А вака,ај едно "тинејџерско" прашање...имам доста врсници кои не работат,а прават прекршоци(возат после 23.00,немаат возачка) и ги имаат фаќано,им пишуваат казни,и не ги плаќаат,и нема од каде да им влечат пари пошто не работат...имам седено и со локални "шерифи" кои имаат по 20 казни за возење пијан,светла и триста други глупости,и едноставно не ги плаќаат и "не им можат ништо".
Татко ми е сметководител,и ми вика,штом се вработат и ги пријават за вработени,ќе им кинат цело време од плата...е сега,што праиме ако никад не се вработи ? ако цел живот шитка дрога и прави мутни бизниси ? и дали иде камата на тие казни,пример ако влече казна од пред 5-6 години,и се вработи,ќе му биде исто 400 евра или дуплирана ?