Самоубиство!

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Мислев на Сергеј Николаевич Лазарев иначе да нема да ти кажат психолозите дека депресијата иде од нељубов тие не гледаат и не допираат во душата. Ако ми го избришеш мислењето нема да се навредам :)
Има член шо се потпишуваше нешо така.
Како и да е, никој не дпира во душата пошто никогаш не е ни докажано дека постои воопшто душа.
И те молам вети ми дека нема да се навредиш, пинки промис.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
@4NHK0 e :гомце:
Прилично сериозно ја имаме сфатено темава на форумов и секое мислење што е тролање/шеги/хумор/глупост ќе биде избришано и прпратено со казнени.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите!Долго време следам мислења на овие форуми но никогаш не сум дал мислење но сега морав да направам рандом профил за да искажам дел од моите лични проблеми во врска со оваа тема.Го ценам вниманието од секого на ова мое рефератче.Епа вака,можеби многу луѓе одеднаш би рекле дека сум премногу млад,дека животот е многу убав и со верба во бога и борба се излегува од секојдневната депресија и се засилува вољата за живот.НЕ!Тоа не е нешто што би можел да го контролирам.Не сум само еден исфрустриран тинејџер на кој што советот за неговата мака би бил:-Мал си,немаш ништо видено од животот,сеуште незнаеш што сакаш,немој да тресеш глупости.Епа јас би ви го кажал ова,баш заради тие постапки вашите деца патат од проблеми кои ги имаат во главата,а вие не ги сфаќате сериозно.Мојата приказна е:Се зачленив во овој форум затоа што поради вакви критики јас немам каде да ги искажам своите чувства.Патам од депресивни периоди едно 10-12 пати во годината и веќе 4 години скоро редовно добивам нагони за самоубиство.Како човек кој пати од тие мисли јас го сметам самоубиството како излез од некои работи.Не дека јас сум збеснат и незнаам што сакам.Ги спознав работите како стојат од многу мал,моите се разделија но мене не ми беше тешко бидејќи ОД МАЛ сфатив дека тие не функционираат заедно.Проблеми во љубовта сум имал како и секого и сеуште имам,но тоа не е главната причина за потеклото на мојата депресија.Едноставно имам став дека љубов нема,заљубеност да и во тој план јас не се замарам премногу.Да бидам малку пократок бидејќи од ова може книга да се напише,премногу се самообвинувам и сум премногу параноичен,се плашам од гужва и го мразам општеството.Се плашам од ривалитет и да го побарам кусурот доколку не ми биде вратен назад,многу сум слаб со самодоверба и сум полн со бес и лутина.Го мразам Исус и секоја религија на оваа планета бидејќи сметам дека тоа нешто го растура општеството.Не учам бидејќи немам воља,не ги сакам домашните и не ми е битно што ќе се случи утре.Моето друштво и опкружување се мојата утеха,тие се како моето вистинско семејство но премногу ме депримира фактот што никој од нив не нашол време да ме праша како се чувствувам и понекогаш и покрај тоа што мислам дека се утеха ги сметам за најголеми непријатели и луѓе кои сакаат да ми наштетат поради нивното некогаш но често не периоди себично и лошо однесување,а јас се плашам да му ја искажам лутината и на нив.Понекогаш со саати се губам во книгите бидејќи најмногу ми е лесно кога го праќам умот на некои места каде не се замара со реалноста.Неможам да ја спознаам јас таа вистинска реалност.Да речете не сакам никого,не е точно.Плачам и чувствувам,сакам да понудам помош на некого,чувствувам жал,но и голема омраза.Не гледам поента ни да учам ни да направам нешто со животот.И да знаам како би им било на моите доколку го направам тоа нешто,но јас неможам ради нив да останам да се борам пошто тоа не се контролира по своја воља.Да можев да го контролирам тоа нешто одамна би бил првенец на генерација,но тоа не е тоа.Јас сум само изгубена душа која талка по овој свет и незнаам ни кој сум повеќе.Имам 18 години се оформувам како личност а јас поминувам ноќите плачејќи.Бев зависен од никотин но јас скоро да имам ретко потреба да запалам цигара пошто кога палам цигара одма нагло ми идат некои мисли на самообвинување за она што сум,како да се плашам да бидам тоа што сум.Чудно но ете тоа е причината поради која успевам да ги занемарам цигарите.Имам преголеми финансиски проблеми и моите се заглавени до гуша но барем на некој начин се борат да го имам она што го сакам.Понекогаш кога добивам џепарац или плата ако сработам нешто се осејќам материјално задоволен,но не за долго.Незнам што е проблемот искрено,можеби никогаш затоа што не сум ја осетил татковата љубов или пак имам растројство но знаам дека моите проблеми се далеку од љубов,семејтво или што и да е.Имам некаков вид на фобија од обврски и некој да ми рече денеска да скиснам пред компјутер и да играм играта која ја сакам би се исплашил и би побегнал.Се осејќам многу анскиозно како што кажав.Лексилиум сум земал порано 1 месец,а трева земам рекреативно 1-2 пати месечно ради спиритуални цели.Имав потреба да пишам на оваа тема,мислам на самоубиство и на кои начини би можел да го извршам тоа нешто.Да имав избор би излегол од оваа депресија.Стално се форсирам да одспијам кога сум депресивен но ретко кога успева.Запомнете имам преголема Љубов но и преголема Омраза.Пробувам да се прошетам сам надвор од мојот град и да ги гледам убавините на природата или слично но тоа само пробудува чувства.Читам се повеќе за да напишам приказна која што вие би ја читале некој ден.Единствено таа амбиција ме држи понекогаш.Можеби сеуште го немам направено тоа нешто заради тоа што скоро пола година имам личност со која што се зближив многу брзо и можеби мојот став околу љубовта ќе биде променет бидејќи се осејќам заљубено но јас сеуште ги имам тие мисли и се спречувам заради тоа што се плашам како би постапила таа кога би дознала дека мене повеќе ме нема,иако таа знае за сите проблеми би било премногу болно за неа.Еднаш побарав да ми вети дека ќе живее покрај се,додека низ солзи и објаснував што се случува со мене.Психијатар не би сакал да посетам ради тоа што сметам дека тие би го дале истиот одговор како мојот училишен психолог и мојата матична лекарка од кои побарав помош:ЖИВОТОТ Е МНОГУ УБАВ,СОНЦЕТО УБАВО ГРЕЕ!-Да,јас знам дека сонцето убаво грее и уживам во таа глетка но негледам поента да ги продолжуваш моите сеанси без воља да ми дадеш помош и со желба да ти плаќам повеќе.Затоа го одбрав овој форум,бидејќи овде гледам дека има премногу паметни луѓе и дека би добил соодветен одговор од некого.Фала го ценам вашето време и иако реков дека ќе бидам краток,не бев но барем успеав да го пишам ова во најдобро светло.позз
 
Последно уредено:

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.917
@lelouch
"Животот е убав и сонцето грее" a. Да, има периоди кога е така, али често знае да биде срање. Е сега од секое срање постои поголемо срање, денес чукам глава за некоја работа, па гледам како друг чука за нешто многу бетер од мојот проблем, па моето изгледа помалку важно од тоа неговото, али па сопственото е најважно нели, мојата болка е најголема, моето срање ме мачи, па болката на другиот ја забораваме брзо и продолжуваме да се осеќаме срање. Ова несомнено може да се редуцира и да се ублажи, па со тек на време да исчезне, или да постои во количина доволно мала за добро секојдневно функционирање.
Види, што друг интерес/хоби имаш? Рече дека влегуваш во книгите кои ти ја олеснуваат работата, јас слично функционирам во лоши периоди. Филм, музика и книга, каде најчесто главниот протагонист е во поголеми или слични гомна како моите, па прави јас да се осеќам подобро. И мене ме нервира горниот тип на муабети со сонцето, во тие периоди само бараш некој што ќе те разбере, во отсуство на пријателите, често вакви разбирачи знаат да бидат музичари или писатели кај кои ќе ја пронајдеш својата приказна или бар дел од неа. Некои викаат down музики и филмови не чини во вакви состојби, кај мене па баш поисцелителни знаат да бидат, зашто ко што ти споменав протагонистот е во позаебана ситуација од мојата, па кога ставаш на кантар, ти олеснува, што е најчестата човечка реакција. Секој човек ќе погледне како му е на другиот, многу поретко се дешава да помогне, доста почесто се дешава да му олесни што не е во негова кожа.
За друштвото, често сам треба да потенцираш дека нешто не чини во ситуации кога никој не му текнува да те праша или не приметува како ти е. Ајде пробај да оствариш таков муабет со еден од друштвото, оној што ти е најблизок или што мислиш дека има шанси највеќе да ти даде совет. Пробај, натерај се некако да му се довериш.
Девојката држи ја покрај себе, зашто како што кажа само нејзе и се доверуваш сега и само таа може да те ислуша, така да не би било пожелно да ја отфрлиш/оддалечиш, потребен ти е совет/разговор во секое време од некој лице в лице.
За на форумов не треба којзнае какво спремање за да пишеш мака, така да добро е што си ја искористил приликата за да ја напишеш маката, ќе известуваш како тече работата и дали успеал некој предлог, ќе има подобрување, ќе имаш совети од луѓе.
Спортска активност знае да помага при напнати ситуации, особено трчање, споро темпо, џогинг. На ова поле како си? Фудбал, сервис, било каква физичка активност?
Рече дека покрај љубовта осеќаш и голема омраза. Кон кого ја чувствуваш омразата? Ако се повеќе работи, набројувај и наведи зошто.
Времето знае да смени многу работи, колку повеќе време имаш, поголема шанса за позитивни промени. Како во спортот, кога веќе губиш, што повеќе време, поголеми шанси за да се вратиш во игра.
Во прилог ќе ти го оставам линков од темата Драга Кајгана, и овој конкретен пост баш пишан тазе вечерва. Постирачот опишува како пред две години имал други размислувања, чувства и желби спротивни на овие работи што му се случуваат моментално, каде го осеќа врвот на својата среќа. Некогаш недели, некогаш месеци, некогаш и години знаат да бидат потребни за позитивна промена, и поинаков поглед кон светот, интересите, љубовта.
Така да секојдневието не е секогаш сонце мед и млеко, али има моменти што вредат да се искусат, некој има среќа да дојде лесно и брзо до нив, некој не. Останува да пробуваме, да гриземе да е подобро.
Посакувам да бидеш доволно цврст за да се истера срањево и да дојдат подобрите денови, журката не' чека!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.969
Вртиш ко киша око Крагуевца. Не ја кажуваш вистинската причина, имаш некои стравови, анксиозен си, а ваљда и мрзлив си ко и повеќето твои врсници. Пробај со некаква цел во живот, од било каква природа, целите му даваат вредност на животот. А за стравовите, треба да истрпиш мака па за да ти стане сеедно, тогаш и стравовите нема да ти бидат толку интензивни, имаш време. На таа возраст имаш повеќе слободно време, има толку многу работи кои можеш да ги правиш, а ти се сожалуваш.
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
@lelouch Би ти препорачал да го гледаш Elliott Hulse на YouTube, ми имаат доста помогнато неговите видеа во врска со самоубиство и депресија. Поздрав и се најдобро! ;)
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Самоубиство - е баш нема да направам!
не за инает. неколку дена веќе ме фаќаат депресии од нигде никаде. Го вртам именикот во телефонот никого не сакам да слушнам. Го прелистувам форумов ... илјадници постови некако празен ми се гледа. Како да го нема зборчето сакам да го прочитам или слушнам како да не постои.
Изгледа сакам да најдам некој пост што ќе ми докаже дека сум потребна и корисна на светов ама се на другото ме тера мислата.
Вака ќе направам. Нема харикири. Постам.Мирна. Си го ставив компјутерот во еден ќош. Ќе си седам во ќошов до задутре. Ги прегледав сите најглупи теми и дури коментирав. Ќе продолжам. Ќе им кажам на сите зошто и како треба да живеат. Во што да веруваат и не веруваат и да не прават глупости. Нема да плачам. Нема реални причини. Имам се. И мармалад. И леб. И деца. Имам се. Немам хелекс. Не купувам за инает. Уморна сум. ептен сум. Ќе ставам насмевка и ќе излезам. Ќе прам муабет со некој.... ќе играм со кучето. И куче имам. Мене ме сака повеќе од децата. Незнам зошто? Дај нека касне некого да има вистински проблем... немам маки за кукам ќе сум се убивала. На сред пост. Глупости се изначита и тој што чита
Живеј животов е убав.
Да ти е б а м животот
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Здраво на сите!Долго време следам мислења на овие форуми но никогаш не сум дал мислење но сега морав да направам рандом профил за да искажам дел од моите лични проблеми во врска со оваа тема.Го ценам вниманието од секого на ова мое рефератче.Епа вака,можеби многу луѓе одеднаш би рекле дека сум премногу млад,дека животот е многу убав и со верба во бога и борба се излегува од секојдневната депресија и се засилува вољата за живот.НЕ!Тоа не е нешто што би можел да го контролирам.Не сум само еден исфрустриран тинејџер на кој што советот за неговата мака би бил:-Мал си,немаш ништо видено од животот,сеуште незнаеш што сакаш,немој да тресеш глупости.Епа јас би ви го кажал ова,баш заради тие постапки вашите деца патат од проблеми кои ги имаат во главата,а вие не ги сфаќате сериозно.Мојата приказна е:Се зачленив во овој форум затоа што поради вакви критики јас немам каде да ги искажам своите чувства.Патам од депресивни периоди едно 10-12 пати во годината и веќе 4 години скоро редовно добивам нагони за самоубиство.Како човек кој пати од тие мисли јас го сметам самоубиството како излез од некои работи.Не дека јас сум збеснат и незнаам што сакам.Ги спознав работите како стојат од многу мал,моите се разделија но мене не ми беше тешко бидејќи ОД МАЛ сфатив дека тие не функционираат заедно.Проблеми во љубовта сум имал како и секого и сеуште имам,но тоа не е главната причина за потеклото на мојата депресија.Едноставно имам став дека љубов нема,заљубеност да и во тој план јас не се замарам премногу.Да бидам малку пократок бидејќи од ова може книга да се напише,премногу се самообвинувам и сум премногу параноичен,се плашам од гужва и го мразам општеството.Се плашам од ривалитет и да го побарам кусурот доколку не ми биде вратен назад,многу сум слаб со самодоверба и сум полн со бес и лутина.Го мразам Исус и секоја религија на оваа планета бидејќи сметам дека тоа нешто го растура општеството.Не учам бидејќи немам воља,не ги сакам домашните и не ми е битно што ќе се случи утре.Моето друштво и опкружување се мојата утеха,тие се како моето вистинско семејство но премногу ме депримира фактот што никој од нив не нашол време да ме праша како се чувствувам и понекогаш и покрај тоа што мислам дека се утеха ги сметам за најголеми непријатели и луѓе кои сакаат да ми наштетат поради нивното некогаш но често не периоди себично и лошо однесување,а јас се плашам да му ја искажам лутината и на нив.Понекогаш со саати се губам во книгите бидејќи најмногу ми е
лесно кога го праќам умот на некои места каде не се замара со реалноста.Неможам да ја спознаам јас таа вистинска реалност.Да речете не сакам никого,не е точно.Плачам и чувствувам,сакам да понудам помош на некого,чувствувам жал,но и голема омраза.Не гледам поента ни да учам ни да направам нешто со животот.И да знаам како би им било на моите доколку го направам тоа нешто,но јас неможам ради нив да останам да се борам пошто тоа не се контролира по своја воља.Да можев да го контролирам тоа нешто одамна би бил првенец на генерација,но тоа не е тоа.Јас сум само изгубена душа која талка по овој свет и незнаам ни кој сум повеќе.Имам 18 години се оформувам како личност а јас поминувам ноќите плачејќи.Бев зависен од никотин но јас скоро да имам ретко потреба да запалам цигара пошто кога палам цигара одма нагло ми идат некои мисли на самообвинување за она што сум,како да се плашам да бидам тоа што сум.Чудно но ете тоа е причината поради која успевам да ги занемарам цигарите.Имам преголеми финансиски проблеми и моите се заглавени до гуша но барем на некој начин се борат да го имам она што го сакам.Понекогаш кога добивам џепарац или плата ако сработам нешто се осејќам материјално задоволен,но не за долго.Незнам што е проблемот искрено,можеби никогаш затоа што не сум ја осетил татковата љубов или пак имам растројство но знаам дека моите проблеми се далеку од љубов,семејтво или што и да е.Имам некаков вид на фобија од обврски и некој да ми рече денеска да скиснам пред компјутер и да играм играта која ја сакам би се исплашил и би побегнал.Се осејќам многу анскиозно како што кажав.Лексилиум сум земал порано 1 месец,а трева земам рекреативно 1-2 пати месечно ради спиритуални цели.Имав потреба да пишам на оваа тема,мислам на самоубиство и на кои начини би можел да го извршам тоа нешто.Да имав избор би излегол од оваа депресија.Стално се форсирам да одспијам кога сум депресивен но ретко кога успева.Запомнете имам преголема Љубов но и преголема Омраза.Пробувам да се прошетам сам надвор од мојот град и да ги гледам убавините на природата или слично но тоа само пробудува чувства.Читам се повеќе за да напишам приказна која што вие би ја читале некој ден.Единствено таа амбиција ме држи понекогаш.Можеби сеуште го немам направено тоа нешто заради тоа што скоро пола година имам личност со која што се зближив многу брзо и можеби мојот став околу љубовта ќе биде променет бидејќи се осејќам заљубено но јас сеуште ги имам тие мисли и се спречувам заради тоа што се плашам како би постапила таа кога би дознала дека мене повеќе ме нема,иако таа знае за сите проблеми би било премногу болно за неа.Еднаш побарав да ми вети дека ќе живее покрај се,додека низ солзи и објаснував што се случува со мене.Психијатар не би сакал да посетам ради тоа што сметам дека тие би го дале истиот одговор како мојот училишен психолог и мојата матична лекарка од кои побарав помош:ЖИВОТОТ Е МНОГУ УБАВ,СОНЦЕТО УБАВО ГРЕЕ!-Да,јас знам дека сонцето убаво грее и уживам во таа глетка но негледам поента да ги продолжуваш моите сеанси без воља да ми дадеш помош и со желба да ти плаќам повеќе.Затоа го одбрав овој форум,бидејќи овде гледам дека има премногу паметни луѓе и дека би добил соодветен одговор од некого.Фала го ценам вашето време и иако реков дека ќе бидам краток,не бев но барем успеав да го пишам ова во најдобро светло.позз
Наместо да мразиш почни да сакаш и се ке ти се смени пробај... Вреди.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Батали ги tl;dr-циве. Нема да ти помогнат не од шо не сакаат, намерите им се добри али се додека не го осетат тоа што го осеќаш нема да знаат начин за излагање од стањето.
Тебе дете проблемот ти се вика разочараност. Сакал - нејќел, на емотивен план ти си вечито разочаран оптимист. Ги мразиш работите пошто не се како што очекуваш да бидат. Има неколку излези од таквиот дефетизам.
Едниот ти е глупиот, односно да се пвнеш. Другиот ти е тотална резигнираност во форма на i_just_don't_give_a_fuck. Трет ваљда има, али ја сум тотално океј со вториот.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
10 декември 2014
Мислења
18
Поени од реакции
14
Ама се сите теоретски потковани. Ама животот не е теорија - животот е ПРАКСА. Од таа причина да, треба да се најде доволна добра причина за да продолжиш со животот.
Да се лепат етикети на кукавица и лабилна личност е лесно. Тешко е да помогнеш на човек кој од старт го осудуваш.
И сите оние кои без пардон осудувате, дали сте помислиле дека постои немоќ да си помогне човекот? Сте помислиле ли дека човекот би можел да има нарушена психа и едноставно на тој некој нема кого да му помогне?
Да се разбереме, тоа не е решение но што доколку:
* Нема блиска роднина да му помогне?
* Ако светот му се руши пред нос а тој не може ништо да превземе?
Животот не е лесен а има личности кои се емотивно нестабилни или просто не им се живее.
Сите знаеме да мудруваме. Сите знаеме да кажеме дека животот е еден и не е вредно, бла бла. Не верувам во тие паганарии. И годините немаат мерило. Некогаш колку и да бараш излез не можеш да го видеш светлото на крајот од тунелот.
Кога било себично некој да си го одземе сопствениот живот поради болката на останатите, нели е себично што тие родители, браќа, сестри, партнери и пријатели не погледнале околу себе и да забележат што се случува наместо да игнорираат?
Колку често го читам тоа дека "самоубиството е кукавички начин" никогаш не разговарале вистински со некоја депресивна личност., ниту пак се потрудиле да ја разберат болката, ниту да разберете од каде е изворот на тие црни мисли а нормално не можете ни да помислите дека има поинаква перспектива на животот од вашата.

Кога последен пат навистина сте подале рака на некој во депресија не сметајќи ги советите дека се ќе биде во ред, трпение - спасение, време лечи се кога сите знаеме колку всушност ни помагаат тие совети?

Јас лично сум имала проблеми со анксиозност и депресија во период од една година. Не сум имала нагони за самоубиство фала богу, но сум сфатила што значи да не се препознаваш самиот себе и како во рок од еден момент може животот да ти се преврти наопаку. Сум била пример на луѓе за цврстина, за карактер, за упорност и оптимизам, а каде стигнав? Да плачам во скут кај мајка ми и да не можам нормално да ги извршувам најнормалните секојдневни обврски.
Мислите дека човек кога е толку немоќен дека воошто размислува за тоа какво чувство предизвикува кај другите? Мислите дека не ми било криво кога сум ја вадела мајка ми од памет и дека не сум се трудела да бидам нормална само за да не ја нервирам?

Ми брцнаа во око некои коментари и да бидеме искрени сите сме биле ставени под искушенија. Тоа не го прават под дифолт слабаци, туку на таков чин се осудуваат претежно луѓе кои виделе голема мака во животот, и не гледајќи излез од целата ситуација се самоубиваат.
Едноставно паѓаат во замката на животот од разно разни причини.

Така да ако особа А живее во некој совршен свет кој нема рушевини не мора да значи дека и другите живеат во истиот, или се чувствуваат добро исто толку како и особа А.
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
274
Поени од реакции
257
Здраво.
Изгледа дека имаш некои сериозни очекувања за како треба животот да е и кога ги споредуваш очекувањата со реалноста добиваш отпор. Зашто не си се запрашаш што би требало да се случи сега во моментов да ти би се почуствувал среќен?
Мој совет е обзервација. Кога ти ги имаш тие мисли или болка да ги оставиш на мира и да ги обзервираш.

Некаде доле си напишал дека тебе те нема. Ако те нема тебе тогаш на кого му се овие чувства несакани?
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Не сум имала нагони за самоубиство фала богу, но сум сфатила што значи да не се препознаваш самиот себе и како во рок од еден момент може животот да ти се преврти наопаку. Сум била пример на луѓе за цврстина, за карактер, за упорност и оптимизам,
Не да сум цврста, туку и сакам се да контролирам сите конци се кај мене, за да биде за сите добро. Некогаш кога ќе размислам и да ме снема ќе се снајдат ама ќе ги направам тие што ме сакаат да бидат како мене, да се соочуваат со мојте маки и за нив колку пати и да паднам станувам.
А за нагонот на самоубиство застанав на тој дел од постот, пред неколку години епизода на депресија, јас многу горда на себе си што немав нагон на самоубиство демек види цел свет се скрши од мојт грб и имам сила.... и ... психијатрот низ разговор ме направи да размислам
што е она што би го променила, кога не го сакам светов многу ми наштетил, сакам од х причини да останам во него не се борам да излезам, што е тогаш она што би го променила?
излезе дека потсвесно сум имала список со потпис и печат, и тие од списокот нека му палат свеќа на докторот што ме натера да сватам до каде сум. Буквално една реченица иста со цитат што подоцна го прочитав од Хитлер - некои луѓе не заслужуваат да живеат.

Од тука сватив дека за свој нормален живот мораш на тие гниди од луѓе да им простиш, да ги оддалечиш ако се блиску и да ги заборавиш. А простувањето е процес. Боли. За полесно помисли кога си згрешила некому многу и ти простиле без да заслужиш. Тоа е изгледа најдоброто решение. Секоја депресија иде од злото што го нанесуваат луѓето од ништо друго.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Ама се сите теоретски потковани. Ама животот не е теорија - животот е ПРАКСА. Од таа причина да, треба да се најде доволна добра причина за да продолжиш со животот.
Да се лепат етикети на кукавица и лабилна личност е лесно. Тешко е да помогнеш на човек кој од старт го осудуваш.
И сите оние кои без пардон осудувате, дали сте помислиле дека постои немоќ да си помогне човекот? Сте помислиле ли дека човекот би можел да има нарушена психа и едноставно на тој некој нема кого да му помогне?
Да се разбереме, тоа не е решение но што доколку:
* Нема блиска роднина да му помогне?
* Ако светот му се руши пред нос а тој не може ништо да превземе?
Животот не е лесен а има личности кои се емотивно нестабилни или просто не им се живее.
Сите знаеме да мудруваме. Сите знаеме да кажеме дека животот е еден и не е вредно, бла бла. Не верувам во тие паганарии. И годините немаат мерило. Некогаш колку и да бараш излез не можеш да го видеш светлото на крајот од тунелот.
Кога било себично некој да си го одземе сопствениот живот поради болката на останатите, нели е себично што тие родители, браќа, сестри, партнери и пријатели не погледнале околу себе и да забележат што се случува наместо да игнорираат?
Колку често го читам тоа дека "самоубиството е кукавички начин" никогаш не разговарале вистински со некоја депресивна личност., ниту пак се потрудиле да ја разберат болката, ниту да разберете од каде е изворот на тие црни мисли а нормално не можете ни да помислите дека има поинаква перспектива на животот од вашата.

Кога последен пат навистина сте подале рака на некој во депресија не сметајќи ги советите дека се ќе биде во ред, трпение - спасение, време лечи се кога сите знаеме колку всушност ни помагаат тие совети?

Јас лично сум имала проблеми со анксиозност и депресија во период од една година. Не сум имала нагони за самоубиство фала богу, но сум сфатила што значи да не се препознаваш самиот себе и како во рок од еден момент може животот да ти се преврти наопаку. Сум била пример на луѓе за цврстина, за карактер, за упорност и оптимизам, а каде стигнав? Да плачам во скут кај мајка ми и да не можам нормално да ги извршувам најнормалните секојдневни обврски.
Мислите дека човек кога е толку немоќен дека воошто размислува за тоа какво чувство предизвикува кај другите? Мислите дека не ми било криво кога сум ја вадела мајка ми од памет и дека не сум се трудела да бидам нормална само за да не ја нервирам?

Ми брцнаа во око некои коментари и да бидеме искрени сите сме биле ставени под искушенија. Тоа не го прават под дифолт слабаци, туку на таков чин се осудуваат претежно луѓе кои виделе голема мака во животот, и не гледајќи излез од целата ситуација се самоубиваат.
Едноставно паѓаат во замката на животот од разно разни причини.

Така да ако особа А живее во некој совршен свет кој нема рушевини не мора да значи дека и другите живеат во истиот, или се чувствуваат добро исто толку како и особа А.
Колкава мака некој видел зависи од неговата лична перцепција, односно лимитот на неговата издржливост за маки е предетерминиран од негова страна ergo слабаците издржуваат помалку.
Освен ако не станува збор за благородна кауза, како самоубиство за да се зачуваат информации од огромно значење за држава и сл. институции или алтруистички пориви каде што самоубиството ќе спаси безброј други животи ретко кога некој се самоубива поради причина која не е молдирана од нивната суета.

Анксиозност и депресија колку сакаш сатанизирај ги, не се валидни причини за самоубиство. Има медицински третмани за тоа. И се first world issues. Не седиш во "куќа" со една соба чекајќи да ти падне барел бомба на глава. Не ти се ампутирани 3/4 од екстремитетите пошо си нагазнала на тенковска мина додека си бегала од запалено село.
Такви луѓе не плачат, не помислуваат да се самоубијат бидејќи имале блиска средба со смртта и знаат колку е страшно. Колку се празни и студени тие моменти.

Интересно е шо многу често таквите ликови не ни сакаат помош. Не сакаат да идат на терапии, не сакаат да си ги земаат дневните дози. Уживаат у таа илузија на "посебност" што им ја даваат нивните психички растројства. Еј ја сум хроничен депресивец, еј ја имам аспергер, еј ја сум посебен поради дисфункционалноста на мојот мозок, неговата
неспособност правилно да ги лачи и раководи потребните дози на неуротрансмитери итн.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
ретко кога некој се самоубива поради причина која не е молдирана од нивната суета.

Анксиозност и депресија колку сакаш сатанизирај ги, не се валидни причини за самоубиство. Има медицински третмани за тоа.

Интересно е шо многу често таквите ликови не ни сакаат помош. Не сакаат да идат на терапии, не сакаат да си ги земаат дневните дози.
Си пробал антидепресив? Како се чувствуваше од антидепресивот ако си пробал? Си пробал да ги набавиш во аптека? Ако си пробал само да ги набавиш ќе видиш дека брзо се трошат, затоа што веројатно таквите ликови се секаде околу тебе.
Зошто е интересно ако не сакам да пијам лек? Не го сакам. Ти пиј го ако го сакаш. Ако сакаш само телесно да постоиш, да се оперираш од секое чувство.
Јас сакам да ја соберам сета сила што ја имам, енергијата дури и од последните прстиња на нозете, сакам да ја соберам сета сила на едно место и да се спротиставам на таа негатива што се насобрала во мене. Природно да се спротиставам. Ако е болест сакам алтернативен лек не хемиски, ако е ѓавол сакам да го погледнам во очи.
Не уживам во ова. Уживам кога гледам некој добар филм, уживам кога јадам потпечен леб со путер, уживам кога се раѓаат деца во близина на тоа многу се ситам и се радувам. Депресијата е чувство близу како кога умира некој. Кој го осетил ни на душман не му го посакува. Една топка маглива и гнасна во градите што расне и не ти дава воздух и се заканува дека ќе порасне толку да може да те голтне.[DOUBLEPOST=1420557335][/DOUBLEPOST]
Такви луѓе не плачат, не помислуваат да се самоубијат бидејќи имале блиска средба со смртта и знаат колку е страшно. Колку се празни и студени тие моменти.
А блиска средба со смртта? Ни тоа немаш доживеано, само мелиш на празно....Брзи се тие моменти...
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Си пробал антидепресив? Како се чувствуваше од антидепресивот ако си пробал? Си пробал да ги набавиш во аптека? Ако си пробал само да ги набавиш ќе видиш дека брзо се трошат, затоа што веројатно таквите ликови се секаде околу тебе.
Зошто е интересно ако не сакам да пијам лек? Не го сакам. Ти пиј го ако го сакаш. Ако сакаш само телесно да постоиш, да се оперираш од секое чувство.
Јас сакам да ја соберам сета сила што ја имам, енергијата дури и од последните прстиња на нозете, сакам да ја соберам сета сила на едно место и да се спротиставам на таа негатива што се насобрала во мене. Природно да се спротиставам. Ако е болест сакам алтернативен лек не хемиски, ако е ѓавол сакам да го погледнам во очи.
Не уживам во ова. Уживам кога гледам некој добар филм, уживам кога јадам потпечен леб со путер, уживам кога се раѓаат деца во близина на тоа многу се ситам и се радувам. Депресијата е чувство близу како кога умира некој. Кој го осетил ни на душман не му го посакува. Една топка маглива и гнасна во градите што расне и не ти дава воздух и се заканува дека ќе порасне толку да може да те голтне.
Не сум пробал бидејќи не ми бил потребен. Од друга страна, личното искуство не е валиден аргумент во дебата бидејќи се губи објективноста.
Пиј го пошто лекот ти помага, пошто може да ти го спаси животот? Не ги пиј, никој не те форсира да го пиеш лекот тој избор, додека си свесна е апсолутно твој.
Каков е тој неприроден хемиски лек? Се што се наоѓа во природата, а се околу тебе претставува природа, е природно. Тој антидепресант е природен.
Сегде во природата се случуваат хемиски реакции и сите тие алтернативни лекови се дело на природата via хемиски реакции, како и тие на злата медицина.
Единствена разлика е во тоа што тие на злата медицина се тестираат во лаборатории и научниот метод ги потврдува нивните својства, за разлика од алтернативните кои ретко се тестираат и најчесто аргументи за нивната функционалност се сведоштва, лични мислења на неексперти.[DOUBLEPOST=1420557820][/DOUBLEPOST]
А блиска средба со смртта? Ни тоа немаш доживеано, само мелиш на празно....Брзи се тие моменти...
Сум доживеал и едвај сум бил спасен од доктори, небитно на кој начин. Само, причина не била моја неодговорност туку други фактори кои не сум можел да ги контролирам.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom