Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Т

Триптико

Гостин
Знам дека е реална, во тоа ниту на секунда не се посомневав. Само побарав да ми референцираш кој ја користи. За да ја проучам подетално и може ќе сменам мислење.
Тебе од цел муабет ти е важно кој е тој што на овој начин пресметува? Мора таму некој (по можност од Запад) да пресметува вака, за нам да ни биде појасно дека должиме до даље. Мора тој некој да биде од некој институт, затоа што нашите "експерти" се експерти за препишување кој од кого стигне. Не постои институт или министер што вака ќе изјави. Нема таков лудак, кој ќе ја покаже реалната состојба во која и да е држава. По некој професор или аналитичар можеби, но другите ни под разно. Не се обидувај да ми го дискредитираш мислењето со поставување прашања кои немаат врска со целиот муабет. Зборуваме за пари, не за институти и кој како пресметува, нели?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570

Зборуваме за релевантност и сериозност. А твојов муабет нема ни р од релевентност, ни с од сериозност. И уште да не сум го дискредитирал мислењето. Сам си го дискредитираш мислењето. :)
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Тебе од цел муабет ти е важно кој е тој што на овој начин пресметува? Мора таму некој (по можност од Запад) да пресметува вака, за нам да ни биде појасно дека должиме до даље. Мора тој некој да биде од некој институт, затоа што нашите "експерти" се експерти за препишување кој од кого стигне. Не постои институт или министер што вака ќе изјави. Нема таков лудак, кој ќе ја покаже реалната состојба во која и да е држава. По некој професор или аналитичар можеби, но другите ни под разно. Не се обидувај да ми го дискредитираш мислењето со поставување прашања кои немаат врска со целиот муабет. Зборуваме за пари, не за институти и кој како пресметува, нели?
Ооо има... и тоа самиот си се нарече лудак заедно со неговите соработници. :D
 
Т

Триптико

Гостин
Не ми се пишуваат, а уште помалку објаснуваат тези во 1 по полноќ. Нека биде по ваше.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Јавниот долг како процент на БДП

2002: 45,7%
2006: 33,2%
2014: 45,8%

Ако тие претходните кои наследиле 45% долг оставеа 60% долг во 2006та, овие денес ќе достигнеа на 75%.
Ама важно е платите се зголемуваат и таблети ќе има за студентите. (немам против тоа, ама со кои пари?)

Попаметно за тебе е да се служиш со други оправдување за кои си мајстор: ЛАЖНИ БРОЈКИ СЕ. (во стилот: албанците пријавуваат непостоечки ученици).[DOUBLEPOST=1427826354][/DOUBLEPOST]

И пред тоа имало тенденција за раст на девизните резерви:

31.01.2005: 717 милиони евра
30.06.2006: 1.241 милиони евра (на 6 дена пред избори)

Еве весникот Вечер во 2005та како свршува на висината на девизните резерви ( :pos: )
http://vecer.mk/ekonomija/deviznite-rezervi-blisku-do-milijarda-dolari

Во меѓувреме во 2015;

Девизните резерви за 1 месец се намалија за 153 милиони евра

31.01.2015: 2.483.000.000 евра
28.02.2015: 2.330.000.000 евра

-153.000.000 евра
Од кој извор ти се бројките на јавниот долг?

Сепак, многу подобри сме од една Германија со 70% јавен долг од БНД :LOL:

Намалените дезивни резерви за 153 мил. евра е поради ПРЕДВРЕМЕНАТА отплата на долгот кон ММФ, а со тоа јавниот долг ни е за толку и намален, само ова ти “заборави“ да го спомнеш.
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.822
Од кој извор ти се бројките на јавниот долг?

Сепак, многу подобри сме од една Германија со 70% јавен долг од БНД :LOL:

Намалените дезивни резерви за 153 мил. евра е поради ПРЕДВРЕМЕНАТА отплата на долгот кон ММФ, а со тоа јавниот долг ни е за толку и намален, само ова ти “заборави“ да го спомнеш.
Ќе покаже следниот квартал дали е намален или зголемен долгот, пошто задолжувањето не престанало, а како што започнаа некои проекти, ќе треба уште повеќе да се задолжиме.

Податоците ми се од министерство за финансии, веруваш во автентичноста нели :)

http://www.finance.gov.mk/mk/node/57 (зумирај малку за да гледаш дека не се со фотошоп скратени и додадени :) )

Од Германија денес ни дојде вест дека невработеноста е на најниско ниво во последните 25 години.
И кај нас е на историско најниско ниво секако. (28% велат)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.813
Колку што милуваш, толку. Кои се тие финансии и статистика да ти се мешаат во реалноста тебе?
Но, кој би знаел дали во Македонија, државни институции како Државен завод за статистика и Министерство за Финансии податоците што ги објавуваат, ги добиле по пат на аналитичко истражување и статисистички методи, или пак директно им ги доставил по телефон Миле поштарот или некој друг шупак?
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Од кој извор ти се бројките на јавниот долг?

Сепак, многу подобри сме од една Германија со 70% јавен долг од БНД :LOL:

Намалените дезивни резерви за 153 мил. евра е поради ПРЕДВРЕМЕНАТА отплата на долгот кон ММФ, а со тоа јавниот долг ни е за толку и намален, само ова ти “заборави“ да го спомнеш.
Интересен избор на зборови.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570
Но, кој би знаел дали во Македонија, државни институции како Државен завод за статистика и Министерство за Финансии податоците што ги објавуваат, ги добиле по пат на аналитичко истражување и статисистички методи, или пак директно им ги доставил по телефон Миле поштарот или некој друг шупак?
Види, право на избор на секој е дали ќе верува или не. Ама правецот во кој тргна цела опозиција во Македонија, а ја пратат и дел од граѓаните е многу шизофрен и нема да им донесе ништо добро.

Ако сакаат да шират недоверба кон буквално сите институции во државава, со среќа. Ќе дојде ден кога ќе мора да се разбудат, проследено со силен трескот од ударот во ѕид и со голема сметка што ќе им ја донесе некој поштар.

Јас тука не можам, ниту сакам нешто да правам. А дискусиите со такви мора да се одвиваат како последниве неколку страни. Не можеш да дискутираш за бројки со некој што е уверен дека сите бројки се лажни и цел свет влегол во завера против него.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.813
Во право си. До сега не го слушнавме Миле (или некој друг) да доставува нарачки до Финансии и Статистика.
Така да, за ова не знаеме.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570
Во право си. До сега не го слушнавме Миле (или некој друг) да доставува нарачки до Финансии и Статистика.
Така да, за ова не знаеме.
Што и да слушнеме, нема релевантен човек кој ќе рече да не веруваме во тие институции. Како што и после се што слушнавме, нема релевантен човек кој ако бараш правда не те упатува во суд. Никој не рече, не верувајте на судски одлуки, тие се невалидни. Сем неколкумина од СДСМ, кои повторно одат кај Зврлевски да достават кривични пријави.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.813
Што и да слушнеме, нема релевантен човек кој ќе рече да не веруваме во тие институции. Како што и после се што слушнавме, нема релевантен човек кој ако бараш правда не те упатува во суд. Никој не рече, не верувајте на судски одлуки, тие се невалидни. Сем неколкумина од СДСМ, кои повторно одат кај Зврлевски да достават кривични пријави.
На кој суд?:vozbud:

Ало, се читаш ли ти бе што пишуваш?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.813
Пет милиона евра дневно, се задолжува Македонија. (сега)
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
НБРМ открива драстичен пораст: Јавниот долг близу четири милијарди евра

Состојбата на долгот на централната влада во 2014 година изнесуваше 3.246,4 милиони евра, што претставува раст од 17,8% во споредба со претходната година. Притоа, учеството на долгот на централната власт во БДП достигна 38%, наспроти 34% во 2013 година, соопшти Народната банка во годишниот извештај за 2014 година.

„Зголемувањето на задолженоста во целост е резултат на значителниот пораст на надворешниот долг (придонес од 18 п.п.), кој произлезе од задолжувањето преку емисијата на новата еврообврзница, за разлика од домашниот долг којшто забележа минимален пад. Од друга страна, вкупниот јавен долг во 2014 година се зголеми за 19,5% и достигна 3.921 милион евра. Номиналниот раст на јавниот долг доведе до зголемување и на неговото учество во БДП, коешто изнесува 45,9%, наспроти 40,5% во 2013 година. Ваквата динамика на јавниот долг во најголем дел се должи на зголемениот државен долг, односно на зголемениот надворешен долг на централната влада, а во помал дел и на растот на надворешниот гарантиран долг на јавните претпријатија и на акционерските друштва во државна сопственост. Притоа, од аспект на овие две компоненти на јавниот долг, продолжи тенденцијата на намалување на учеството на државниот долг во вкупниот долг (од 84,5% во 2013 година на 83,2%), за сметка на зголемување на учеството на гарантираниот долг (од 15,5% на 16,8%). Од аспект на резидентната структура на јавниот долг, учеството на надворешниот јавен долг во БДП порасна за 6,3 п.п. во споредба со 2013 година, и достигна 31,9%, додека учеството на домашниот долг за првпат после неколку години се намали и изнесуваше 14% (14,8% во 2013 година)“, се вели во извештајот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom