Драга Кајгана,
Не ми се верува. Сабајле се дотерав, се стегнав и тргнав кај матичната на контрола. Качувајќи се така среќен по скалите и очекувајќи дека ќе ми каже дека ми поминало и дека сум оздравен, утнав скала и така фино се залепив на земја. Како шлапнав на плочките, абе ехо се појави. Среќа не ме видоа другите, во спротивно ќе пукнеше брука.
Успат матичната ми рече дека не сум оздравен и ми ја продолжи терапијата
Драга едно кученце ме следеше од карпош до рамстор, заедно со мене на пешачки абе срце. Му се вртам и му зборувам , стое и гледа у мене јас тргнувам оно по мене, штета кога испаднав веќе го немаше, а му купив саламка од маркетот.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.