Експресно поминаа измените – придонеси и за хонорарците!

Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Еве искуство од хонорарец кој на*бал од законов, малку е долго па го ставив во спојлер
Жално и страотно...[DOUBLEPOST=1420923112][/DOUBLEPOST]
Џабе му објаснуваш на студент кој еден ебан денар нема заработено во животот.
ооо гревчено...
тој сега си го заработува хонорарот од вас, пост по пост им наплаќа и тоа на црно да не мора 35% да плати :)
и сендвичот и конекцијата од вас му е :))
 
Последно уредено:
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Во најдолгиот месец од годината, хонорарците што земаат надомест поголем од 9.590 денари, ќе останат без примања. Од авторската агенција „Берин“ велат дека од ПИОМ добиле известување, во кое се бара од нив да не исплаќаат хонорари поголеми од 9.590 денари сè додека на интернет-страницата не биде објавено известување за тоа како ќе се вршат пресметките, пренесува мета.мк.

Причината за ова, како што стои во известувањето, е некоординираноста на Министерството за труд и социјална политика, ПИОМ и УЈП за новиот закон со кој е предвидено и хонорарците да плаќаат пензиско и инвалидско осигурување.

– Ни рекоа да почекаме затоа што има некои нејаснотии. Начинот на исплата е дефиниран, но, еве, и по неколку месеци откако е донесен законот, пресметката лебди во воздух. Ние од агенциите тогаш реагиравме со допис до надлежните министерства и им укажавме на можните проблеми, ама никој не сакаше да преземе нешто и тоа да се спречи. Затоа сега редовно ќе земат хонорар оние луѓе кои имаат побарување помало од минималната плата, но сите со износ поголем од 9.590 денари можеби ќе треба да почекаат. Тоа создава недоверба кај нашите клиенти иако ние не сме виновни за овие пропусти на надлежните институции – велат од „Берин“.

Ако државните институции сè уште не се координирани, зашто брзаа законот да почне да се применува од први овој месец, прашавме во Министерството за труд и социјална политика и во Министерството за финансии, но не добивме одговор. Прашања испративме и во ПИОМ, но никој досега не одговори на нив.

Целиот текст ке го прочитате тука.

Тешко на оние овој месец кои единствениот приход им е преку договори за хонорар.
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Според a1on хонорарците ке имаат поголеми расходи кон државата отколку редовно вработените:
На вчерашниот семинар за пресметка на трошоците за хонорарно ангажираните лица, на кој учествувале авторските агенции и претставници од Фондот за пензиско осигурување, Управата за јавни приходи (УЈП) и од Фондот за здравствено осигурување, биле претставени новите пресметки според изменетите законски решенија.

Како што дознава „Мета“, пак, пресметките предизвикале загриженост поради сумата која за придонеси треба да ја платат хонорано ангажираните лица.

Имено, во направената пресметка, која, им била доставена на обичен бел лист хартија, стои дека за сума од 12. 000 денари треба да се платат придонеси од 6.547 денари. Според познавачите, тоа е за 1.396 денари повеќе отколку за трошоците кои треба да се плати за редовно вработени лица.

Тоа, напишано на лист хартија, изгледало вака:

Пресметка на бруто износот на надоместокот по основ на договор на дело во нето износ 12.000 ден

Нето надомест 12.000
Бруто надомест 18.547
Вкупно данок и придонеси 6.547
Персонален данок 1.855
Придонес за ПИО 3.338
Придонес за здравство 1.354


Пресметка на бруто плата со актуелни стапки за придонеси во нето нето износ 12.000 ден

Нето плата 12.000
Бруто плата 17.151
Вкупно данок и придонеси 5.151
Персонален данок 520
Придонес за ПИО 3.087
Придонес за здравство 1.252
Придонес за завод за вработување 206 ден.
Дополнително здравствено осигурување 86 ден.

Инаку, според последните измени во Законот за хонорарните работници, е предвидено да се плаќаат 35 проценти од хонорарот за придонеси и за даноци наместо сегашните 10 отсто само за персонален данок. Но, со овие пресметки кои вчера ги добиле авторските агенции, износот на трошоци е поголем од 50 проценти. Тоа предизвика уште една забуна кај сметководителите, кои и онака беа во недоумица како да ги пресметаат давачките.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Ако мислиш на тоа за хонорарците не знам, не сум упатен во тоа.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Еве што УЈП насочува:
„Укажуваме дека исплатата на хонорарите на сметка на хонорарците треба да се врши согласно роковите кои ги договориле договорните страни, а како и досегашната пракса и обврска, исплатувачот во моментот на исплатата на хонорарот истовремено треба да го пресмета и уплати персоналниот данок. Што се однесува пак до пресметката на придонесите за договорите за дело и авторските договори, истите потребно е да се подготват и достават до УЈП најдоцна до 10-ти во месецот, а уплатата на придонесите да се изврши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, независно од тоа дали хонорарот е исплатен или не е исплатен“, се наведува во соопштението кое е поставено на веб страницата на УЈП. http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/500

Не постои држава во светов каде што се плаќаат придонеси и двачки за приходи кои не се исплатени. Додуша, оваа нелогична информација од УЈП е во спротивсност и со нашиот закон за облигациони односи, зошто договорот меѓу две страни се реализира кога двете страни ќе си ги исполнат своите должности и обврски, што значи дека договорот не е реализиран доколку исплатувачот не си ја исполни својата обврска да го исплати надоместокот. Кај нас често се случува и воопшто некои надоместоци/хонорари да не се исплатат, има случаи и кога исплатувачот на хонорарите оди во стечај, не е солвентен итн. И како ќе се плаќаат придонеси на нешто што не е остварено, зошто придонесите се плаќаат само на остварен приход.

Власта забега од кога победи на последниве избори, а со овој неуставен закон за плаќање на придонеси на надоместоците од сите видови договори, и, законот за високо образование, како самите против себе да си идат. Македонецот не иде на протести, молчи, но на следните избори ќе се рефлектира незадоволството од наложените обврски да се плаќаат придонеси на хонорарите/надоместоците. Од 150,000 хонорарци, под претпоставка барем 70,000 да биле симпатизери, поддржувачи на власта или гласале за неа зошто друга подобра опција не гледале, и, сега сите тие и нивните семејства се незадоволни од плаќањето давачки за надоместоци/хонорари, власта на следните избори ќе се слика и кае што донела ваков закон. Огромна е бројката од 150.000 луѓе на хонораарци односно луѓе што земаат разни надоместоци, кои ранат 150,000 семејства и како смееше власта да донесе закон без консултација на хонорарците, зарем не се свесни што значат 150,000 семејства (околу 450,000 луѓе) во Македонија, која сега нема повеќе од 1,7 милони жители?[DOUBLEPOST=1422704457][/DOUBLEPOST]
Чекајте, ќе дојде битушанец и ќе ни објасни дека не е ова лоша работа туку ние погрешно сме сфатиле.
Гледаш дека грешно си ме проценил/а. :)

Sega ke dojde i @leandra da mi kazuva kako me udrile po dzebot i pejam druga pesna :pos:[DOUBLEPOST=1422704865][/DOUBLEPOST]
Според a1on хонорарците ке имаат поголеми расходи кон државата отколку редовно вработените:
На вчерашниот семинар за пресметка на трошоците за хонорарно ангажираните лица, на кој учествувале авторските агенции и претставници од Фондот за пензиско осигурување, Управата за јавни приходи (УЈП) и од Фондот за здравствено осигурување, биле претставени новите пресметки според изменетите законски решенија.

Како што дознава „Мета“, пак, пресметките предизвикале загриженост поради сумата која за придонеси треба да ја платат хонорано ангажираните лица.

Имено, во направената пресметка, која, им била доставена на обичен бел лист хартија, стои дека за сума од 12. 000 денари треба да се платат придонеси од 6.547 денари. Според познавачите, тоа е за 1.396 денари повеќе отколку за трошоците кои треба да се плати за редовно вработени лица.

Тоа, напишано на лист хартија, изгледало вака:

Пресметка на бруто износот на надоместокот по основ на договор на дело во нето износ 12.000 ден

Нето надомест 12.000
Бруто надомест 18.547
Вкупно данок и придонеси 6.547
Персонален данок 1.855
Придонес за ПИО 3.338
Придонес за здравство 1.354


Пресметка на бруто плата со актуелни стапки за придонеси во нето нето износ 12.000 ден

Нето плата 12.000
Бруто плата 17.151
Вкупно данок и придонеси 5.151
Персонален данок 520
Придонес за ПИО 3.087
Придонес за здравство 1.252
Придонес за завод за вработување 206 ден.
Дополнително здравствено осигурување 86 ден.

Инаку, според последните измени во Законот за хонорарните работници, е предвидено да се плаќаат 35 проценти од хонорарот за придонеси и за даноци наместо сегашните 10 отсто само за персонален данок. Но, со овие пресметки кои вчера ги добиле авторските агенции, износот на трошоци е поголем од 50 проценти. Тоа предизвика уште една забуна кај сметководителите, кои и онака беа во недоумица како да ги пресметаат давачките.

На платите има даночно ослободување и затоа на платите се плаќа помалку данок и придонеси. Само во Македонија за хонорарите односно надоместоците нема даночно ослободување и се плаќаат давачки на целата сума.

Во земјите каде се плаќаат придонеси на хонорарите/надоместоците/авторскитот приходи, на секој надоместок се признаваат трошоци/расходи околу 40%, така што се плаќаат придонеси и даноци на 60% од сумата на хонорарот или надоместокот за некоја работа или извршена услуга. Затоа, кај нас законот за плаќање придонеси на хонорари/надоместоци е неправеден, зошто нема одземање на расходите од даночната стапка на хонорарците.
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.708
Поени од реакции
7.843
Дали придонеси ќе плаќаат и хонорарните владини полтрони што пишуваат на кајгана?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Како може државата да бара да се плаќаат придонеси за хонорари ако хонорарот не е се уште исплатен ????!!!!!

СПОРЕД СЕГАШНИТЕ ОСТРОУМНИ ПРАВИЛА до 15 во месецот треба да платите на УЈП придонеси за хонорар иако тие пари се уште не ви се исплатени??????? што доколку си се олесните од сопствен џеб, а хонорарот никогаш не ви се исплати? (Ова не е ништо ново се случувало и се случува) Ај што ми земате половина од хонорарот за придонеси или околу 45% (За 10 000 хонорар државата ќе ми земе 4800 денари, значи ќе работам за пишливи 5000) – Да разберам да ми рачунате на уплатени хонорари , ама вие сега АРАЧ ми мавате на ПРАЗЕН ЏЕБ???? НА СЕУШТЕ НЕ ДОБИЕН ХОНОРАР???

Хонорарци, а и вработени отворете очи – Според македонските закони УЈП не го интересира дали ви исплатиле вам или не тие се грижат само за парите кои ним треба да им се уплатат.



Не е од памет – дури и за плата.. Ако газдата му плати на УЈП придонеси за вас, а вам не ви исплати плата обидете се да се жалите во УЈП – ќе ви кажат дека опција ви е само да тужите.

И еве да речеме и да тужите – ај што ќе заглавите по судови најмалку 2 години – а дали знаете колкави се давачките за тужба и жалба на суд. Еве да речеме имате некоја зделка огромен хонорар за да поднесете тужба треба да платите процентуално од сумата која ја побарувате – а понекогаш овие пари кој треба да ги имате во џеб да му ги плукнете веднаш на судот (ако не не почнува постапка), се АСТРОНОМСКИ СУМИ

Од друга страна – очекувате од нас да завршиме школо за сметководители за да можеме ажурно секој месец да ви пополнуваме по 10 образци вакви и онакви ??? и да ви ги доставуваме до УЈП ( не сте свесни дека со ова ги малтретирате луѓето со непотребна папирологија.. Пресметајте сами колку сум зел на сметка та нели сте држава!!!)

Па прашувам ИМАТЕ ЛИ ПАМЕТ. Хонорарец кој едвај крпи крај со крај со 12/15 000 денари хонорар. ТРЕБА НА ДРЖАВАТА ДО 15 ВО МЕСЕЦОТ ДА ВИ ПЛАТИ ОКОЛУ 7000 од џеб иако хонорарот се уште не го видел??? и ако газдата го изигра и не му плати треба да има за секој случај уште едно 1000 евра во џеб за да може да тужи?????

Александар.П Скопје

- хонорарец не по своја вина. Хонорар со кој како единствен прилив го оддржува своето 3 члено семејство! (а сега од парите што сеуште ги НЕМАМ на сметка, треба однапред да и плаќам на државата и за тоа едно бедно хонорарче)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom