Зедов виза денес, easy peasy. Втор пат одам во Америка, апсолвент сум (четврта година) и имам еден неположен испит. Ме прашаа како сум си поминала лани, каде учам, што ќе правам после дипломирање, дали имам браќа/сестри, дали имам роднини во Америка, и дали сум го прочитала памфлетот. Пред мене имаше доста луѓе, околу 30, и од нив само 4ца не зедоа виза, засега се изненадувачки попустливи. Највеќе проблеми правеа за неположени испити, и на еден дечко му направија проблем пошо го сменил факултетот. Прашањата што се вртеа беа овие од погоре, како и што работат твоите, колку испити имаш неположени, каде си патувал надвор од државава досега, кои места сакаш да ги посетиш во Америка.
Само опуштено дечки, со манири (добар ден, благодарам, пријатно, имајте убав ден), и зборувајте јасно и разбирливо.