Македонски фудбалери во странство

P

pepito*

Гостин
Изминативе две недели во Прилеп се оддржуваше турнир во мал фудбал ( вечерва е финалето ), на него го видов Зоран Даноски, уствари беше тешко да не го приметиш. 1990 година роден, играл во Чешка, Прибрам. Против екипата што отприлика беше составена од футсал репрезентативците (капитен им беше Левески) постигна хет трик и кога ја имаше топката, репрезентативциве изгледаа како аматери. Во следната утакмица со два гола од мртов агол сам направи пресврт и ја пласираше екипата во финале. На неговиот фејсбук профил имаше најавено дека се враќа во Македонија да игра фудбал и се надевам некој ќе го примети, оти да не бев импресиониран немаше ова да го пишувам. Иначе, за тие што не го знаат турниров, да пишам дека заради големиот награден фонд, полн е со играчишта од цела Македонија (сегашни и поранешни професионални фудбалери, футсал репрезентативци) и не е заебанција ако еден се издвојува на ваков начин.


0:56 еден од неговите голови, 1:46 е негова интервенцијата

А, еве и едно вакво видео најдов

btw дечкото има прекар Шукер :ojeaa:
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Незнам што се нервирате. :toe: Имаше еден јак коментар на фб и потполно се слагам и вели вака:
-“Една цепаница од кубик дрва не се примеќа многу нели?„ :cool:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
А, што се деси со големите таленти Бабунски, играат ли воопшто? Иначе, прадедо им е Јован Бабунски, српски четник и злодеј.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.915
Поени од реакции
924
Денис Махмудов вчера потпиша едноиполгодишен договор за Цволе. Доаѓа од екипата на Ексцелзиор од трета холандска лига, каде што бил најдобар стрелец со постигнати 35 гола на 42 утакмици.

http://www.peczwolle.nl/nl/nieuwsarchief/aanvaller-denis-mahmudov-vertrekt-naar-pec-zwolle2013-12-28


Дејан Пешевски за Тип: Бреша потврди. Кажа да. Останувам во оваа екипа. Според проценките во среда би требало да добијам пасош. И тогаш ќе потпишам за оваа екипа. Денеска настапив за првиот тим. Славеме победа од 2-0 во средбата со Примавера. На мојот прв натревар за Бреша имав две асистенции. Во петок сабота и недела ќе тренирам индивидуално по два тренинга. Понеделник и се приклучувам на екипата. Доколку ги добијам потребните документи, ќе осатнам без никави дилеми. Во спротивно ќе бараме алтернативно решение со договор од лето да се приклучам на екипата. Верувам дека админстративната пречка ќе биде нaдмината и дека среда ќе потпишам офцијално“. -на голема радост на сите ни пренесе младинскиот репрезентативец.

Поранешниот фудбалер на словачките екипи Спартак Тарнава и Ружомберок, Дејан Пешевски успешно ја помина пробата во италијанскиот второлигаш Брeша. 20 годишниот македонски младински репрезентативец на првиот натревар за неговиот нов тим имаше две асистенции. Како што дознаваме Бреша повеќе од еден месец се обидуваше и сега успеа да го ангажира исклучително талентираниот млад фудбалер. Се надеваме дека Пешевски до среда ќе добие пасош од Европска Унија и успешно ќе биде надминат овој проблем од админстративен карактер со што уште еден наш фудбалер ќе заигра во Италија.
Драган Стојков ќе тренира со ЛА Галакси

„Бев целосно изненаден и збунет кога видов дека овој тим ме бара на двонеделна проба“, ни изјави Стојков

Македонскиот фудбалер Драган Стојков в петок заминува за Америка. Тој доби покана да биде дел од екипата на ЛА Галакси две недели со можност да потпише договор со овој тим, но ова ќе биде добра можност да биде виден и од некој друг тим, па да најде нова средина откако замина од Јагодина.

„И самиот не можев да верувам дека ЛА Галакси сакаат да одам кај нив на проба. Ќе бидам таму две недели и ќе одиграм неколку натпревари. Добро е тоа што на мечевите ќе бидат и менаџери на некои други тимови, па тоа ќе биде добра можност за трансфер.“, ни изјави 25-годишниот Стојков.

ИМАШЕ ИНТЕРЕС, НО ОВА МИ Е ПРЕДИЗВИК
Зошто баш ЛА Галакси? Затоа што е голем тим, затоа што е нешто невообичаено за наш играч да игра во МСЛ-Лигата...

„Голема чест е ова за мене. Од американскиот фудбал знам само за тој тим, за ЛА Галакси. Таму игра една величина, како Дејвид Бекам, а сега игра Роби Кин... Искрено имав понуди во некои други клубови од Романија, Бугарија, Србија но ова ми е предизвик. Затоа одам да тренирам во ЛА Галакси, и ќе дадам сe од себе да се покажам во светло издание. Искрено се изненадив, но од друга страна за мене е голема чест.“, додаде Стојков, кој за младата репрезентација има забележано 10 настапи.

ТРЕТ „МАКЕДОНЕЦ“ ВО ГАЛАКСИ

Стојков нема да биде првиот Македонец кој ќе има можност да биде дел од ЛА Галакси. Во минатото од нашите фудбалери кои настапувал таму е Ламбе Арнаудов, поранешниот претседател на тогашниот фудбаслки сојуз на Македонија. Исто така и Јован Кировски, Американецот со македонски корени играл за овој тим. Стојков ќе биде третиот кој ќе има можност да биде дел од Галакси, екипа, која на клупата го има поранешниот селектор на С.А.Д. Брус Арена.

Г. Бошев

http://www.sport.com.mk/default.asp?ItemID=0F1E70F148A43F468D58D1B5E6C0CA27&fb_action_ids=10201464482280139&fb_action_types=og.likes&fb_source=other_multiline&action_object_map=[247449128762097]&action_type_map=["og.likes"]&action_ref_map=[]

шо бидна со сите овие цитираниве?
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.964
Поени од реакции
25.278
шо бидна со сите овие цитираниве?
Младиот македонски интернационалец Дејан Пешевски по две сезони го напушти словачкиот фудбалски шампионат откако денеска се одлучи да потпише за словенечки Копер. Тој само по шест месеци го напушти Спорд Подбрезова и одлучи да се пресели во клубот од словенечкото крајбрежје.

Пешевски потпиша договор на шест месеци за моментно седмопласираниот клуб во словенечката лига, со можност по крајот на сезоната да биде продолжен договорот. Како што дознаваме, тој во декември минал десетдневен тест период во овој тим, а откако денеска ги мина и медицинските прегледи официјално стави потпис на договорот.

Македонскиот интернационалец претходно играпе и за Ружомерок и за Спартак Трнава, а своето деби за новиот клуб се очекува да го има веќе в четврток на пријателскиот дуел со Ријека.
Ова од пред две недели потпишал за словенскиот клуб.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.915
Поени од реакции
924
http://en.wikipedia.org/wiki/Zoran_Baldovaliev

царов е еден од рекордерите од нашите игрчачи за смена на клубови
од 12-3 годишна кариера 14 клуба има сменето :D
али јебига нека има пари па за другото
еве ја келнер си работам па у 2 години 7-8 ресторани сменив :Кезец:
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
937
шо бидна со сите овие цитираниве?
Направи трансфер во друг тим во НАСЛ, веројатно втората по ранг лига во САД... Пошто играше во вториот тим на ЛА Галакси мислам дека направи добар потег....
Еве подетално

Струмичанец направи транфер во американската НАСЛ лига

Драган Стојков, направи трансфер во НАСЛ лигата, во тимот на Инди Илевен во Индијанополис. Со трансферот, на Стојков, во тимот на Инди Илевен, првпат еден македонски интернационалец ќе заигра НАСЛ лигата.



26-годишниот Стојков, минатата сезона играше за вториот тим на ЛА Галакси во УСЛ Про лигата, и настапи на 16 натпревари. Претходно како што е познато, настапуваше за Беласица, за грчките Егалео и Илисиакос, како и Напредак Крушевац и Јагодина во Србија.

http://strumicadenes.mk/strumicanec-napravi-transfer-vo-amerikanskata-nasl-liga/

http://www.indyeleven.com/news/detail/uuid/nhr3qu934ktl1hdab5rs2moyz/nine-for-eleven#.VMrBVNLF9Ao

И веб страната на Инди елевен каде го пишува Драган Стојков како нивно појачување за 2015 година....
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Гол што вреди повеќе пати да се прегледа. Секоја чест се сомневам дека моментално имаме подобар шутер од младичов.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Гол што вреди повеќе пати да се прегледа. Секоја чест се сомневам дека моментално имаме подобар шутер од младичов.
Абе не заебавај, класичен кикс на голманот :)
Од 40 метри му шутира и топката иде право по средина, кај што е и голманот, види како месечар е :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom