Само што пробав со
RTMPDumpHelper и успешно симнав цела епизода.
Симни го ова прикаченово и екстрактирај го.
Затвори ги сите прозорци од фајрфокс/хром итн.
Со хром има проблеми нешто програмчево така што ќе треба да користиш фајрфокс.
Влези во фолдерот
RTMPDumpHelper и пушти го фајлот
RTMPDumpHelper.exe
Ќе се отвори црно command prompt прозорче и уште едно.
Потоа отвори
firefox.
Потоа отиди на страната кај што е видеото и
кликни плеј на видеото.
Сега не во црното туку во другото прозорче треба да пишува
successfully attached to web browser/flash бла бла.
Во црното прозорче исто така треба да се појават дополнителни информации (резолуција на фајлот, битрејт и слично).
Моментално видеото ти се симнува во фолдерот
RTMPDumpHelper.
Тоа што го симнав јас беше именувано
4204892497_n.mp4.
Прави повеќе рефреша во фолдерот на неколку секунди и види дали се менува големината на фајлот.
Целата епизода е ~300 мегабајти. Кога ќе дојде до оваа големина и гледаш дека не се менува меморијата после рефреш, значи дека се симнало видеото, можеш безбедно да го затвориш фајрфокс и го имаш видеото за офлајн гледање.
Гуд лак.