Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Другарот @Благоев само ги провоцира пленумците за да се заангажираат уште посилно. Во меѓувреме кажува и работи што се вистинити. Немам впечаток дека не ги подржува, туку само ги ложи:D
Другарот благоев е ментално предизвикан.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Едно е да имаш неутрален или негативен или било каков став за ситуацииве а друго е да се ситиш на истите.
Демек манга сум и во право бев, ко ви велев хехех хехе :icon_lol:
Благоев дјуд not cool.
Не се ситам на студентите. Едноставно знаев, и знам дека извршната власт нема да отстапи. Знаеш зошто? Затоа што во моментот кога се слушнаа гласините за државниот испит, веќе нацрт планот беше готов. Овие 2 месеца се дефакто јавната расправа за нив, и само се собираше информации и си напипуваа терен. Затоа што по вчерашното видео од фарсата наречена јавна расправа и дебата уште еднаш ми се разјасни со какви луѓе си имаат студентите работа. Јас наведов мое мислење како поуспешно да се борат со сортава, тие ме обвинија дека цицам енергија и ги уназадувам.

Каде се пленумците да организираат јавна расправа со професорите, деканите, ректорите? Тие да кажат сопствено гледиште и како би изгледала една реформа. 2 месеца се слуша само нејќеме државен, сакаме реформи. Епа ајде, предложете реформи. Има еден куп генијални професори и неверојатни професионалци помеѓу тие што се спротиставуваат на државниот испит. Зошто не се искористат тие за да се предложи алтернатива на реформите.

Па се ли јас да нацртам да му се невиди?

Пробува да го исмева и руга протестов и движењево со сарказам, демек требаше ова многу порано. Демек студентите се некое институционално тело или организирана партија.
Студентите се институционално тело и можат да голема моќ. Ама ги ставија пред свршен чин, и сопствените колеги од парламентот и СПУКИМ ги продадоа за функции во иднината. Разбираш? Затоа што егзистенцијата е удрила до коска, и се подлажнуваат сите како магаре со морковче.

Инаку за криењето зад студентите, не беше никаков сарказам ниту заебанција. Најозбилно, зад што да се крие остатокот од Македонија?[DOUBLEPOST=1419257265][/DOUBLEPOST]А за благовремената консултација со засегнатите страни на овој нацрт, во неговото пишување има консултирано и професори и студенти. Имаат тие докази и записници од состаноците на комисиите кои го предлагаат законот. Во нив има и универзитетски професори и претставници од студентскиот парламент.[DOUBLEPOST=1419257379][/DOUBLEPOST]
Другарот благоев е ментално предизвикан.
Со специјален автобус ме носеа на училиште и секогаш седев во прва клупа. :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Последно уредено:
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Не се ситам на студентите. Едноставно знаев, и знам дека извршната власт нема да отстапи. Знаеш зошто? Затоа што во моментот кога се слушнаа гласините за државниот испит, веќе нацрт планот беше готов. Овие 2 месеца се дефакто јавната расправа за нив, и само се собираше информации и си напипуваа терен. Затоа што по вчерашното видео од фарсата наречена јавна расправа и дебата уште еднаш ми се разјасни со какви луѓе си имаат студентите работа. Јас наведов мое мислење како поуспешно да се борат со сортава, тие ме обвинија дека цицам енергија и ги уназадувам.

Каде се пленумците да организираат јавна расправа со професорите, деканите, ректорите? Тие да кажат сопствено гледиште и како би изгледала една реформа. 2 месеца се слуша само нејќеме државен, сакаме реформи. Епа ајде, предложете реформи. Има еден куп генијални професори и неверојатни професионалци помеѓу тие што се спротиставуваат на државниот испит. Зошто не се искористат тие за да се предложи алтернатива на реформите.

Па се ли јас да нацртам да му се невиди?


Студентите се институционално тело и можат да голема моќ. Ама ги ставија пред свршен чин, и сопствените колеги од парламентот и СПУКИМ ги продадоа за функции во иднината. Разбираш? Затоа што егзистенцијата е удрила до коска, и се подлажнуваат сите како магаре со морковче.

Инаку за криењето зад студентите, не беше никаков сарказам ниту заебанција. Најозбилно, зад што да се крие остатокот од Македонија?[DOUBLEPOST=1419257265][/DOUBLEPOST]А за благовремената консултација со засегнатите страни на овој нацрт, во неговото пишување има консултирано и професори и студенти. Имаат тие докази и записници од состаноците на комисиите кои го предлагаат законот. Во нив има и универзитетски професори и претставници од студентскиот парламент.[DOUBLEPOST=1419257379][/DOUBLEPOST]
Со специјален автобус ме носеа на училиште и секогаш седев во прва клупа. :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
врзан ?
 
W

wicked_1

Гостин
Зашо бе да не гледа со потсмев ?
Затоа шо сме фрагилни у однос на овакви прашања и истите да се решаваат, затоа шо никогаш немало вакво посериозно движење претходно, затоа што за прв пат се делегитимизира јавно статусот на СПУКМ. Ад хок исмевачи, класика.

Студентите се институционално тело и можат да голема моќ. Ама ги ставија пред свршен чин, и сопствените колеги од парламентот и СПУКИМ ги продадоа за функции во иднината. Разбираш? Затоа што егзистенцијата е удрила до коска, и се подлажнуваат сите како магаре со морковче.
Не се институционално тело, за да бидат вакво нешто треба да им следуваат посебни права и да имаат посебни заштити утврдени на хартија, треба да бидат консултативно тело а не да бидат анкетирани 24/7 за локални телевизии, тука немаат ништп налик на ова, и сите права кои им се обезбедени се од минимален материјален карактер. А за да имаат моќ тие треба да имаат тврд карактер како група, а тоа неможеше да се создаде поради другите проблеми кои ги има/ше оваа држава.
Формулата за егзистенција ја разбирам, тоа пред некој ден го пишав.
 
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Затоа шо сме фрагилни у однос на овакви прашања и истите да се решаваат, затоа шо никогаш немало вакво посериозно движење претходно, затоа што за прв пат се делегитимизира јавно статусот на СПУКМ. Ад хок исмевачи, класика.
.
Да вие први сте во се, до сега немало ништо вакво нити нешто слично уникат сте.
Сите ве подржаа кога вие штрајкувавте , кај кур бевте денес ?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.085
И добро, пак не е јасно како ќе се подобри високото образование, про-давањето дипломи на некои приватни, непотизмот, зголемување на практичното познавање, митаџиството и слично преку вакви 2 испити. И што со оние кои со факултет ќе чекаат повеќе години на работа, дали ќе полагаат повремено испити за да не заборават. Мисљим...зашто
Не се ситам на студентите. Едноставно знаев, и знам дека извршната власт нема да отстапи.
извршната власт никогаш нема да отстапи какви и да се последиците од било што што е знак за карактерот и менталната состојба на лицата во власта и за самата власт. Во секој случај не е тоа заради квалитетот кој ќе го донесе оваа промена. Јас и не се сеќавам извршна македонска власт да отстапила во нешто, колку и да е голема грешка освен со војна пред 12 години.


Проблемот е што нема дискусии, да се слушнат лица кои ова ги засега и стручни лица во своите занимања, нема анализи и последици...владата едноставно нема никаков дијалог со своите граѓани ниту со реалноста.
Од искуство, секоја ваква неумислена постапка водела кон нешто полошо. Можам да набројувам и во образование и вон ама мислам знаете сите.
 
Последно уредено:

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Не. Мирен бев. Чесен пионерски збор.
Друже, социјализмот го урна Љубчо 98ма, оваа власт го закопа, и кај и да е за 2-3 години ќе му прават парастос. Не се студентите бели мечки некој да ги заштитува на хартија. Ако студентите се иднина на оваа држава, редно е да почнат да се однесуваат така. Повеќето проблеми заради кои се тврди дека немаат тврд карактер, затоа што се длабоко поделени на политичка основа. И како такви ќе си останат. Затоа што егзистенцијата на нивните родители зависи од поделеноста. Затоа што едно место во еден мочан студентски зависи од поделеноста.

Пак ќе речам, кај беа студентите да си ги поддржат браќата од провинциите да не живеат во мизерија како бездомници, без тоалети, без туш кабини, без парно?

Сите милувате да зборувате за фашизам, национал-социјализам и слични други демагогии сврзани со извршната власт, но 33та во ноември НСДАП има околу 40% од гласовите, додека Комунистите, Социјал-Демократите, Зелените, Либералите имаат околу 60%. Нивната разединетост ги направи овие другите власт. Муабетот за поразлично решение сврзано со некаква идеја за различност.
 
W

wicked_1

Гостин
Не е тоа муабетот ти шо го форсираш цело време, излишни се компарации со политички партии, ја знаеме поделеноста меѓу студентите на партиска основа, оваа е сето небитно. Ти упорно се навраќаш зашо ова не се десило порано, од каква корист ти е на тебе ако ти го некој афирмира овој аргумент? Кој вика дека не е точно оваа? И јас како студент кој студираше у Скопје а живеев надвор од Скопје сум свесен за условите на студентите у студентски домови. Преголемата политичка вмешаност на народот од оваа земја у политика ја сведе силата на студентите на нула. И оваа шо го пишам е непотребно и неможе никако да придонесе за движењето денес, мрчаторство и доскочица парти sucks.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Пошто оваа тема е најактивна,а ми треба брз одговор,а на соодветната тема не ми одговара никој,се надевам нема да го избришат мислењето модераторите...

Вака,дали може некој со СИГУРНОСТ да ми одговори,дали со УЧИЛИШНА матура може да се запишеш на факултет и под кои услови и дали можеш да го завршиш факултетот ? Од дома хистерично ми кажуваат дека не можам да се запишам на факултет зо училишна,но гледам по факултетиве што сакам да идам се мислам меѓу два(ДИФ и факултет за безбедност) дека се прима и со училишна матура.

Прашав еден што работи кај нас во школо он ме убедува дека можам и да се запишам и да си завршам факултет со неа.Јас пак мислам дека можеби ќе ме примат у последен рок пример втор или трет,вонреден и приватна квота,доколку има место,али на крај на 4та ќе ми бараат државна матура за да ми дадат потврда дека сум завршил 4 години факултет ???
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Некој што не си ја знае историјата, нема иднина. Форсирам јас да се почне од некаде и да не се отстапува. Да се користат истите методи со постојана присутност во медиуми, онлан просторот, нудење алтернативни решенија, опипливо различни решенија од сегашните. Без теорија, без булшит.

Друго нешто, ако сите знаат колку е лошо, од најмал до најголем, зошто не се менуваат нештата?

Ама знаеш ли што, ако ве контактираат индивидуално сите студенти, сите ќе си ги предадете браќата протестирачи.
 
W

wicked_1

Гостин
Благоев стварно скокаш од едно на друго, добро е докажавме и факт е дека има поделеност меѓу студентите и тоа е причината за недостаток на тврд карактер на студентите како група, зашо се навраќаш со ова?
Друго нешто, ако сите знаат колку е лошо, од најмал до најголем, зошто не се менуваат нештата?
значи зборевме за ова океј е, знаеме зашо.

Не сум јас студент веќе ги завршив студиите но што пробуваш со последниот муабет, демек менталитетот на македонскиот студент органски/генетски е различен од секој друг? Или?
Не живееме у утопија лесно се врши притисок денеска, но концептот е да се извади мислење и реакција од група, не од индивидуалец.
Добро е шо ги посочуваш слабостите на оваа движење како група, колку се меки, и колку се настроени да бидат хипокрити, од есенцијално значење е.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Просекот само Македонските газди ги интересира, а ги интересира и каде си завршил. Демек оние од ФИНКИ се посбособни од некој што завршил на друг универзитет. Не гледаат дека секој трет студент е запишан таму.
Мене еден ми има дадено на лист да пишувам кодови. :pos:

Нека те повика на двонеделна обука, па да ти ги види вештините. Кога работев во космик ни донесеа 4-ца и тоа со висок просек од факултет, а еден со средно.

Тие со факултет не знаеа да се снајдат. Кога не прашаа нас веќе вработените кој мислите дека може да ја работи оваа работа ние го избравме оној со средно. :icon_lol:
Еден од тие со факултет клеветеше кој кога оди на пауза и ведаш испадна од конкуренцијата по што не е колегијален.

Сигурно после тоа го пцуеле по менаџерот, ете имаме висок просек, сертификати, а не не вработија.
Не полагале екстерно тестирање/државен испит, и затоа просекот не им завршил работа при вработување, во спротивно сега ќе беа генијалци. :tapp:

И јас познавам луѓе кои само со завршено средно образование се генијалци за програмирање и други области од информатичката технологија.

Всушност, толкави генијалци се, што го баталија факултетот бидејќи веќе имаа полни раце работа и вистинска заработувачка, во меѓувреме почнаа да работат и со странски фирми, и бидејќи се вистински генијалци, денес шетаат низ Европа и низ Азија, каде што си заработуваат плати какви што нашинциве со висок просек можат само да сонуваат во Македонија, земјата на чудата.

Во меѓувреме, сигурно некој од нив ќе најде некој странски универзитет каде што ќе стекне милијарда и кусур пати поквалитетно образование во споредба со македонските универзитети, а истовремено ќе продолжи да работи.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Некој што не си ја знае историјата, нема иднина. Форсирам јас да се почне од некаде и да не се отстапува. Да се користат истите методи со постојана присутност во медиуми, онлан просторот, нудење алтернативни решенија, опипливо различни решенија од сегашните. Без теорија, без булшит.

Друго нешто, ако сите знаат колку е лошо, од најмал до најголем, зошто не се менуваат нештата?

Ама знаеш ли што, ако ве контактираат индивидуално сите студенти, сите ќе си ги предадете браќата протестирачи.
Прво да ти се појасни, од претходни постови шо те читам дека пленумот никаде го немал на јавна расправа.
Отвори ја фејсбук страницата, ќе прочиташ колку пати се пратени писма до ректорат, до министерството, до владата, кај шо се повикуваат да седнат на заедничка маса и да се слушнат и двете страни и да кажат јасно и гласно "Еве ви студенти, за ова и ова сакаме да ви воведеме државен испит"
И затоа све оди на теорија, затоа што игнорираат толку вешто.
Единствените аргументи шо до сега ги видовме на телевизија беа "Професорите се корумпирани", "Многу студенти се неквалитетен кадар"
Она шо навистина нив ги мачи, е шо до пред некоја година за она што си ги ширеа перјата ко пауни дека сите матуранти се запишале на факултет, за разлика од Шведска, Норвешка, сега сите тие генерации шо дипломираа и шо допрва ќе дипломираат не можат да се вработат. Преголема невработеност,а ова води до криза шо моментално се случува.

И друго нешто.
Цело време изнаоѓаш проблеми шо никој не ги спомнал. Човече божјо не сме прва генерација студенти, имало и пред нас студенти нив криви ги шо си седеле мирно на газот, можеби и ти си бил студент што не си презел нешто за иднината на другите?
Нека се повтори 97ма нека ги здрма малку.

Методи како постојана присутност во медиуми е речиси невозможна. Затоа што тоа не е на најгледаните телевизии , Сител, Канал 5 и МТВ и се знае зошто не може и да се стигне до овие телевизии.
Масовност во медиуми нема, на интернет можам јас да прочитам, баба ми не можи.
Тоа е разликата.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Добро бе пилиња студентски сегашни и бивши, што сакате да ви кажам. Браво, алал да ви е, најбољи сте. Зошто се однесувте исто како што се однесува и извршната власт? Ако не си со нас, си против нас? Ќе зборувам за состојбата порано и сега и во иднината, затоа што, никој со прст не е мрднал да се смени самиот себе 1 цм. Затоа што, утре кога сите вие кои ќе завршите факултет добар дел ќе влезете во државна администрација, особено од општествените науки. Затоа што, во моментот кога ќе влезете во администрација ќе си ги заборавите браќата студенти, браќата провинцијалци кои живееле во мизерни услови и се бореле со вас за подобро утре. Затоа што ќе си ја продадете сопствената кауза за некакви пари и власт. Тоа сакам да ви го кажам, а вие ме уверувате дека студентите имале ептен високи идеали. НЕ, немате. Имате идеали да ви е полесно, и да влезете под државна капа и да цицате како доенчиња.

Ме боли што ќе си ги предадете другарите и идеалите. Исто како шти 97ма Милошовски, Петровски и компанија си ги продадоа браќата студенти 98ма и 2001ва. Кај се сега тие што ги водеа студентите 97ма да застанат со денешните студенти?

Ме боли што професорите, ректорите, асистентите, претседателот професор ве предадоа за удобни фотељи (со секоја чест за исклучоците).

Не можете да разберете една основна работа, ни вие како студенти, ни власта како власт, дека образованието, растењето на општеството е еден континуиран процес кој во оваа форма се крчка од осамостојувањето на Македонија до денес. А еден континуиран процес не се решава и оптимизира со кампањи и политика, а со работа. Многу работа, пот, и нерви. Но за жал, никој не сака да има толкав распон на внимание. Зошто? Затоа што е тешко.

Ја отворив одамна, и како ваш верен и искрен поддржувач ја лајкнав. :):)
Ги читам постовите, ги читам претставките, коментарите, не коментирам седам мирен, затоа што ако тука ме бркате анонимно, таму ќе ми е*ете матер по итна постапка.
За проблемите што ги пишувам, ги има без разлика дали јас ги потенцирам или не. И јас мислам дека тие проблеми се дел кои ги фатија студентите неспремни. Телевизиите не се единствените медиуми друже. Барем не и кај младите. За телевизија требаат многу пари. Јас зборувам за нековенционални електронски медиуми, кои допираат директно до луѓето.

пс. Утре и јас ќе си залепам еден лист на колата за ваша поддршка. Ај промис. :)

Ај доста филозофирам, знам дека сум грешка по миљон основи кои прават смисла. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom