Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
11 април 2012
Мислења
4.286
Поени од реакции
4.689
Дали има некој на форумов кој што чува куче од тип среден-голем раст во стан гарсониера - двособен ??
Прочитав се што кажаа надоле па само ќе се надоврзам. Стан од 40м2, 3 возрасни особи + 2 кучиња од среден раст (самојед кои се доста активни како и лабрадор). Ако ги умориш доволно на прошетки ке немаш проблеми.
Да споредиш со цените секако дека е поскапо надвор се зависи и каде надвор си. Обично ветеринар е поскап, додатоци за кучето како поводник огрлица и слично знаат често да се поскапи поготово ако си во европа, ама затоа имаш страшно поголем избор на храна.
Барај Orijen (убедливо најскапа ама има и зашто нема некој да се пожалил од неа), Acana („евтина“ верзија на оријен, од истиот произведувач со малку послаб квалитет. сеуште далеку пред сите други), Taste of Wild па тек потоа овие што ти ги набројаа тука.
 
L

Lu

Гостин
Дали има некој на форумов кој што чува куче од тип среден-голем раст во стан гарсониера - двособен ??
Јас лично, Доберманка - во стан :D (3 собен стан, али не е битна големината, сепак стан си е стан) и тоа пази, Доберман - премногу хиперактивна раса полна со енергија.

Добро, сеа веќе 1 година сум во куќа преселена, али не ја оставам воопшто надвор сама да седи во двор, цело време си е дома (исто ко у стан да е), а и самата си е научена да си седи внатре, бидејќи нели претходно од малечка цели 2 години растела и живеела во стан.

Ако имаш доволно време за редовни прошетки, каде штокучето ќе има доволна физичка активност (трчање, играње со кучиња и сл.) станбениот простор не е ама баш никаков проблем.

Имам познаници што чуваат Њуфаундлер (огромен е, вистинска мечка, има некои си 80 кг. тежина) што живеат во двособен стан од некои си 60 - 65 квадрата.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
143
Поени од реакции
54
Тоа е проблемот што јас сакам Лабрадор. Имам парк преку пат не е тоа проблем. Не сакам да го запустам кучето, станот е нешто како соба и пол , со ходник и затворен балкон од 10тина метри. Колку кошта да имаш куче во МК? Храната?
BTW фала на брзиот одговор
Браво бе сакаш да го ставиш кучето во затвор? Ако немаш кукја со голем двор таму да си живее слободно какво куче ке зимаш да го мачиш? Тебе ке ти биде ли добро во кафез од 2 на 3 метри затворен да живееш? Па потоа ке го водиш низ град да сере. Кучето е селско животно да чува двор или овци. Ти со тие пари се замисли дали да немаш некое дете.
 
Член од
10 јуни 2013
Мислења
43
Поени од реакции
39
Имам самојед машко 9-10 месеци.
Приметив има црна точка на јазикот, шо може да е ?
 
OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.370
Поени од реакции
3.125
Браво бе сакаш да го ставиш кучето во затвор? Ако немаш кукја со голем двор таму да си живее слободно какво куче ке зимаш да го мачиш? Тебе ке ти биде ли добро во кафез од 2 на 3 метри затворен да живееш? Па потоа ке го водиш низ град да сере. Кучето е селско животно да чува двор или овци. Ти со тие пари се замисли дали да немаш некое дете.
Дечко незнам од која планета си паднат, каде серат другите кучиња? Културно после извршувањето на нуждата со најлонче си го здираш изметот и во канта го фрлаш. И не ми е станот 2 на 3 метри како прво, не живеам во кутија. Баш ме насмеа кучето е селско животно ? Хм на школо мене ме учеа пак дека е ДОМАШНО животно. Пролистај тро, провери. Не секое куче е створено да биде чувар.. Ама нема врска шо да ти се објаснувам. Со кои пари ? Не сакам деца да имам, имам време за деца, не се секирај ти за мојата иднина. Пријатен ден !
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
143
Поени од реакции
54
Не ме разбра, едно големо куче дури во стан 10 на 10 метри се осекјава како ти во кафез 2 на 3 метри. На него му треба простор. Колко до тие пекинези, пудели , пинчери и други вакви , тоа не се кучинја еба го во кучето кога може да го изеде некоја поголема мачка :) Сериозно ако не сакаш да го мачиш кучето и да си биде куче си треба барем двор, ајде овци може и да немаш ;)[DOUBLEPOST=1429970664][/DOUBLEPOST]Можеш да пробаш со рибки во аквариум но никогаш како мене да ги не забораваш през зимата нокеска на балкон кога е пекнало сонце през денот и си ги изнел малко да подишат! Замрзнаа сите!
 
Последно уредено:

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795

Што сакаш да кажеш со ова? Јас и останатите форумџии што чуваат кучиња внатре, имаме депресивни кучиња, неистрчани и болни? Ма можам и во мало собче да бидам со кучето ако му овозможам редовни прошетки од по саат два. Пудлата во двор ќе ја чуваш, иако ќе и' се заплеткаат трња во крзното? Јас знам како и' беше на мојата Ерделка кога се збута во трњата, буквално квичеше од болка кучево, на нозете, на градниот кош на стомакот, на муцката, секаде каде што има долга длака оставено, трња имаше. Жал ми беше кога и' ги отплеткував, сирота вриштеше од болка. Затоа Ерделите се препорачливи за во стан со редовни прошетки.
Секаде може да се чува куче ако му се дадени сите потребни услови. И да, сигурно нема во стан да трча, па да се гледа дали може куче да се чувало во мал стан или голем, се знае каде може кучето да трча, а каде не.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Браво бе сакаш да го ставиш кучето во затвор? Ако немаш кукја со голем двор таму да си живее слободно какво куче ке зимаш да го мачиш? Тебе ке ти биде ли добро во кафез од 2 на 3 метри затворен да живееш? Па потоа ке го водиш низ град да сере. Кучето е селско животно да чува двор или овци. Ти со тие пари се замисли дали да немаш некое дете.
Многу погрешно си го сфатил зборот "куче". Куче е сопатник, соучесник во лов, помошник во чување стада, полицаец, придружник, заштитник, терапевт, најважно од се' кучето е најдобар пријател на човекот. Никој на светов ја нема моќта да сака колку што може едно животно да засака.. НИКОЈ! Кучето помага на децата да се снаоѓаат сами во животот понатаму, повеќето родители земаат куче за нивните деца со причина да се научат децата да можат да се грижат за друго живо суштество, а за да се грижиш за друг живот потребно е да се грижиш за својот. На тој начин кучињата ги прават децата самостојни. Да те видам уште еднаш да кажеш колку се кучињата беспотребни? Мене мојот Ердел Териер ме извлече од ТОЛКАВА дупка, кога немав никаква воља да живот, таа дојде во него и ми донесе светлина. Тоа е надчовечка способност. Човекот знае добро да те заебе да направи да сакаш од се' да се откажеш, но кучето е оноа што ти влева убави мисли, што ти дава безусловна љубов. Од 10.06.2014 до ден денес, секунда во тага не сум минала.

Ајде сега ти ДОКАЖИ МИ дека кучето е само за во двор овци да чува и да скапува!
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
143
Поени од реакции
54
Кучето си е куче и местото му е надвор од кукјата. Инаку ти можеш и да спијаш со него ако сакаш но јас за таа работа имам нешто друго. Моето е х'ски а го пуштим внатре се ке изпоруши:)
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
У последно време има многу вакви ретардоси на сите теми,не знам дали се од политичка партија или секта или не знам што,али се стварно невозможни,и колку и да знаеш дека е непотребно да му реплицираш,едноставно те мава у психа и те тера да го цитираш ццело време...:cenzura:
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
143
Поени од реакции
54
Сега колку си ти ретардиран нема да докажувам, мислам дека е видно и јасно. Треба да е јасно едно. Кучето не може да замени жената и децата. Кучето си е куче човекот си е човек.Ма ајде ке ми влези каде спијам ке го утепам колко и да ми е мило!
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Кучето си е куче и местото му е надвор од кукјата. Инаку ти можеш и да спијаш со него ако сакаш но јас за таа работа имам нешто друго. Моето е х'ски а го пуштим внатре се ке изпоруши:)
Сега колку си ти ретардиран нема да докажувам, мислам дека е видно и јасно. Треба да е јасно едно. Кучето не може да замени жената и децата. Кучето си е куче човекот си е човек.Ма ајде ке ми влези каде спијам ке го утепам колко и да ми е мило!
Да бе, сигурно, ќе чувам јас Ердел Териер или Стандардна Пудла (повисока од Хаски) во двор, па нека се испозаплетка во трња. Кучето може би ја нема способноста да изиграва жена и деца, но "дом без куче не е дом" , не за џабе е така кажано. Јас не знам кој друг би ме будел од сабајле и ме пречекувал дома со видлива среќа освен моето куче. Не знам кој друг би бил доволно храбар за да ја искажува својата љубов секој ден, неуморно. Јас на тоа сакам да се заблагодарам со тоа што ќе овозможам секогаш кога ќе посака да е до мене, не да ја оставам надвор и да и' забранувам да биде во моја просторија. И бога ми тоа таа најмногу го сака, за неа е доволно да биде до мене СЕКОГАШ, и во добро и во лошо. Ти сметај ме за ретардирана, но јас те сметам за слеп што не можеш да ја видиш љубовта која што твоето куче ти ја дава.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
143
Поени од реакции
54
Не знам, Моето куче си седи надвор и не помислува да влези внатре. Ако немаш жена да те буди и да ти искажува својата лјубов ајде не секој ден ама барем през ден мислам да куче не може да ја замени.Не случајно е кажано "жената е првиот другар на човекот внатре, а кучето надвор" :)
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Кога се јавуваат првите видливи(физички)симптоми кај женката после парењето?....
Прашувам зошто не сум сигурен дали бидна работата:icon_mrgr:(зошто не се залепија со мажјакот при парењето,па после ги оставивме насамо,па не сме сигурни дали бидна нешто):ROFLMAO: ,а некако гледам како да се дебели кучето...
Ама не многу...
40ина дена поминаа...Прашувам по ветеринарните амбуланти низ Битола,никаде немаат ехо....па ќе мора да чекам вака на old school начин да видам дали ќе има принова...:pos:
Да скратам,кој е временскиот период кога треба кучката да покажи знаци на бременост?
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Сериозно сте го избришале текстот што го напишав за купимиленик и биглот ? :вонзем:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom