Помош - сакам да градам!

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
@puno , како и сите останати на темава................... знаете ли која е цената на Исоспанот, кои му се предности и мани, и дали циглите на Ројал Инвест се квалитетни?:)
 
Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
Дали знае некој дали е готов ДУП-от за стопански двор-волково? И дали почнаа да даваат дозволи за градба? Знам дека беа стопирани низ цел град?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Дали знае некој дали е готов ДУП-от за стопански двор-волково? И дали почнаа да даваат дозволи за градба? Знам дека беа стопирани низ цел град?
Викаат дека од општина Ѓорче бил изгласан,сега требало од Градот да се усвоел до нова година.
Него дали си во тек да знаеш кога ДУП-от заради забелешки ќе биде истакнат на огласна табла пред гласање во градско собрание?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Абе и јас знам дека е готов и дека општина Ѓорче го има изгласано.
Сега треба односно до нова година ГУП-от градот да го гласа ама претходно одреден период е огласен на огласна табла за ако има некои забелешки да се исправат пред гласање.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
гуп е генерален урбанистички план и опфаќа делови од градско подрачјe , истиот е во важност до 2022 година и не се менува ниту се усогласува со дуп. ДУП е детален урбанистички план а се донесува за градско подрачје исто така т.е. тоа е план со детална разработка на инсфраструктура улици подземни инсталации и детална разработка на блокови и парцели со детално обележана градежна и регулациона линија со детално прикажана катност и слично а истиот се усогласува со ГУП-от пошто гуп е тхе ултимејт гуд и од него се почнува па после иде се друго.
Стопански двор е селско подрачје за него посто урбанистичка документација за населено место која не е детална туку е прикажан само опфат во кој спаѓа тоа подрачје .... за него се донесува општ акт кој го работат на катастарски подлоги и цртаат линија околу предвидениот опфат и само ставаат намени .. Мислам дека сите планови кои беа укинати е предвидено да се изгласаат нови до крајов на годинава :) (онака чисто едукативно)
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
Ок фала на сите, и сега за дозвола градба на кука, треба да прашам во катастар или во општина? Обично во општина ме моткаат веке 1.5 год.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.373
Абе и јас знам дека е готов и дека општина Ѓорче го има изгласано.
Сега треба односно до нова година ГУП-от градот да го гласа ама претходно одреден период е огласен на огласна табла за ако има некои забелешки да се исправат пред гласање.
Не знам тоа. Знам само дека после една година мене пред некој ден ми дадоа Извод од план.[DOUBLEPOST=1416821605][/DOUBLEPOST]
Ок фала на сите, и сега за дозвола градба на кука, треба да прашам во катастар или во општина? Обично во општина ме моткаат веке 1.5 год.
Од катастар вадиш имотен лист и извод од катастарски план. Со нив, и со потврда за платен данок за земјиштето одиш во општина и поднесуваш барање за Извод од план. Тој ти е готов за 5 работни дена. Со него одиш кај архитект, се договарате и он ти ја брка целата работа понатаму до добивање Дозвола за градба.
 
Последно уредено:

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Ок фала на сите, и сега за дозвола градба на кука, треба да прашам во катастар или во општина? Обично во општина ме моткаат веке 1.5 год.
дозвола за градба вадиш во општина но прв документ што ќе ти биде потребен за да почнеш со постапката е извод од план , а за добиеш план треба да има план за тоа место ( дуп / акт за населено место ) . постапката иде електронски преку системот за градежна дозвола и во зависност од постапка дали е нов објект доградба надградба адаптација потребни ти се различни документи. потребен ти е проект архитектура статика електрика водовод и канализација ( за нов објект), позитивно мислење од изис(нов објект), хидротехнички услови ( потребни се за позитивно мислење од водовод ) геодетски елаборат и најважно нешто е решени имотно правни односи т.е. имотниот лист за земјиштето да гласи на име на тој што сака да гради Целава постапка е комплицирана зашто за да водиш сам ти треба електронски потпис ( тие ги издава кибс и телеком ) така да најдобро е да си најдеш проектантско биро / фирма што ќе ти ја среди целата работа а ти само да ја ополномоштиш. тоа би било тоа во кратки црти.
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
Јас кога и да отидев во општина (до пред 1 месец) ми викаат за стопански двор неможат да дадат извод од план, бидејки не бил готов...
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Јас кога и да отидев во општина (до пред 1 месец) ми викаат за стопански двор неможат да дадат извод од план, бидејки не бил готов...
епа ќе чекаш да го средат, а проверка можеш да правиш во службениот гласник на општината ( би требало да го има електронски на веб сајтот ) , сепак и да се изгласа тој план на општинска седница за да биде истиот валиден мора да биде објавен во службениот гласник на општината т.е. јавно пред сите :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.373
Помош - сакам да крадам!
Баш така. Јас инаку ја имав комплетирано целата документација која @Ryan Giggs ја спомна погоре уште лани, но наеднаш процесот прекина затоа што правеа измени во ДУП-от. И сега ми бараат се Јово на ново зошто старите документи застариле (6 месеци). Ај да речеме - не е потребно којзнае колку пари за вадење имотни листови (180 ден.), извод од катастарски план (183 ден.) и извод од план (500 ден.), ама потоа - хидротехнички услови се 3000 денари... А тие 3000 кои сум ги дал лани Цацко ќе ми ги врати. Да не зборам за проектите, доколку треба да се прават измени таму: јас се на се треба да платам уште минимум 400 евра на сумата која требаше да ја платам лани. Ама нејсе...
 
тоа со хидротехнички услови нема врска што го кажа освен ако објектот не го градиш на друга парцела ( пошто услови за поставување се исти доколку нема драстични промени ), а и во самиот документ пишува дека е во важност од 2 години од датумот на издавање. Имотен лист е менлива работа во рок од 6 месеци може да има измена а секој бара понов имотен лист за да биде сигурен во она што го работи како и секој нормален човек на планетава. Доколку имало промена во планот нормално дека стариот извод нема да ти важи и ќе мора да извадиш нов. Незнам каква била ситуацијата со тој дуп ѓто го напомена но измена се прави доколку има потреба а не зашто е интересно да се прави. Постапките сега што се водат се решаваат во рок од 2 месеца, доколку си имал комплетна документација која си ја приложил предметот ти се решава по истата, така беше пример и за плановите за селата, сите што имаа поднесено пред поништување законски нема образложение да не им се реши предметот иако повеќе тој план не важи.
Во најмала ситуација е се само крадење не, постапката не е едноставна како купување патлиџани од пазарче па да ги фрлиш ако не чинат, сепак станува збор за траен документ кој одобрува да се изгради објект на кој е постапено по сите закони и правила. Се надевам се разбираме.
 
На хидротехничките услови кои ги извадив во март годинава исцртана е планирана канализациона мрежа (со испрекината линија). Сега постои изградена канализациона мрежа - веројатно само заради тоа бараат нови.

А документите не беа предадени на разгледување во општина затоа што кога проектантот беше готов со се, почната беше постапката за измени во ДУП-от, па проектантот мораше да чека. Сега он вели дека му бараат нови имотен лист, извод од катастарски план, услови за градба (извод од план) и хидротехнички услови. Се тоа чини пари кои еднаш веќе сме ги дале, а не по наша вина пропаѓаат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom