? Најверојатно не. Како тогаш ви е прифатливо пиењето млеко од крава?
Како би и цицнал на жена ми ко ќе имат дете...
 
Член од
19 јуни 2015
Мислења
414
Поени од реакции
623
Баш заради овие престанав да зборувам за тоа шо јадам и зошто тоа го јадам.... Срам ми е бе луѓе да кажам дека сум веган од створенија како Анима Мунди и еден куп други фанатици кои се бетер од Јеховини Сведоци и Ниче Димовски! Излегов од тие групи на фб неможејќи повеќе да гледам како некои луѓе со сериозни проблеми во умот повеќе ги сакаат животните отколку луѓето? ЊТФ шо се случува со умот на тие луѓе? Во тие луѓе има толку многу омраза, осуда и нетолеранција кон нештата кои само ним не им се допаѓаат. Еднаш „собрав храброст“ пред еден фанатик од групиве (па пријател ми е (или беше) пустото), да кажам дека ај донт гив а фак за животните иако сум веган и не ме интересира ама баш ништо, ги газеле, ги тепале, не е тоа мој бизнис. Ме погледна онака чудно, као да сум претворен во најголем грешник на светот, небаре морам да го имам истиот став со него, ама жал ми беше да продолжам дискусија дека пријател ми е за да не создадам дополнителна тензија.... Коа на тие од групиве им кажав на почеток дека сум веган, ваууууууууу па ти си еден од нашите, па ти си просветлен човек (демек ако сум веган поарен сум од месојадиве) абе шо душа чоек сум ахахаха, ама послем.... Кога видов шо се дешава какво прање мозгова има таму, какво хејтање и притаено секташтво, се тргнав и неќам да ги видам.

Храната, тоа е личен избор и секоја храна е вкусна каква и да е, само не сите луѓе се исти и секој има различни потреби. Но тие тоа не можат да го сфатат, не сфаќаат дека и растенијата чувствуваат и дека се живи.

Луѓето шо најмногу ги сакам се месојади и си ги сакам какви шо си се и тие мене ме сакаат ваков каков шо сум си и немаме намера да си хејтаме пошо стварно ви донт гив а фак околу тие нешта :) Девојка ми беше страствен обожавател на месо и сакаше секој ден да јаде „лешови“ додека јадев од грозјето шо го купуваше коа и идев на посета :) Е тоа е љубов :D

Ај на овие секташиве некој нека им пренесе една гооолема мудрост кажана со неколку збора: Не е толку битно тоа што влегува во уста, најбитно е тоа што излегува :) Позз пријатели и позз до дундите од Анима Мунди - кажете им да се сексаат повеќе оти од мањак секс станале многу нервозни ;)
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
130
Ајде и тука да прашам, бидејќи ме игнорираат. Ве молам кратки одговори, бидејќи знаеме дека ве бива за филозофирање
Како да препознаеме активист на АМ? Има некој список на членови или било кој може да се крие зад параванот?
Дали во правата на АМ влегува и тоа дека смеат вербално и физички да напаѓаат луѓе само затоа што не прават како нив, па дури и да се закануваат телефонски на фамилиите?
Од што се финансира АМ,дали можеби од надворешни донации и фондации?
Зошто 95% од "активистите" се жени, и дали сте побарале на интернет што предизвикува таква потреба за да чуваш голем број на животни и да доаѓаш во конфликт со луѓе поради тоа?
Зошто поголемиот дел што се декларираат како АМ,особено тие од врвот, чуваат расни кучиња и заработуваат од продажба на легла, а пропагираат "вдоми, а не купувај"?
Дали сериозно мислите дека ќе ги спасите сите животни во светот, и дали имате правилна стратегија за тоа?
Дали сте погледнале како работат слични организации во странство? Бидејќи кај нив има резултати, а вие како да тапкате во место
Дали сте размислувале и сте делувале проблемот со животните да се реши законски, а не со "герила активности"?
Какви резултати и мерки превземате за труење на животни? На секој чекор има ланате, а никој не мрда со прст
Што превземате за крадење на домашни миленици?
Што превземате за борби на кучиња? Ако не можете да најдете каде има, значи или не сакате да најдете или не сте способни за оваа работа
Дали мислите дека со вашето агресивно однесување кон остатокот на светот придонесувате, или им одмагате на животните?
Дали е законски било кој да се нарекува активист и да доаѓа во посета на приватен имот кај тој што вдомил животно за да го посети? Неколку пати пробав да вдомам кутре за мене и мои пријатели , и ме откажа вашата агресивност и упорност.

Во старт знам дека нема да резултира оваа конверзација со плод, но драго ми е што луѓето се освестуваат дека зад "правата на животните" одредени поединци "заработуваат", а другите вистински љубители даваат пари од сопствен буџет без да се фалат на медиуми.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
@sankerce @Scirea @Shady Legs @Let 3 @Curious @121314 @Rigil @IgorChete

Во нашето општество е нормално и морално прифатливо да се употребуваат животните во корист на човекот (на пр. молзните крави), да се мачат (на пр. експерименти врз животни) и да се убиваат (на пр. животни за колење).



Еволуцијата на човекот му подарила способност и средства да ги користи животните. Тоа за човекот е привилегирана и привлечна околност, бидејќи смета дека моќта на посилниот му го дава и „правото на посилниот“. На тоа „правото на посилниот“ се темели искористувањето, мачењето и убивањето на животните.

Меѓутоа, нашето општество има и едно општо прифатена елементарна карактеристика - морал - која никако не е темел на „правото на посилниот“. Вистинските морални вредности не трпат безобѕирно спроведување на волјата на посилниот, зависно од неговите лични интереси. „Правото на посилниот“ и вистинските морални вредности се спротивставени и го исклучуваат едното од другото. Како искористувањето на животните „морално“ би се легитимирало, општеството користи една посебна „етичка“ конструкција. Човекот како вид за себе тврди дека има појака „вредност“ и ги исклучува другите видови од важните етички мерила. Моќта на посилниот овозможува возвишување на сопствените „вредности“ и ги исклучува животните. Би требало по законите на логиката да се провери дали може таква посебна конструкција на искористувањето на животните да се соедини со правиот морал.

Да си замислиме дека постои некое „супер суштество“, кое е на повисок еволуциски степен од човекот. Има поголема физичка сила и значително повисока интелигенција. Да речеме дека научниците со генолошки постапки можат да го создадат. Тој вид на „супер суштество“ би бил надреден на човекот, како што човекот е надреден на животните. Би се подразбирало тој вид на „супер суштество“ себеси да се смета повреден во споредба со човекот. Исто така, моралните врдности кои важат за „супер суштествата“ не важат и за луѓето.

Дали тогаш тие „супер суштества“ би го имале „моралното“ право на посилниот...



  • да ги мачат луѓето, чувајќи ги цел живот во концентрациони логори?
  • да ги колат луѓето во кланица?
  • несопирливо да ги оплодуваат мајките како би им го краделе млекото?
  • непрекинато на мајките да им ги одземаат децата, како бебињата не би го пиеле млекото?
  • украдените деца од мајката ги убиваат и ги преработуваат во месо и колбаси?
  • ги убиваат луѓето и нивните роднини кои се под сомнение дека се заразени со „кравјо лудило“ во машини за масовно уништување?
  • ги превезуваат луѓето со денови без храна и вода?
  • ги тестираат отровите на луѓето како би се открила смртоносната доза?
  • да се слават како култура убиствените ритуали со луѓето во арените?
  • да ги изложуваат луѓето и тоа да го прикажат како зоолошка градина?
  • да ги присилуваат луѓето да изведуваат уметнички претстави и тоа да го наречат циркус?
  • да го прикажуваат ловот на луѓе како спорт или сочувување и грижа за природата?
  • да донесат Закон за заштита на луѓето за кој е прифатливо убивањето на луѓето дури и без претходно ошеметување, како нивното нездраво месо би се јадело а нивната кожа би се користела за облека?
  • да вршат експериметни врз луѓето, како би ги тестирале лековите, кои би требале да делуваат против болестите предизвикани од конзумирање на нездраво човечко месо?


Значи, сметате дека тоа би се косело со правиот морал, кога посилните и помоќните од вас „супер суштества“ така би ве третирале вас и вашите најдраги? Тие би биле токму во истата положба спрема вас, како што вие моментално сте спрема животните.

Шопенхауер рекол дека „основата на моралот треба да се бара во сочувството“. Секако вие би го барале тоа право, едно „супер суштество“, како сочувствителна единка, да постапува морално, да го чува и штити послабиот од себе, што значи вас и вашите најдраги. Ако неморално би го сметале искористувањето на човекот од помоќни животни форми, тогаш логично е да го сметате за неморално човековото искористување на животните.



Мораме да заклучиме дека ние, луѓето, сме морални тогаш кога ги штитиме животните кои ни се препуштени, т.е. кога преку нашето потрошувачко однесување, на пултот на продавницата не даваме налог за ужасното искористување на животните. Или моралните вредности важат само тогаш кога ни користат на нас и не’ штитат од моќите на посилниот?

Кога моралот зависи од личната положба на сила или слабост, тогаш тоа е лажен морал поради остварување на бруталните егоистични очекувања од беспомошните и послабите. Лажниот морал е психолошка конструкција, со која го минимализираме сопственото соучество во тие злосторства, како совеста би ни била помирна.

Каков „морал“ е тоа ако го признаваме само тогаш кога од него имаме брутално егоистична корист на сметка на послабите, а не го признаваме идентичниот морал ако самите мораме да искусиме големо страдање, искористување и смрт од страна на посилните? Тој таканаречен морал се нарекува лажен морал, неморал или морален злочин.



Јасно е и докажано дека „етичката конструкција“ која во нашето општество се практикува спрема животните, всушност го покажува несоодветниот лажен морал, како би се оправдал злочинот над послабите од нас. Затоа злочинот кој се оправдува со лажниот морал е легализиран во законите во таканаречената „заштита на животни“, како на прв поглед би биле без приговор и критика. Сега на сите им е јасно дека разоткриениот неморал го претставува темелот за искористувањето на животните.



Сега можете да одлучите: Ќе се определите за злочин над послабите конзумирајќи производи од животинско потекло под изговор на лажен морал или ќе му дадете шанса на еден вистински, непогрешлив морал во својот живот, кој ги вклучува и оние послабите?
Ко прво, морал е човечка конструкција и производ на човековиот ум и како таков не постои во природата, не важи за и не ги обврзува сите битија. Човековиот морал важи само во човековото општество. Ако на Земјата дојде некоја напредна цивилизација нашиот морал ништо нема да им значи ним. Тие ќе се водат од сопствениот морал.
Исто, ако на лавот му речеш да не ја јаде газелата зошто не е морално, тој ќе ти рече неморално е да не ја изедам зошто таков е моралот на лавовите.
Значи, секоја група си прави свои правила на однесување. Тие муабети за правото на посилниот не држат вода зошто тоа важи само во човековото општество и е исклучок од повисокиот принцип наречен: Eat or be eaten. Целата ебана природа функционира по тој принцип.

А тоа што ние сме решиле да соработуваме едни со други, а не да се искористуваме и поробуваме како што сме правеле во минатото е чисто зошто со тек на време моралот колку толку се сменил (благодарение на христијанството, ако збориме за Европа), од една страна и од друга страна се увидело дека е поекономично на робовите да им даваш по една минимална плата и да ги држиш колку толку задоволни и под контрола, отколку да ги држиш под константна репресија. Пушти им ѕвезде гранда и терај, кради си, ќути си и уживај.

Не е логично да ги едначиш сите живи битија со човекот. И @Daedalus свака му част убаво покажува колку е глупаво да се става животот и добробитот на животното пред тој на човекот.

Затоа, да се разбереме, не може да се зборува за некакви права на животните, зошто тие не постојат. Животните немаат права, никогаш немале, а и не треба да имаат. Само луѓе можат да имаат права.

Статусот на животните треба да биде обликуван од два принципа: од една страна законот на природата, што значи дека ако сакам да ги јадам комотно можам да ги јадам и од друга страна, она човечкото во нас, емпатијата, но само како субсидиерен принцип, што значи, ако немаш потреба да предизвикуваш болка не предизвикувај болка. Не сметам дека е исправно да се измачуваат животни без потреба. Или на пример, ако со развојот на технологијата дојдеме до таква точка каде што можеме да добиеме крзно, месо, млеко итн на вештачки начин, по прифатливи цени, тогаш би требало да не ги убиваме и повредуваме животните.
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Хистеријата за зајакот пред Собрание се шири на ФБ . Коментарите одат до таму да се пријавело ВЕМЕРО во полиција за држење зајак во заточеништво. :aplauz::pos:


 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Секоја посета на приватен имот е однапред договорена во согласност со сопственикот. Доколку мора да се упадне на приватен имот, секогаш сме биле во придружба на инспектори од АХВ и полиција. Нашате задача била само да укажеме на проблемот на тој приватен имот.
Значи пак влегвите на приватен имот. Вие ни со присуство на полицијата несмејте да влезите во некоја туѓа сопственост, туку требит да поднесите преставка до полиција ако имате сознанија за нарушување на некој закон и тие после да си ја бркет својата работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom