Каде можам да најдам? (Литература edition)

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.814
Поени од реакции
24.131
Каде можам да ја најдам книгата "Роналдо: Опсесија за совршенство" или да ми каже некој каде поточно се наоѓа Арс Либрис зашто видов дека е од нив издадена.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.534
Каде можам да ја најдам книгата "Роналдо: Опсесија за совршенство" или да ми каже некој каде поточно се наоѓа Арс Либрис зашто видов дека е од нив издадена.
Во зградата на трготекстил карши рамстор. 500 денари им е книгата.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Каде можам да ја најдам книгата "Роналдо: Опсесија за совршенство" или да ми каже некој каде поточно се наоѓа Арс Либрис зашто видов дека е од нив издадена.
Побарај Спортбокс од МПМ, ако им останал некој број. Книгата и списанието за 200 ден. :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Каде да го побарам списаниево? Кај е тоа МПМ? :)
Тренд кафе на плоштадот кај Аце знаеш каде е? Во тој ред пишува МПМ, специјализирана продавница за весници и списанија, а ако не си од Ск., провери и во поголеми трафики или книжари може го има.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дали воопшто ги има книгите на Жарко Лаушевиќ тука во Македонија и ако да, каде можам да ги најдам? :D
Да, ги има. Во ТРИ во ГТЦ сигурна сум дека ја има првата “Годината проаѓа, денот никогаш“, прееска ја видов. :) Исто ги имаш мислам и двете во Топер, ама како што знам таму ги има на српски, но можеш да провериш, можно е и да ги имаат преведено. :)
 
R

Redhead

Гостин
Дали го има во Македонија делото од Лоренс Дарел - The Alexandria Quartet односно 4те романи : Justine, Balthazar, Mountolive и Clea?
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Прегледај го приврзокот 108353
- 2001-та – КЛУЧЕН КАМЕН ВО МОЗАИКОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ПОЛИТИКА КОН
МАКЕДОНИЈА

ДРАГОЦЕНИ СВЕДОШТВА НА ГЕНЕРАЛ ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ

24. За целосно да се сфати американската улога во војната во 2001-та, мора да се прочита книгата „Сведоштва" на покојниот генерал Панде Петровски (Битола, „Киро Дандаро", 2006). Тој дава исклучително значајна димензија на американскиот однос кон Македонија, која не остава никакви дилеми. Петровски е учесник во војната од 2001 година. Цитатите од книгата разјаснуваат многу работи.

24. 1. „...Тогашната влада на Македонија потпиша договор со САД, односно со МПРИ, тим на инструктори, пензионирани воени ветерани од САД...", пишува Петровски, на страница 7, и продолжува – „МПРИ предложи свој план за реорганизација на АРМ – кој од Генералштабот и Министерството за одбрана не беше прифатен. Според предлогот, Македонија требаше да има армија со една бригада – т.н. лесна пешадиска бригада – со два лесни баталјони и дел од специјалните единици (да нема артилерија, оклопни едници, воздухопловство итн.)".

И без да се биде воен експерт, меродавно може да се заклучи дека генералот Петровски ни порачува дека предлогот на МПРИ значел Македонија, всушност – да нема сопствена армија! Тоа открива суштински елементи на американската стратегија кон земјата бидејќи зад МПРИ стои американското Министерство за одбрана. Така се затвора кругот: земјата ја подготвуваат за пораз во 2001-та.

24. 2. На истата страница (7), Петровски констатира: „Набргу по тоа, односно во јануари 2000, беа пензионирани околку 500 старешини меѓу кои и сите генерали, т.н. ‘кочничари’ на реформите". ...„По нивното заминување во пензија, бил прифатен одбиениот план за реорганизација на АРМ, предложен од тимот на МПРИ, и во 2000 година отпочнала неговата реализација, под нивна контрола".

Како и зошто тоа се правеше, генералот го објаснува на стр. 8, каде вели: „На почетокот од 2001-та, пред кризата, АРМ беше во завршна фаза на преформирање, односно ‘расформирање’ (3. АК, расформиран, 2. АК – битолски во фаза на расформирање, тенковските и артилерските единици расформирани, воздухопловството расформирано), граничната бригада во фаза на формирање...". Со други зборови, МПРИ подготви сè за војната „успешно" да започне.

24. 3. Во групата пензиниорани генерали бил и Панде Петровски. Меѓутоа, кога започна војната со наши несфатливи грешки и порази, претседателот Борис Трајковски побарал тој да се реактивира. Изненаден од гестот, во погодна пригода, Панде го прашал Борис – „Зошто ме пензиониравте, претседателе, кога немав услови за тоа?" Очигледно искрено, Трајковски му одговорил (стр. 15) – „Генерале, кога станав претседател, не ве познавав вас генералите. Ричард Грифитс, генерал-мајор од САД (шеф на МПРИ, во Скопје) ми донесе список кој на која должност да биде, а кој да биден пензиониран. Јас го потпишав списокот".

И не само што Грифитс пензионирал 500 (нај)искусни старешни туку и погрешни луѓе поставил на челните позиции во Генералштабот – за началник бил поставен инженерец, а за негов заменик – интендант! Сите овие потези на МПРИ и на Грифитс немаат друга квалификација, освен, директна саботажа! Однатре.

Во целина, невиден американски безобразлук! Сепак, грешката и вината се наши. Сме дозволиле таков однос.

25. Книгата „Сведоштва", на генерал Петровски, дава драгоцени податоци околу војната во 2001 година и улогата на главните фактори. На стр. 160 пишува дека „на 21 јули 2001 год. хеликоптер на КФОР SH-47 во 16,45 до 17,05 часот во Шипковица слета и истовари опрема и луѓе, во исто време хеликоптер SH-47 слета и во с. Бродец..."; „на 25 јули 2001 во 13,53 до 14,30 ч. хеликоптери на КФОР SH-47 и SH-53 слетале во с. Бродец. Сите овие слетувања на КФОР не беа најавувани од нивна страна..."; „Во суштина тоа беа подготовки од КФОР за пребазирање на командното место на т.н. ОНА од Призрен во Шипковица..."; „Во разговорот, кога му посочив некои факти, дека сепак КФОР го префрла командното место на т. н. ОНА од Призрен во Шипковица (генерал Ланге од командата на НАТО во Македонија) само ми одговори: „Вие сте во право, но сфатeте ме дека јас сум професионалец и одвај чекам да заминам во пензија’"!

25. 1. Интересно е кажувањето на генерал Петровски и за однесување на Американецот Питер Фејт, кој фигурираше како личен претставник на генсекот на НАТО. На стр. 122, тој ни обелоденува – „Фејт директно контактираше пред сè со претседателот на РМ и настапуваше доста арогантно, па дури и дрско и ултимативно, што ми беше многу чудно. Во една прилика, пред целиот државен врв го прашав – господине Фејт, Вие да не сте командант на т.н. ОНА, што со толкава сигурност тврдите?" – а се работело за прекин на огнот. Можеби и несвесно, генералот ја погодил улогата на Фејт и неговите пајташи. Токму таква била нивната улога.

25. 2. Заслужува внимание и делот сврзан со операцијата во Арачиново. Откако безбедносните сили навлегле длабоко во селото и било само прашање на време кога ќе ги исчистат терористите, во близина на селото прво били пронајдени двајца ранети – Американци (стр. 107)!

Потоа, на 25 јуни, генералот бил кај претседателот Трајковски, кој го информирал дека НАТО ќе ги извлечел терористите од Арачиново. Генералот му одговорил – „Добро, но ние ќе продолжиме со нападот сè додека не се создадат услови за извлекување. Не, (реагирал претседателот) Робертсон (генсек на НАТО) ми кажа дека има нивни 30 лица таму во Арачиново!?! Го гледав претседателот (пишува Петровски) и не можев да го разберам. Кои се тие луѓе, го прашав? Од каде дошле во Арачиново? Не знам, му вратил Трајковски, но ми вети (Робертсон, нели) дека ќе ми даде список на тие луѓе!?!"

25. 2. 1. Каква непростива, катастрофална грешка! Во војна, врховниот командант на армијата на Македонија е информиран дека во место кое е опколено од неговите сили, меѓу агресорите има и „30 луѓе" на НАТО! Американци, се разбира. Тоа не му го соопштува никој друг, туку генсекот на алијансата!?! Тоа е доволно за претседателот на државата кој е, нели, и врховен командант, да преземе сè што е потребно за спасување на „заскитаните" наши „партнери"! Сигурно ја утнале страната!?! На сметка на фундаменталните интереси на сопствената земја, во воена операција која е клучна во војната која се води против агресорите, врховниот командант наредува нивна евакуација заедно со нивните американски сојузници! Според горното сведоштво, претседателот не прашал ни кои се тие, ни што бараат таму, туку само „обезбедува", се договара да му пратат список! Нормално, по операцијата за спасување.

Што мислат читателите – дали, по евакуацијата на американските платеници, по завршената работа за нив, некој му доставил таков список на претседателот? Дури и ако му пратил – за што (ни) послужил тој? Можеби, намерата била да им се испрати некаква благодарница?...

Сè е јасно – сме испаднале неподносливо недоветни. Си играле со нас како со последни шушумиги.

25. 2. 2. За сè да биде појасно и неспорно, кога се подготвувало Арачиново, Трајковски го известил Петровски дека операцијата има ограничено време до два дена (стр. 101). Генералот не го сфатил претседателот – зошто само два дена, ние ќе одлучиме колку дена, му рекол. „Толку ни даде Робертсон", му вратил Трајковски!

Кога ќе се стават во контекст ова и претходното („30 нивни лица") – сè станува кристално јасно. Кој бил менаџерот и на Арачиново и на целата војна од 2001-та. Робертсон се вклучил во вториот дел, по петтото соопштение на ОНА, кога таа стана „хуманитарна" приказна (за деца). Претходно, тој беше надвор од супертајните операции.

Поширок коментар не е потребен. На едната страна имало слонови, на другата – мравки. Ситни, ситни, ситни...

25. 3. Во книгата „Сведоштва", на стр. 77/78, има уште еден важен податок. Во средината на мај 2001, претседателот му наредил на генералот да прифати некојси Дејвид Фоли, кој бил со дипломатско возило со уште две лица, и да го пушти во село Слупчане, наводно да преговара за извлекување на цивилите. И, еве што вели Петровски: „Наредив Д. Фоли да се следи со мои луѓе тајно кога ќе влегува во Слупчане и таму кој ќе го пречека. Истиот ден го добив следниот извештај – на влезот во селото го дочекале три лица со бради во униформи од УЧК, со секого се поздравил, се прегрнал и избакнал...".

Што да кажеме, освен – сигурно се знаеле од студии...

25. 4. Генералот Петровски дава и други исклучително важни сведоштва. На пример, на стр. 195, тој опишува како, при крајот на војната, НАТО инсистирал за повлекување на тешкото вооружување од кризните региони, особено на тенковскиот баталјон Т-22 кој беше набавен од Украина. „Знаејќи ја борбената моќ на оваа единица", пишува тој, „НАТО бараше по секоја цена баталјонот да биде дислоциран во Струмица. Со секојдневни притисоци од НАТО претседателот на РМ одлучи и нареди Тенковскиот баталјон со комплет стратешински и војнички состав да се дислоцира таму. За секое напуштање и на еден тенк од Струмица мораше да се бара одобрение од НАТО"!?!

25. 5. Иако било неспорно дека терористите воено релативно лесно можат да се уништат, претседателот Трајковски „уште на 14 јуни 2001 испратил писмо до генсекот на НАТО од кој побарал помош за разрешување на кризата" (стр. 98). Началникот на ГШ за тоа дознал на 5 јули 2001-та.

И само овој податок е доволен за да се заклучи што сè, и како се случувало во Македонија во 2001-та.

Како во приказните – помош сме барале од егзекуторот!

25. 6. Сеќавањата од 2001-та зборуваат дека тогашниот премиер, Љубчо Георгиевски, се залагаше за прогласување на воена состојба. Од книгата „Сведоштва" станува јасно дека една таква одлука бргу ќе ја завршела работата. Ако било така, а така било, се наметнува прашањето – зошто до тоа и не дојде? Поточно – кои беа противниците? Не е спорно дека САД и нејзините сателити биле жестоко против таква мерка бидејќи така, релативно лесно, би се елиминирала ОНА. А тоа, во никој случај, не смеело да се дозволи.

25. 6. 1. Горното залагање на Георгиевски го потврдува и генерал Панде Петровски, но изнесува факти кои говорат за суштински разлики меѓу неговите зборови и дела (стр. 136): „Откако ќе се отпочнеше со воената операција, премиерот, пред истата да биде прекината, ќе дојдеше на командно место, а после ќе се прекинеше операцијата – класичен пример воената операција во Кумановско и Арачиново. Премиерот и некои околу него јавно се залагаа кризата да се решава со воени средства, а откако ќе се прекинеа операциите, не реагираа зошто се прекинале"!

Инаку, тој нема дилеми за ставот на претседателот Трајковски кој, според него (стр. 136) – „секогаш се залагаше кризата да се решава со политички средства и со поддршка на НАТО, ЕУ и ОБСЕ...". Тоа, најверојатно, бил и нашиот најголем хендикеп во војната. Тој што треба да ја води, смета дека – не треба да се води!

Ова се драгоцени податоци за историчарите.

26. Не е спорно дека претседателот Борис Трајковски беше чесен човек и патриот за што постојат и лични сеќавања. Ама, за голема жал, тој беше жртва на махинациите кои на Балканот ги правеше единствената велесила. Генералот Грифитс преку МПРИ, Роберт Фровик преку ОБСЕ, Пердју, Фејт и другите „олеснувачи" и „експерти", најчесто од редовите на ЦИА и други слични служби, спроведуваа јасно дефинирана американска политика, која беше погубна за земјата. А нашите им веруваа и ги следеа. Посебно – претседателот.

26. 1. Со добра намера, несвесен за големата игра во која е вовлечен, Трајковски очигледно беспоговорно ги следеше американските инструкции. А Вашингтон, бескрупулозно го искористи. Точно како што илустрира и генералот Петровски, со пензионирањето на плејада врвни воени старешини и поставувањето лица со неадекватни профили на главните функции во Генералштабот. Штетите кои следеа се огромни и непоправливи.

Трајковски премногу знаеше. Дали еден ден можеше да биде сведок за нечии недела и политички злоупотреби? Новинарката Лупевска, во ТВ емисијата КОД на Канал 5, на 26 февруари 2012 година, информираше дека – непосредно пред смртта, Трајковски рекол дека ќе ја кажел вистината за Косово! Дали самиот си пресудил?

26. 2. На стр. 175, генерал Панде Петровски заклучува – „Не сум сигурен кој ја планираше воената криза во РМ. Меѓутоа, кој и зошто ја контролираше и кој и зошто не дозволуваше истата да се разреши со воени средства беше повеќе од очигледно. Армијата сигурно не е...". На стр. 204 тој вели – „Бевме попречувани во секоја воена операција"!
Оваа книга заедно со "ОНА порака и надеж" на Петрит Менај ги имам убиено од барање не можам никаде да ги најдам. Жити се од каде можам да ја набавам оваа на Ген. Панде ? ?
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
873
Поени од реакции
3.429
Оваа книга заедно со "ОНА порака и надеж" на Петрит Менај ги имам убиено од барање не можам никаде да ги најдам. Жити се од каде можам да ја набавам оваа на Ген. Панде ? ?
На следниот линк може да ја читате целата книга „Сведоштва 2001“ од Генерал Панде Петровски во електронски формат

http://www.scribd.com/doc/242622830/Svedostva-2001

Може да се купи во книжарата во Битола во Киро Дандаро 400 ден е таму сигурно има доволно примероци а може и да проверите наспроти универзалана во Скопје во книжарницата нивна ако ја има таму ако не сигурно во Битола има.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Marsovski Hroniki i Zivotinska Farma ?

(izvinete na latinicava, ne mozam na kirilica na tabletov)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ме интересира каде може да ја најдам “Процес“ од Кафка, ама со проверен превод, бидејќи еднаш земав во рака едно издание и ми се идеше од ѕид да го треснам. :icon_mrgr: Или ако ништо друго, на англиски каде може да се најде :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom