Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
http://republika.mk/?p=346552

Едно од појаките газолижења што сум ги прочитал во последно време. Длабоко до скрж.

И оваа професорка o_O и слични како неа сакате да ги подржи студентите и да ги обликува во прогресивна сила во општеството.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
http://republika.mk/?p=346552

Едно од појаките газолижења што сум ги прочитал во последно време. Длабоко до скрж.

И оваа професорка o_O и слични како неа сакате да ги подржи студентите и да ги обликува во прогресивна сила во општеството.
На следниот силен дожд, нека и заглави колата кај подвожњакот Стоковна Куќа/Кисела Вода/Бриколаж/Хемиското школо па да видам дали ќе вика на Македонија и требало Скопје 2014 за Скопје да биде метропола
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не дека не му требаше разубавување, но на сета лажна стиропорна фасда, едни исти проблеми се нерешени со години. (а да не зборуваме колку сето тоа можеше естетски поубаво да изгледа ако вистински професионалци го работеа).

Денес бев во Скопје, со години кога шетам по кејот покрај трговски тие плочките после секој дожд тонат и се разместуваат, тоа буквално секогаш се случува и со години не се менува.

Еден средно-силен дожд цел град се дави во гомна и кал, стиропорните палати се удавени во кал.

Ама тоа е кога се почнува од кровот без да се средат темелите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ќе видите такви некои во некој одбор или советничка листа, приватна фирма врзана со државни тендери па нема да ви е чудно зошто тоа го пишува. Тие или нивни деца на социјални мрежи по секоја цена ќе го бранат бумот, најниската плата и секоја глупотарија што ќе и текне на власта. Нормално, добри пари инкасираат од тоа. И ќе се чудат на темиве, како од марс паднати. Оти нели, биле способни.
Да си ја направиш дневната соба според супермодерни фине ливинг и фенгшуи стандарди, а од другите соби реа, смрад на канализација, во дворот и на улица кал, битно пред гостите ќе се фали ете...Го пофалува и проектот компјутер за секое дете или така ми се чини?...:sick:
И сеуште некој ќе јаде што не се јаде за патетики?
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.342
Поени од реакции
4.951
Мора да пишам на темава Прееска се вратив од Ск....
Тажно е сето она што се прави со градот. Сето урбано сквернавење со расфрлан кич на секој метар не да смета ами е крајно нападно и невкусно за гледање.
Стварно се претера со вештачкиот архитектонски идентитет.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Слушам сега дека споменикот на Мајка Тереза (што требаше да го прави Субрата) ќе го прави Владата...и тоа спаѓа во Скопје 2014?????:(
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.247
Поени од реакции
78.874
ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО МАКЕДОНИЈА !

Запознајте го единствениот, неповторлив кораб на Библиска Македонија со уникатна внатрешност и раритетен ентерирер, Ексклузивниот Ресторан РОЈАЛ МАКЕДОНИЈА!
Вкусете ги единствените специјалитети на маркантниот, ексклузивен ресторан во Македонија, на Балканот и во Европа,
„ РОЈАЛ МАКЕДОНИЈА“!

Влегувајќи во овој простор, влегувате во еден портал на бескрајот, каде имате ретка можност во својата меморија да ги понесете најубавите мигови со себе во Вечноста и да ги завртите „крилцата“ на ЖИВОТОТ. Единствено овде имате можност да ги разбудите сите ваши сетила за вкус, мирис, слух, боја, вид, и тоа преку неповторливо вкусната храна, професионалната услуга, пристојни цени и уникатниот амбиент .
Допуштете си нашиот сомелиер да ве воведе во светот на хедонизмот преку вашиот оброк и напиток, и ви ветуваме дека, оттука ќе заминете со внатрешното чувство на божественост, топлина, припадност, доверба и љубов, кое секогаш ќе ве тера да го повторите доживувањето или да го споделите со некој ваша сакана и омилена личност.
Опуштете се и дозволете ни да ги организираме вашите деловни ручеци и вечери по ваш избор, семинари, шведски маси, кетеринг, семејни прослави, венчавки, коктели, банкети, родендени и останати забави.

„ ОТТУКА СÈ ЌЕ ПОЈДЕ!
Преку мостот на Љубовта,
На патот кон Вечноста,
По патот кон Вистината,
Е патот кон Љубовта,
За секоја душа што овде ќе дојде! “


:pos:
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО МАКЕДОНИЈА !

Запознајте го единствениот, неповторлив кораб на...
Заборавиле да пишат да побрзаме, затоа што на пролет ќе го отворат и вториот кораб и веќе нема да биде единствен и неповторлив. :( :place:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.247
Поени од реакции
78.874
....уникатна внатрешност и раритетен ентериер....
:pos:

али од друга страна, зарем некој очекуваше нормален текст?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Остана уште нешто што допрва ќе се прави, или толку е, претпоставувам остана само онаа прскалката на плоштад и барокната фасада на ГТЦ

:facepalm: :facepalm: :facepalm:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Се е веќе направено. И улициве се терк Скопје 2014
Стајковци: Или ќе ја направите улицава, или нема децата да ги пуштаме на училиште
Објавено: 17:11, 27/11/2014 Прегледано: 1,861 пати.





Подоцна ќе постирам слики од нашите улици и улици од едно село од една екс ју република.
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.612
Поени од реакции
81.304
http://republika.mk/?p=346552

Едно од појаките газолижења што сум ги прочитал во последно време. Длабоко до скрж.

И оваа професорка o_O и слични како неа сакате да ги подржи студентите и да ги обликува во прогресивна сила во општеството.
Човек зар ја читаш Република...? o_O Дај му на дете од 3 години лист и молив, поубав текст ќе ти напише одколку овие самопрогласениве новинари на сајтов... башка детето ќе биде непристрасно за разлика од воловиве кој ја водат странава

Што се однесува до "колумнава" на дотичнава госпоЖа, оваа изгледа никогаш, АМА НИКОГАШ не осетила како е да крпиш секој месец со пари. Да ти се плукнам во тоа квалитетните кадри кои ни предаваат по школите и факултетите ако сите се вакви како оваа.... еееј замисли оваа им предава на 1000 ученици/студенти кои утре треба да ја водат државава, абе како не и е срам ова што го пишува? Зар немала таа ученици на кои им предавала кои врзувале крај со крај, па малце, барем мааааааааалце да се сочуствува со нив.
Не сум злобен човек кој посакува нешто лошо на некој друг, секогаш честа и добрината ми биле во преден план ама во овој случај ќе направам исклучок... ДА БОГ ДА ЕДЕН ДЕН ТИ ДА СЕ НАЈДЕШ ВАКА КАКО МНОЗИНСТВОТО НАРОД ВО ЗЕМЈАВА, ДА НЕМАШ НА КРАЈ НА МЕСЕЦ ПАРИ ЛЕБ ДА КУПИШ, ДА ДАДЕ ГОСПОД ДА СЕ УТЕПАШ ОД РАБОТА И НА КРАЈ НА СМЕТКА 7000 ДЕНАРИ ДА ТИ ДОЈДАТ КАКО ПЛАТА, ПА ТОГАШ ОДИ КАЈ СПОМЕНИЦИТЕ И ТИЕ НЕКА ТИ ДАДАТ ПАРЧЕ ЛЕБ ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕШ.

Крава една невоспитана.... абе каква крава, греота е такво суштество да споредиш со ваква особа. Од кравата барем имаш нешто ќар, секоја ден ти дава млеко, од суштествово што ќар имаш? Лижигз, тешко на младите со вакви професори (n)

Патем на кој универзитет предава дотичнава?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Зошто Скопје 2014 е недоличен проект од кој треба некој да се засрами. Еве на должина од само половина км, во град Скопје...а другите градови и села...
велосипед???


овде тротоарот е магично прекинат во ништо


дрвото е виновно






и секако добро уредено скопско зеленило


И неколку слики од село во една поранешна југословенска република, сега навистина држава. За жал, нигде не можев да најдам дупка или измет да ги сликнам. За греота се колку им се монотони улиците







 

Kajgana Shop

На врв Bottom