Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Во ред е, благодарам.
И уште нешто - не го гледам прилогот (првата страница). Исто така, како да докажам дека сум еден од тужителите?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во ред е, благодарам.
И уште нешто - не го гледам прилогот (првата страница). Исто така, како да докажам дека сум еден од тужителите?
Еве ја првата страна
Ако ти бараат докажеш дека си еден од тужителите ќе поднесеме фотокопија од списокот
upload_2015-4-16_14-12-25.png
 

Attachments

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Утре, сабота, во 12 часот ќе се одржи петтиот протест на исклучените од Топлификација
http://plusinfo.mk/vest/22125/petti-protest-protiv-parnoto-vo-sabota

Ќе биде интересно:

Во „ бомбата – уа лопови 4 “, ќе бидат обелоденети веродостојни документи за криминалот кој се врши со парното. Регулаторната комисија за енергетика и Топлификација постојано лажно ги обвинуваат исклучените дека се виновници за астрономските сметки на сеуште приклучените. Во сабота ќе бидат обелоденети документи кои докажуваат кои се вистинските виновници“,
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Плусинфо е најавен следниот протест на исклучените кој ќе се одржи следната сабота на 25. 04
http://plusinfo.mk/vest/23062/v-sabota-nov-protest-na-isklucenite-od-parno

Лично има препорачувам, не само на исклучените, туку и на сеуште приклучените да учествуваат во овие протести.
Случајот на Топлификација е случај на криминал и сега е момент да се пресметаме со криминалците
Топлификација не ограбува сите и приклучените и исклучените.
Тие силно се обогатија ограбувајќи не.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Единственото нешто што може да се направи е партиите кои претендираат да бидат власт наместо власта, во своите изборни програми и понуди да го вклучат овој проблем и ЈАСНО ДА ИСТАКНАТ дека , кога ќе бидат влада, без одлагање ќе го решат во корист на оштетените и ќе воспостават ред и поред во тој бизнис. И нормално, посебно да потенцираат дека ќе бидат исти купени од монополскиот бизнис љигуши , ако тоа не го сторат кога ќе бидат во таа своја владетелска позиција.
Се друго мислам дека е непродуктивно...:(
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Jас бев на вчерашниот седми протест на исклучените од Топлификација, но немам ниту една фотографија од протестот
Ако некој фотографирал, го молам да постира фотографија.
 
Член од
9 јули 2014
Мислења
4
Поени од реакции
9
Јас да ве известам дека мој пријател, после жалба кај Комисијата за заштита на правото за пристап до информациите од јавен карактер, добил писмо од Регулаторна. Како што ми кажа, одговорите се правна гимнастика, но во писмото што го добил, пишувало дека членот 66 од правилата, е надвор од правниот поредок и престанал да важи онака како што пишувало во правилата за снабдување со топлинска енергија.

Можеби ова ќе ви помогне некако, но според деловникот на Собранието, член 135 став 7 „Ако предлогот на закон содржи одредби кои имаат повратно дејство, предлагачот е должен посебно да ги образложи причините за нивното предлагање.„ - Вакво нешто во Законот за енергетика не постои, колку што ми е мене познато. Тоа ви е аргумент плус на ваша страна.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во сабота ќе се одржи осмиот протест на исклучените од Топлификација. Мислам дека ќе биде посебно интересен бидејќи ќе бидат изнесени факти за ТЕ-ТО
Еве што се вели во информацијата:
...............................................................
Ве информираме дека следната сабота, 09. 05. 2015, ќе се одржи осмиот протест на исклучените од Топлификација. И овој протест, како и претходните, ќе се одржи, кај Триумфалната порта, со почеток во 12 часот.

Овие Протестите се усмерени против Владата на РМ, до која е доставено барање на протестите.

Исклучените од Топлификација, ги повикуваат сеуште приклучените да им се придружат во протестите. Во досегашните „ бомби “ се обелоденети непобитни докази за криминалот кој е извршен со парното. Жртви на овој криминал се и приклучените.

Во „ бомбата “ 7, ќе бидат обелоденети факти за ТЕ-ТО.

ТЕ-ТО со години не работи и не е тешко да се погоди кој сега ги плаќа кредитите и другите трошоци за ТЕ-ТО.
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Јас да ве известам дека мој пријател, после жалба кај Комисијата за заштита на правото за пристап до информациите од јавен карактер, добил писмо од Регулаторна. Како што ми кажа, одговорите се правна гимнастика, но во писмото што го добил, пишувало дека членот 66 од правилата, е надвор од правниот поредок и престанал да важи онака како што пишувало во правилата за снабдување со топлинска енергија.

Можеби ова ќе ви помогне некако, но според деловникот на Собранието, член 135 став 7 „Ако предлогот на закон содржи одредби кои имаат повратно дејство, предлагачот е должен посебно да ги образложи причините за нивното предлагање.„ - Вакво нешто во Законот за енергетика не постои, колку што ми е мене познато. Тоа ви е аргумент плус на ваша страна.

Ако така стојат работите тоа е добра вест. Дури одлична, би рекол! Би замолил тој писмен одговор да се закачи овде, се со цел истиот да се користи како доказ во судските спорови кои течат или оние кои секојдневно отпочнуваат, посебно поради фамозниот член 66. Се разбира, личните податоци нека се прикријат, но нека останат белезите на РКЕ за да може судот да го прифати како релевантен доказ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom