Новости во науката/технологијата

Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
LightSail- соларниот уред кој е дизајниран за вселенски истражувања со погон кој е во целост е зависен од сончевата светлина, но не и од наелектризираните честички од соларните ветрови. Уредот кој ќе биде лансиран во мало пакување (со волумен од три литри), по пристигањето во орбитата ќе се расклопи во целосната големина од 32 m² и ќе биде видлив за набљудувачите од Земјата.
Проектот е дело на Планетарното здружение , непрофитна, самофинансирачка организација, и примарната цел е испитување на остварливоста на соларните уреди како форма на вселенски транспорт. Теоријата ќе се испитува со мерење на орбиталната брзина кога леталото ќе достигне висина од 720км. Пробното лансирање е закажано за мај 2015 а конечната реализација за Април 2016 година. Во зависност на успехот од овој проект, од страна на организаторите се најавени уште два вакви проекти со уште посложени задачи (меѓу кои и детектирање на геомагнетни бури кои би можеле да предизвикаат оштетувања на струјните мрежи и навигациските системи).

 
Последно уредено:
Член од
27 февруари 2015
Мислења
7
Поени од реакции
1
Опис на причините за појава на отстапки во центрифугалната сила
во позитивна насока

Појавата на отстапки во центрифугалната сила во позитивна насока познати досега како мистерија,од сега па натаму,едноставна вистина претставена со факти,потврдени со резултати добиени од експериментите што следуваат со гравитационен центрифугален апарат.
Опис на првиот експеримент:ротациониот сад е поделен на два цилиндрични сада дијаметрично преградени,надворешно имаат по еден отвор со завртка за испуштање воздух,врска внатре помеѓу нив е неповратен вентил командуван од надворешниот неповратен вентил монтиран на цилиндричниот сад,прв до центарот на ротациониот сад,од каде ги полниме со течност. Надворешните завртки се отворени се до наполнување на цилиндричните садови со течност.Потоа ги затвараме и внатре со неповратниот вентил се херметички затворени двата цилиндрични сада,заради што се прекинува врската на сврзани садови,кои и под дејство на ротационо движење остануваат херметички затворени двата цилиндрични сада одделно.Статорот надворешно е топлински изолиран,внатре со температура од 14 степени целзиусови.Дијаметарот на ротациониот сад е 0,31 метри и висина 0,16 метри.Ротациониот сад го забрзуваме до 900
вртежи во минута.Од дејството на ротационото движење ќе се појави центрифугална сила која дејствува поединечно на масата течност во цилиндричните сада.На периферниот сад внатре ќе се појави притисок (Р1) а во цилиндричниот сад со помал дијаметар ќе се појави притисок(Р2).Под овие надворешни и внатрешни околности,ротациониот сад по прекинот на забрзувањето ротира уште 10 минути.Во овој експеримент,притисокот со нецелосно дејство,дејствува на стисливост на течноста,затоа аголниот хидроенергетски момент е мал,од кој зависи вредноста на отстапките во центрифугалната сила.Но ако ротациониот сад го делиме на повеќе цилиндрични сада притисокот ќе опаѓа во истите,од тоа опаѓа и вредноста на отстапките во центрифугалната сила.Затоа ги вреднуваме овие отстапки во центрифугалната сила со мала вредност.Вториот експеримент со апаратот го изведуваме под исти надворешни и внатрешни околности.Само внатрешниот неповратен вентил го отвараме и во оваа позиција го закочуваме.Цилиндричните садови сега имаат функција на сад од една целина од сврзани садови,со температура иста од 14 степени целзиусови.Потоа ротациониот сад го забрзуваме исто до 900 вртежи во минута.Во оваа изведба притисокот целосно се користи,дејствувајки на стисливоста на течноста,затоа сега течноста е позбиена во односот на течноста во првиот експеримент.Веднаш по опаѓањето на бројот на вртежи,почнува ширење на течноста,се до застанување на ротациониот сад.Под влијание на овие околности,аголниот хидроенергетски момент е со поголема вредност,затоа ротациониот сад по престанувањето на забрзувањето потоа ротира уште 11 минути.Од овој втор експеримент, отстапките во центрифугалната сила ги вреднуваме во средна вредност.
Во првиот и вториот експеримент,од почетокот на забрзувањето се до постигнување на 900 вртежи во минута,се вложува дополнителна енергија за втиснување на течноста,а потоа се појавува како повратна енергија.Во истиот момент од почетокот на опаѓањето на вртежите,
почнува ширење на течноста и постои се до застанување на ротациониот сад.Масата течност се стреми кон првобитната состојба(ширејќи се поместува кон центарот).
Третиот експеримент со апаратот го изведуваме под исти надворешни и внатрешни околности како и во вториот експеримент,само додаваме топлинска енергија во ротациониот сад од 40 степени целзиусови.Ротациониот сад го забрзуваме до 900 вртежи во минута и го исклучуваме забрзувањето,исто како во првиот и вториот експеримент.Сега ротациониот сад ротира 17 минути
бидејки топлинската енергија го потпомага аголниот хидроенергетски момент,од кој зависат отстапките во центрифугалната сила.Вредностите од прва група на отстапки во центрифугалната сила,зависат од следните услови(1)ширењето на течноста во течна агрегатна состојба,(2)притисокот со колку проценти дејствува врз стисливоста на вкупната маса течност и(3)од температурата на течноста во ротациониот сад.Вредностите на отстапките во центрифугалната сила од прва група се мали и еднократната појава на аголниот хидроенергетски момент добиен од ширењето на вкупната маса течност од 7,2 килограми во ротациониот сад.Но резултатите на отстапките претставуваат база на податоци кои служат како појдовна точка за новооткриената втора група на отстапки во центрифугалната сила,во кои изворот на енергија е од друга природа и имаат други вредности во позитивна насока.

Угарчев Слободан
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.392
Oва можеби требаше во подфорумот за здравје да иде, ама се некако сметам дека овде му е местото:
 
D

Daedalus

Гостин
Расположливата енергија што се добива од ветер којшто дува со брзина од 10 m/s на површина од 1 m^2, е 600 W. Стандардните ветерници користат околу 60% од расположливата енергија, што изнесува 360 W.
Многу помалце енергија се добива од ветер со истата брзина кај Vortex ветерниците и истите не се механички издржливи на ветрови со огромни брзини.
Затоа пак, може да се збијат повеќе на единица површина поради својата структура така што важно е да се види просечното производство на енергија на m^2 должина/ширина површина, а не од ветерница. Сепак, бидејќи овие ветерници според производителите се 40-50% поевтини за производство, заокружено, за 1 стандардна ветерница, ќе направиш 1.6-2 вакви ветерници. Vоrtex се исто така поефтини за одржување.
Од економски аспект, производителите ќе треба да ја направат математиката за да видат во која од двете варијанти, нетото им одговара повише.
Еколошки нема разлика освен тоа што овие стандардниве, убиваат птици.
Највеќе зависи од намената и потребата на тој којшто ќе ги користи што може да укаже на тоа дека во дадени ситуации, едните се посоодветни од другите, зависно од условите.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.392
Еколошки нема разлика освен тоа што овие стандардниве, убиваат птици.
Највеќе зависи од намената и потребата на тој којшто ќе ги користи што може да укаже на тоа дека во дадени ситуации, едните се посоодветни од другите, зависно од условите.
Без никаква намера да ти го извадам од контекст постот, на жалост актуелните фосилни енергетски ресурси уништуваат неспоредливо повеќе животни (и луѓе). Не смее да се дозволи ваквите моменти да го спречуваат развојот на обновливите извори на енергија (дури сметам дека најгласните протести се поттикнати од индустријата за и окулу, фосилните горива).
 
Член од
27 февруари 2015
Мислења
7
Поени од реакции
1
Опис на причините за појава на отстапки во центрифугалната сила
во позитивна насока

Појавата на отстапки во центрифугалната сила во позитивна насока познати досега како мистерија,од сега па натаму,едноставна вистина претставена со факти,потврдени со резултати добиени од експериментите што следуваат со гравитационен центрифугален апарат.
Опис на првиот експеримент:ротациониот сад е поделен на два цилиндрични сада дијаметрично преградени,надворешно имаат по еден отвор со завртка за испуштање воздух,врска внатре помеѓу нив е неповратен вентил командуван од надворешниот неповратен вентил монтиран на цилиндричниот сад,прв до центарот на ротациониот сад,од каде ги полниме со течност. Надворешните завртки се отворени се до наполнување на цилиндричните садови со течност.Потоа ги затвараме и внатре со неповратниот вентил се херметички затворени двата цилиндрични сада,заради што се прекинува врската на сврзани садови,кои и под дејство на ротационо движење остануваат херметички затворени двата цилиндрични сада одделно.Статорот надворешно е топлински изолиран,внатре со температура од 14 степени целзиусови.Дијаметарот на ротациониот сад е 0,31 метри и висина 0,16 метри.Ротациониот сад го забрзуваме до 900
вртежи во минута.Од дејството на ротационото движење ќе се појави центрифугална сила која дејствува поединечно на масата течност во цилиндричните сада.На периферниот сад внатре ќе се појави притисок (Р1) а во цилиндричниот сад со помал дијаметар ќе се појави притисок(Р2).Под овие надворешни и внатрешни околности,ротациониот сад по прекинот на забрзувањето ротира уште 10 минути.Во овој експеримент,притисокот со нецелосно дејство,дејствува на стисливост на течноста,затоа аголниот хидроенергетски момент е мал,од кој зависи вредноста на отстапките во центрифугалната сила.Но ако ротациониот сад го делиме на повеќе цилиндрични сада притисокот ќе опаѓа во истите,од тоа опаѓа и вредноста на отстапките во центрифугалната сила.Затоа ги вреднуваме овие отстапки во центрифугалната сила со мала вредност.Вториот експеримент со апаратот го изведуваме под исти надворешни и внатрешни околности.Само внатрешниот неповратен вентил го отвараме и во оваа позиција го закочуваме.Цилиндричните садови сега имаат функција на сад од една целина од сврзани садови,со температура иста од 14 степени целзиусови.Потоа ротациониот сад го забрзуваме исто до 900 вртежи во минута.Во оваа изведба притисокот целосно се користи,дејствувајки на стисливоста на течноста,затоа сега течноста е позбиена во односот на течноста во првиот експеримент.Веднаш по опаѓањето на бројот на вртежи,почнува ширење на течноста,се до застанување на ротациониот сад.Под влијание на овие околности,аголниот хидроенергетски момент е со поголема вредност,затоа ротациониот сад по престанувањето на забрзувањето потоа ротира уште 11 минути.Од овој втор експеримент, отстапките во центрифугалната сила ги вреднуваме во средна вредност.
Во првиот и вториот експеримент,од почетокот на забрзувањето се до постигнување на 900 вртежи во минута,се вложува дополнителна енергија за втиснување на течноста,а потоа се појавува како повратна енергија.Во истиот момент од почетокот на опаѓањето на вртежите,
почнува ширење на течноста и постои се до застанување на ротациониот сад.Масата течност се стреми кон првобитната состојба(ширејќи се поместува кон центарот).
Третиот експеримент со апаратот го изведуваме под исти надворешни и внатрешни околности како и во вториот експеримент,само додаваме топлинска енергија во ротациониот сад од 40 степени целзиусови.Ротациониот сад го забрзуваме до 900 вртежи во минута и го исклучуваме забрзувањето,исто како во првиот и вториот експеримент.Сега ротациониот сад ротира 17 минути
бидејки топлинската енергија го потпомага аголниот хидроенергетски момент,од кој зависат отстапките во центрифугалната сила.Вредностите од прва група на отстапки во центрифугалната сила,зависат од следните услови(1)ширењето на течноста во течна агрегатна состојба,(2)притисокот со колку проценти дејствува врз стисливоста на вкупната маса течност и(3)од температурата на течноста во ротациониот сад.Вредностите на отстапките во центрифугалната сила од прва група се мали и еднократната појава на аголниот хидроенергетски момент добиен од ширењето на вкупната маса течност од 7,2 килограми во ротациониот сад.Но резултатите на отстапките претставуваат база на податоци кои служат како појдовна точка за новооткриената втора група на отстапки во центрифугалната сила,во кои изворот на енергија е од друга природа и имаат други вредности во позитивна насока.

Угарчев Слободан
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Печатат батките на принтер соларни панели (фотоволтаици) сеуште е на зачеток технологијата ама би требало надеж да дава доколку не ја закопаат корпорациите.

 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Печатат батките на принтер соларни панели (фотоволтаици) сеуште е на зачеток технологијата ама би требало надеж да дава доколку не ја закопаат корпорациите.

Целото производство на фотоволтаични панели се автоматизира до максимум, впрочем како и за се друго што е потребно кавнтитативно во поголем број, но тука и квалитативно е важна автоматизацијата.
Причината се материјалните карактеристики на поедините делови и слоеви на плочата, како и воопшто на панелот во целина. Дури и човек да е максимално стручен, заради специфичноста на материјалите може да се направи некоја грешка што во најмала рака ќе значи панел кој произведува помалку енергија.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
https://www.sciencedaily.com/releases/2016/04/160415125641.htm?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook

Fossil fuels could be phased out worldwide in a decade, says new study

Не ми се преведува нешто многу. Во кратки црти британциве кажуваат дека наредната енергетска еволуција би се случила во наредната декада и фосилни горива би се замениле глобално. Земајќи ги во предвид претходните енергетски транзии ко таа дрво - јаглен, па електричната енергија.
Можда и посебна тема заслужува ова шо знам.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.392
Во кратки црти британциве кажуваат дека наредната енергетска еволуција би се случила во наредната декада и фосилни горива би се замениле глобално.
Теоретски, и од технички аспект, фосилните горива можеа да бидат сменети уште пред пар децении (и порано).
Практично, и од геополитички аспект, тоа нема да се случи во догледно време - ако воопшто се случи за време на нашиве животи.

Се разбира, освен ако не најдат некој концепт на нефосилно гориво, од ресурси кои се во ограничени количини, и на локации кои ќе можат да ги контролираат и манипулираат. Контрола врз енергетските ресурси е моќ, затоа безброј пронајдоци до сега се купувани и ставани во фиока (или газдите се исчезнати, ако не сакале да продаваат)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom