Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.652
Поени од реакции
11.681
За две недели полнам 5 години тука, ќе ме нема воопшто после тоа, завршувам со муабетите за Телема тука :) Доста беше нели... ;)


Јас сум против тоа некои да имаат бунари дома и да користат вода, а други да немаат и да плаќаат за водата... Што, среќна околност кој каде е роден? :) Ќе го турнеме така вашиот бог како архитектот на некаква си човечка иднина.

Така да, или сите бесплатна вода или сите ќе плаќаат. Е сега ти заклучи си самиот што имаш да заклучуваш.
Глупости дебатирате тука, далеку од темите... одете си таму во Мистерии и дробете колку сакате попара...
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.878
Ти мене ме правиш будала или себе си?! Овие напуштени рудници, бункери или што и да се за тебе се концетрациони логори?!
Значи на видеото што ти го постирав, типов оди точно до местото каде што наводно се тие кампови, во државата Јута! И на тоа место има само километри и километри рамници, пустина, едно големо ништо!
Уф ама нервозен си бил! Еве ќе прифатам дека сум погрешил а ти си бил во право но не со ваква аматерска снимка снимана од земја. Обезбеди ми снимка од инфрацрвена камера закачена на мултикоптер кој го надлетува тоа место и неговата поширока околина и истата околина да била испитана со метал-детектори. Дури тогаш ако овие направи не откриле ништо, ќе речам дека на ова (и само на ова) место нема ФЕМА камп.

P.S.: На сликите што ги постирав е прикажан подземниот аеродром Жељава, не да го прикажам како концентрационен логор, туку да ти покажам дека и онаму кадешто наизглед нема ништо и мислиш дека гледаш само пустелија, всушност има нешто за кое не си ни претпоставувал дека ќе го најдеш тука.

[DOUBLEPOST=1422724641][/DOUBLEPOST]
За две недели полнам 5 години тука, ќе ме нема воопшто после тоа, завршувам со муабетите за Телема тука :) Доста беше нели... ;)
Кај ќе одиш:confused:?
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики, кога молчиш си попаметен, верувај.
...што значи дека сум попаметен и од тебе...
А верувам и без твојот совет дека треба да верувам.

Према томе, не си ми од корист со твоиве совети.[DOUBLEPOST=1422725386][/DOUBLEPOST]
Добро е што завршувам со овие ненормални информации и глупости...
Ај се‘а напиши нешто понормално, оти гле‘ам дека реалноста не ти е доволно нормална...
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Уф ама нервозен си бил! Еве ќе прифатам дека сум погрешил а ти си бил во право но не со ваква аматерска снимка снимана од земја. Обезбеди ми снимка од инфрацрвена камера закачена на мултикоптер кој го надлетува тоа место и неговата поширока околина и истата околина да била испитана со метал-детектори. Дури тогаш ако овие направи не откриле ништо, ќе речам дека на ова (и само на ова) место нема ФЕМА камп.

P.S.: На сликите што ги постирав е прикажан подземниот аеродром Жељава, не да го прикажам како концентрационен логор, туку да ти покажам дека и онаму кадешто наизглед нема ништо и мислиш дека гледаш само пустелија, всушност има нешто за кое не си ни претпоставувал дека ќе го најдеш тука.

[DOUBLEPOST=1422724641][/DOUBLEPOST]

Кај ќе одиш:confused:?
Ама се зачуди,сигурно во манастир ќе оди,а таму нема интернет,ниту лаптопи,туку само поклонување и бакнирака на игуменот.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Малку излеговте од темата. :)
Ме интересира.
- Што мислиш за госпелот?
- Што мислиш за религиозниот егалитаризам во едно општество? Дали тој е битен или не? И дали би/е (бил) корисен или не? :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
- Што мислиш за госпелот?
Мислиш на „госпел„-ок како начин на вокално изразување верско-тематска музика или?...

Ако е музиката во прашање, би рекол дека звучи симпатично, така да „госпел„ пеењето веќе е практикувано и комерцијализирано преку музичкиот правец „ритам и блуз„ и преку самиот правец „госпел“„.[DOUBLEPOST=1422739185][/DOUBLEPOST]
- Што мислиш за религиозниот егалитаризам во едно општество? Дали тој е битен или не? И дали би/е (бил) корисен или не? :)
Ако верските заедници си ја гледаат духовноста и токму преку неа оформуваат добри граѓани, а притоа не се замараат со овосветовност, немам ништо против. Би рекол дека сум незадоволен од застапеноста на високото свештенство од МПЦ-ОА низ македонските медиуми.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Мислиш на „госпел„-ок како начин на вокално изразување верско-тематска музика или?...

Ако е музиката во прашање, би рекол дека звучи симпатично, така да „госпел„ пеењето веќе е практикувано и комерцијализирано преку музичкиот правец „ритам и блуз„ и преку самиот правец „госпел“„.
Дали можеби има некој госпел бенд (или хор) кој настапува во некоја православна црква или тој е застапен само во католицизмот односно во некои католички цркви?
И ако не постои, тогаш зошто православната црква е глува на оваа “духовна“ музика? :)

Ако верските заедници си ја гледаат духовноста и токму преку неа оформуваат добри граѓани, а притоа не се замараат со овосветовност, немам ништо против. Би рекол дека сум незадоволен од застапеноста на високото свештенство од МПЦ-ОА низ македонските медиуми.
Кога ги спомна овие од МПЦ. Што мислиш дали е правилна одлуката за ослободување на Вранишковски? :)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
...што значи дека сум попаметен и од тебе...
А верувам и без твојот совет дека треба да верувам.

Према томе, не си ми од корист со твоиве совети.
Така е Мики, дојди сега да ти ставам петка на обравче.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Дали можеби има некој госпел бенд (или хор) кој настапува во некоја православна црква или тој е застапен само во католицизмот односно во некои католички цркви?
И ако не постои, тогаш зошто православната црква е глува на оваа “духовна“ музика? :)
„Госпел„ (госпел=евангелие) е начин на пеење својствен само за протeстантските заедници, кој се практикува само во нивните храмови. Римокатолиците имаат свој вокален израз во црковното пеење, кој е сипматичен, признавам, но не е и продуховен.

Како веќе напишав, „госпел„ пеењето е набавливо во облик од музички изданија.

Православната вера и Црква не познаваат пеење на претходно наведените начини, каде редовно се користат и овосветовни музички инструменти, туку Црквата, во своите служби го користи само човековиот глас, а од „инструменти„ можат да се користат само камбаната, клепалото и кадилото.[DOUBLEPOST=1422801611][/DOUBLEPOST]
Кога ги спомна овие од МПЦ. Што мислиш дали е правилна одлуката за ослободување на Вранишковски? :)
Вранишковски, своевремо имаше „фора„ од месец дена да се покае и да се врати ви свештеничките редови од МПЦ-ОА, а по тој рок, беше расчинет и стана само обичен граѓанин. Зоран е суден од световните судови за проневера на пари, а не за нецрковно делување.

Ослободувањето на Вранишковски, како е познато, е чин на принуда, изнуда и нечесно условување, а не на истерување правдина било по световните, било по црковните закони.
 
Последно уредено:
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Анегдота (или не): Светски самит на демоните
Сатаната ги повика сите демони на светски самит:
Во воведното обраќање им рече на своите сатански братја :
– Не можеме да ги спречиме христијаните да одат во црква.
– Не можеме да ги спречиме да ја читаат својата Библија и така да ја откриваат вистината.
– Не можеме да ги одвоиме од нивната вера во Спасителот.
– Кога еднаш ќе воспостават врска со својот Христос, нам моќта над нив ќе ни биде уништена.
– Затоа браќа, да ги пуштиме да одат во својата црква, да ги пуштиме да имаат свои славски ручеци, но да го крадеме нивното време за да не стигнат да воспостават врска со Христос.

Затоа мораме да направиме следно:
– Максимално одвратете ги од размислувања и не дозволувајте да имаат врска со духовниот отец ни во еден момент во текот на целиот ден.
Но како тоа ќе го направиме, запиштеле демоните.
Вака братијо:
– Одржувајте ги што повеќе во работа, во се и сешто што е маргинално и беззначајно, за да потполно го окупира нивниот ум.
– Градете им супермаркети. Мамете ги да трошат пари, да купуваат, купуваат, купуваат, трошат, позајмуваат, земаат кредити, купуваат, трошат, позајмуваат.
– Терајте ги нивните жени да работат што повеќе. Тоа да се вика еманципација,мажите терајте ги да работат најмалку 6-7 дена во неделата и тоа 10 до 12 часа.
Животот без работа нека им стане празен и непознат.
– Што помалку време да поминуваат со своите деца. Семејството никогаш да не им биде собрано заедно, така да домот нема да може да им биде никакво засолниште од напорната работа и место за отпуштање и размислување.
– Окупирајте ги толку нивните мисли, што детските желби нема на стигнат ни да ги слушнат.
– Потолно запоседнете им ги сите сетила. Поттикнете ги секогаш кога ќе влезат во автомобилот да го вклучат радиото или ЦД-то, и да го напојуваат мозокот со ступидарии.
– Дома постојано да им биде вклучен ТВ-орот, видеото, плеерот, ЦД-то или компјутерот.
– Потрудете се секоја продавница и секој ресторан да има музика која нема духовно да ги поврзе со Бог. Треба потполно да им го запоседнеме умот, и да ја скршиме секоја можна врска со Христос.
– Кафитериите наполнете ги со магазини и весници со лесна содржина.
– Полнете ги им ги главите со секакви вести 24 часа дневно.
– На секое ќоше од градот и долж патиштата нека се наоѓаат рекламни билборди, така што мислите ниту во еден момент да не им одлутаат…
– Наполнете им ги поштенските сандачиња со реклами потрошувачки каталози, и со сите можни огласи и лажна надеж.
– Списанијата наполнете ги со пластични убавици какви што никаде не постојат, така што да го поттикнеме нивното константно незадоволство со нивните жени. Постојано во мислите нека ги бараат измислените убавици од филмовите и списанијата.
– Одржувајте ги нивните жени уморни и неспособни за било каква љубов со сопрузите.
– И давајте им секојдневна главоболка.
– Кога се рекреираат , во тоа нека претеруваат. Бесконечно нека ги напумпуваат и нека ги затегаат своите мускули.
– Од теретаните и од џогинг патеките нека се враќаат потполно исцрпени.
– Секоја вечер нека одат на забава, и нека зјапаат во телевизори, нека одат во ресторани, дискотеки, театри…
– Што повеќе нека следат спорт.
– Никогаш да не стигнат да одат во природа, да не гледаат во небо, и ни случајно да не почнат да се восхитуваат на Божјата креација.
– Децата на ушите постојано да носат слушалки, и нека оглуват од вокмени и ајподи. Децата да им се играат со петарди, и да се затупуваат со видео игри, кои ќе ги наведат постојано некого да ловат убиваат, и прстот нека им се навикне постојано да чкрапа на џоистикот како на чкрапало.
– Децата нека им возат ролери и скутери, и сето она кое ќе ги натера да се навикнат да носат кацига. Не им давајте да си играат со кучиња скитници, мачки, птици, билки, и се она кое Креаторот го создал.
Нека се плашат од кучиња скитници, мачки, глувци, мравки, бубачки и сето останато кое Креаторот го создал. Дајте им го Дедо Мраз за да нивните деца никогаш не сфатат што навистина е Божиќ.
– Дајте им го воскресниот зајак за да никогаш не говорат за Воскресението и за силата на животот надвор од гревот и животот по смртта.
– Нека се воодушевуваат од автомобилите, моторите, јахтите, авионите, куќите…
– Ни во еден момент да не им дозволите да бидат опуштени, да почнат да ја чувствуваат природата, да влезат во хармоничен однос со Создателот, меѓусебно да си помагаат, и да почнат да мислат дека силата на Креаторот е во нив самите, па светот да можат да го кројат по своите желби и потреби.
– Запомнете браќа демони, нашата философија е дека Бог не го создал човекот туку човекот Бога.
– Не им давајте да живеат според учењето на Христос и по Божјите закони или со нас е готово…

http://www.preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/15814-anegdota-ili-ne-svetski-samit-na-demonite
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.247
Поени од реакции
78.873
http://tocka.com.mk/1/149825/ziv-go-zapalile-ova-e-mozebi-dosega-najbrutalniot-poteg-na-islamskata-drzava-voznemiruvacka-sodrzina
eve podloga za komentiranje ,samoto po sebe objasnuva sto zlo se ovie luge , a kolku tocno e samo gospod znae.
dodeka vo islamot najstrogo e zabraneto da se kaznuva zivotnite so ogan a kamoli covek .eden den se ke izleze na videlina civi zastapnici se ovie gnasotii.
А сепак Муслиманите од Балканот бобрзаа да се приклучат и да праќаат пари на Исламската Држава.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Потопот навистина се случил.
Што мислиш, каде отишла водата од последното ледено доба кога се стопиле глечерите?






Затоа и легендите за Потопот ги имаш помеѓу сите народи во светот зашто сите биле засегнати од топењето на таа огромна количина лед.





https://www.scribd.com/doc/51847978/Ian-Wilson-Prije-Potopa-Before-the-Flood
Ако во потопот биле покриени и наквисоките планински врвови, каде е сега вишокот вода? Ако од секој животински вид имало по најмалку две единки, како собрало на арката над 5 милиони влекачи, цицацчи, глодари, птици....кога знаеме дека арката била со димензии - 130 метри должина, 15 метри висина и 30 метри ширина? Како може милиони видови на растенија да преживеат 150 дена под вода? Земи кое сакаш растение и стави го под вода толкав период, па дојди и кажи што ќе се случи со него.
П.С. Што се сличи со предлогот за реката јордан? Прифаќаш ли?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.878
Ако во потопот биле покриени и наквисоките планински врвови, каде е сега вишокот вода? Ако од секој животински вид имало по најмалку две единки, како собрало на арката над 5 милиони влекачи, цицацчи, глодари, птици....кога знаеме дека арката била со димензии - 130 метри должина, 15 метри висина и 30 метри ширина? Како може милиони видови на растенија да преживеат 150 дена под вода? Земи кое сакаш растение и стави го под вода толкав период, па дојди и кажи што ќе се случи со него.
П.С. Што се сличи со предлогот за реката јордан? Прифаќаш ли?
Aман бе, човек! Она што ти го напишав јас во претходниот пост е научно втемелен факт, а ова што го пишуваш ти е мит од еврејскиот фолклор. Како можеле да бидат покриени и највисоките планински врвови? Знаеш ли колкава количина би претставувала таа вода и колкав притисок врз копното би создала? Сè испод себе би згмечила. Плус тоа, таа вода никаде не можела да отиде. Единствено би можела да биде повлечена од некое големо небеско тело кое би поминало во близина на нашата планета. Ама верувам знаеш дека после таква блиска средба, на земјата не би останал ни најпримитивен облик на живот. Види што пишувам во претходниот пост. Постепено се топеле глечерите од последното ледено доба бидејќи земјата се загревала и нивото на морето постепено растело. И е нарастено за повеќе од 120 метри за 10 000 години од почетокот до крајот на топењето на ледот од последната глацијација . И тука нема ништо чудно. Ако се стопи ледот на Гренланд и добар дел од ледот на Антарктик, нивото на морето ќе порасте, а многу островски земји и ниските крајбрежја нема повеќе да постојат.

Што направил Ное? Ное бил земјоделец. Тој веројатно од контактите со ловците-собирачи и од морепловците веќе дознал дека одредени крајбрежни региони веќе се проголтани од морето и дека истото може да ѝ се случи и на неговата Месопотамија.

Тој направил брод по инструкциите кои му ги дал Бог, внатре си ги ставил овците, козите, коњите, магарињата, камилите, кокошките, мисирките и други домашни животни. На бродот му се качиле и глувци и птици кои живеат во човечка близина како што се гулаби, гаврани, џивџани и ластовици.

Надошла огромна вода по текот на реките Тигар и Еуфрат, ги фатила на препад, изненадени и непотготвени жителите од местото кајшто живеел Ное и околните водоплавни места, и ги удавила. Ное со жена му, синовите и снаите се спасил, бидејќи веќе се качил на бродот по предупредувањето од Господ.

Во денешно време таква огромна поплава се случи 1998 во Бангладеш.

http://en.wikipedia.org/wiki/1998_Bangladesh_floods

P.S.: За жал, не сум во можност да ти правам друштво до Јордан.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom