До вчера си бев супер, сабајлево станав нос ми течи како чешма, лути упм го откорнав денес со паломите. Барем досега немам сеуште мака со грло, кивам ретко 3 пати ми се случи денес (али кога кивам кивам квалитетно 5-6 пати по ред). Маката ми е со носот, дајте некое чаре што да земам да мине побрзо, работното место ми е исполнето често со состаноци секојдневно и не ми е пријатно за време на состаноци да секнам нос или да кивам. Спас против течењево на носот, а воедно и што може да земам од аптека да мине побрзо настинкава?