[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
После хаосот што го направив вчера во кујна, мајка ми потенцираше да си купам тесто за тортиљи. Арно ааама... саат ипол вртев низ населба и не можев да најдам. Пиле од млеко мислам дека полесно ќе најдев. :noze:

Како и да е. Ако некој случајно го интересира рецептот за тестото нека каже, оти сега ме мрзи да пишувам. :icon_mrgr:
Ги печев во тепсија, затоа што немав толку големо тавче. Патем цела тепсија уз пат се искриви. :вонзем:
Ги полнев со пилешко месо, пропржено со бело вино, павлака, зденка, кромид, маслинки, кари, вегета, оригано и ѓумбир. Малку претерав изгледа со павлаката, потечно искочи. :вонзем:
Не било многу тешко да се похуваат зденки. :D И тоа од лево е салата со зелка, салама, мајонез, зачини и глупости. :нинџ:
И четири саати, окапев во кујна. :вонзем: Дури и јамболијата ја изгорев. :pos: Али не ги пробав. :(
ТИБАМ ДИЕТА И СВЕ ТИБАМ! :mad:
Иначе тестото слично е како тоа за пишии/гезлемини. :D

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Уште два дена имате да подготвите тортиљи и да учествувате во натпреварот.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504

Предобро ти излегло..... мераци:)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
@shumecha.tableta чекаме рецепт за неделава затоа што во минатиот натпревар само ти направи тоа што беше зададено - тостерки :pipi:
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Овој пат се решив за Ледени коцки, се надевам одговара. :D
Овој рецепт е од тефтерот на мајка ми и е испробан мал милион пати. :X3:

Пандишпан:
6 јајца; 6 лажици шеќер; 6 лажици брашно; 1 пециво; 2 лажици какао
Најпрво се матат белките со шеќерот, а потоа се додаваат жолчките. Потоа брашното со пецивото и на крај какаото, се меша со лажица.

Шербет:
200 гр. шеќер; 1 чаша вода; 3 лажици рум

Филот:
1 л. млеко; 9 лажици шеќер; 1 ванила; 12 лажици густин; малку млеко; 200 гр. маргарин; 200 гр. шеќер во прав
Млекото да зоврие со шеќерот и ванилата. Густинот на страна се меша со малку млеко и се додава во млекото. Тоа треба да се олади. На страна се меша маргаринот со шеќерот во прав. Се меша се' заедно и се прелева пандишпанот.

И на крај се прелева со чоколадо. :D

Јас искрено ја имам испробано оваа рецепта. Само што се зезнав, бидејќи немав трпение да се олади густинот и се појавија грутчиња. Брза кучка, слепи кучиња раѓа. :noze: Видов дека има доста интересни комбинации, со цимет, лимон... изборот е ваш, и ајмо да видиме засукани ракави. :D
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Коцките се на пат ,изненаџење за моите кога ќе стигнат дома
uploadfromtaptalk1417185327398.jpg [DOUBLEPOST=1417200222][/DOUBLEPOST]Еве ги мојте ледени коцки , по рецептата на @shumecha.tableta ,немав рум и во шербетот изрендав кора од порткал и супер вкус има !
IMG_20141128_144704.jpg
IMG_20141128_145403.jpg
Во тестото покрај каКао ставив и една лажица нескафе
IMG_20141128_145716.jpg
Кората е тоа што остана врз тестото
IMG_20141128_153727.jpg

И the money shots :icon_mrgr:
Photo-0081.jpg
Photo-0084.jpg Photo-0086.jpg Photo-0087.jpg

Уживајте :icon_lol:
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Еве ги и моите ледени коцки. Нешто превкусно. Во пандишпанот не ставив какао, што може и да се примети, а за филот користев само 6 лажици густин, но и 2 пакетчиња шлаг.

Пријатно јадење:)

1.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom