Драга Кајгана

D

Daedalus

Гостин
Го изглеав Transcendence. И надркан сум сеа. Ако некој ми каже дека електронските книги го немаат „духот“ на вистинските книги пошто нели, личната преференца за читање на принтан формат наместо слушање аудио книга/читање пдфка теба да се става како апсолутна вистина напишана на камен, како закон врз основа на кој се темели универзумот....
И дека денес, технологијата го уништува човечкото во секој од нас и тоа тука на форум ако го каже, ќе идам дома и прво ќе му го скршам компјутерот од глава, а послем ќе го зеам неговиот/нејзиниот таблет од кој прави селфиња и ќе го фрлам у киселина.

Идете на планина бе, зошто сите олеснителни околности, напредна медицина и нанотехнологија? Зошто користите фрижидери летото? Дури и глупото еспресо што ви го прават у кафич е резултат на технологијата што ја серете. Не бе, на оган го варат и кафето е штотуку обрано од плантажа.

Проблемот не е у технологијата, туку у тоа како е искористена, кога ќе го сфатите тоа? Кога ќе сфатите дека причините поради кои живееме во загадена средина со сјебана атмосфера се нашите пориви за моќ и профит и злооупотребата на научните сознанија и технологијата.
Напредокот на истата наука е тоа што утре можеби ќе ни го спаси еко системот и ќе доведе до поефикасни решенија за проблемите со кои се соочуваме, не е Исус, не е Аллах и не е реики чакра медитацијата.

Ние ја злоупотребуваме моќта која ја имаме без разлика на тоа дали е во форма на технологија/ друг капитал/информација/бутур и да, праиме нуклеарни оружја и ред други срања пошто сме шупаци, пошто треба да го смениме менталитетот и свеста (ако уопште таква утопија е можна), не пошто тоа е вина на напредокот на технологијата и науката поради кои сеа немате глупа дифтерија и просечен животен век од 40 години. Тоа што некад биле стрели, сеа се пиштоли. Нашите морални вредности се истата прича што не јебе само у ново паковање.
Чарето не е запирање на технологијата туку менување на нашата свест (се осеќам ко лош социолог на мотивационен семинар кога го кажувам ова).

Еј да, според некои фаци никад не може да постои АИ нели?
Во полза на нашата гордост и себичност е да мислиме дека ние сме сопственици на некој ексклузивен феномен наречен свест. Нешто мистично што не може да се објасни со електрични сигнали, нешто што не прави посебни и креативни.
Фак оф.
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
DK utre resila za medicinska sestra da ide a od krv se plasi. Sto e najtragicno se kara za sto sum i rekol i ti utre ke bides medicinska sestra... of mori...
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.358
Поени од реакции
1.766
Драга не се замарам ни со политика ни со плата ни со фонд
ке одамрам малку си ја симнав Max Payne 3 не ми сецка на лаптопот и ке си ја играм и ке се одморам и од бомби и од латас и од се ајде.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Можеби нејзиниот начин на живот би бил совршен, доколку живее во Нарнија.
Во реалниов сфет, девојко, ќе те згазат. Што би рекле старите, бери памет...
Што би рекол јас, вади катаната и почни да колеш, за да опстанеш...
 
Член од
9 август 2011
Мислења
422
Поени од реакции
1.138
Добро бе шо е со хеликоптерон шо врти у време кога се спие. Еден саат више кругови праи... глаата ми ја дупна .:yid:.
 
Член од
17 мај 2014
Мислења
124
Поени од реакции
214
Кајги, од сабајле завршив 27473 работи и се чуствувам како вчера да било пред три дена. Убаво е чуството кога работите ќе ти тргнат според зацртаното.
Еве го пиам првото кафе за денеска и слушам стари мак поп хитчиња. Песниве на Крстевски и после 15 год ме разнежнуваат :love:.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.092
Поени од реакции
4.927
Драга да ти кажам да не се грижиш @dzonyb се има логирано и постирано значи добро е , жив и здрав.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Dear K,

Аферата во која се извадија валканите алишта за жал не ни ги откри само политичките перверзии. Полошо, ни ја откри духовната мизерија на просечниот македонски човек, менталниот склоп на Македонецот кој е единствена причина зошто сме неуспешни како народ и како држава.

Го сменив својот став за медиумите. Порано ги сметав за аматери со ресурси, без никаква политичка култура и бон - тон. Сметав дека е срамен нивниот потценувачки однос, кога спинуваат со идиотски приказни во кои не ни поверувал ни полуретардиран мравојад. Сметав дека имаат право да си одберат страна, но да бидат суптилни, со нивните "мислеше / мислел" финти и со минутажа да натежнат на некоја страна, да го наведат гледачот да размислува во нивна насока ама јадникот да мисли дека мислењето е негово и да се чувствува како генијалец кој ја открил универзалната вистина.

Но сега ја гледам ситуацијата од агол на медиумите и сфаќам дека не можеш да натераш полуретардиран мравојад да размислува. Мора да му црташ за да втера нешто во црпката. Не можеш да стекнеш гледаност со Lost и Friends кога имаш публика чиј интелектуален капацитет не е доволен да решава мистерија или да сконта проста комична ситуација. Па им пушташ невести и султани, што да им правиш друго?

Се плашам дека се потребни генерации за да се промениме. А времето не ни е сојузник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom