Нокаут фаза (финале КАТАР-ФРАНЦИЈА)

Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Катар - Полска, натпревар кој може со 2 збора да се опише: голмани и судии. Кога имаш голманско дуо кое е тотално во аут, тешко е да се победи. Уште потешко кога во апсолутно секој покритичен момент Катарците добиваа солиден подарок од судиите. Сосема се согласувам дека треба да имаш квалитет за да можеш да ги искористиш подароците од судиите. Не спорам дека се солидни Катар. Ама апсолутно не се согласувам дека немаат влијание сите тие тенденциозни одлуки. Едноставно имаат огромна психолошка предност играчите на Катар кога знаат дека имаат "ветер во грб" од судиите. Едно е да си играш на рает ракомет, друго е во секоја акција да треба да се пазиш од било каква ситуација која може да ја протолкуваат како пробивање, чекори, 2 минути и слично и само таму да ти е паметот. Буквално исти фаули на едната страна 2 минути, на другата метри. Цело првенство за фаул на крило при влез се суди како 7 метри и 2 минути, само кај Катар секој 4 таков фаул е 2 минути, а другите им ги простуваат. Не е само до реалниот ефект на крај и краишта. Психички во поим ја убиваат екипата овие одлуки. Немаа потреба од толку екстремно многу помош како на претходните натпревари ама буквално со судиските одлуки ги скршија Полјаците. Од 2те истовремени исклучувања во првото полувреме, преку дуплиот престап на Марковиќ, до комичните "чекори" на Вишниевски. Едноставно нема екипа која може психички да го издржи тоа кога е комплетно еднострано. Освен можеби...

Франција - Шпанија - Е тоа ти се французите. Цела групна фаза тотално непрепознатливи, со полуаматерски ракомет и цели десет минути во повисока брзина (последните со Шведска). Ама дојдоа елиминациски, како друга екипа се. Едноставно во вакви завршни натпревари никој не им може. И тоа пред се заради Омејер. Во групната фаза меѓу најслабите голмани на првенството (ми се чини 28% имаше) не се замара, ама како и скоро секоја година ќе дојдат полуфинале/финале и по 20 топки од кои повеќе од пола зицери брани. Тотално ги откажа Шпанците, нема потреба ни да ги коментирам, добро почнаа ама се покажа дека како џабе да играа. Едноставно уште 2 дена да играа пак немаше да победат. Ги викаат голема четврока, ама да не се лажеме, Французите се класа над другите и кога губат најчесто самите себе се победуваат. Тешко некој да ги надигра.

Додатен фактор за финалето на Катар е и ждрепката. Едно е да ги минеш Австрија, Полска без Јашка, Лијевски и ефективно без голман и Германија која се испука во групната фаза, сосема друго е некои од големите екипи во топ форма во завршница на првенство. Според мене, колку и да им помагаат судиите нема што да бараат во финалето. Се ми се чини дека Франција за сите досегашни "победи" ќе им наплати па макар и со играч помалку цел натпревар го игра. Доволно беше да се погледнат 2те полуфиналиња за да се согледа разликата во класи...
 
Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Разлика помеѓу просек и врвен е голман е баш ова што денеска го прикажа Омејер,у натпревар против јак противник да бидеш на вакво ниво,алал да му е
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
Што не се буневте кога за нас играа Кастратовиќ, Кисељева, Радуловиќ, Чупиќ, Платон итн. :D

Или кога игравме Европско/Светско во ватерполо :свиркам:
и јас ова ќе прашав, лицемери едни
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Нема да дозволат демолирање врз Катар, инаку во било кое време 10 разлика немаше да им бега...
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.291
Колку само немаа знаење Шпанциве на крај..исто како ние против Словеницте..ај демек нас не не бива, али овие како можеа така аматерски да пропуштат пар шанси на крај за израмнување..:tapp:[DOUBLEPOST=1422667434][/DOUBLEPOST]
Иначе, овие три поста ги имав букмаркирано:

Не ги кажувам јузерите да не биде педерски, ќе се пронајдат самите колку беа во грешка. :свиркам:
Ова е дебилно цитирање. Не се пронајдов меѓу постовите, али тоа што Катар стигна до финале не значи дека ние немаше да ги тепавме во меѓусебен дуел.
Ова е што би било кога би било..
Исто како сега ја да земам да цитирам луѓе што викаа дека Хрватите се јаки поради тоа што изгубија во 1/4 финале..
Кој знае што би било во меѓусебен дуел меѓу нас и Катар....или кој знае што би било ако Хрватска ги тепаше Полска..ама не ги тепаше..а и ние не игравме со Катар....
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.909
Поени од реакции
1.762
Знам на која финта мислиш, на ова клипче е слично нешто(иако не е баш тоа што ти го мислиш,ама не успеав да најдам клипче со таква финта)..Јашка е еден од најдобрите играчи во ситуација еден на еден.Страшен еден два има,крши зглобови,кичми нон стоп.:icon_mrgr:Да играше тој,финале не им бегаше.

гол.
Не е таа ...финтата ее со топкање одит на лева страна и ја влечит на десна ----или обратно ....баскет финта ... или топкат со лева према десна страна страна и одма со десната ја топкат на левата ....во ракометот само тој ја на имат направено....ке покушам да ја најдам.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440

Играта со тело,и менување страна во трк е одлика која мора да ја поседува еден среден бек,а по можност и некој од бековите(лев,десен)..
Ете и Швабите имаат такви индивидуалци,како Друкс,Вајнхолд....
Одлично го покриваат дефицитот во висина...
Е сега кај Јашка е интересно и специфично шо неговата финта е многу побрзо изведена..
Зошто Јашка ова го прави во трк,во полна сила и останува на нозе,а овие другите како Карабатиќ на пример паѓаат и ја носат зоната и противничкиот играч со себе....
Не знам зошто не играше на СП,знам дека долго време беше повреден,и сигурно не сакаше да ризикува пак со повреда..
Ако играше тој,многу подобри ќе беа...
Ептен малери им се случија,Лијевски аут,баш кога најмногу требаше..
Ројевски е добар,ама ја нема таа висина за врвен десен бек,подобро тој другиот десен бек да го пуштеше побрзо,подобро се снајде...
Ројевски беше уништен од Бенали,око не отвори...
Катар - Полска, натпревар кој може со 2 збора да се опише: голмани и судии. Кога имаш голманско дуо кое е тотално во аут, тешко е да се победи. Уште потешко кога во апсолутно секој покритичен момент Катарците добиваа солиден подарок од судиите. Сосема се согласувам дека треба да имаш квалитет за да можеш да ги искористиш подароците од судиите. Не спорам дека се солидни Катар. Ама апсолутно не се согласувам дека немаат влијание сите тие тенденциозни одлуки. Едноставно имаат огромна психолошка предност играчите на Катар кога знаат дека имаат "ветер во грб" од судиите. Едно е да си играш на рает ракомет, друго е во секоја акција да треба да се пазиш од било каква ситуација која може да ја протолкуваат како пробивање, чекори, 2 минути и слично и само таму да ти е паметот. Буквално исти фаули на едната страна 2 минути, на другата метри. Цело првенство за фаул на крило при влез се суди како 7 метри и 2 минути, само кај Катар секој 4 таков фаул е 2 минути, а другите им ги простуваат. Не е само до реалниот ефект на крај и краишта. Психички во поим ја убиваат екипата овие одлуки. Немаа потреба од толку екстремно многу помош како на претходните натпревари ама буквално со судиските одлуки ги скршија Полјаците. Од 2те истовремени исклучувања во првото полувреме, преку дуплиот престап на Марковиќ, до комичните "чекори" на Вишниевски. Едноставно нема екипа која може психички да го издржи тоа кога е комплетно еднострано. Освен можеби...

Франција - Шпанија - Е тоа ти се французите. Цела групна фаза тотално непрепознатливи, со полуаматерски ракомет и цели десет минути во повисока брзина (последните со Шведска). Ама дојдоа елиминациски, како друга екипа се. Едноставно во вакви завршни натпревари никој не им може. И тоа пред се заради Омејер. Во групната фаза меѓу најслабите голмани на првенството (ми се чини 28% имаше) не се замара, ама како и скоро секоја година ќе дојдат полуфинале/финале и по 20 топки од кои повеќе од пола зицери брани. Тотално ги откажа Шпанците, нема потреба ни да ги коментирам, добро почнаа ама се покажа дека како џабе да играа. Едноставно уште 2 дена да играа пак немаше да победат. Ги викаат голема четврока, ама да не се лажеме, Французите се класа над другите и кога губат најчесто самите себе се победуваат. Тешко некој да ги надигра.

Додатен фактор за финалето на Катар е и ждрепката. Едно е да ги минеш Австрија, Полска без Јашка, Лијевски и ефективно без голман и Германија која се испука во групната фаза, сосема друго е некои од големите екипи во топ форма во завршница на првенство. Според мене, колку и да им помагаат судиите нема што да бараат во финалето. Се ми се чини дека Франција за сите досегашни "победи" ќе им наплати па макар и со играч помалку цел натпревар го игра. Доволно беше да се погледнат 2те полуфиналиња за да се согледа разликата во класи...
Французите вчера имаа две лица,едно перфектно,кога мелеа се пред себе,и едно кога не знаеа кај тераат..
Од 30-45 минута се изгубија тотално....
Чиста среќа шо го имаа Омејер,кој беше во свој ритам,и имаа позитива на полувреме,иначе ако беше мечот тесен или Шпанија да израменеше или поведеше ќе се изгубеа тотално..
Шпанците ја изгубија шансата да израмнат,тогаш мечот можеше да замини во сосема друг правец..
Кадењас ги испушти конците од рака,баш кога беа во налет..
Го седна Македа на клупа и не го врати,по рвањето со Карабатиќ,грешка според мене..
Со Македа беа далеку поопасни во напад,Алекс со своите 187 см беше стопен...
Немаше ни позиција за шут,ни проток на топка,ништо,тотално го уништија вчера...
Тоа е таа одбрана на Французите,тие 4ца горили,те фаќа еден ти излегува и одма доаѓа уште еден од брадестите браќа да те дотолчи,или Нико или Лука,тоа удвојување...
Во оваа одбрана се ненадминливи..
А Шпанците како мали деца се наместија во дувлото на лавот...
Со тотално во аут Ентрериос,со изморен Кањелас,со малиот Алекс и со борбениот Агинагалде,кој според беше единствен кој можеше да игра во таа одбрана,но сепак не можеше повеќе од тоа..
Плус имаше 2,3 ситуации кога судиите не свирнаа чист пенал за Шпанија во второ...
Со таква поставеност на играта во напад Шпанците се изгубија,наместо да пробаат малку да ги рашират кон крила,тие се закопаа на средина...
Тоа е таа одбрана на Французите,едноставно те убива во поим,не е ни чудо шо Кањелас од умор в раце им ги даваше топките,какви само дуели имаше:shok2:,мораше да го одмори малку...
Во напад тотално аут беа Французите во второ,очај беа...
Карабатиќ не даде гол цели 50 мин,Бараше беше затворен,Нарцис и тој...
Ако не беа тие дупки на линијата кои се создадоа на крај на мечот,кога им се закануваше пасивен напад немаше да ги дадат ни тие 8 гола на крај...
Не блескаа вооптшто Французите,но заслужено тепаа,најмногу заради Омејер и слабиот напад на Шпанија,во сите други параметри беа тука некаде...
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.909
Поени од реакции
1.762
Играта со тело,и менување страна во трк е одлика која мора да ја поседува еден среден бек,а по можност и некој од бековите(лев,десен)..
Ете и Швабите имаат такви индивидуалци,како Друкс,Вајнхолд....
Одлично го покриваат дефицитот во висина...
Е сега кај Јашка е интересно и специфично шо неговата финта е многу побрзо изведена..
Зошто Јашка ова го прави во трк,во полна сила и останува на нозе,а овие другите како Карабатиќ на пример паѓаат и ја носат зоната и противничкиот играч со себе....
Не знам зошто не играше на СП,знам дека долго време беше повреден,и сигурно не сакаше да ризикува пак со повреда..
Ако играше тој,многу подобри ќе беа...
Ептен малери им се случија,Лијевски аут,баш кога најмногу требаше..
Ројевски е добар,ама ја нема таа висина за врвен десен бек,подобро тој другиот десен бек да го пуштеше побрзо,подобро се снајде...
Ројевски беше уништен од Бенали,око не отвори...

Французите вчера имаа две лица,едно перфектно,кога мелеа се пред себе,и едно кога не знаеа кај тераат..
Од 30-45 минута се изгубија тотално....
..
Карабатич излезе сам и играше само во одбрана ---Фернандез тапа беше и тука се вратија во игра Шпанците,
Нико е мајстор и во одбрана и во напад и плус на тајмаутите ја водит екипата
и глупите Швегани мислеа ке го фатиме Карабатич и готово е ,
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Haha Vori:pos:
Jas ne znam so mu se slucuva na deckoto?
Haha.debilce.
I ovie arapite od PSG treba da si reagiraat pobrzo da go sutnat,zosto homoseksualecot e skroz padnat vo forma.
Zariba motorot.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
За денес,ако отворат Французите како шо отвораа со Словенија и Шпанија,а дури и да не отворат така фуриозно, ако има свој ден психопатот на голот тогаш ништо не ги спасува Катар....
Посебно зошто Катар нема таква одбрана како Шпанија па да ги натера да грешатФранцузите...
Иако со таа подвижна одбрана можат да направат доста проблеми,посебно ако нема ден Нико...
Зошто Катар според мене во моментот има поопасна,не поквалитетна,поопасна бековска линија од Шпанците,можеби на некој ќе му звучи лудо,ама во моментот далеку подобро делуваат Капоте-Марковиќ отколку на пример Каљелас-Македа,посебно вториот..
Шпанија битката ја изгуби од бековите,ништо не дадоа ни средниот ни десниот бек,минорен учинок....
Оставам мал простор за изненадување,заради Ривера кој сигурно ќе проба да извлези некој џокер во ракавот....
Сигурно Ривера не е толку наивен како Кадењас па да не ги увиди грешките во екипата,сигурно во текот на мечот ќе проба да ги корегира сите слаби алки во синџирот....
И судиите ќе видиме како ќе се однесуваат,баш ме интересира да видиме како Французите ќе поминуваат со тие нивни стартови при удвојување,посебно на таа 4ка разбивачи шо ја имаат на средината..
Ако има продомаќинско судење тогаш очекувам еден куп исклучувања за Франција...
Од друга страна пак би го спомнал психопатот,од голема важност за Французите е како ќе отвори против едно од најсилните оружја на Катар,двојката Капоте-Марковиќ..
Посебно овај првиот.....
Се покажа како клучен Кубанецот во победите на Катар,и со Австрија,и со Швабите и во прво полувреме со Полска...
Е сега против одбраната на Французите сигурно нема да има толку простор како со другите,ама пак ќе оди на шут,плус многу е јак физички и многу скочен,ќе има мака Бараше со него..
Ако не идат брзо на дуплирање брадестите браќа ќе имаат голема мака со него,посебно ако нема ден психопатот....
Плус да не го заборавиме пикерот на Катар,Борха Видал,дечкото е планина од пикер,206 см,120 кила,многу подвижен,знае да загради простор,ќе имаат огромна мака да го задржат браќата,и и сигурно ќе се скрати просторот за удвојување на лев и десен бек,најсилното оружје на Французите,така го убиваат нападот,Бараше или Сораиндо ти излегуваат на тебе,а еден од браќата доаѓа на помош и те дотолчува..:icon_mrgr:
Ама денес мислам дека ќе имаат мака со таквата игра...
Посебно ако се разигра средниот бек Малас,дечкото е струја брз,многу незгоден играч,нешто како Дани Сармиенто...
Ако овај успее да прај простор за пикерот или брзо да да се ослободува во игра еден на еден ќе ги поремети ептен Французите....
Па да продолжува топка или до лев/десен бек или до крилата...
Затоа според мене е отворен мечот,зошто и Катар не е слаб како шо многумина мислат...
Ако влезат Катарците во мечот како треба,да го издржат тој прв бран на Французите кога се најопасни ќе имаат некоја шанса...
И секако Шариќ да биди во елемент,без едно 12-15 одбрани на Шариќ немаат шанса...
Да се надеваме дека ќе има добар меч,ако гледаме пак меч како лани на ЕП нема да е интересно...:pos:
Јас денес ќе наавивам за Катар....ми испаднаа фаворитите....:D
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.909
Поени од реакции
1.762
Дали имаме некој млади дво метраши во Македонската лига што треба да се изделкаат за во одбрана за репрезентацијата?
Наместо да влечкаме туристи од типот Димовски,престапот,Филип и уште неколку ,треба да им се даде шанса на ЕП во Полска .
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Мислам дека Капоте нема да игра денеска, прочитав пред некој ден дека и Гребиј и тој се повредиле во полуфиналето....
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899
Мислам дека Капоте нема да игра денеска, прочитав пред некој ден дека и Гребиј и тој се повредиле во полуфиналето....
Го перел Масератито.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Дали имаме некој млади дво метраши во Македонската лига што треба да се изделкаат за во одбрана за репрезентацијата?
Наместо да влечкаме туристи од типот Димовски,престапот,Филип и уште неколку ,треба да им се даде шанса на ЕП во Полска .
Нема веќе играчи само за во одбрана, или знајш да играш напред и назад или стап за тресење ореви ќе бидиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom