Ердоган: Жените и мажите не може да бидат еднакви

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ние дисутираме за Турција, не за Дубаи, верувам дека во многу арапски земји каде им е забрането да возат, и те како го посакуваат тоа право, како најосновна човекова потреба во 21 век. Како да оправдам една религија или обичаи каде на едно дете само оти е женско би му се ускратило наследство, ќе се грижеле браќата за неа, а зошто да мора некој да се грижи, истовремено таа „грижа“ ќе значи и целосна контрола над нејзиниот живот. Што ако фамилија има само женски деца, што тогаш.

Точно дека не знам многу за исламот и не ни сакам да знам, и овие работи што ги знам се доволни од такво нешто да се држам настрана.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Сите сценарија се опфатени, можеш да започнеш дискусија на форумот за Религии, нека ти одговарат муслимани, не јас. Поентата беше и е дека никој не е оставен да умре и пак да живее незгрижен, а примерите за тоа ти се достапни во голема мера и кај албанските муслимани кои далеку подобро тоа го прават отколку ние Македонците.
На крај краева пак пресудува личното расудување на овие работи и сопствени искуства.

Примерот со Дубаи е добра претстава за уназаденоста на женските права, далеку зад една Турција од аспект на европското гледиште.
Ти дадов пример за социјален експеримент, овозможи им ги истите привилегии на нашите жени, да имаат приватен возач, да одат во шопинг по сите светски метрополи и да купуваат без ограничувања што сакаат, дали тоа е Луи Витон, Џими Чу, Версаче, Сваровски, Прада, Гучи и слично, но притоа (пази го ова) да НЕСМЕАТ да работат ниту еден ден во животот :)

Исламската култура секако дека претставува екстрем во однос на другиот екстрем - Западот кој се води од перверзија и развратност без ограничување, алкохол без мера, проституција и дрога, но такви два екстреми се потребни за да се одржува баланс во светот.
Не е возможно сите да скренеме само во еден екстрем бидејќи двата имаат деструктивни последици.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
200
Поени од реакции
97
овозможи им ги истите привилегии на нашите жени
ако ти, како ментално заостанат сакаш да бидеш третиран како дете поради претходно наведеното никој не ти бране, но не е тоа ~привлегија~.
да имаат приватен возач, да одат во шопинг по сите светски метрополи и да купуваат без ограничувања што сакаат, дали тоа е Луи Витон, Џими Чу, Версаче, Сваровски, Прада, Гучи и слично
ебати стереотипите:pos:а ти да останеш на фотелјата пред ТВто и да се дебелееш цел живот како што мајка ти ти дозволила а сега и жената, звучи како прекрасен забавен живот, нели?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
ако ти, како ментално заостанат сакаш да бидеш третиран како дете поради претходно наведеното никој не ти бране, но не е тоа ~привлегија~. ебати стереотипите:pos:а ти да останеш на фотелјата пред ТВто и да се дебелееш цел живот како што мајка ти ти дозволила а сега и жената, звучи како прекрасен забавен живот, нели?
Немав појма дека Доналд Трамп е разгалено ментално заостанато дете али ете, веројатно имам чест да читам особа со 0 денови работно искуство и средношколски џепарлак, наспроти цела женска популација од Дубаи чии амбиции откриваат зошто 8-ми март не го слават за свој празник :)

И да, оние кои работат, не би го мешале истото со забава, освен ако тоа не се пратеници во Собрание.

Еве совет, оди до било која европска метропола и упати се во најлуксузниот шопинг кварт, првата замотана по пат прашај ја дали го сака твојот живот.
Веројатно ќе ти објасни подобро од мене самиот, бидејќи сигурно за неа работат жени од Балканот, Русија и/или Индија,Филипини кои и ги перат брендираните гаќи,и спремаат ручек и ручно ги рибаат сите 3 спратови кои на замотаната и служат како гардеробери.

Збори ми за забава!
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Изјавата на Ердоган е на место. Еманципацијата претвори значителен процент од женскиот род во разуздани (внеси говедо по избор) кои со себе повлекоа исто толкав број аморални машки битанги во еден круг на декаденција кој катастрофално се одрази на наталитетот во многу модерни демократски општества.

50%+ стапка на развод, 1-2 или помалку просек деца по семејство, никаков наталитет и ризик од угинување на цели нации итн.
Така е, само Исламот му е мајката, каде со жената се постапува како со предмет. Она ќе имала правао да кажува дали сака секс или не? Она ќе сакала да работи/вози. Она ќе има право да избере за кого ќе се мажи, ...... така е, само напред со исламот
И пред една година за исти работи се дискутираше во светот
Формална рамноправност на жените во цел свет
Она што звучи разбирливо само по себе за Западот, отсега треба да важи насекаде: ОН им гарантираат на жените во цел свет еднакви права со мажите. Согласноста беше постигната во последна минута.
На Конференцијата на ОН за жените во Њујорк две недели околу две илајди претставници на 193 земји членки на ОН и на шест илјади невладини организации напорно преговараа. Кратко пред завршувањето на конференцијата, противниците и заговорниците на еднаквоста на половите постигнаа согласност за заедничка декларација. Со неа државите се обврзуваат на почитување на правата на жените и девојчињата исто како и на мажите и момчињата. Државите треба да ги сменат дискриминирачките закони и да ја сузбиваат праксата на домашно насилство против жените. Освен тоа, останува задржано правото на сексуално самоопределување на сите луѓе и на гинеколошки прегледи. Во иднина убиствата на жените поради т.н. заштита на честа ќе се сметаат за „фемицид“.

На одредбите на декларацијата се спротиставуваа повеќе муслимански земји како Иран, Либија и Судан, но и Русија и Ватикан. Посебен отпор постоеше против одредбата дека употребата на сила кон жените не смее да се оправдува со обичаи, традиции или верски погледи. Некои од овие земји се противеа и на правото на абортус, а и на одредбата според која принудувањето на секс на својата жена од страна на мажот во бракот се признава како силување.

Скандинавските држави, меѓу кои Норвешка и Данска, пак, во ваквите случаи бараа уште построги формулации. За да се постигне единство, тие се откажаа во декларацијата да биде внесен текстот за правото на хомосексуалност. Германскиот амбасадор во ОН Петер Витиг резултатот на Конференцијата на ОН за жените го оцени за „избалансиран и јасен“. Тoј „сигнализира итно потребна порака до сите жени во целиот свет: вашите права се значајни“.
http://www.dw.de/формална-рамноправност-на-жените-во-цел-свет/a-16679163
Битен пасус е болдот. Да се запраша човек од кај тие квалитетни идеи, ....... а да погодам кој е подносител на црвениот дел? ......... погледни претходен пост :cool:
Знае малоумниот Ердоган дека и денес а и низ историјата многу од жителките во неговата империја и копале и орале и правеле секакви земјоделски работи дури оние на кои им се воодушевува колеле и палеле по овие краишта.

Не сум некој ултра-либерален подржувач на феминизмот, но некогаш се нервирам за вакви апла глупости. Жените и мажите не се еднакви точно, но зошто на една жена да не и речеш да копа, еве ако нема маж, да умре од глад оти велкиот султан Ердоган рекол дека само дома може да седи и да зависи за се од мажот.
Она е предмет, не е човек. Затоа!!!:([DOUBLEPOST=1416984212][/DOUBLEPOST]
Не знам како се осмелуваш :)

Иначе нашето поимање на исламот ќе признаеш е далеку од задоволително, дилемата која ја спомна, сигурно е детерминирана од нивните верски закони-учења, не сум ни јас експерт за се’ но имам претстава како тоа е регулирано во поглед на распределба на наследството после смртта на таткото кој додека е жив е главата на семејството.
Точно си е пропишано што следува кому и без пишан тестамент. Врз жените не се пренесува наследството, со цел да се спречи брак од материјален интерес од идниот сопруг, што значи жената ги има на располагање само “ресурсите“ на својот маж, додека нејзините браќа добиваат еднаков процентуален дел од таткото и обврска да се грижат за мајката додека е жива или сестрите додека не се омажат. Некои исламски култури ги применуваат овие закони вообичаено, а во краен случај врз нивна традиционална основа ќе пресуди било кој Суд.

Не може да одиме во недоглед со примери, бидејќи “ограниченоста“ на жените во Турција е прашање на поединечно третирање, а не како што некој овде сака да претстави небаре е тоа калифат систем.

Размисли на пример, дали арапските жени во Дубаи навистина сакаат да си возат кола, кога секоја од нив има приватен возач и луксузна кола. Иди прашај ги дали сакаат да се возачи или да одат да заработуваат како мажите.

Или обратно, овозможи им на нашиве жени исти такви услови и прашај дали сепак би биле полни со права но би се возеле со градски превоз. ;)
Овде ќе ми требаат 3 страници да се изјаснам како треба, ама во корист на времето и просторот ќе пробам да сумирам
Првиот дел: Веќе спомнав, жената во исламот нема никакви права, она е предмет. Намерно го избегнувам поимот стока, али е многу блиску до тоа. Таа не може да биде силувана во никој случај, секогаш е таа сама крива. Никогаш не смее ни на иста маса со други луѓе, а камоли да направи муабет со истите.
Ако ти е ова “квалитет“ тогаш следниот дел ќе биде сувишен.
Тие жени што ги спомнуваш во Дубаи како прво се богати. А од светската популација колкав број на луѓе можат да си го дозволат тој начин живот? Така да споредбата ти пропаѓа, сите ние би сакале да можеме да уживаме безразлика на религијата. Некој ќе ужива така, некој “онака“.
Е тоа “онака“ е битниот дел. Еве јас како машко, и да ми се може да “уживам“ 24 часа на ден, сепак тоа за мене НЕ е уживање. Тоа е празно, попусто трошење на времето. Со работата го добивам моментот на задоволство, дека нешто творам, а не дека сум паразит. А тек за возењето, невидено задоволство. Да ме вози некој? Само кога тоа е некоја потреба, код .......... но и тоа не би го испочитувал, со тоа би си газел по сопствениот интегритет.
Истото се однесува и за жените. Тоа прашање “Дали жените би....?“ е индивидуално. А ова со Ердоган не е оставено на индивидуална одлука, ова е само шеријатско право во поблаго пакување.
Ние дисутираме за Турција, не за Дубаи, верувам дека во многу арапски земји каде им е забрането да возат, и те како го посакуваат тоа право, како најосновна човекова потреба во 21 век. Како да оправдам една религија или обичаи каде на едно дете само оти е женско би му се ускратило наследство, ќе се грижеле браќата за неа, а зошто да мора некој да се грижи, истовремено таа „грижа“ ќе значи и целосна контрола над нејзиниот живот. Што ако фамилија има само женски деца, што тогаш.

Точно дека не знам многу за исламот и не ни сакам да знам, и овие работи што ги знам се доволни од такво нешто да се држам настрана.
И не ти треба повеќе, веруј!
 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
Изјавата на Ердоган е на место. Еманципацијата претвори значителен процент од женскиот род во разуздани (внеси говедо по избор) кои со себе повлекоа исто толкав број аморални машки битанги во еден круг на декаденција кој катастрофално се одрази на наталитетот во многу модерни демократски општества.

50%+ стапка на развод, 1-2 или помалку просек деца по семејство, никаков наталитет и ризик од угинување на цели нации итн.
Ќе земам дека не се курташачиш од досада и дека си сериозен со муабетов.
Глеј... У земји со низок стандард често се котат ко стоки пошто од 6-10 неухранети мексиканчиња или деца у Нигерија шансата генот да се протне понатаму е кај 2, дур другите ќе умрат рано и ќе добијат Дарвинова награда. У земји со висок стандард, често го планираат семејството и наравно дека имаат помал наталитет вклучувајќи ја и самата Кина која очајно пробува да донесе регулација на популацијата и екстремното котење у рамките на државата. И сеа да не го дрвиш без везе, овој аргумент не укажува на тоа дека ако земја има огромна стапка на наталитет у споредба со морталитет дека тоа укажува на низок стандард и ако земја има мал наталитет дека е со висок стандард секогаш и во сите случаи пошто има примери за земји со низок стандард, нееманципирани, а со мал наталитет у споредба со морталитет поради војни и Х фактори што покажува дека морталитетот може да го смени размерот а не мора да е увек поврзан со еманципацијата на земјите. Еве не и нас со 1.5 дете од жена ако не земеме морталитет во предвид пошто истиот е дефиниран од други фактори, а уште има нус појави на социо-економско и културно ниво за што си ти пример самиот.
Види ги сите држави кои имаат 4+ деца од жена и провери им ја економската ситуација и внатрешната политика.

Од друга страна, прогресијата на експоненцијално растење на број на жители на светски план е толку језива што ако ги направиш математиките за енергетските ресурси и потрошувачката на истите пред 10-20-30-40-50 год. и сега, по KJ од човек дневно, ќе ти се крене коса, ќе почнеш да препорачуваш методи за регулирање на популација, намалување на истата и ќе прекинеш да тресеш глупости. И не ти се сите либерални и еманципирани земји Скандинавија, у грото од еманципираните земји има нормален наталитет/морталитет. Дури и во повеќето од скандинавскине земји у просек од жена имаш 1.5-2.0 деца.

Од друга страна еманципацијата доведе до давање шанси на работи како ова.
Што си напраил ти у животот како здрав потентен и морален маШ повише од еманципираната стока погоре освен ако продавње фотоапарати на твои 30+ не ти е еквивалент на нејзиниот академски успех?
 
Последно уредено од модератор:
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Тешки наивчетини сте сите што мислите дека Турција е од “наша страна“ за името, ЕУ и НАТО само заради некакви си “пријателски односи“. Тешко на вас и вашиот памет ако мислите дека Турција нема да ја испорача сметката за ваква “поддршка“.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Немав појма дека Доналд Трамп е разгалено ментално заостанато дете али ете, веројатно имам чест да читам особа со 0 денови работно искуство и средношколски џепарлак, наспроти цела женска популација од Дубаи чии амбиции откриваат зошто 8-ми март не го слават за свој празник :)

И да, оние кои работат, не би го мешале истото со забава, освен ако тоа не се пратеници во Собрание.

Еве совет, оди до било која европска метропола и упати се во најлуксузниот шопинг кварт, првата замотана по пат прашај ја дали го сака твојот живот.
Веројатно ќе ти објасни подобро од мене самиот, бидејќи сигурно за неа работат жени од Балканот, Русија и/или Индија,Филипини кои и ги перат брендираните гаќи,и спремаат ручек и ручно ги рибаат сите 3 спратови кои на замотаната и служат како гардеробери.

Збори ми за забава!
да бе братко ама тоа само во Дубаи и Катар и само богатите жени, ај направи споредба со жените во Ирак, Саудиска Арабија, Палестина, источниот дел на Турција и немора да одиш подалеку туку земи пример како живеат жените албанки во руралните подрачја.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Немав појма дека Доналд Трамп е разгалено ментално заостанато дете али ете, веројатно имам чест да читам особа со 0 денови работно искуство и средношколски џепарлак, наспроти цела женска популација од Дубаи чии амбиции откриваат зошто 8-ми март не го слават за свој празник :)
И ја немав поим дека Доналд Трамп не смее да работи и заработува туку треба да бара џепарац од жена му и аналогно на тоа да биде комплетно зависен од неа, не смее да излегува од дома без нејзина дозвола, ниту пак сам да носи било какви животни одлуки, мора да шета забулен, може да биде каменуван ако некој го обвини за блуд, не смее да вози и жена му смее да си донесе уште тројца мажи ако и се ќеифне.

Паралела помеѓу Доналд Трамп и муслиманските жени - една од најглупавите ствари што сум ја прочитала на форумов, а и воопшто во животот.

А и немав поим дека сите муслимански жени имале шофери и живееле во раскош.

И останатите постови на темава ти се полни со глупости, ама на нив ќе ти реплицирам поручек.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
И ја немав поим дека Доналд Трамп не смее да работи и заработува туку треба да бара џепарац од жена му и аналогно на тоа да биде комплетно зависен од неа, не смее да излегува од дома без нејзина дозвола, ниту пак сам да носи било какви животни одлуки, мора да шета забулен, може да биде каменуван ако некој го обвини за блуд, не смее да вози и жена му смее да си донесе уште тројца мажи ако и се ќеифне.

Паралела помеѓу Доналд Трамп и муслиманските жени - една од најглупавите ствари што сум ја прочитала на форумов, а и воопшто во животот.

А и немав поим дека сите муслимански жени имале шофери и живееле во раскош.

И останатите постови на темава ти се полни со глупости, ама на нив ќе ти реплицирам поручек.
Ајде едвај чекам.

Примерот беше дали Трамп е разгалено дете доколку има приватен шофер и луѓе кои работат за него. Тоа беше се’.

Се работи за луксузен начин на живот, од кој никој не би сакал да се откаже односно 99% би сакале да го имаат тој начин на живот. А никогаш не можеш да имаш се’, цената за тоа е да бидеш приватна сопственост на тој што ти го овозможува луксузот.

Поентата ми беше дека токму заради овие работи женската револуција за повеќе права во арапско-муслиманскиот свет никогаш нема да успее.
Она што е прифатливо за Турчинките нема да биде за жените во Дубаи ( и вицеверса)

Постои различно културолошко гледање за оние луѓе кои немаат амбиции или не сакаат да имаат било какви грижи.
Ние можеме да ги критикуваме за нецивилизираност исто како што и тие гледаат со презир и гадење на нашите културолошки навики.
Затоа појаснив дека се работи за 2 спротивности, екстрема благодарение на кои можеме да одлучиме во колкав дел од нашите животи сакаме да бидат застапени.

И кога збориме за женските права во Турција, треба да се знае дека нивната држава е третирана како расипано јаболко меѓу муслиманските земји, токму поради секуларноста и про-западниот начин на живот, кој ги загрозува стереотипите на исламот кој го практикуваат останатите земји.

Нема поента да се споредува Турција со каменување и сечење глави, туку треба да се земе во предвид традиционалноста на муслиманската перцепција за тоа што е за нив прифатливо а што не.
Во спротивно, правиме грешка на самиот старт ако очекуваме од било која муслиманска земја да им се покори за западните злонавики и толеранција.
 
Член од
14 ноември 2011
Мислења
141
Поени од реакции
363
Сумирај што сакаш да кажеш во еден параграф и помалку. Мислење на дрематори, дрватори, твитерџии и остала неписмена кооперациска багра без вода во очи, фамилија или било каков општествен фактор не ме интересира. Н.з.с. е дека со ова темпо македонецот ќе го снема за 50-100 години, па ти биди колку сакаш модерен, ЛБГД, прозападен, просветлен, политички коректен, заштитник на права на кучиња/мачиња/вонземјани и ред други работи.

Ќе земам дека не се курташачиш од досада и дека си сериозен со муабетов.
Глеј... У земји со низок стандард често се котат ко стоки пошто од 6-10 неухранети мексиканчиња или деца у Нигерија шансата генот да се протне понатаму е кај 2, дур другите ќе умрат рано и ќе добијат Дарвинова награда. У земји со висок стандард, често го планираат семејството и наравно дека имаат помал наталитет вклучувајќи ја и самата Кина која очајно пробува да донесе регулација на популацијата и екстремното котење у рамките на државата. И сеа да не го дрвиш без везе, овој аргумент не укажува на тоа дека ако земја има огромна стапка на наталитет у споредба со морталитет дека тоа укажува на низок стандард и ако земја има мал наталитет дека е со висок стандард секогаш и во сите случаи пошто има примери за земји со низок стандард, нееманципирани, а со мал наталитет у споредба со морталитет поради војни и Х фактори што покажува дека морталитетот може да го смени размерот а не мора да е увек поврзан со еманципацијата на земјите. Еве не и нас со 1.5 дете од жена ако не земеме морталитет во предвид пошто истиот е дефиниран од други фактори, а уште има нус појави на социо-економско и културно ниво за што си ти пример самиот.
Види ги сите држави кои имаат 4+ деца од жена и провери им ја економската ситуација и внатрешната политика.

Од друга страна, прогресијата на експоненцијално растење на број на жители на светски план е толку језива што ако ги направиш математиките за енергетските ресурси и потрошувачката на истите пред 10-20-30-40-50 год. и сега, по KJ од човек дневно, ќе ти се крене коса, ќе почнеш да препорачуваш методи за регулирање на популација, намалување на истата и ќе прекинеш да тресеш глупости. И не ти се сите либерални и еманципирани земји Скандинавија, у грото од еманципираните земји има нормален наталитет/морталитет. Дури и во повеќето од скандинавскине земји у просек од жена имаш 1.5-2.0 деца.

Од друга страна еманципацијата доведе до давање шанси на работи како ова.
Што си напраил ти у животот како здрав потентен и морален маШ повише од еманципираната стока погоре освен ако продавње фотоапарати на твои 30+ не ти е еквивалент на нејзиниот академски успех?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
да бе братко ама тоа само во Дубаи и Катар и само богатите жени, ај направи споредба со жените во Ирак, Саудиска Арабија, Палестина, источниот дел на Турција и немора да одиш подалеку туку земи пример како живеат жените албанки во руралните подрачја.
Да не помислиш дека сум те одбегнал, истото ќе го речам, за да имаш еднакви права тогаш треба сите да ги применат. Оние кои треба да одлучуваат во исламскиот свет не се Бедуинските жени туку арапските жени во Дубаи и Катар како најразвиени муслимански држави.
Е сега, ако најразвиените и најбогати економски држави практикуваат конзервативен ислам, тогаш на кој степен мислиш дека се жените во пустинските региони на блискиот исток?

На кого мислиш дека тие попрво би се огледале, на жените од Дубаи или на жените од Франција? Затоа што не верувам дека просечната млада арапска жена мечтае како да се проводи во ноќен свингерски клуб овој викенд.

Разликите меѓу двата света се огромни и пред да им ги пласираме нашите готови формули за среќа, треба да земеме могу други работи во предвид.[DOUBLEPOST=1417007502][/DOUBLEPOST]
Тие жени што ги спомнуваш во Дубаи како прво се богати. А од светската популација колкав број на луѓе можат да си го дозволат тој начин живот? Така да споредбата ти пропаѓа, сите ние би сакале да можеме да уживаме безразлика на религијата. Некој ќе ужива така, некој “онака“.
Е тоа “онака“ е битниот дел. Еве јас како машко, и да ми се може да “уживам“ 24 часа на ден, сепак тоа за мене НЕ е уживање. Тоа е празно, попусто трошење на времето. Со работата го добивам моментот на задоволство, дека нешто творам, а не дека сум паразит. А тек за возењето, невидено задоволство. Да ме вози некој? Само кога тоа е некоја потреба, код .......... но и тоа не би го испочитувал, со тоа би си газел по сопствениот интегритет.
Истото се однесува и за жените. Тоа прашање “Дали жените би....?“ е индивидуално. А ова со Ердоган не е оставено на индивидуална одлука, ова е само шеријатско право во поблаго пакување. И не ти треба повеќе, веруј!
Исправка, мажите на тие жени во Дубаи се богати. :)

Да не се повторувам, ти сметаш дека самореализацијата ја постигнуваш преку своите амбиции, но има луѓе дури и во нашето општество кои немаат амбиции и не би им сметало да бидат издржувани.

Ние можеме да збориме само од наша перспектива, затоа што не би сакале да се откажеме од она што ни е дозволено, па мислиме дека истото треба да им се дозволи на сите луѓе затоа што сме фер и сакаме рамноправност.

Ама во реалноста не постои рамноправност никаде, во ниту една сфера од животот, едни се богати други не, едни се родиле во земји од третиот свет, други прават бизнис со дијаманти кои ги ископале 10 годишни деца во Конго.
Не за џабе се потенцира дека 90% од светското богатство им припаѓа на 1% од светската популација.

Он топик, Ердоган мора да им се додворува на своите гласачи, неговите ставови во јавноста секогаш биле обоени со муслимански предзнак, бидејќи се работи за политичар.
 
Ќе се задржам само на делот што си ми реплицирал, не сакам да се раслинувам на повеќе постови.
Да, имаш право, нивните мажи се богати, али битно ја сфати поентата(y)
Ај сега првиот болд: Самиот го потврдуваш тоа дека се има можност да се избере. значи на самата единка е дали ќе го избере овој или оној пат. Не му е ништо забрането или наредено. Тука и лежи цаката која ти се провлекува низ целиот пост. Никаде не спомнав рамноправност претходно, само се обидов да го потенцирам делот “избере“, или “опција“.
Едно е рамноправност, друго е избор. Иако рака на срце, тие две работи во овој случај се испреплетуваат, но сепак се работи за две посебни работи.
За Ердоган, да, тој е курва, ко секој политичар, и сака да се додворува (нема да искористам повулгарен збор) на некого. Но поентата е во тоа што Турција иако е начелно муслиманска држава, сепак е многу далеку од оној ислам кој е актуелен деновиве. Турците беа (повеќето) пред Ердоган, за слобода и се што го имаа. Ама Ердоган, со својата добра пропаганда успеа да го испере мозокот на добар дел од населението. Згора на тоа успеа и да ја уништи нивната секуарност. За жал. Но тоа што тој сака да ја врати Турција 1400 назад во времето не смее да биде прифатено со ќутење. Прво самите Турци се бунат, потоа и секој цивилизиран човек треба да го исвирка тој чин.
Ќе дадам само мала паралела со Хитлер, кој исто така успеал да испере милиони мозоци со добра пропаганда. А Исламот во моментов е во нивниот среден (темен) век. Но тоа што Христијаните немале помош, не значи дека муслиманите не треба да ја поминат истата работа сами, посматрани од страна, кога веќе се знае дека тоа нема да донесе ништо добро. ДА, ќе ќажеш, со сила не можеш да им помогнеш, ама затоа пак со добра контр-пропаганда ќе се постигне истото.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076

Турција неможе да се споредува со арапските земји,најголема грешка си правите тука, а инаку Турција е сеуште секуларна земја,во Турција никаде не се гледа луѓе како што се во Иран или во Авганистан,значи жените им се отворени,мажите не се со бради,шеријатски закони нема, Ердоган исламистички политики си прави само кога треба да собере гласови,и тоа само со зборови а не и во практика,неколку пати сум биден во Турција, a и сега пред неколку недели бев, рака на срце од секаков аспект се по напредни и по богати од балканските земји а Богами и од некои европски земји, да живеев во некоја друга планета и да ги читав овие коментари ќе мислев дека Турција е некоја африканска или арапска земја, овдека има некои членови што не се излезени ниту еднаш од Македонија или можеби со емоции се пишани коментарите.. Камоли ние да бевме барем 50% како економијата на Турција, тие немат гајле за ништо, најниска плата им е 600 евра, имаат силна економија,имат силна армија,стратешкото место им е супер,членка на НАТО се итн,,ех сега Ердоган дека се глупира понекогаш се глупира,тука нема дилеми, ама сепак јас мислам дека тоа е заради политички поени.. А инаку политиките на Ердоган на некој начин почна контра да делува, секуларизмот кај турскиот народ сега е многу по силен отколку за време на републиканците, и тие жени што биле забулени се отвориле.. Можеби и турските тв серии е силен фактор,таму има убави жени со секакви модни креации. Па можеби заради тоа Ердоган не успеа да ја направи Турција исламистичка земја.. Тој кога не успеа за 12 години тоа да го направи кога беше многу по силен не пак сега,така да секуларизмот на Турција е загарантирана.. Ем башка е тоа што националните политики на Турција не се менува толку лесно па било кој да дојде на власт,тие не се Македонија секоја година да се менува националните политики.. И на крај, 1997 година во Турција владееле по големи исламисти од Ердоган на чело со тогашниот премиер Ербакан,но Турција ниту тогаш не се исламизира,секуларна остана, турскиот народ е специфичен народ, таму народот од секогаш се про европски и про амерички ориентирани отколку про арапски,турците многу повеќе не се сакаат со арапите и со курдите отколку со грците например,така да празни фрази се тоа кога понекогаш се пишува дека вахабизам или радикален ислам е закана за светот од страна на Турција.. Јас мислам дека Турција како голем сојузник на САД и како стара членка на НАТО ќе остане сојузникот на Западот,пред се со САД и Велика Британија. Инаку многу повеќе шанси има Босна и Херцеговина да се исламизира отколку Турција, и на крај центарот на вахабизмот е во Саудиска Арабија, од таа гнасна земја се финансира вахабизмот во светот, а што е најлошо,овдека на балканот вахабизмот се шири најмногу преку Босна и Косово..:facepalm:
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Stom Erdogan mora da mu se dodvoruva na svoeto glasacko telo so vakvi, i na niv slicni, politicki nekorektni izjavi, logicen zaklucok e deka, navodnata sekularna orientacija i zalozba na narodot pred se, no i na turskata drzava, posle Ataturk bilo samo zaradi zalazuvanje i dobivanje na pogresen vpecatok vo ocite na svetot. Za vakvi raboti ne mozes da mu go isperes mozokot na narodot, makar bil i Gebels next level. Zatoa i interesni mi se jalovite izjavi deka narodot ke mu sudi na Erdogan i ke go kazni za islamizacijata na zemjata, demek prisilna a realnosta ni kazuva deka Turcite ja docekuvaat so rasireni race. Ako ja zememe vo predvid istorijata, neootomanizmot na Erdogan i nostalgijata kon Otomanskata Imperija, od edna i religiskata slika na zemjava, stanuva sosema jasno deka ne e bezuslovna turskata podrska kon nasata zemja i isplivuvaat rabotite na povrsina. Smetkata ke ni ja vracat, ako ne denes, togas za 10-20 godini, toa e sigurno. No, kratkovidosta e edna od glavnite osobini na Makedoncite, samo sto moze mnogu skapo da ja platime.
Imajte na um deka za Ataturk, koj bese tatko na "nacijata", sega veke za nekoi, ne site, e Evrej i najgolem predavnik na turskata drzava. Takvata retorika i mnenie ke se intezivira vo idnina, da sme zivi i zdravi da docekame koga ke padnat site maski.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom