Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
7 октомври 2014
Мислења
73
Поени од реакции
104
Види нејќам да влагам у дуел пошто тек треба да стигне,ама прашав 3 газди на бигл,сите ми кажаа дека не завиваат,а немаат потреба да ме лажат.Прочитав и јас такво нешто,и на догс 101 го кажуваат тоа,но...џрт ми се некако многу мали,башка кај нас го најдов само Киско,неговите се па со кратки нозе,тоа не ми се свиѓа...шина ину ми се прескапи,иако би одбрал такво,пошто најмногу сакав стафордче,ама дома се категорични дека такво НЕјќат :D

ПС веќе кога си тука,за лабрадорчето кое прашував е на девојка ми,и јадела земја...нормално е тоа ? јас знам дека трева јадат и дека тоа е нормално,ама ЗЕМЈА ? :D
И моево 5 месечно бандитче (лабрадор) е во фаза како бебињата, све што се наоѓа на земја го става во уста. Ваљда ќе им помине таа фаза :P
п.с. и моево јадеше еднаш земја :D
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Ај сега ме интересира нешто...кутрево на девојчето,лабрадорче женско има 2 ипол месеци скоро,и е многу мирно разиграно ги сака итн...не праи проблеми за ништо,слуша наредби,пример дај рака,чека јадење и слично...НО,кога има играчка во уста,и и викаш ДАЈ она рже и се тегне,кога ќе кренеш рака демек да ја удриш пушта.Истото го прави и кога ја караш и ако мафташ со раката у стил што си направила ти а ? она рже и лае...на девојкава и е смешно но јас знам дека од мали нозе треба да се решаваат тие работи,па дали е нормално или ? мада е пре малечка за да стане газда ама што знам...ај мислење од поискусните ?[DOUBLEPOST=1422215146][/DOUBLEPOST]и уште нешто...ми пратија слики од едно малечко машко кутре од бигл,во 3 бои е,но кафената боја му е бледа,а знам дека треба да биде окер-кафена ама јака боја онака убаво да се гледа...а на грбчето е црно и бело нема кафено...јас сакав да биде мешано и на грбчето со кафено црно бело,човекот ме убедува дека ќе сменело боја дека е уште малечко,знам дека мењаат ама дали е можно до тој степен да смени ? моментално има 62 дена...ај побрзо мислење ако може :D
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
311
Поени од реакции
302
Од толку запоставени кучиња сите се затрчаја да фрлаат пари за "ново". И после "коооолку ги сакаме животните". Какво лицемерие и снобизам. Кучињава ви се украси, кур не ве заболе за нив.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Од толку запоставени кучиња сите се затрчаја да фрлаат пари за "ново". И после "коооолку ги сакаме животните". Какво лицемерие и снобизам. Кучињава ви се украси, кур не ве заболе за нив.
Извини вака да те прашам, тебе ти гледа некој во чинијата што јадеш? Ти брои залаци?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.278
Поени од реакции
4.685
Извини морам да те прашам каква е таа раса териер?
Зашто има џек расел териер, западно шкотски бел териер, бул териер, руски териер,ловен териер итн...? Не постои раса териер :confused:
Како тоа незнаеш кој териер е :confused:??? Од мајка МАЛТЕШКА ПУДЛА, само еден вид на териер може да искочи.

Imam kuce terier od majka malteska pudlica i tatko terier, dali nekoj ima takva sorta da razmenime mislenje
Има мн луѓе што имаат мешанчиња, ама баш па од расите кои ти ги наведе не сум сретнал. Пиши што те интересира поконкретно има луѓе кои се запознаени со расите кои ги спомна па може ќе ти дадат совет.
ПС наведи каков териер е таткото.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Ме интересира една интересна, бар за мене, појава кај кучињата. Зошто кога ќе те душнат и осетат дека си имал контакт со друго куче (па и познато што му, значи пријателче) почнуваат да бидат агресивни и лаат, па некогаш и напаѓаат? Зборам кога се разделени, не пуштени едно до друго.
 
Член од
13 мај 2013
Мислења
201
Поени од реакции
32
Дали во Струмица постои место за бањање и нега на домашните миленици...?
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
ја добив најразбраната и најразиграната германска овчарка.Не го знаев ова се додека не почнав да ја носам на рид кај мене во маало и ја пуштав да се истрча, бидејќи куче нели. Пред тоа не беше пуштена, строго на ланец бидејќи не знаев каков и е наравот, што е нормално. првиот ден од кога ја пуштив од ланец, толку трчаше и се радуваше на слободата. Ридот кај мене е огромно место, трчаше слободно, но и ја повикував кога ќе се оддалечеше со цел да се научи на наредби. Веднаш се враќаше кај мене и чекаше повторно наредба за да трча пак. Ме изненади позитивно со овие постапки, па веќе две недели немам гајле, ја пуштам на рид и трча како нездрава. Што е најдобро, се разбира од наредби од старт, па не доаѓа во предвид да земе нешто од земја што не сум и го дал јас или татко ми. Почнува да се опушта полека во новиот дом што страшно многу ми се допаѓа, јаде два пати на ден по 300 грама месо, зеленчук и леб, а понекогаш и варени јајца сосе лушпи. кога јаде и давам и по една ампула со калциум. многу сака чешлање на крзното. единствена маана (ако може да се нарече маана) е тоа што лае на непознати, се истура од крвничко лаење се додека не излезам јас или татко ми. По мене лае секое сабајле кога и е време за шетање и прво што мора да го направи е да ми ги стави шепите на гради и да ме извалка малку. Многу е среќна, стравот и се губи полека, накачи на маса и лае на други кучиња, т. е им покажува кој е газда. До мене има комшии што имаат ротвајлер и не смее веќе да залае ако почне да лае мојата кучка. не го ферма ни 2% дека постои. А има 6 месеци и допрва ќе учи и ќе расте. :)

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
ми требаат неколку совети околу германскиот овчар.Како што знаете,земав германски овчар женка стара 6 месеци.Каде што била претходно била малтретирана,тепана и недоволно хранета.После скоро месец дена кај мене накачи на маса и полека се опушта во новиот дом,но одвреме навреме гледам дека сеуште има страв.На пример кога се доближувам накај неа да си играм,ги спушта ушите позади од страв,а кога се оддалечувам од неа ги крева ушите како што треба.Некоја "финта" да ја ослободам од стравот и да ја опуштам,да не се плаши и да не ги спушта ушите така?
Друго,не можам никако да ја натерам да се заигра со нешто,макар со топче.Кога ја пуштам знае да се истрча убаво едно саат време и се е во ред со неа,нема страв ни ништо,ушите и се кренати цело време,ама не знае да игра со топче никако.
и друго, кога е најубаво да ја избањам,на пролет?со каков шампон,колку пати?

Заигрување стварно незнам кај мене јас сум тој што го молат за играње. А за бањање исклучиво со кучешки шампон пожелно е кога е потопло времето зашто ја чуваш надвор. А и најдобра опција ти е да си земеш купон за бањање на кучиња и за некој 500 денари ќе ти го избањаат и суво ќе ти го вратат. Зашто ти е надвор пожелно е да ја научиш редовно да се чешла за полесно да и ја вадиш нечистотијата да немораш да ја бањаш мн често. Никако бањање со црево надвор и они сакаат потопла вода како и ние луѓето, немој да се залажуваш со она куче е ништо нема да му биде зашто ќе кукаш после тоа за парите што ќе ги дадеш по ветеринари.
 
Пробај давај и од рака храна,а за играњето донеси друго куче во двор само пази да не е територијална,или надвор зближи ја со други кучиња,па фрлај му на тоа куче топче да гледа како треба да игра,веројатно така ќе се опушти и ќе сфати дека треба да си игра со топчето,ваљда никад никој не и фрлил топче и не ја играл чим била тепана и малтретирана.
 
не не,не ја бањам сега,не ни имам намера,тоа на пролет во када,мерак ми е јас да ја бањам.Ќе си купам шампон каков треба и ќе ја избањам,макар и 10 пати да треба да ја враќам во када ако бега :)

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Пробај давај и од рака храна,а за играњето донеси друго куче во двор само пази да не е територијална,или надвор зближи ја со други кучиња,па фрлај му на тоа куче топче да гледа како треба да игра,веројатно така ќе се опушти и ќе сфати дека треба да си игра со топчето,ваљда никад никој не и фрлил топче и не ја играл чим била тепана и малтретирана.
утре ќе земам храна и за секоја успешна наредба ќе и давам по малку храна,размислив и на тоа,ама дека дрчна е ќе ми ја изеде раката :D
кога ќе и се доближам ги подвиткува ушите,тоа е знак на страв,а кога ќе се оддалечам ги крева ушите право нагоре и почнува да лае дека си одам.насабајле кога ја шетам обавезно јакната ми ја прави лом и мора да ме излигави,па ја пуштам на едно ритче да се истрча едно саат време и најокеј е,цело време е со ушите право нагоре како што треба.за други кучиња да и носам искрено не сакам тоа,бидејќи лае на бездомните кучиња и им се пушта.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Епа вежбај ја.Не смее да лае и да ги напаѓа.Ниту едно куче не смее да го прави тоа,најмалку германски овчар.Мора да работиш со неа,и не мора да значи дека се плаши ако ги витка ушите можда едноставно сака да се гали,дали бега од тебе кога и се доближуваш,да се стуткува како кифла да се витка...обично тоа се знаци дека се плаши,да витка опаш,да се свиткува итн...

За кучињата пробај да работиш со неа,јас имам другар кој што има питче,најмило на цел свет е,мажјак,градба има како арнлод,ама напаѓа туѓи кучиња најчесто машки,цело лето го чував јас односно го шетав и со мене никад не ги напаѓаше,се костресеше целиот али не ги напаѓаше...голем проблем е тоа,пошто така шетањето ти станува напор,а кога го шетам со другар ми цело време бркаме кучиња,се расправаме со газди итн.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom