Фан Клуб: Реал Мадрид

A

apidrone

Гостин
Абе да го пишеше ова пред неколку месеци, па да се сложев. Ама Иско толку ја усоврши и пас играта, стварно не ми е јасно што утакмици гледате. Дан ви пуштаа стримови од лани, на која страна гледаш? :D
Го имам приметено неколку пати последните утакмици, во напад ја дава топката директно во играч, наместо во фор со што играчот мора да ја чека топката место да трча напред и така се губи предноста. Друга работа што ме нервира е што ја носи топката до играч на метро од него, т.е. ќе издрибла што ќе издрибла, ќе заглави и ќе дојде на метро од Крос (најчесто) и ќе го блокира и него и себе. Трето, многу пимплање на своја половина не е на арно. Ќе дојде појака екипа (Барса?), ќе искористи таков кикс и после ќе се чешаме.
И дај некоја асистенција чоече, ипак Хамес го мењаш.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Сеа минатово му ја нацрта на Роналдо на глава за 0:2, коа доби овации на гостување.

Него забележав еден интересен момент. Неколку моменти пред Иљара да влезе место Иско, ги дадоа во кадар Анчелоти и Иеро, како Иеро нешто му кажува, Анчелоти ни поглед не му упати и као само да му дае зелено светло. Онака као со пола уста, му одобри нешто. Неколку моменти после тоа Иљара го мења Иско. Од тука иде на тоа дека или Карло ја увидел грешката у претходната измена, па не со голема желба ја одобрува измената. Или некој го тера да му даваат константно минути на Иљара, за да извадат барем некоја нормална сума од него. На друго не ми иде. Само знам дека не му се допаѓаше ни на него измената, иако изјавуел као барал рамнотежа и морал таа измена да ја повлече. Ма кој ги ебе.
 
Член од
1 октомври 2013
Мислења
759
Поени од реакции
336
Го имам приметено неколку пати последните утакмици, во напад ја дава топката директно во играч, наместо во фор со што играчот мора да ја чека топката место да трча напред и така се губи предноста. Друга работа што ме нервира е што ја носи топката до играч на метро од него, т.е. ќе издрибла што ќе издрибла, ќе заглави и ќе дојде на метро од Крос (најчесто) и ќе го блокира и него и себе. Трето, многу пимплање на своја половина не е на арно. Ќе дојде појака екипа (Барса?), ќе искористи таков кикс и после ќе се чешаме.
И дај некоја асистенција чоече, ипак Хамес го мењаш.
Вчера слабо одигра ради уморот а не дека ги нема способностите на дриблинг и пас се виде уморот неможеше да оди..
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Голем дел од она што го прави Иско е отворањето на простор за Марсело и покривање на неговата страна. Вчера отвори тон простор за него само што ни едно нафрлување не погоди овој. Скоро на секоја утакмица ораат по таа страна, тоа му е задачата на Иско 80% од времето, асистенциите и головите му се втор план, впрочем затоа и игра толку почесто, Карло го сака фактот дека е флексибилен фудбалер. Последната изјава на Карло за Иско е дека, највеќе го почитува неговиот дефанзивен ангажман, па после се друго.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.083
Фан Клуб на C.F. Real Madrid
1 hr ·
Лукас Силва не го надминува ефектот на Иљараменди

Иако многумина се задоволни од настапите на Лукас Силва во Мадрид, сепак, после 3 последователни стартови за Реал, бразилецот веќе отвора многу сомнежи. Иако Силва и во изборот на Анчелоти пред Иљараменди, сепак бразилецот не е подобар од баскиецот во ниту еден статистички аспект од играта. После 265 минути во белиот дрес, тој има полоѓи бројки од оние на Иљара во актуелната сезона.

Лукас Силва има речиси двојно помалку пасови во просек по минута од Иљараменди. Има полош процент на успешни пасови, освојува помалку топки на теренот од Иљара, а истовремено губи повеќе топки. Посебно слаб беше неговиот последен настап, против Виљареал. Само 28 пасови на целиот натпревар. 19 помалку од Иско (47) и 36 помалку од Крос (64).

Освои само 2 топки, за разлика од 8-те на Иско и 11-те на Крос. Само Бензема имаше помалку (една). Бразилецот не направи ниту еден фаул, ниту пак доби. Иско имаше 1 направен фаул и 4 добиени, Крос 1 направен и 3 добиени. Не учествуваше ниту во прекините на акциите (Иско 13, Крос 16). Сето ова ја покажува ниската партиципативност на Лукас во екипата. Но, сепак сеуште е самиот почеток за него. Останува да видиме колку и дали воопшто ќе игра после враќањата на Модриќ, Кедира и Хамес.

 
Член од
1 октомври 2013
Мислења
759
Поени од реакции
336
и 2 пасови да прави лукас ќе биде поефикасен него овај до него...
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Ништо посебно, дека и дава одредена цврстина на средината поради тоа што доста трча. Споредбата треба да му е со Кедира не со Иљара, различен тип на играчи.

Добро е што Карло му верува колку толку па можеби ќе се приспособи подобро понатаму. Како и да е се чека на Модрич бидејќи никој не го мени него.
За летото нека ги разгледаат Гундоган и Хави Мартинез, особено Гундоган кој само што се врати али сеуште е одличен.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.138
Поени од реакции
28.890
Илара попрво на Касиљас ќе му ја врати одколку на Бензема да му подаде на напред.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.613
Поени од реакции
5.122
една моја рекапитулација за ситуацијата моментално..

-Хамес фали .... и тоа многу.
-Кедира/Лукас Силва - Тип на играчи што НЕ му одговараат на стилот на игра на Реал, гњаватори на топка, дефанзивни играчи/растурачи што у 90 % од натпреварот се Непотребни на терен, со Рамос и Пепе/Варан назад не ни требаат ама ИЧ.
- Модрич фали .... и тоа ептен.
-Бензема :confused: ќе изигра 2/3/4 по ред добри утакмици, уште толку ако не и х2 за ред потоа ќе изигра уште полошо.
-Бејл играч што му треба на овој Реал, само нешто ко да го мучи последно време/ кавгата со Роналдо? неговиот идол/ свирежите од Бернабе ? фризурата сигурно не:)
- Иско топ, Хесе мора повеќе време да има у игра/ не у загревање, место Бензема или Бејл кога не им иде, а не ги остава до 85 да се мучат, па освежи бе мајкуму.
- Роналдо o_O у неделата у 92 минута ( кога веќе секоја секунда се брои и секоја шанса е последна шанса) при еден центаршут - го има Чикарито дијагонално требаше САМО да му ја спушти топката на 1 метро од гол линија, он ја пуца со глава од скоро мртов агол у горен агол ( отиде над пречка ) .... па да водевме 4-0 па да разберам ... speechless
- Одбраната ТОП.
- Икер позитивно изненадува опет.
- Анчелоти .... ај да не го хејтам пошто после толку години освоивме ЛШ, па еден мал респект, алииии ја сватив колку е сатот уште при последниов пораз од Атлетико у гости (Ла Лига) , значи губиш едно пет натпревара уназад они (Атлетико) играат ист стил секојпат против нас И пази сега Карло вади ИСТ состав ( горе доле ради повреди) и ИСТА фромација ко сите претходни дуели :confused:.... мала паралела .... Мурињо губи со 5 гола примени од Тотнем, следна утакмица против нив искача со различен состав и различна фромација и победува без примен гол....
-мене најискрено Карло ми делува вака : овие ми се најдобри играчи ( моментална форма за играч не ни пита) со нив играм без разлика на противник/тајминг/замореност/мотивцација ... И сега ако им тргне супер победуваме ако не ..
/не паматм еднаш да искочи против некој противник "појак" на некоја поразлична/побитна од секојдневните утакмици со некоја поразлична формација пошто од некои тимови -Атлетико- сме веќе прочитани, па смени нешто мајкуму, играј 3-5-2 / 5-4-1 или па 4-4-2 зашто да не со Чикарито и Бензема навала, смени нешто/ изненади го противникот...

- у секој случај тврдам годинава Ла Лига е наша. Кад се мора - се мора....
 
A

apidrone

Гостин
Епа ај ако не следна утакмица со Атлетико Карло нека паркира автобус за да не ни се деси дебакл па можда ќе се надеваме на реми.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
За летото нека ги разгледаат Гундоган и Хави Мартинез, особено Гундоган кој само што се врати али сеуште е одличен.
Верати е подобар од двајцава. :P
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Верати е подобар од двајцава. :P
Може, не викам не, искрено го немам толку многу гледано така да неам појма каков играч е.

Гундоган да се врати на старите патеки (кога играа финале ЛШ), е можеби најперспективниот играч од средината кој може да го замени Модрич, комплетен фудбалер според мене. А и сега не е лош иако се враќа од тешка повреда, мислев дека комплетно ќе се изгуби.

Еве @Igorcemk нека подобјасни што се случува со него, баш ме интересира.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.190
Поени од реакции
21.334
Може, не викам не, искрено го немам толку многу гледано така да неам појма каков играч е.

Гундоган да се врати на старите патеки (кога играа финале ЛШ), е можеби најперспективниот играч од средината кој може да го замени Модрич, комплетен фудбалер според мене. А и сега не е лош иако се враќа од тешка повреда, мислев дека комплетно ќе се изгуби.

Еве @Igorcemk нека подобјасни што се случува со него, баш ме интересира.
Gundogan zasega e daleku od taa forma i momentalno nema da bide nikakvo zasiluvanje za Real, iako normalno ima golem potencijal koj veke go pokazal. Dosega mislev deka toj se sprema za transfer no momentalno sansite da prodolzi vo Dortmund i ne se tolku losi, posebno sto Reus go prodolzi svojot dogovor.
 

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Ројс го продолжи договорот за да добие пари дортмунд,да не биде за џабе.На лето си оди
 
Член од
1 октомври 2013
Мислења
759
Поени од реакции
336
Ливерпул сакаат да го доведат Асиер Иљараменди!

кога не успеа овде кај нас замената Чаби ќе успее таму наречена Џерард титула во премиер лига ќе земат никојпат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom