Патс изиграа најдобро од сите тимови на Ламбро, мада незнам колку ги пратите Патс, ова им беше најлошата партија во последниве 7. И покрај се беа блиску, не ми текнува кој беше што им подари шанса за камбек, сепак домашен терен си е домашен терен, публиката на твоја страна, плус скоро сите одлуки што се 50/50 се свират за домаќинот.
По мене клучна беше грешката на Ревис и Мекарти на крај на прво полувреме, мислам дека Ревис очекуваше помош од внатрешна страна затоа и ја затвори надворешната, сепак тоа е Роџерс ја виде грешката и казни. Штета за Ревис, перфектна утакмица без таа грешка, им ги трчаше рутите на рисиверите на Пекерс
Мислам дека на неутрален терен Патс би ја добиле партијава, незнам како стоеа Пекерс со повреди пред утакмицава, ама кај НЕ фалеше Џонс( кој иако не играше доста време сезонава), е клучен играч од одбрана.
За крај, утакмичиште беше, и реално Роџерс е нај андеррејтед од големиве КБ, Менинг и Лак како многу повеќе да ги сакаат медиумите од Роџерс.