Формула 1 - сезона 2015

Шампион за 2015 според Вас...


  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
Ред Бул RB11 промовиран во камуфлажни бои
 

Attachments

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Ова Хонда-ва нешто денес слабо иде...
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
2015 ХЕРЕЗ ТЕСТ: ВЕТЕЛ НАЈБРЗ СО ФЕРАРИ, АЛОНСО СО МЕКЛАРЕН ПОСЛЕДЕН


Себастијан Ветел, кој дебитираше во болидот на Ферари, СФ15-Т, го постави најбрзото време на првиот ден од тестирањето во Херез, имаше одредени проблеми со телеметријата, што не му овозможи да го комплетира посакуваниот број на кругови. Рекордер беше Нико Розберг, со болидот на Мерцедес АМГ, кој изгледаше импресивно и комплетирани 157 круга, двојно повеќе од сите останати тимови.

На половина од денот ништо не навестуваше дека Ветел ќе го има најбрзото време, затоа што до паузата за ручек Розберг неприкосновено беше осамен на врвот на табелата, со половина секунда предност пред Даниел Рикиардо со Ред Бул. По паузата за ручек, Себастијан Ветел по проблемите со телеметријата, кои одзедоа многу време да се поправат, излезе на патеката за она што се покажа дека е квалификациона симулација, т.е извозе неколку брзи кругови, од кои најбрзо време беше 1:22.620, половина секунда побрзо од Розберг, кој до крајот на денот беше поминат и од возачот на Заубер, Маркус Ериксон.

Нико Розберг и Мерцедес АМГ не беа нешто потресени од тие случувања на патеката, туку само вртеа круг по круг со темпо за во трка. На крај сопреа на 157 комплетирани кругови, речиси сто пати повеќе од Ветел и речиси двојно повеќе од Ериксон. Иако ова не се болиди со премногу непознаници, но што е многу, многу е за прв тест ден. Ако Мерцедес АМГ ја имаат решено издржливоста на W06 до перфектност, слободно може да ја скокнеме и оваа Ф1 сезона. Ќе навиваме само кој ќе им прави друштво на подиумот на двајцата возачи на овој тим. Имам претчуство дека и борбата меѓу нив нема да биде истата од минатата година.

Од тимовите од кои се очекуваше повеќе кругови секако се Ред Бул и Мекларен. Даниел Рикиардо успеа да комплетира 35 круга во претпладневниот дел од сесијата, кога неговиот РБ11 почна за испушта бел чад од моторот и веќе не се врати на патеката. Сепак на првиот ден комплетираа двојно повеќе круга, од сите четири тест дена од минатата година во Херез. Поставеното најбрзо време беше доволно за четвртото место на табелата.

Мекларен и Фернандо Алонсо мораше да се задоволат со само шест круга. Имаа задоцнет почеток на денот по проблемите со болидот. Алонсо комплетираше неколку инсталациски кругови, а за некои побрзи обиколки и не можеше да стане збор, па затоа го имаше убедливо најбавното време со заостанување од огромни 18 секунди зад најбрзиот болид. Според фановите на патеката во Херез, Хонда V6 не звучел баш дека е со во ред.

По задоцнетиот почеток на денот и од страна за Вилијамс, Валтери Ботас успеа да дојде до 73 комплетирани круга, забележувајќи го петтото најбрзо време. Зад него се пласираше Карлос Саинц ЈР во својот деби настап во болидот на Торо Росо. Ја заврши сесијата еден час пред официјалниот крај поради технички проблеми, предизвикувајќи го едно од двете црвени знамиња. Другото црвено знаме по извртувањето на патеката во почетокот на денот го предизвика Маркус Ериксон со Заубер, тим кој е особено задоволен од првиот ветувачки тест ден.

Утре, понеделник, на вториот ден од тестирањето, своето деби ќе го има Холанѓанецот Макс Ферстапен со Торо Росо STR10. Покрај тоа, го очекуваме на патеката E23 болидот на Лотус, кој доцна вечерва пристигнал во Херез. Инженерите на овој тим ги очекува сложен процес на негово подесување во текот на ноќта и утрешниот ден, па првото позначајно појавување на патеката во Херез се очекува дури во вторник, 3 Февруари. Фотографии од денешниот ден на нашата ФБ страна

ПРВ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ферари 1:22.620 60
2. Маркус Ериксон Заубер 1:22.777 + 0.157 73
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:23.106 + 0.486 157
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:23.238 + 0.718 35
5. Валтери Ботас Вилијамс 1:23.906 + 1.286 73
6. Карлос Саинц ЈР Торо Росо 1:25.327 + 2.707 46
7. Фернандо Алонсо Мекларен 1:40.738 + 18.118 6
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Day 2,
1 Vettel (Ferrari) 1:20.984
2 Hamilton (Mercedes ) 1:22.490
3 Bottas (Williams) 1:24.131
4 Verstappen (Toro Rosso) 1:24.167
5 Nasr (Sauber) 1:24.338
6 Maldonado(Lotus) 1:26.069
7 Button (McLaren) 1:54.655

Алонсо си иде од Ферари, Ферарито најбрзо :icon_mrgr:
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.759
Поени од реакции
20.467
И лани на тренинзите во Херез Ферари беше најбрз па....
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Се радувам за најбрзото време на Ферари али сепак, ова не значи ништо. Секој си тестира посебен дел и никој не ги открива картите. Ќе видиме во Мелбурн најубаво кој до каде е.
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
2015 ХЕРЕЗ ТЕСТ: ВЕТЕЛ ФОРСИРА, БОЛИДИТЕ СО МЕРЦЕДЕС ПЕ ВОЗДРЖАНИ


Себастијан Ветел повторно го постави најбрзото време и на вториот ден од тест сесијата во Херез, комплетирајќи 89 круга. Рекордер како по обичај беше тимот на Мерцедес АМГ, но Луис Хамилтон имаше далеку помал број, 91 круга, наспроти 157-те на тимскиот колега. Тоа е како резултат на првите проблеми со нивниот болид, т.е. се појави истекување на вода, што значеше предвремен крај на денот за Шампионот.

Себастијан Ветел најбрзото време го постави при квалификациона симулација, т.е извозе неколку брзи кругови, од кои најбрзо време беше 1:20.948, седум десетинки од секундата побрзо од вчерашното време. Најбрзото време во двата случаи беше поставено на медиум гумите на Пирели. Тој утре го предава болидот на Кими Раиконен, кој треба да тестира на последните два дена.

Ред Бул и Мекларен повторно со проблематичен ден. Дањил Квјат во своето деби со RB11, на почетокот на денот имаше мало излетување, при што го скрши предното крило. Изненадување беше тоа што во тимот на Ред Бул немаа резервно предно крило, па младиот Русин извозе само инсталациски 18 круга, без поставено време. За утрешниот ден се очекува да пристигне замена за оштетеното предно крило од нивната база во Милтон Кејнс.

Истата судбина на Фернандо Алонсо ја имаше и Џенсон Батон, повторно со само шест круга. Хонда ПЕ има големи проблеми на почетокот од првата пред сезонска тест сесија. Иако ова се вообичаени проблеми кои ги имаа останатите тимови минатата сезона, но 6 круга на ден се многу премалку за тим кој би атакувал на висок пласман.

Конечно свое деби на патеката имаше болидот на Лотус, Е23, а прв зад воланот седна Пастор Малдонадо. Болидот беше составуван за време на ноќта, но сепак успеа да комплетира повеќе кругови од Мекларен и Ред Бул, но она што не остави впечаток е релативно бавното време. Веќе се чувствува издржливоста на Мерцедес Бенц ПЕ, што наговестува многу подобра сезона за овој тим.

Повторно втор најбрз беше Заубер, за кој дебитираше Фелипе Наср, со меките гуми на Пирели. Повторно солиден број на кругови, 88. Валтери Ботас го забележа третото набрзо време со 61 комплетиран круг. Макс Ферстапен со болидот на Торо Росо сесијата ја заврши на 5-тото место на табелата. Во попладневниот дел од сесијата заврна дожд, а Холанѓанецот и Џенсон Батон беа единствените возачи кои излегоа да ги испробаат болидите на влажната патеката.

Утре, вторник, 03.02.2015, тест сесијата продолжува во својот трет ден. Фотографии од денешниот ден на нашата ФБ страна.

ВТОР ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ферари 1:20.948 89
2.Фелипе Наср Заубер 1:21.867 + 0.883 88
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:22.319 + 1.335 61
4. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:22.490 + 1.506 91
5. Макс Ферстапен Торо Росо 1:24.167 + 3.183 73
6. Пастор Малдонадо Лотус 1:25.802 + 4.818 41
7. Џенсон Батон Мекларен 1:54.655 + 33.671 6
8. Дањил Квјат Ред Бул / / 18[DOUBLEPOST=1422902930][/DOUBLEPOST]
Се радувам за најбрзото време на Ферари али сепак, ова не значи ништо. Секој си тестира посебен дел и никој не ги открива картите. Ќе видиме во Мелбурн најубаво кој до каде е.
Секако дека времињата на тест сесиите се релативни... Ферари форсира со квалификациски времиња на медиум гуми, Мерцедес вози симулации на трки на тврди гуми(единствен тим кој ја крие својата брзина), но и тоа е прашање дали е така... Инженерите на Ф1 тимовите кои го познаваат однесувањето на гумите знаат за што се кадарни болидите на Мерцедес АМГ. Хонда и Мекларен, барем засега, нема што да кријат, немаат никаква издржливост, катастрофа... Ред Бул заостануваат со конструкцијата на РБ11 за оваа сесија и ништо не покажаа до сега... Врвен тим само со едно предно крило?!? Вилијамс го нема еланот од минатата сезона... Заубер би требало да е многу подобар од минатата сезона... Форс Индија со најава дека нема да учествува на првата трка, финансиските проблеми се зголемуваат. Виновник повторно Сироткин... Лотус треба да е друга приказна со моќта на Мерцедес Бенц ПЕ...

Ф1 се намалува и во тимови и во фанови...
 
Последно уредено:
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.135
Поени од реакции
5.241
Ех само да му покаже некој на старецот што беше формулава случајно налетав на дуеливе, страшно што уствари беше вистинска Ф1 и коментаториве уште толку адреналин ти дигаат ... да загреваме атмосфера уште месец и нешто до почетокот :P
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Уау РБ-от ептен бед ес изгледа вака, мајке ми. Две секунди откако го видов болидот, одма пред очи ми излезе Спајди-Веном контрастот :D:D. Исти !

#ИсторискотоПартнерство на тимот мој напатен гледам арно тргнало .. :jajce::sramezliv::kafence:


ПС - Новиот Заубер ме потсети на Џордан од пред 15 години. :)
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
2015 ХЕРЕЗ ТЕСТ: ФЕЛИПЕ, НО НЕ МАСА, ТУКУ НАСР НАЈБРЗ НА ТРЕТИОТ ДЕН


Фелипе Наср и Заубер конечно на третиот тест ден успеаа да го победат Ферари, но со меките гуми на Пирели. Второто најбрзо време за Кими Раиконен кој го превзеде болидот на Ферари. Во текот на ноќта врнеше дожд во Херез, па така денешниот ден започна на влажна патека.

Како што се сушеше асфалтот, така времињата се подобруваа. Нико Розберг беше зад воланот на W06 Hybrid и повторно рекордер со комплетирани 151 круг и трето најбрзо време. Само еден мал проблем кога неговиот болид застана на патеката пред паузата за ручек, но ништо сериозно.

Ред Бул и Мекларен како по обичај беа најпроблематичните тимови. Мекларен и Хонда го имаа најдобриот тест ден, на кој Фернандо Алонсо успеа да комплетира 32 круга во утринските часови.

При второто излегување Шпанецот откри проблеми со ПЕ, што значеше предвремен крај на денот. Тоа го остави MP4-30 убедливо на последното место од табелата. Интересно е да одбележиме дека од тимот Алонсо доби јавни пофалби дека го открил проблемот уште пред да биде детектиран од компјутерскиот софтвер.

Кај болидот на Ред Бул се вратија "гремлините" од минатата сезона, па мораше да биде променета ПЕ на Рено. Тоа значеше многу малку комплетирани кругови за Даниел Рикиардо, кои ги извозе во неколку кратки стинтови при крајот на денот. Пастор Малдонадо со Лотус Е23 успеа да комплетира 91 круг, но на крајот од сесијата неговиот болид се исклучи на патеката.

Фелипе Маса за прв пат имаше шанса да го испроба 2015 болидот и го забележа најбрзото време за F37 на оваа тест сесија. Ретко го спомнуваме тимот на Торо Росо, кои мирно си ја спроведуваа својата тест програма, а денес имаа 136 круга без никакви проблеми.

Утре следува последниот тест ден во Херез, а следна станица е патеката во Барселона од 19-22 Февруари. Фотографии од денешниот ден на нашата ФБ страна.
ТРЕТ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧТИМВРЕМЕРАЗЛИКАКРУГОВИ
1. Фелипе НасрЗаубер1:21.545108
2. Кими РаиконенФерари1:21.750+ 0.20592
3. Нико РозбергМерцедес АМГ1:21.982+ 0.437151
4. Фелипе МасаВилијамс1:22.276+ 0.73171
5. Пастор МалдонадоЛотус1:22.715+ 1.16896
6. Карлос Саинц ЈРТоро Росо1:23.187+ 1.642136
7. Даниел РикиардоРед Бул1:23.901+ 2.35648
8. Фернандо АлонсоМекларен1:35.553+ 14.00832
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835
Уау РБ-от ептен бед ес изгледа вака, мајке ми. Две секунди откако го видов болидот, одма пред очи ми излезе Спајди-Веном контрастот :D:D. Исти !

#ИсторискотоПартнерство на тимот мој напатен гледам арно тргнало .. :jajce::sramezliv::kafence:


ПС - Новиот Заубер ме потсети на Џордан од пред 15 години. :)
не те потсети на стариот заубер? Џордан не беше жолт?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom