Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ама ти не сфаќаш дека он не создал грешка. Тука е кај тебе проблемот во сваќањето.
Ако не создал грешка, тогаш од каде осуда кај него? Зошто би посочувал нешто како проклето, погрешно, зло?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Бог очекувал (знаел, пошто нели бил совршен и семоќен) сите ангели да бидат совршени, бидејќи мислел дека совршено ги креирал. Тој ангел што згрешил, не бил совршено креиран.

Не може да креираш производ, човек без раце и нозе, и да го казниш зошто не победил во трка на 100 метри. Ова само садист го прави.
Сите биле совршено креирани.Кај сатаната се јавува љубомора, болна љубомора. На пример зашто Господ го ствара човекот и го поставува за главен и да му се поклонат сите други ангели. Значи си имало еволуција, додека било како што било све бил океј, но Госпдо не застанал тука туку продолжил понатаму да ствара и да се менува ситуацијата. И туку како што народно се кажува, на дожд полжавот ги покажува роговите, така и сатаната го покажал своето право лице.[DOUBLEPOST=1419265808][/DOUBLEPOST]
Ако не создал грешка, тогаш од каде осуда кај него? Зошто би посочувал нешто како проклето, погрешно, зло?
Значи еве на емен ми е дадено слободн ода се развивам, јас овде пишувам, можам да земам да читам книга, да учам факултет итн. Значи сатаната по своја воља почнал така да се развива свесно. Сигурно му било укажано дека оди по погрешен пат, дека греши, тој не прифаќа, не послушува. И сега кој е крив?
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ако Бог допишта се, тогаш дали гледа причина, смисла за се?[DOUBLEPOST=1419265231][/DOUBLEPOST]
Јас не барам ничија кривица! Посочувам на парадокс кој вие очигледно сте неспособни да го воочите. Креатор кој тврди дека е безгрешен, а посочува дел од својата креација за грешна.
Тоа е исто како да го прашаш Хитлер дали гледа причина и има смисла што ги пратил 6 милиони евреи во Аушвиц и што предизвикал уште 10 пати повеќе смрт на други луѓе,инвалидитет,разурнувања итн.Нормално дека ќе ти рече да,има смисла и причина,сигурно не ги пратил зошто така му текнало.Значи да разјасниме,како што Бог може да разбере огромна хуманост,онака баш пожртвувана хуманост,индивидуална или систематска,така исто може да го разбере лудилото и дивеењето на човекот без разлика дали штетата е еден мртов или 100 милиони мртви или било што крајно ужасно и монструозно.
Според психологијата,обично профилот на еден крајно луд психопат е тоа дека во детството бил малтретиран од врсниците,тепан,омаловажуван итн.Ова во денешно време е екстремно застапено,и после се чудиме како некој може да биде толкав монструм.Ја гледаш причината ?.. ете ти ја во болдот.И Бог го знае истото.Затоа ја гледа смислата и причината во се,БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ТИЕ СЕ КРАЈНО НЕГАТИВНИ ИЛИ КРАЈНО ПОЗИТИВНИ.ЗНАЧИ ЗБОРИМЕ ЗА ''ГЛЕДАЊЕТО'' ИЛИ ''ПРЕПОЗНАВАЊЕТО''.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.069
Поени од реакции
19.838
Сите биле совршено креирани.Кај сатаната се јавува љубомора, болна љубомора. На пример зашто Господ го ствара човекот и го поставува за главен и да му се поклонат сите други ангели. Значи си имало еволуција, додека било како што било све бил океј, но Госпдо не застанал тука туку продолжил понатаму да ствара и да се менува ситуацијата. И туку како што народно се кажува, на дожд полжавот ги покажува роговите, така и сатаната го покажал своето право лице.
Да биле сите совршено креирани, немало да се јави љубомора. Пошто Бог е семоќен, нели, знаел дека кај сатаната ќе се јави љубомора, знаел дека не е совршено креиран како останатите ангели, и сето тоа го дозволил за да може на крај да си поигрува со него и да го казни.
Кај едните се јавила љубомора, кај други не. Кај тие што се јавила љубомора најверојатно не биле совршено креирани, а тоа Бог го знаел.[DOUBLEPOST=1419266142][/DOUBLEPOST]
Тоа е исто како да го прашаш Хитлер дали гледа причина и има смисла што ги пратил 6 милиони евреи во Аушвиц и што предизвикал уште 10 пати повеќе смрт на други луѓе,инвалидитет,разурнувања итн.
Хитлер не бил совршен и семоќен. Бог бил и семоќен и совршен. Знаел сè што ќе се случи.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Да биле сите совршено креирани, немало да се јави љубомора. Пошто Бог е семоќен, нели, знаел дека кај сатаната ќе се јави љубомора, знаел дека не е совршено креиран како останатите ангели, и сето тоа го дозволил за да може на крај да си поигрува со него и да го казни.
Кај едните се јавила љубомора, кај други не. Кај тие што се јавила љубомора најверојатно не биле совршено креирани, а тоа Бог го знаел.[DOUBLEPOST=1419266142][/DOUBLEPOST]
Хитлер не бил совршен и семоќен. Бог бил и семоќен и совршен. Знаел сè што ќе се случи.
Хаха да си ми живо,ме насмеа :D па не треба да бидеш пророк да гледаш иднина и сезнаен за да знаеш што можеш да направиш со 22 милиона армија и илјадници и илјадници тенкови и авиони така ?
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.069
Поени од реакции
19.838
Хаха да си ми живо,ме насмеа :D па не треба да бидеш пророк да гледаш иднина и сезнаен за да знаеш што можеш да направиш со 22 милиона армија и илјадници и илјадници тенкови и авиони така ?
Едно е да знаеш колку жртви може да има, друго е да претпоставуваш колку би можело да има. Да бил Бог на местото од Хитлер, ќе знаел точно колку ќе загинат и на колку ќе има фалат раце и нозе. Пошто, нели, едниот е совршен и семоќен, другиот не. Тоа е муабетот.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Едно е да знаеш колку жртви може да има, друго е да претпоставуваш колку би можело да има. Да бил Бог на местото од Хитлер, ќе знаел точно колку ќе загинат и на колку ќе има фалат раце и нозе. Пошто, нели, едниот е совршен и семоќен, другиот не. Тоа е муабетот.
Значи јас никаде не реков дека Хитлер е Бог(совршен,сезнаен,семоќен),тоа ти го кажа а не јас,второ,ако алудираш за втората светска војна,како и за се друго Бог знаел за исходот и резултатите уште пред таа да почне.Како и секогаш,не се вмешал да ја сопре,затоа што ние имаме потполно слободна волја,Хитлер тоа го злоупотребил и еднаш ќе огрее сонцето кога ќе одговара пред лицето на Бог и ќе биде пратен во вечноста,онаа која нема ништо после моментот на втората смрт.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.069
Поени од реакции
19.838
Хитлер тоа го злоупотребил и еднаш ќе огрее сонцето кога ќе одговара пред лицето на Бог и ќе биде пратен во вечноста,онаа која нема ништо после моментот на втората смрт.
Која е таа втора смрт, не сум во тек? Апдејт имате некој? :icon_lol:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Да биле сите совршено креирани, немало да се јави љубомора. Пошто Бог е семоќен, нели, знаел дека кај сатаната ќе се јави љубомора, знаел дека не е совршено креиран како останатите ангели, и сето тоа го дозволил за да може на крај да си поигрува со него и да го казни.
Кај едните се јавила љубомора, кај други не. Кај тие што се јавила љубомора најверојатно не биле совршено креирани, а тоа Бог го знаел.
A што е за тебе совршенство? Да бидеш 1.80 или 1.50 висок?
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Која е таа втора смрт, не сум во тек? Апдејт имате некој? :icon_lol:
Човекот има два живота и два пати односно еднаш умира.Кога ќе умре(оваа биолошка физичка смрт на земјата),неговата душа се враќа кај Творецот,кога Бог ќе реши кога е времето да се пресмета со злото т.е со Сатаната и неговите слуги(паднати ангели и луѓе),тогаш Бог ќе ја врати душата и ќе ги воскресне ОНИЕ кои додека биле живи на земјата биле морални,добри,ги пазеле неговите заповеди.Таквиите ќе се воздигнат кај него на Небесата.Односно тоа е ВЕЧЕН ЖИВОТ,кој нема смрт во него,оние кои биле спротивно на ова,му се поклонувале на Сатаната,биле убијци,БЛУДНИЦИ,и слично,и тие ќе бидат воскреснати.. ама не за вечен живот туку за Вечна смрт(втора и последна смрт од која нема назад).. тие ќе останат на земјата заедно со Сатаната и неговите ангели.. тие ќе бидат живи запалени од прв до последен и така веќе нема да има смрт,зло итн..
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Значи еве на емен ми е дадено слободн ода се развивам, јас овде пишувам, можам да земам да читам книга, да учам факултет итн. Значи сатаната по своја воља почнал така да се развива свесно. Сигурно му било укажано дека оди по погрешен пат, дека греши, тој не прифаќа, не послушува. И сега кој е крив?
:facepalm: На дрво да му објаснував до сега ќе разбереше.
Абре не е муабетот ни за сатана, ни за ангели ни за дрва! Поентата е дали Бог гледа на исходите како на погрешни или не! Ако од негова гледна точка постојат погрешни нешта, а тој е крееатор на се што постои, тогаш со посочување на било што како погрешно, самиот демантира дека е безгрешен! Бидејќи воочил нешто кое е погрешно, а освен него нема друг креатор, тој е креаторот на се! Значи создал нешто кое е грешка! Кое не требало да постои, кое е превид![DOUBLEPOST=1419269487][/DOUBLEPOST]
Значи да разјасниме,како што Бог може да разбере огромна хуманост,онака баш пожртвувана хуманост,индивидуална или систематска,така исто може да го разбере лудилото и дивеењето на човекот без разлика дали штетата е еден мртов или 100 милиони мртви или било што крајно ужасно и монструозно.
Дали според ова, ти сметаш дека за Бог ништо неможе да биде погрешно, зло и непотребно?
 
Последно уредено:
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
:facepalm: На дрво да му објаснував до сега ќе разбереше.
Абре не е муабетот ни за сатана, ни за ангели ни за дрва! Поентата е дали Бог гледа на исходите како на погрешни или не! Ако од негова гледна точка постојат погрешни нешта, а тој е крееатор на се што постои, тогаш со посочување на било што како погрешно, самиот демантира дека е безгрешен! Бидејќи воочил нешто кое е погрешно, а освен него нема друг креатор, тој е креаторот на се! Значи создал нешто кое е грешка! Кое не требало да постои, кое е превид!?
Мислам дека нема спас за тебе. АЛи ајде одговри ми и ти на ова прашње - Што е совршенство за тебе, 1.80 или 1.50?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Мислам дека нема спас за тебе. АЛи ајде одговри ми и ти на ова прашње - Што е совршенство за тебе, 1.80 или 1.50?
За мене немало спас....:facepalm::tapp: Зини земјо голтни ме!
Море генијалец, колку пати ти нагласив? Не е муабетот за мене, за сатани, за ангели, за хитлери......поентата е дали од перспектива на Бог постојат ситуации и нешта кој тој ги доживува како погрешни, непотребни, зли итн!
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
:facepalm: На дрво да му објаснував до сега ќе разбереше.
Абре не е муабетот ни за сатана, ни за ангели ни за дрва! Поентата е дали Бог гледа на исходите како на погрешни или не! Ако од негова гледна точка постојат погрешни нешта, а тој е крееатор на се што постои, тогаш со посочување на било што како погрешно, самиот демантира дека е безгрешен! Бидејќи воочил нешто кое е погрешно, а освен него нема друг креатор, тој е креаторот на се! Значи создал нешто кое е грешка! Кое не требало да постои, кое е превид![DOUBLEPOST=1419269487][/DOUBLEPOST]
Дали според ова, ти сметаш дека за Бог ништо неможе да биде погрешно, зло и непотребно?
Maлце е глупаво поставено прашањето,зошто ако би рекол да,тоа би изгледало дека на Бог не му е гајле за тоа што е погрешно,злобно или непотребно.Поентата е дека за Бог ништо не е неочекувано бидејќи Он знае се.Тоа е исто како јас да знам дека некој сега ќе ми ѕвони сигурно на врата.. nothing special.. но за џабе не се поистоветува Бог со Небесен ТАТКО,што значи ние како Негови деца,Он и тоа како му е гајле за нас,и има случаеви каде што Бог директно се меша во животите на луѓето,некогаш тоа било во Библиското време во поголеми размери,како со морето и другите настани,сега тоа е преку виденија,чуда итн..
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Maлце е глупаво поставено прашањето,зошто ако би рекол да,тоа би изгледало дека на Бог не му е гајле за тоа што е погрешно,злобно или непотребно.Поентата е дека за Бог ништо не е неочекувано бидејќи Он знае се.Тоа е исто како јас да знам дека некој сега ќе ми ѕвони сигурно на врата.. nothing special.. но за џабе не се поистоветува Бог со Небесен ТАТКО,што значи ние како Негови деца,Он и тоа како му е гајле за нас,и има случаеви каде што Бог директно се меша во животите на луѓето,некогаш тоа било во Библиското време во поголеми размери,како со морето и другите настани,сега тоа е преку виденија,чуда итн..
Не е прашањето глупаво, сосем на место си е прашањето. Ако се се случува според Божјата промисла, како може од гледна точка на Господ да постојат погрешни, зли, непотребни нешта?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom