[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
@Medea за гласањето ќе мора да се одлучиш за еден рецепт, дека такво е правилото.
 
Член од
4 август 2011
Мислења
178
Поени од реакции
517
Еден од омилените: пилешки прсти со ориз и златна мешавина. Може да оди и како мезе со пивце или со бело винце како кај мене :pipi: Еве го рецептот: оризот се вари, наместо сол и вегета ставив пилешка коцка за супа и имаше многу убав шмек. Го тргам од оган, ја додавам златната мешавина, на 100 грама ориз 50 грама мешавина, се мешаат и се оставаат 15 минути. Калапот за куглоф се мачка со путер и се става оризот внатре, се притиска убаво одозгора. По 15 минути може да се преврти да се стави на чинија и да се декорира по желба ;)
За пилешките прсти, стекот се сече на тенки парчиња, врз нив се става брашно и едно јајце убаво изматено, се мешаат добро. Во друг сад се ставаат лебни трошки и по желба сусам, па се зема едно по едно парче од стекот и се валка во трошките. Потоа се пржат во врело масло. :ајнапиво: DSCN3137.JPG DSCN3153.JPG DSCN3179.JPG
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
ќе умрам од убајна гледајќи ги сиве слики од рецептиве...

немој да сте гласале! кршите филм! :)))))))))
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Тегнета пита со праз. :D Дефинитивно најубава е со праз. :noze:
Селфи со тајмерка. Мајне чевапчичи. :ROFLMAO:
Се замесува тесто од 1 лажичка сол, 1/2 лажичка шеќер, од прилика вода, зејтин и брашно. :D
Се дели тестото на топчиња (мене ми излегоа 7), се сукаат мали кругчиња, се премачкуваат со зејтин и се остава да одморат половина час.
Се тегнат...
Се филОваат.
Се ролОваат.


Се попрскува со зејтин и се пече.
И еве што излегува. :D


 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Тегнета пита со праз. :D Дефинитивно најубава е со праз. :noze:
Селфи со тајмерка. Мајне чевапчичи. :ROFLMAO:
Се замесува тесто од 1 лажичка сол, 1/2 лажичка шеќер, од прилика вода, зејтин и брашно. :D
Се дели тестото на топчиња (мене ми излегоа 7), се сукаат мали кругчиња, се премачкуваат со зејтин и се остава да одморат половина час.
Се тегнат...
Се филОваат.
Се ролОваат.


Се попрскува со зејтин и се пече.
И еве што излегува. :D


Да ја гледаш питава вака, а да не ја пробаш, е вистински терор:unsure:
Мераци.......:)
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Леле ма Шумечо, дај да те посвојам и одма да те земам дома. Ти ќе ми готвиш, јас ќе ти пишувам домашни ќе ти давам пари за џепарац, ќе ти плаќам такси да не мора да се нервираш по градски автобус. Значи девојче необјаснив феномен си ми:D Секоја ти чест:aplauz::bravobe::cuc:
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Јапански чикен рамен:
500мл вода
Сој сос
Ѓумбир
Лук
Пола пилешка коцка
Пропржен стек
Beansprouts(не ми текнува превод, може бамбус или нешто крцкаво место тоа)
Печурки
Младо кромитче
Зелена салата.

Го пржите пилешкото, beansprouts и печурките и ги ставате настрана.
Ставате нудлс да се варат 4мин.
Во меѓувреме пропржувате лук, ѓумбир и сој сос.
Додавате вода, пола од пилешката коцка и на крај ги додавате нудлсот, мешате и сервирате во длабока чинија.
Гарнирате све да изгледа како на сликата, and voila, perfect japanese ramen, мојот омилен рецепт. :D

10881352_10204438830384552_613953366_n.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom